![]() |
|
Бои на ѕидовите |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 34567> |
Автор | ||
BellaGrandma ![]() Сениор ![]() Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Боите во домот
Се смета дека боите на просторијата во која секојдневно, најмногу или повремено престојувате им даваат исто колку и распоредот на мебелот или самите ѕидови. Се подразбира дека изборот бара вкус и искуство, па и желба за експериментирање. Сепак, мора да се имаат предвид и поставките на теоријата на боите, особено кога ќе посакате да излезете од конвенционалноста, од вообичаените бои и комбинации. При уредувањето на станот прво треба да решите која боја или елемент на ентериерот ќе биде носителот на системот на бои. Тоа може да биде парче мебел, поглед од прозорец, ќилим, но притоа е најаважно да решите дали тој ќе биде хармоничен или контрастен. Треба да се знае дека хармоничниот систем предизвикува смирувачко расположение, а тоа значи дека сите бои се во согласност и не си конк*рираат една на друга. Со други зборови, ниедна боја не предизвикува посебно внимание. Постојат два основни типа: еднобоен, кој вклучува една боја со слаб интензитет, како што е светло сива или бела (каков било детал со поинтензивна боја ќе се истакне во ваков ентериер) и монохроматски- целиот простор го прави посебен (на пример жолтата боја вклучува повеќе нијанси на жолта во комбинација или поединечно). Контрастниот систем предизвикува возбудување и привлекува внимание, при што бојата претставува доминанта. Постојат исто така два вида: аналоген (се ограничува на различни сродни бои, на пример зелена комбинирана со зеленосини и зеленожолти бои) и комплементарен (се состои од контрастни, т.е. комплементарни бои, на пример црвена и зелена, сина и портокалова, жолта и виолетова; резултатот е интересен и разигран, а сепак не е нападен). Атмосферата во секоја просторија е условена од автоматската реакција на боите кои се користени во неа, зашто ништо не го одредува расположението така брзо како бојата, на кои нашите реакции се инстинктивни и моментни. Пастелните бои се најлесни и најблаги нијанси со кои може да се експериментира. Со нежните тонови и благиот карактер, овие разблажени верзии на појаки бои лесно се комбинираат, секогаш создавајќи чувство на хармонија. Вообичаени се за ѕидовите на детските соби. Пастелните бои можат да бидат и студени, во минималистички ентериери со мебел од едноставен дизајн. Јаките чисти бои создаваат модерен изглед кој повеќе соодветствува на современ, отколку на традиционален мебел. Тие се одлични како ефект на засилување и истакнување на особен стил и виталност. Темните бои имаат стуштен, мрачен ефект во ентериерот, па не се препорачливи за декорација на поголеми целини во станот. Меѓутоа, во комбинација со пријатни кожни парчиња на мебел во боја на слонова коска можат да имаат силен, модерен ефект. Често се користат земјени тонови, како што се кафената и зелената, и елегантни нијанси на сива. Неутралните бои се софистицирани и суптилни, природно елегантни, извонредно прилагодливи на секој ентериер. Предизвикуваат чувство на пријатност. Можат да бидат топли, како што се боја на слонова коска, на мед, на бело кафе, на чоколадо, и студени, како што се чисто белата, графитната, сивата. Со истакнување на текстурата на различни материјали на неутрална боја може да се постигне подинамична атмосфера, без додавање на појаки бои за контраст и акцентирање на деталите. Понекогаш е доволно да се истакнат самите елементи на архитектурата во просториите, а овие бои се како создадени за тоа. Ѕидовите можат да бидат во една или повеќе бои, односно тонови. Големините, распоредот и формите на површините на различни бои мораат да бидат умешно осмислени. Бојосувањето на ѕидовите мора да биде технички коректно изведено. Влијанието на вештачкото и природното светло не смее да се занемари, како ниту структурата на ѕидот на кој се нанесува боја. Површините со мат сјај внесуваат мир во просторот, сјајните динамично ја рефлектираат светлината, а релјефните имат специфична чар. Подовите прават повеќе од 30% од она што го гледате во собата, па, без оглед дали сакате да ги покриете или да ги оставите непокриени, морате да размислите за нивната боја кога ги избирате останатите бои за станот. Таванот ја дефинира висината на просторијата. Неговата боја значително влијае дали просторот ќе изгледа повисок или понизок, односно поотворен или позатворен. Бојата на мебелот има значајна улога во визуелизацијата на просторот и создавањето на атмосфера на истиот. Внимателниот избор на текстурата и материјалот исто така е еднакво битен. Бојата на декорот дава акцент, го надополнува ентериерот. Може да доминира со просторот. Ако сакате студена, минималистичка атмосфера, во станот треба да преовладува белата боја или различни неутрални бои со иста заедничка вредност, на пример топлата или студената светлосива, т.е. беж. Искористете ги за ѕидовите, архитектонските детали, вградените елементи, подовите, мебелот и ткаенините. Просторијата така ќе изгледа како да лебдее во просторот. Ако сакате топла, пријатна атмосфера, употребете додатни нијанси на црвена, жолта и портокалова, што вклучува и нијанси на праска, роза, нијанси на боја на корал, златни и теракота. Варирајте ги нивните тонови и нијанси низ собата. Можете да користите омилена боја на ѕидовите, а нејзината посветла нијанса на украсите и дрвениот материјал. Ако сакате топлина без премногу боја, комбинирајте топли нијанси со неутрални бои или со бела. На местата изложени на сончева светлина, светла боја и рефлектирачка бела боја со студена нота дејствуваат смирувачки и спречуваат горештина. Ако во собата допира многу сончева светлина, се избегнуваат темните бои. Тие ја задржуваат горештината и можат да предизвикаат чувство на задушливост. Во студени соби или во оние кои се свртени кон север се добри црвената, црвенопортокаловата или портокаловожолтата боја или боја на диња. Во претопли соби свртени кон југ се користат бои што се „студени": сина, синовиолетова или синозелена. За да постигнете мала соба да изгледа поголема, бојосајте ги ѕидовите со студена, светла, сјајна боја. Студените бои, според својата природа, подобро ја доловуваат оддалеченоста отколку топлите бои. Посветлите, посјајните бои рефлектираат светлина и го зголемуваат просторот. За да доловите голема соба да изгледа помала, бојосајте ги ѕидовите со топла, темна, мат боја. Топлите бои ги приближуваат предметите и визуелно го намалуваат просторот. За просторот да дејствува повисок, бојосајте го таванот со посветла, постудена боја од онаа на ѕидовите. Ригестите ѕидни тапети исто так ќе ги прават ѕидовите повисоки. За просторијата да дејствува пониска, бојосајте го таванот со потемна боја од онаа на ѕидовите. Со ова удобноста во просторијата станува и потопла. Оптичката илузија на пониски ѕидови се добива и ако на понизок дел од ѕидот се нанесе потемна боја или со лепење на ѕидни тапети со хоризонтални риги или со додавање на хонорарни елементи како што е, на пример, низа од слики. За долга, тесна соба да се направи поширока и поквадратна, бојосајте ги подолгите ѕидови со светла, студена, сјајна боја. Покусите ѕидови бојосајте ги со потемни, потопли мат бои за ѕидовите да се „доближат". Ако светлата се запалени, која било боја во собата е под влијание на доминантната боја на вештачко осветлување. Обична сијалица дава топла, жолтеникава светлина и под нејзино влијание топлите бои изгледаат уште потопли. Ако тоа не е она што го сакате, изберете постудени бои- сини или виолетови- или додајте им ги на деталите во ентериерот. Можете да користите и студени флуоросцентни ламби или халогени сијалици. Халогените сијалици даваат бела светлина и штедат енергија. Незначително го намалуваат сјајот на бојата, но не влијаат претерано и на нејзините нијанси. Рефлекторите светат со концентрирана бела светлина. Бела светлина со полн спектар ја имитира дневната светлина и им дава на боите поверен изглед. Флуоросцентните сијалици даваат студена синкаста светлина. Студените бои под ваква светлина дејствуваат уште постудено. Ако тоа никако не го сакате, акцентирајте го просторот со црвени, жолти или портокалови детали. На пазарот постојат и потопли флуоросцентни ламби. |
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
![]() |
||
mimicria ![]() Сениор ![]() ![]() magnet za defekti Регистриран: 27.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3444 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ako treba da bidam ko bandini, togas ke pocnam prvo od nakitot
![]() |
||
Dajem ti verse i note, sve moje sarene perle na dar, jos te mogu pjesmom kupiti, lukavo i slatkorjecivo, jos uvjek mogu ti podvaliti ljubav... ![]() |
||
![]() |
||
MyWay ![]() Сениор ![]() ![]() Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
de ma isto kako od Bandini......malku otvori so boite,sto e toa monotonija....
![]() |
||
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... ![]() |
||
![]() |
||
mimicria ![]() Сениор ![]() ![]() magnet za defekti Регистриран: 27.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3444 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() ![]() |
||
Dajem ti verse i note, sve moje sarene perle na dar, jos te mogu pjesmom kupiti, lukavo i slatkorjecivo, jos uvjek mogu ti podvaliti ljubav... ![]() |
||
![]() |
||
MyWay ![]() Сениор ![]() ![]() Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
tirkiz ![]() |
||
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... ![]() |
||
![]() |
||
mimicria ![]() Сениор ![]() ![]() magnet za defekti Регистриран: 27.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3444 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
namestajot e pretezno bez (slonova koska, sampanj) so temno kafeavi "kasi", zavesata e nijansa potemna sampanj....koja boja da gi varosam zidovite???? |
||
Dajem ti verse i note, sve moje sarene perle na dar, jos te mogu pjesmom kupiti, lukavo i slatkorjecivo, jos uvjek mogu ti podvaliti ljubav... ![]() |
||
![]() |
||
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Црвена спална соба...повеќе секс?
![]() ![]()
Спалната соба е првото и последното место што го гледате секој ден. Тоа е ваш приватен храм во кој вие поминувате скоро една третина од животот, засолниште во кое бегате од вревата во светот. Кога ги избирате боите за вашата спална соба, направете топла комбинација која ќе ве релаксира и смирува. Изберете боја која ќе Ве успиеИзбирањето на вистинската боја за вашата спална соба може да биде многу стресно бидејќи огромниот избор на бои ја отежнува одлуката. Мало парче хартија во боја од продавница не е од голема помош кога сакате да направите проценка за тоа каков ефект избраната боја ќе има во вашата спална соба. Кога почнувате со бојадисување на ѕидовите, мора да имате јасна слика, со цел да го видите конечниот резултат.
1. Проценете ја големината на собатаМала соба бојадисана со темни нијанси ќе изгледа уште помала, па
затоа одберете светли бои. Ова ќе направи собата да
изгледа поголема. 2. Одберете ја вашата боја од виножитотоСпалната соба е вашето совршено место за одмор и релаксација, поради што боите мора да бидат топли. И покрај тоа што темните и драматични бои можат да бидат многу убави, ви препорачуваме топли и релаксирачки бои. Бледи нијансиБледите нијанси се релаксирачки, смирувачки и топли, што ги прави совршени за спиење и релаксација. Ладни нијансиЛадните нијанси, како на пример сината, зелената и сивата се одлични за мирен сон, бидејќи имаат релаксирачки ефект и даваат чувство на мир и тишина. Топли нијансиИако најчесто се препорачуваат ладните нијанси, исто така можете да се одлучите за топли нијанси, само во случај ако знаете правилно да ги употребите. Употребете светло жолта, праска или нежно розева боја, со цел да создадете топла атмосфера во спалната соба. Неутрални нијансиНеутралните бои се многу добар избор за спална соба, бидејќи се многу
релаксирачки и елегантни. Ако се одлучите за неутрални, имате многу
повеќе избор за собна декорација со перници, слики, постелнина,
итн. 3. Ограничете го бројот на боиАко сакате да имате пријатна спална соба, не користете повеќе од 4 различни бои. Најдобро е да преовладува една боја, а другите три да ја надополнуваат. Овие бои исто така ја вклучуваат бојата на мебелот, постелнината и другите декорации. 4. ИзгледБојата на таванот е многу важна, затоа што може драстично да ја зголеми собата или да направи да изгледа помала. Ако го бојадисате таванот бел, собата ќе изгледа повисока, а ако го бојадисате со иста боја како во останатиот дел од собата, собата ќе изгледа поголема – направете го таванот небесно сина или светло жолта да создадете подраматичен изглед. |
||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
||
![]() |
||
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Неколку совети за избор на боја при бојадисување ![]() Со бојата може да се исправат одредени недостатоци
во домот, а примената на соодветна боја зависи од повеќе фактори:
ориентација во однос на страните на светот, климатските услови, обликот
на просторијата...
Просториите коишто се свртени кон север или североисток имаат малку сончева светлина, па во такви простории владее студен амбиент. Топлата боја на ѕидовите, на пр. светложолта, ќе го ублажи ова чувство. Просториите свртени кон југ или југозапад се изложени на сончева светлина, па за нив, поради летните денови соодветни се зелени и сини тонови. Многу станови имаат долги, тесни ходници. Обликот на таквите ходници визуелно може лесно да се измени на тој начин што еден или обата челни ѕида може да се бојадисаат, на пример, со портокалова боја, а останатите ѕидови да имаат неутрална боја. На тој начин просторот оптички ќе се скрати, бидејќи портокаловите површини визуелно приближуваат. Доколку челните ѕидови ги обоиме со црна или темно-модра боја, кај таа површина би се добил ефект на дупка и уште повеќе оптички би се оддалечила. Малиот, тесен и краток ходник може да се прошири со бојадисување на сите површини со зелена боја. Оваа боја го проширува просторот во сите правци. Доколку просторијата изгледа премногу висока, таванот може да се обои со потемна боја од бојата на подот, а горните 20 cm на ѕидовите да се бојадисаат со иста боја како што е таванот. На тој начин таванот визуелно ќе се спушти. Изменето од Sunny - 01.Февруари.2010 во 01:20 |
||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
||
![]() |
||
Delicia ![]() Сениор ![]() *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Во државата во која живеам обавезно еден ѕид во куката е обоен во црвена боја.......постои веруванје дека црвената боја ја привлекува добивката и просперитетот
![]() |
||
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
||
![]() |
||
bingo ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 2522 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
бело си е бело
|
||
![]() |
||
pcelka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ѕидови со пруги
Пругите насликани на ѕидовите освен естетски ефект, со себе носат и ефект на визуелна трансформација на просторот. Хоризонталните пруги визуелно го прават поширок просторот, а вертикалните го издолжуваат, односно го прават повисок ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
||
![]() |
||
Tiggy Vicious ![]() Сениор ![]() ![]() Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Јас се двоумам дали да обојам некој ѕид црвено...?
|
||
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
||
![]() |
||
гоcтин ![]() Гостин ![]() Регистриран: 24.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 1797 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ecy0 не се двоуми...јас мислам виолетова(но сепак зависи која нијанса-нели?)...тоа ти е аристократска боја..и плус мн.убаво изгледа
![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
||
Ecy0 ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 03.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 43 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Мојата е со зелени ѕидови,кајсија кревет и сл. и банана боја останаиот мебел...А сеа пошо ќе иам нова соба,значително поголема,се двоумам помеѓу црвена или виолетова боја...
![]() |
||
• Come as you are, as you were
As I want you to be As a trend, as a friend, as an old enemy Take your time, hurry up The choice is yours, don't be late. Come As You |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 34567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |