IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Судбина
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Судбина

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
Автор
Порака Обратен редослед
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 13:32


Изменето од maria_magdalena - 09.Февруари.2010 во 15:35
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 13:15
Судбина не постои. Бог ја знае иднината, но тоа не значи дека Тој ја создал таква. Тој ни дал разум и слободна волја за да размислиме што е добро а што не е и за да одлучиме дали ќе постапиме правилно или не. ,,Судбината’’ си ја кроиме самите. Штом јас имам право да одберам лево или десно, добро или лошо, разумно или не... значи дека јас сум креаторот на мојата судбина. А Бог уште пред да се случи го знае мојот избор, но сепак ми дава право самиот да си одберам. Инаку, ќе излезе дека Бог е крволочен и лош, па некои ги создал за убав живот а некои за маки и страдања.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 12:56


Изменето од maria_magdalena - 09.Февруари.2010 во 15:35
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 06:22
Како доаѓа всушност до судбината? Божјиот Дух кој своите човечки деца не ги остава сами, преку пророчка уста за денешно време ги даде и објасни информациите и на оваа тема. Накратко тоа оди отприлика вака:

Човекот има мисли и желби кои тој на овој или оној начин сака да ги доживее реализирани. Тие мисли најпрвин се задржуваат во енергетското поле кое го опкружува поединецот, наречено: аура.
Мислите водат кон одредени зборови, кои нужно не мора да се истоветни со мислите(на пр. слаткоречивост, лага) доколку идентичноста во мислите и зборовите би укажала пред другите луѓе на некаква нечесна намера поради чие остварување некој или некои би биле оштетени и/или би пателе.
Од мислите преку зборовите по некое време се доаѓа и до постапката. Да претпоставиме дека таа постапка некого сериозно оштетила... Според законот на акција и реакција(како истиот настанал тука не би зборел, друга прилика) автоматски и сторителот треба да биде оштетен. Но Духот Божји, на секој човек и секоја душа им дарува тнр. време на милост(време на заштита) - за време на овој период, кој инаку варира(а во денешно време за човештвото генерално, се повеќе и повеќе се скратува) последиците не доаѓаат до израз веднаш. Таа негативна постапка тогаш влегува т.е. создава дамка во душата. Човекот и неговата душа имаат шанса да ги промислат своите зборови и постапки, за истите да се покајат и оштетените ги замолат за прошка, воедно надокнадувајќи ја штетата онолку колку е тоа сеуште возможно. На тој начин дамката во душата се намалува, а доколку се добие простување од оштетените, тогаш, таа целосно исчезнува.

Ако човекот тоа не го стори, тогаш таа дамка, која може да се нарече и со зборот грев, зрачи во космичкиот каузален компјутер: ѕвездите. Ѕвездите покрај тоа што се џиновски вжештени гасовити топки, имаат и духовна функција - да складираат. Таму таа дамка т.е. грев се складира(меморира). Во меѓувреме можно е да му истече времето на земјата и да почине. Но гревот(негативната постапка) душата го зема со себе, воедно си останува мемориран во ѕвездите. Кога ѕвездите ќе се најдат во одредена констелација, дел од складираните нешта, тие ги зрачат назад врз душата. Доколку душата се наоѓа во отадестраните бестелесни подрачја т.е. во царството на душите(тнр.астрални подрачја) тогаш таа своите постапки повторно ги доживува во слики, при тоа интензивно до најмал детал чувствувајќи ги патењата, евентуалните депресии, потиштености и сл. кои ги предизвикала како сторител на нечесната постапка во животот на другиот/другите. Зависно од гревот кој не бил правовремено исчистен, тие чувства што тогаш душата ги има можат да бидат како оган. Затоа кај многу стари народи и религии(не само во христијанството) се зборува симболично дека лошите ќе горат во пеколен оган, сумпорно езеро и сл. Тие патила на душата траат се додека таа не го спознае своето погрешно однесување и за истото не замоли за прошка и воедно прошката и ја добие од оштетените.

Но доколку таа душа е отелотворена повторно на земјата(се реинкарнирала) тогаш тие зрачења на ѕвездите а воедно „багажот„ што душата си го донела со себе, ги допираат гените на човекот, било да е тој новороденче, млад или стар. Тоа доведува до одредени мисли и постапки кои навидум случајно доведуваат до средби со други луѓе, животни, настани низ кои потоа судбината го зема својот, понекогаш, ужасен тек. Тогаш поединецот го доживува врз своето тело и психа, есенцијата на тоа што некогаш на другите им го сторил или предизвикал, додуша понекогаш во поинаква форма, низ поинаква метода, соодветно епохата во која се наоѓа. Но суштината на последицата е секогаш идентична со гревот кој некогаш бил сторен.

Па така, на пр. некого ќе го прегази кола. Но тоа не значи дека тој во минатиот или некој од минатите живот дословно некого прегазил намерно со кола или коњска кочија. Причината за таквата судбина, меѓу другото може да биде на пример дека тој/таа во некој од минатите животи со цел за да се пробие на пр. до слава, моќ, углед и/или богатство луѓето околу себе немилосрдно ги „газел„ и „згазувал„ до таа мера да нивната егзистенција и здравје биле нарушени што тие починале.

Или на пр. некој политичар држи вжештен говор поради кој се покренуваат серија настани кои доведуваат до војна во која луѓето страдаат. Тогаш душата на таквиот ќе се роди во земја која во тој момент или во текот на неговиот престој таму, станува погодена од воени дејствиа а тој мора да пати поради истите.

Или на пр. некој ако профитира од смртта на животните, тогаш таквиот во еден следен живот може да го затекне судбина каде пати од некоја болест која ја пренесуваат животните, или е ѕверски растргнат или нападнат од некое или повеќе животни. и тн и тн... Примери за судбини има колку и души и луѓе. Но важно е да се знае дека судбината секога самиот поединец си ја крои, самиот си ја пишува и допишува.

Меѓутоа: Со Божја помош и живеење во пракса на Божјите закони, судбината може правовремено да се препознае и разреши(избише пишаното) што за последица има да човека го погоди само еден дел, или незначително, или дури и целосно ја одбегне доколку е тоа сеуште можно и добро за неговата душа.


Изменето од Majkl - 12.Јуни.2009 во 06:28
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 05:15
Секој е градител или разложувач на сопствената судбина.

Судбината - земена како нешто негативно - не е ништо друго до жнеење на сопствената сеидба, доживување на реакциите предизвикани од сопствените некогашни акции. Се` што му се случува на човекот, без разлика дали е млад или стар, бебе или средовечен, во крајна линија е предизвикано од него/нејзе самиот/самата.

Но за да може во целост да се сфатат овие работи, неопходно е да се вклучи правилното знаење за повторното раѓање - реинкарнацијата. Имено, дека секој човек има нематеријална душа која пак позади себе има најмалце неколку отелотворувања како човек. Значи ние како души не сме создадени при зачнувањето, туку сме постоеле и пред тоа.
При зачнувањето е создадено нашето моментално физичко тело со генетски материјал превземен од нашите родители и предци, кој генетски материјал пак по вибрација одговара претежно на типот и зрачењето на нашата душа т.е. на нас самите.

Ако познавањето на законот за реинкарнација го нема, или истиот се отфрли, тогаш работите стануваат многу поконфузни и/или побезнадежни. На пр. дека се што се случува во нашите животи е една најобична случајност предизвикана од движењето на атомите, молекулите и хемијските реакции кои настануваат при тоа, или дека тоа е Божја промисла - Тајна Божја, во која Бог, наводно, не дозволува да се проникне што кај понекој ќе предизвика силно чувство на неправедност. Но Бог, за разлика од луѓето, никогаш немал и нема тајни, затоа што Тој е совршен и нема што да крие. Луѓето се тие кои поради незнаење и/или неразбирање на работите и одбивањето да се запознаат со истите создаваат замисла за некаква неодгатлива тајна.

Се што човек ќе им направи и предизвика намерно на другите луѓе, но и на природните царства(животни, растенија, минерали) еден ден, преку законот на акција и реакција(Што сееш, тоа ќе жнееш), ќе го погоди предизвикувачот-сторителот, значи него самиот во форма на некаква судбина. Таа реакција(жетва) може да дојде до израз веќе во овој, или во некој од наредните животи, веќе според тоа, кога семето ќе созрее и ќе донесе соодветни плодови

Судбината значи не е волјата ниту казна Божја, туку последица од некогашните постапки. Но пред да дојде судбината до израз Бог во различни форми, секогаш праќа опомени со цел човек да го промени начинот на своето размислување, говорење и постапување и со тоа предизвика неутрализирање на предстоечките негативни настани.

Изменето од Majkl - 12.Јуни.2009 во 06:33
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 04:22
Ne veruvam vo sudbina. Jas mislam deka sekoj si e kreator na svojata sudbina. Ona sto go dobivame e rezultat na rabotite koi sto gi imame ili nemame napraveno vo minatoto. Se se vraka, se se plaka. Ako nekoj ziveel odredeno vreme, toa e zatoa sto taka trebalo da bide (sekoj ima razlicen vek na ziveenje), a ne deka Bog odluciva za toa kolku nie ke ziveeme. 

Ako mozes da ja promenis sudbinata, togas koj ti ja kreira??? Znaci sepak samiot ti.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 01:53


Изменето од maria_magdalena - 09.Февруари.2010 во 15:35
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.