|
Свински грип |
Внеси реплика | страница <1 34567 13> |
Автор | |
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
што мислите за вакцината ??
паметно ли е да се патува во овој период ( надвор од државата ) или да не се превзема беспотребен ризик ?? знам дека е најдобро со доктор да се разговара,.... прво што додека стасам до доктор ќе се разболам.... ама ајде прво да видам вие тука... |
|
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ајде ајде,знаеме дека Американците моментално се слаби со економијата и мора некако да излезат од големата криза што ги снајде.. па лековите им се вистинска шанса за да се збогатат пак,па затоа свинскиов грип го пуштија.
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИНСТРУКЦИИ ДАДЕНИ НА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ НА ДЕН 18.11.2009
ЗА ТРЕТИРАНЊЕ НА ПАЦИЕНТИТЕ СО ВИРУС А Х1Н1 Од сега сите сомнителни случаи,со симптоми на грип ќе се пријавуваат како грип. Нема да се земаат материјали(крв,брисеви)за испитување на вирусот,дали е присутен или не Матичните лекари треба да бидат достапни 24 часа на мобилен телефон,а не во амбулантата Сите пациенти до 38.4 температура,не смеат да ја симнуваат температурата,да пијат течности-природни сокови,ц,б,витамини,супи домашни,јогурт,млека,рибино масло по 1 лажица наутро Ако кренат температура над 38,5 да се напијат антипиретик и тоа парацетамол,или евентуално бруфен(никако да не пијат ацетилсалицилна киселин=андоли,аспирини,ацисали...) Ако им се симни температурата,до кај 38,4 добро е,но таа температура максимиу 38,4 да се одржува подолго време ,додека е дејството на парацетамолот.А ако температурата падне и по половина саат,еден саат пак се качи над 39 ОДМА ДА СЕ ЈАВАТ НА ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ. ПАЦИЕНТИТЕ 3 ДЕНА СЕКАКО ЌЕ ИМААТ ТЕМПЕРАТУРА,А ТАА ТЕМПЕРАТУРА да се одржува до,околу, 38,4 ==А ТАА ТЕМПЕРАТУРА Е ТАА СО КОЈА ОРГАНИЗМОТ СЕ БОРИ ПРОТИВ ВИРУСОТ И ЗАТОА НЕ ТРЕБА ДА СЕ СИМНУВА Значи паѓањето на температурата ако е над 39 до 38.4 и се одржува подолго време околу 38 е знак дека сепак добро се бори организмот,Но ако високата температура над 39 се напиете парацетамол или бруфен, ако за кратко време падни-само еден саат и пак се качи е знак одма да се јави на болница пациентот Д Е Ц А Т А ДО 36 М Е С Е Ц И С О З Н А Ц И Н А Г Р И П Д И Р Е К Н О С Е П Р А Ќ А А Т Н А И Н Ф Е К Т И В Н О Т О О Д Д Е Л Е Н И Е... И С Т О Т О В А Ж И И З А Б Р Е М Е Н И Т Е Ж Е Н И И З А Х Р О Н И Ч Н И Т Е Б О Л Н И. ЗА ОВИЕ ПАЦИЕНТИ НЕ ВАЖИ ГОРЕНАПИШАНОТО,ТИЕ СО ЗНАЦИ НА ГРИП ОДМА НА ИНФЕКТИВНО ОДДЕЛЕНИЕ,НА БОЛНИЦА ЗНАЦИ НА ГРИП : НОС ТЕЧЕЊЕ,БОЛКИ ВО ГРЛО,СУВА КАШЛИЦА,БОЛКИ ПО МУСКУЛИ,ЗГЛОБОВИ,ТЕМПЕРАТУРА,МАЛАКСАНОСТ,ГАДЕЊЕ,СТОМАЧНИ ТЕГОБИ,МОЖИ ПРОЛИВ И . Т ,,Н ... СИТЕ ПАЦИЕНТИ ШТО ИМААТ СИМПТОМИ НА ГРИП М О Р А ДА СТАВАТ МАСКА ПРЕД ДА ВЛЕЗАТ ВО АМБУЛАНТА,ЗА ДА НЕ ПРЕНЕСУВААТ ВИРУСИ НА ДРУГИТЕ ПАЦИЕНТИ. НОСЕЊЕТО МАСКА НЕ Е ЗАШТИТА ОД ВИРУСИ,ОБИЧНИТЕ МАСКИ ТРААТ САМО 2 СААТИ.АМА БОЛНИТЕ ТРЕБА ДА СТАВАТ МАСКА ДУРИ СЕ ВО АМБУЛАНТА ЗА ДА НЕ ГО ИСПРСКУВААТ ВИРУСОТ ВО ОКОЛИНАТА НА СИТЕ ТРЕБА ДА НИ БИДЕ ЈАСНО ДЕКА ВО АМБУЛАНТА ПРЕТЕЖНО ИДАТ БОЛНИ ЛУЃЕ ЗАТОА НОСЕЊЕТО МАСКА Е ПРЕПОРАЧЛИВО САМО ПО ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ МОЈ ЛИЧЕН СОВЕТ Е СЕКОЈ ШТО Е БОЛЕН ТРЕБА ДА НОСИ НАСЕКАДЕ МАСКА,ДА НЕ ИЗЛЕГУВА ОД ДОМА ДУРИ Е ЗАРАЗЛИВ(ЕДНА НЕДЕЛА)ДА СЕ МИЕ РАЦЕ ПРЕД СЕКОЈ ДОПИР НА СЕ,ДА НЕ СЕ ФАЌА ЗА ЛИЦЕ ЗА НОС,ПА ДРУГО ДА ФАТИ.,ДА СЕ ПАЗИ ДА СИ ГИ ЗАШТИТИ ПРЕД СЕ СВОИТЕ НАЈБЛИСКИ,А СО ТОА И ДРУГИТЕ НА СИТЕ ТРЕБА ДА ИМ Е ЈАСНО СЕ КАЖА на состанокот на 18.11.2009 год НИКАКО ЗА ВИРУСИТЕ ДА НЕ СЕ СТАВАТ КЕТОНАЛИ,НИФЛАМИ,ДЕКСАЗОНИ И БИЛО КАКВА АМПУЛАРНА ТЕРАПИЈА=ЗНАЧИ НЕ ИНЕКЦИИ,ОТИ МОЖИ ДА СЕ М А С К И Р А К Л И Н И Ч К А Т А С Л И К А И Д А СЕ СЛУЧИ ПОЛОШО. ДА СЕ ЗАБОРАВИ ОНАА=,,МЕНЕ САМО ОД ИНЕКЦИЈА МИ ПОМИНУВА" VIRUSNITE ZABOLUVAЊA SE TEШKI OTI ANTIBIOTICITE NE DELUVAAT NA NIV. ДА СЕ ЗАБОРАВИ ОНА=,,МЕНЕ НЕ МЕ ФАЌА ГРИП,,МЕНЕ НЕ МИ Е ГРИП,,ЗНАМ ЈАС... '"И.Т.Н.СЕКОЈ ВИРУС ДАВА БРОНХИТИЧНО ДИШЕЊЕ,А И НЕ МОРА,СЛУШАЛКИ НЕМА СТАВЊЕ ПРИ ПРЕГЛЕД НА ГРИП-НИШТО НЕ НИ ПОМАГААТ ВО ОТКРИВАЊЕ НА НЕШТАТА,СЕКАКО СЕКОЈ ЌЕ СЕ ТРЕТИРА КАКО ГРИП,АКО СИМПТОМИТЕ ОДАТ КОН ВЛОШУВАЊЕ ДИРЕКНО РЕНТГЕН СНИМКА И СЕКААКО НА БОЛНИЦА.ЗАТОА НЕМОЈТЕ ДА РЕЧЕТЕ НЕ МЕ СЛУШНА Д-РОТ... ОД ДЕНЕС НАТАМУ СЕКОЈ СО ГОРЕСПОМЕНАТИТЕ СИМПТОМИ ЌЕ СЕ ТЕРТИРА КАКО ДА Е ОД ГРИП ЗАБОЛЕН.ТАКА ЌЕ БИДИ ДО ДОБИВАЊЕ НА НАРЕДНИТЕ ИНСТРУКЦИИ |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Заради пандемијата од свински грип, некои ги тријат раце.....Додека здравствените институции се плашат од пандемија на свински грип, а луѓето стравуваат да не се заразат, фармацевските компании тријат раце од што поголемите приходи, а за следната година очекуваат уште повеќе. Главнината од масовното вакцинирање против свинскиот грип кој го покренаа владите ширум светот го добија европските фармацевтски компании GlaxoSmithKline, Novartis, Sanofi-Aventis и AstraZeneca. На пример Novartis објави благ пораст на приходите, а истовремено швајцарскиот Roche приходите ги зголеми за 9,7 % од продажбата на антивирусниот лек Тамифлу заработи 12,4 милијарди швајцарски франци. А, како што се прогнозира, само оваа година компанијата Rochе ќе заработи над две милијарди франци. Антивирусниот лек Relenz на Glaxo во овој квартал е продаден за вредност од 182 милиони фунти, а минатата година приходот од продажбата на тој лек бил само 12 милиони фунти. Сите фармацевски компании очекуваат уште подобри резултати од продажбата на лековите против свински грип, а се очекува уште повеќе и за наредната година. ....... начив грб морееееееееееее |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
tochno .......antivirotik e........navodnocite gi zaboraviv.......kaj ke odish ......velat ima od vakcinata Tamiflu??? |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Исправка, Тамифлу не е вакцина.
Искуство: од Тамифлу сум ги сонувала најагресивните сонови и нешта кои во живот не би ми паданале на ум. |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што содржи ,,вакцината,, против свински грип?Се погласно се зборува за пандемијата на свинскиот грип кој на големо се шири низ Европа, а ни Македонија не е исклучок. Дали фамата за свинскиот грип е за да се заплаши народот или е нешто посериозно? Како официјален лек за свинскиот грип, се смета,, вакцината,, Тамифлу, која и нашата влада како и останатите ја има нарачано, со државни пари. Но дали оваа ,,вакцина,, е навистина безбедна за луѓето.............. ПАЗИ СЕГА ....... ,,Вакцината , е составена од две доста опасни материи. Едната од нив е тимерoсол..... 50% од содржината на тимерoсолот е жива, а тимерoсолот откако ќе влезе во организмот се закачува на мозочните рецептори и прави оштетувања на мозокот-тимеросол го намалува коефициентот на интелегенција за отприлика 10 поени. Втората опасна материја во вакцината против свински грип е сквален (Squalene). Оваа материја го лаже вашиот имунитетски систем да почне да ги уништува сопствените клетки, заради што се појавуваат болести како астма, дијабетис и уште многу други болести кои тешко или воопшто не се лечат. Навистина треба да се запрашаме дали е безбедно да ја примаме оваа ,,вакцина,, , за која произведувачот и купувачот (во случајов владата) склопуваат договор со кој при контраиндикации корисниците на ,,вакцината,, не може да го тужат производителот. Дали е безбедно да користиме вакцина за грип од кој досега умреле не повеќе од 5000 лица, знаејќи дека од обичен човечки грип умираат повеќе од 40.000 лица годишно?....... еве една љубовна песна која е во тренд.... Love Story
Ќе те барам насекаде и сигурно ќе те пронајдам ........ Ќе те однесам во кревет покажувајќи го мојот начин..... Ќе те натерам да се потиш додека не се потресеш од болка....
да те обземе грозница додека не почнеш да цимолиш и вриштиш...
Ќе те натерам да молиш за милост, да ме преколнуваш да престанам.... Ќе те исцрпам до крај , исцедејќи те како лимон.....
Ке бидеш пресреќен кога ке завршам со тебе.....
А кога ќе завршам со тебе..... многу денови уште ќе притресувашкога ќе се сеќаваш на мене....... Само твој, Грип Изменето од bijonse1 - 28.Ноември.2009 во 00:13 |
|
Storm5
Сениор Регистриран: 30.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 226 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ја вакцинирале против грипот А и и застанало срцето
Љубљана, 27 ноември (МИА) - На една 77-годишна Словенка неколку минути и застанала работата на срцето, откако и била ставена вакцина против грипот А (Х1Н1), по што жената е хоспитализирана. Словенечкиот министер за здравство Борут Миклавчич изјави дека властите проверуваат дали проблемот со срцето на пациентката се појавил како резултат на вакцината. Две лица починаа од новиот грип во Словенија, а стотици луѓе се заразени од вирусот Х1Н1. Во земјата пред две недели започна бесплатно вакцинирање против грипот А со вакцина на фирмата „ГлаксоСмитКлајн“. Досега се вакцинирани околу 30.000 луѓе од двемилионското население. |
|
Storm5
Сениор Регистриран: 30.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 226 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СЗО: Претпазливост при употребата на вакцината против новиот грип
24.11.2009 19:03 СЗО го предупреди министерство за здравство внимателно да го следи вакцинирањето поради појава на парализа кај десетина луѓе кои примиле вакцина. Синдромот Жилан Баре, го напаѓа нервниот систем и предизвикува парализа на нозете и рацете. Во извештајот се вели дека досега немало фатални случи. Дописот е испратен до министерствата во сите држави. Од комисијата за пандемски грип велат дека нема причина да се сомневаме во квалитетот на вакцината, бидејќи секоја вакцина може да предизвика вакви несакани реакции, таа е дадена на 65 милиони луѓе. „Тие навистина ако се јавиле, како што не се сомневам дека е така како резултат на давањето на вакцините, нема потреба од било какви паники, ниту потреба од укинување, односно прекинување на кампањите за вакцинирање, од проста причина што, толкавата стапка, или зачестеност на ваквите трагични, несакани дејства, е во рамките под очекувањата. Секако ние сме во постојан контакт со СЗО, и имајќи предвид дека таа ги следи на планетарно ниво случувањата, ќе постапуваме онака како што ќе бидат препораките од таа агенција“, вели Драган Даниловски, епидемиолог. Канада стопираше цела серија на вакцината против новиот тип на вирус А Х1Н1, откако кај шест луѓе се појавила силна алергиска реакција. Јавната агенција за здравство на Канада побарала од шест канадски провинции да повлечат од употреба 172 илјади дози на спорната вакцина која е произведена од компанијата Глаксо Смит Клајн. „Производителот Глаксо Смит Клајн побара од нас да не ја користиме вакцината во овој момент “ изјави др. Џоел Кетнер, оддел за здравство на Манитоба. „Тоа е сериозна работа. Може да предизвика и смртни последици. За среќа засега е релативно ретка појава“, рече др. Нил Раб. Според канадските власти сите шестина пациенти претрпеле сериозен анафилактичен шок, кој може да заврши исо сериозни последици и смрт. Светската здравствена организација потврди дека е известена за овој потег на канадските власти. Македонија порача вакцини од компанијата Новартис за кои експертите тврдат дека е безбедна. |
|
Storm5
Сениор Регистриран: 30.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 226 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што е вирусот H1N1, како се пренесува и како се лечи
Се за новиот грип - 50 прашања и одговори Вирусот 1. Дали H1N1 е поопасен од другите вируси на грип? - До сега се покажал помалку агресивен од останатите вируси на грип, освен во ретки случаи, но многу е заразен. 2. Зошто е позаразен од сезонскиот грип? - Се работи за нов вирус, што значи дека наоѓа лица без антитела кои би го препознале. Постарите лица помалку се погодени бидејќи во минатото се ширеле слични вируси, па имаат делумен имунитет. 3. H1N1 е сроден со вирусот на шпанскиот грип? - Вирусот кружи меѓу луѓето над 90 години. Се појавувал меѓу 1957 и 1976, но продолжил да се шири меѓу свињите, а потоа во 1977 се појавил кај човекот. Потоа произвел хибриди на генетски план, со делови од свинско, птичјо и човечко потекло. 4. Дали поради таа мешавина овој вирус е толку опасен? - Вирусите стануваат опасни бидејќи го менуваат својот антигенетски профил, кој нашиот имунитет не го препознава. Најопасни се ако стекнат способност да предизвикаат воспалителен процес во организмот. Овој вирус изгледа нема такви способности поради кои шпанскиот и птичјиот грип се толку смртоносни. 5. Дали фактот дека H1N1 не е сосема нов претставува предност за имунолошкиот систем? - Тоа би значело дека постои дискретно ниво на природен имунитет; тоа го потврдуваат симптомите кои се благи. 6. Кое е можното потекло на овој вирус? - Вирусолозите укажуваат на ризик од неприродна забрзана еволутивна појава на вирусот, поради условите на одгледување на стоката и употребата на вакцините кај животните. 7. Зошто H1N1 повеќе ги напаѓа младите од постарите лица? - Многу вируси често ги напаѓаат младите и силни лица. Се покажа дека новите вируси на грип може да убијат пред се затоа што предизвикуваат големи воспалителни реакции. 8. Што може да се заклучи од досегашната пандемија? - Од времето на шпанскиот грип, а птичјиот грип тоа го потврди, може да се заклучи дека младите лица на новиот вирус реагираат бурно и дека младите плаќаат највисока цена. 9. Колкава е смртноста во земјите каде H1N1 е раширен? - Ниска: еден до двајца на илјада лица, а ширењето на болеста е од пет до седум проценти од популацијата. 10 . Кога епидемијата ќе стигне до врвот? - Невозможно е да се каже дали ќе се појават уште бранови и кога. 11. Како се пренесува вирусот? - Основниот начин на ширење на заразата е преку капки, преку кашлање и кивање. Може да се пренесе и со бакнеж. Заразата 12. На кои места можеме да се заразиме? - Секаде каде што има многу луѓе - јавни собири, градски превоз, кина... Пред се во топли и влажни простории - теретани или базени. 13. Какви хигиенски мерки можеме да превземеме? - Покрај честото миење на рацете со вода и сапун, добро е да се користат маски и ракавици; треба да се покрие носот и устата кога кашламе или киваме, и потоа да ги испереме рацете; устата и носот треба да ги бришеме со палома; треба да избегнуваме да ги допираме очите, носот и устата. 14. Колку време поминува од моментот на заразата до првите симптоми? - Од еден до четири дена, во просек два дена. 15. Колку дена инфицираното лице е заразно? - Искуствата покажуваат дека треба да се остане дома седум дена од почетокот на појавата на симптомите за да не се шири вирусот понатаму. 16. Дали нападите на грозница или температура, типичната настинка, го зголемуваат ризикот од заболување? - Температурата го погодува вирусот бидејќи ја блокира континуираната ерозија на секретите во респираторните органи. Значи, сепак е подобро да се стоплите но не премногу? 17. Како да се заштитам од лица кои киваат и кашлаат? - Оддалечете се еден метар од тие лица, да не ги допираме очите, носот и устата и често да ги миеме рацете. 18. Дали ракувањето со заразено лице е опасно? - По бакнежите, ракувањето е најризично за пренесување на вирусот. Треба често да се мијат рацете. 19. Дали заштитува маската за лице? - Хируршката маска доволно заштитува, додека маските со филтер предизвикуваат нелагодност, комплицирани се и можат да предизвикаат алергија. Децата 20. Како децата во училиштата да ја избегнат заразата? - Објаснете им дека мора често и темелно да ги мијат рацете со вода и сапун. Треба да се почитуваат основните хигиенски правила, да се покриваат носот и устата при кашлање и кивање. Да не се ставаат во уста пенкала, гумички и ленири... 21. Дали природните лекови, како што се цедени портокали, можат да заштитат од инфекција, посебно децата? - Правилната исхрана е секогаш корисна. Со доаѓањето на зимата секогаш треба да се обрати посебно внимание на исхраната: да се зема многу овошје и зеленчук. 22. Дали треба да се вакцинираат здрави деца и од која возраст? - Кај децата помлади од две години вакцините се покажаа неефикасни. 23. Кои деца треба да се вакцинираат? - Вакцина треба да примат деца со хронични заболувања, пред се од невролошки и невромускулаторни типови кои можат да доведат до компликации. 24. Дали смртноста е поголема кај децата? - Кај овој грип забележана е смртност кај помладата популација и бидејќи младите и децата се тие кои почесто се разболуваат, посебно ако веќе имаат здравствени проблеми. Тешко е да се одреди точна смртност и поради фактот дека раширени се форми на грип кои имаат мали симптоми или воопшто ги немаат. Симптоми 25. Дали постојат симптоми кои веднаш укажуваат на вирусот H1N1? - Не. Овој вирус дава идентични симптоми кои ги има и сезонскиот грип, а тоа се температура, грозница, кашлање, малаксалост, болови во мускулите, или гастроентеролошки пореметувања, како што се повраќање, дијареа. 26. Кои симптоми говорат дека веднаш треба да одиме на лекар? - Тешко дишење проследено со висока температура и кашлање е клиничка слика која укажува на можно воспаление на градите. 27. Како се поставува точна дијагноза? - Дијагнозата се поставува со анализа на брис од нос и грло. Ако се разболам 28. Што да правам ако добијам температура? - Може да се земе апче против температура, како што е парацетамол или фебрицет, за да се намали температурата и подобро да се чувствуваме. 29. Кои лекови се земаат против H1N1? - Антивирусните лекови како што се тамифлу и реленца кои мора да ги препише лекар. 30. Кога треба да се земат лековите? - Ефикасни се доколку се земат првите 48 часа по појавата на симптомите. Во повеќето случаи грипот тече по својот тек и не е потребно да се земаат антивирусни лекови. Лековите треба да се земаат ако се работи за тешки симптоми и тоа лица со ризични болести. 31. Кои се последиците од несовесно земање на лекови? - Лековите можат да не делуваат. 32. А антибиотиците? - Антибиотиците не помагаат против вирусот бидејќи делуваат против бактерии. Можат да се земат ако постои сомневање за бактериска инфекција. 33. Зошто некои лица заразени со новиот вирус биле во тешка состојба, додека некои оздравеле? - Имаше само неколку случаи, пациентот без видливи ризични фактори, поради новиот вирус да добие примарно вирусно воспаление на градите. Нема соодветно објаснување. 34. Дали заболените мора да пијат повеќе течности? - Тоа важи за секој грип и кога лицето има температура треба да пие многу течности, посебно ако се работи за респираторни проблеми. 35. Што ризикува здраво лице со овој грип? - Во многу случаи не ризикува ништо. Малку е веројатно дека ќе дојде до компликации, дека градните алвеоли ќе се наполнат со секрет. 36. Ако се разболиме од новиот грип, дали е можно повторно да го добиеме? - Не. Во најлош случај може да се добие сезонски грип. 37. Што можеме да преземеме дома ако се разболиме? - Просториите треба да бидат топли и проветрени. Вакцината 38. Дали вакцината се дава еднаш или два пати? - Во повеќето случаи доволна е една доза. 39. Дали постојат случаи кога вакцината не смее да се прими? - Кај лица кои имаат автоимуни болести, секој случај се следи поединечно. Можат да постојат контраиндикации кај луѓе кои се алергични на супстанци кои ги содржи вакцината. Не смеат да ја примаат бремени жени во првите три месеци од бременоста. 40. Кои се несакани ефекти од вакцината? - Кај секое десето дете, на возраст од 6 до 36 месеци може да дојде до нервоза, плачење, поспаност и дијареја. Кај постарите деца може да дојде до главоболка и замор, а кај адолесцентите малаксалост, болови во мускулите, главоболка, потење, мачнина, грозница. 41. Колку време треба вакцината да стане ефикасна? - Десет до петнаесет дена. 42. Ако се добие вакцина против новиот грип по вакцината за сезонски грип, дали тоа ја зголемува делотворноста? - Од имунолошки аспект, тоа е невозможно да се каже. 43. Дали вакцината против обичниот грип може да заштити и од вирусот H1N1? - Истражувањето спроведено во текот на епидемијата во изминатите месеци во Австралија покажува дека сезонската вакцина не заштитува ниту една старосна група од новиот вирус. 44. Колку се безбедни вакцините против H1N1? - Тоа денес никој не го знае. Европската агенција за лекови потенцира за потребата за внимателно следење на процесот на вакцинација за да стекне слика за несаканите дејствија. 45. Дали можеме да се вакцинираме и против сезонскиот грип и против новиот? - Да, иако би било добро да почекаме 15 дена меѓу едната и другата вакцина, но ако се примат заедно, тогаш подобро да не се ставаат во иста рака. 46. Како би можел да реагира имунолошкиот систем на две вакцини? - Може да се случи, ако вакцините се примат заедно, организмот да реагира посилно против сезонскиот грип, но се покажува слаба реакција во однос на H1N1. Бремените жени 47. Дали бремените жени треба да се вакцинираат? - Нема специјални испитувања на бремените жени. Што се однесува до вирусот H1N1, не се правени клинички испитувања кои би ја препорачале вакцината. 48. Ако мајката се разболи дали треба да дои? - Може да продолжи да дои. Може да стави маска додека дои. Најдобар начин бебето да се заштити е да пие мајчино млеко бидејќи тоа содржи основна имунолошка одбрана. На пат 49. Ако патуваме во странство, кои се мерките за претпазливост? - Треба да се информирате преку интернет за состојбата во земјата во која се патува и да се дознаат телефонските броеви на кои можете да се јавите во случај на потреба. 50. Дали треба да се понесат некои лекови со себе? - Добро би било да понесете со себе некои апчиња за намалување на температура, а ако сакате да сте сигурни земете и антивирусен лек. Обезбедете и здравствено осигурување. |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...da kaj nas veke, kaj nekoi svinskiot mutira vo lavji grip...(L1V2)
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Медицински претставници во Британија велат дека во една болница во Велс, се појави нова група на вирус кој е отпорен на лекот Tamiflu, и да се шири меѓу болничките пациенти. AH1N1 нов вирус инфицирал пет луѓе во Универзитетската болница во Кардиф. Мислам дека првите случаи во светот што вирус отпорен на Tamiflu пренесува од човек на човек. Zdravstevni работници од Кардиф вели дека случајот е изолирана, не постои опасност некој да се надвор од болницата, и дека на тестирањето на новиот вирус во тек.Се надевам нема да има потреба за дополнителни информации и за превенција од H1N1mauritius...
|
|
PARMEON
Група Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 55 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Postovani prijatelji moji!!!
Ovo vam pisem na ovom jezku kojeg ja govorim i pisem onako kako ja najbolje umem. Moram da vam odmah ukazem neke stvari sto se tice moga teksta ovde.Ja cu vam samo napisati onoliko koliko ja licno mislim da smem da napisem.Ostalo je vasoj svesti i razumu dali ce te i koliko razumeti. Bakste-firma je na jugu Poljske,Ukrajine i slovacke pustila A/H1N1-virus.Izjavio je u avgustu izraelski drzavljanin-biolog-u Los adjelosu gospodin Joseph Moshe po izjavi uhapsli i drzali 45 dana a potom proterali za Izrael. 1976 godine poceli su da vakcinisu vojsku ameke u Fort Dix od svinjskog gripa.jedan vojnik je se odmah onesvestio i umro..prekinuli vakcinisanje i od 600 hiljda vakcinisanih je dozivelo mnogo smrti a i mnoge bolesti. pa se pita gde su drugih jedan milion i cetiri stotine hiljada vakcine...koja li ce zemlja dobiti i koliku kolicinu bas tih. GulfWar-syndrim Svinjski grip 1976 HIV POLIJO KATASTROFA VODENE BOGINJE. Amerikan Medical Association..je stvorena u privatnoj reziji od Johan D. Rockefeller..danas sve kompanije sveta poseduje njegova familija-naslednici..kompanije koje proizvide medecinu.Naj naj bolji biznis,. TOLIKO OD MENE VOLI VAS PARMEON |
|
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bez panika... Eve vi uste eden volonter, ako prizatreba... |
|
Внеси реплика | страница <1 34567 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |