|
Биди член на ЦРКВАТА ХРИСТОВА |
Внеси реплика | страница <1 34567 22> |
Автор | ||
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мојата надеж е Отецот, мое засолниште - Синот, а покрив ми е Светиот Дух. Света Троице, слава Ти. Изменето од Miki_P - 08.Февруари.2009 во 17:34 |
||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Too brat4e braos epten jako ova so go kaza za marija
|
||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Значи да резимираме. Исус во евангелијата ги нарекува "мајка" Своите ученици, но никаде не и се обраќа со "мајко" на Марија, туку секаде и се обраќа со "жено".
Пр.
Јован: 2:4 Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час.”
Точно така, Исус во евангелијата секаде и се обраќа на Марија со почесната титула "жено", исто така како што им се обраќа почесно и на сите останати жени во евангелијата.
Пример, Исус и се обраќа со "жено" на самарјанката која за прв пат се среќава со Него:
Јован: 4:21 Исус и рече: „Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим.
Исто така Исус и се обраќа со "жено" и на блудницата која ја спасил од каменување:
Јован: 8:10 Исус се исправи и и рече: „Жено, каде се? Ниеден ли не те осуди?”
Итн. Исус им се обраќал со "жено" на сите жени што се спомнати во евангелијата вклучувајќи ја и Марија. Но Исус ги нарекол "мајка" единствено Неговите ученици.
Од сето ова можеме да видиме и заклучиме дека Исус во евангелијата никаде не ја воздугнувал Марија над другите жени и не дава ни ронка повод за обожавање на Марија и со тоа ги остава католиците и православните без никаков изговор на Судниот Ден дека нивното обожавање и величање на Марија било инспирирано од Светото Писмо.
|
||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не знаев дека православните се слуги на Марија.
Ех, кога барем еден мал дел од надежта би ја положиле во Господ, колку би биле поинакви работите. Но вие, како што велите, сета надеж ја полагате во Марија.
|
||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ќе јадат сиромасите и ќе се наситат, и ќе го прослават Господа оние што го бараат, нивните срца ќе живеат во вечни векови. Амин. Господи, Ти нè развесели со Твоите созданија; се радуваме на делата од Твоите раце. Господи, се покажа светлината на Твоето лице и на нас; Ти го развесели моето срце повеќе отколку што ќе се развеселеше од пченица, вино и елеј. Во мир ќе заспијам и ќе се успокојам, зашто Ти си со мене, Господи, моја единствена надеж. Во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух. Амин. Господи Исусе Христе, Сине Божји, по молитвите на Твојата Пречиста Мајка, на преподобните и богоносни отци наши и на сите светии, помилуј нè. Амин. Слава Ти, Боже наш, слава Ти! Слава Тебе, Боже наш, слава Тебе. Цару Небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и сè исполнуваш, ризницо на добрини и делителу на животот, дојди и всели се во нас, и очисти нè од секаква нечистотија и спаси ги, Благи, душите наши! Свети Боже, свети Крепки, свети Бесмртни, помилуј нè! (Трипати) Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, и секогаш, и во вечни векови! Амин! Пресвета Троица, помилуј нè. Господи, очисти ни ги нашите гревови. Владико, прости ги нашите беззаконија. Свети, посети ги и исцели ги нашите немошти, заради името Твое. Господи, помилуј! (Трипати) Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како и ние што им ги проштаваме на нашите должници; и не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот, зашто Твое е царството, и силата, и славата на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. Помилуј нè, Господи, помилуј нè. Не наоѓаме никакво оправдување ние грешните, но како на Владика Ти ја принесуваме оваа молитва: Помилуј нè. Слава Ти, Боже наш, слава Ти! Господи, помилуј нè, на Тебе се надеваме. Не гневи се многу на нас и не спомнувај ги нашите беззаконија, туку и сега милостиво погледни и избави нè од нашите непријатели, зашто Ти си нашиот Бог, а ние сме Твои луѓе. Сите сме дело на Твоите раце и кон Тебе се обрнуваме, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. Благословена Богородице, отвори ни ги вратите на милосрдието, да не пропаднеме ние што се надеваме на Тебе, но, да се избавиме преку тебе од беди Ти си спасение на родот христијански. Господи помилуј! (12 пати) Вечни Боже и Царе на секое создание, Ти ме удостои да живеам до овој час. Прости ми ги гревовите што ги направив со дело, зборови и помисли, и исчисти ја, Господи, мојата несреќна душа од секаква телесна и духовна нечистотија. Дај ми, Господи, во оваа ноќ да имам спокоен сон, та кога ќе станам од мојата грешна постела, да му угодувам на Твоето пресвето име во сите дни на мојот живот и да ги победувам телесните и духовните непријатели што ме напаѓаат. Господи, избави ме од лоши помисли што ме осквернавуваат и од грешни желби, зашто Твое е царството, силата, и славата на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. Седржителу, Слово на Отецот, Исусе Христе, Ти си единствен совршен. Поради Твоето големо милосрдие, Ти се молам, никогаш не оддалечувај се од мене, Твојот слуга, но секогаш живеј во мене. Исусе, Добар Пастиру на Твоето стадо, не оставај ме на ѓаволските искушенија, бидејќи во мене има семе на гревот. Господи Боже, Тебе Ти се поклонувам, Царе свети, Исусе Христе, чувај ме во сонот преку силата на Твојот Свет Дух, преку Кого си ги осветил Твоите ученици. Господи, дај ми го и мене, на Твојот слуга, Твоето спасение. Просвети го мојот ум со светлината на Твоето Евангелие, душата - со љубовта кон Твојот Крст, срцето - со чистотата на Твоето слово, телото мое - со Твоите големи страдања, мислата моја запази ја со Твоето смирение и крени ме навреме да Те славословам, зашто си Прославен со Беспочетниот Твој Отец и Пресветиот Твој Дух во вечни векови. Амин. Господи, небесен Царе, Дух на вистината, смилувај се на мене и помилуј ме мене грешниот Твој слуга, прости ми, мене недостојниот, сè што сум Ти згрешил денес како човек, дури и полошо од човек - како животно. Прости ми ги моите волни и неволни, свесни и несвесни гревови што сум ги правел од младини и - од лоша навика, од бесчувственост и малодушност. Ако сум се колнел во името Твое, ако со мисла сум го похулил Твоето име, ако сум укорил или наклеветил и наскрбил некого, разгневил или за нешто сум се разлутил, ако сум излагал и ако сум спиел премногу, ако при мене дошол сиромав и сум го презрел, ако сум го нажалил братот, ако сум предизвикал кавга или ако некого сум осудил, ако сум се погордеал или разгневил, ако, за време на молитвата, мојот ум се свртел на лукави светски мисли или сум мислел нешто развратно, ако сум се прејал, или сум се опил, или безумно сум се смеел, или сум помислил нешто лукаво, ако сум зборувал неприлични зборови, или сум се потсмевал на гревот на мојот брат, иако моите согрешенија се безбројни, ако не сум ја сакал молитвата или сум направил нешто лошо, за кое не можам да се сетам - а ете, сето тоа и дури нешто повеќе сум направил, Ти се молам, помилуј ме, Создателу и Владико мој, разреши ме, ослободи ме и прости ми како Благ и Човекољубив, та со мир да легнам, да заспијам и да се успокојам јас блудниот, грешниот и нераскајаниот да Ти се поклонам, да го воспевам и прославам Твоето пречисто име заедно со името на Отецот и Единородниот Син Негов, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. Душе Свет, живеј во мене. Не сакам ништо друго, освен да бидам со Тебе и спрема Тебе да живеам. Сакам да се дарувам, да се отворам и да бидам како на дланка пред Тебе. Делувај во мене така, да ми бидеш мој живот, биди околу мене, да ми бидеш мој свет. Опфатиме за да си бидам на себе си неважен и само Ти да останеш. Дојди, Свети Душе! Создавај го и понатака светот. И нашето срце е свет на кого му треба Твојата создателска моќ; одново создавај го тоа што еднаш си го направил. Составувај го тоа што се распаѓа, буди го тоа што е неплодно, подмладувај го старото. Дај ни очи да го гледаме светлото, создаденото и несоздаденото. Дај ни сила да донесеме род и да се радуваме со телото и со душата. Омекнувај ги камените особини. Се здрвуваме од страв, оживи нè. На очајните дај им сила, на нејаките јачина, на должниците опростување, вера на оние кои ја бараат. На немите дај им зборови; зборови на љубовта на оние коишто љубат, збор на благодарноста на благодарните, збор вистинит на тие што ја бараат вистината. Збор на доверба на недоверните, збор на пофалба на тие што не знаат како да Те прославуваат, Боже мој. Оживувај ги мртвите; немоќните да се подигнат, паднатите да се исправат, куците да проодат, загубените да го најдат патот којшто Ти го покажуваш. Дај им да ја видат целта, тие коишто не ја наоѓаат смислата. Дојди Свети Душе. Што да Ти принесам и како да Ти благодарам, штедар Дарителу, Цару бесмртен и човекољубив Господè Јас сум мрзлив да ја извршам Твојата волја; ништо добро не сум направил, а Ти ме доведе до крајот на денешниов ден, промислувајќи за обраќањето и спасението на мојата душа. Биди милостив кон мене грешниот и, макар што сум лишен од секакво добро, издигни ја мојата падната душа, осквернавена од безбројни согрешенија. Изгони од мене секаква лукава мисла за земен живот, прости ми ги, единствен безгрешен Боже, согрешенијата што ги направив денес, свесно или несвесно, со зборови, дела, помисли и со сите мои чувства. Закрилувај ме и варди ме од секаков непријателски напад со Твојата божествена сила и со неискажливото човекољубие. Очисти ме, Боже, очисти ме од многубројните гревови. Благоволи, Господи, да ме избавиш од мрежата на лукавиот, спаси ја мојата страдна душа кога ќе дојдеш во слава, осени ме со светлината на Твоето лице. Сега дај ми да заспијам неосудено и без мечтателен занес, зачувај ја незаблудена мислата на Твојот слуга, изгони го од мене секое сатанско дејство, просвети ги разумните очи на моето срце, за да не заспијам во смртен сон. Испрати ми го ангелот на мирот, пазителот и учителот на мојата душа и на моето тело да ме избави од непријателите, да станам од постела и да Ти принесам благодарствени молитви. Откако ќе станам од сон, дај ми да се поучувам од Твоето слово и преку Твоите ангели прогонувај ја од мене малодушноста, која доаѓа од бесовите, та да го благословувам и прославувам Твоето свето име, да ја славам Пречистата Богородица Марија, Која е застапница за нас грешниците. Послушај ја Неа, Таа се моли за нас, знам дека е човекољубива како и Ти и не престанува да се моли за нас. Со нејзина помош, со знакот на чесниот Крст и поради молитвите на сите Твои светии, сочувај ја мојата бедна душа, Исусе Христе, Боже наш, зашто си свет и прославуван во вечни векови. Амин. Господи, Боже наш, како Благ и Човекољубив, прости ми сè што згрешив денес со зборови, дела и помисли. Дај ми мирен и спокоен сон, испрати ми го Твојот ангел чувар да ме закрилува и чува од секакво зло, зашто Ти си чувар на душите и телата наши, Тебе Те славиме - Отецот, Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. Господи, не лишувај ме од Твоите небески блага. Господи, избави ме од вечните маки. Господи, ако сум згрешил со ум, со мисла или со дела, прости ми. Господи, избави ме од секакво незнаење и заборавност, малодушност и скаменета бесчувственост. Господи, избави ме од секакво искушение. Господи, просвети го моето срце помрачено од лоши желби. Господи, јас како човек, згрешив, а Ти, како милосрден Бог, гледајќи ја слабоста на мојата душа, помилуј ме. Господи, испрати ми ја на помош Својата благодат, за да го прославам Твоето свето име. Господи Исусе Христе, запиши ме мене, Твојот слуга, во Книгата на животот и дарувај ми добар крај. Господи, Боже мој, иако не сум направил никакво добро пред Тебе, по Твојата милост, дај ми да направам добар почеток. Господи, ороси го моето срце со росата на Твојата благодат. Господи на небото и на земјата, спомни си во Твоето царство за мене грешниот, бесрамниот и нечистиот Твој слуга. Господи, прими го моето покајание. Господи, не изоставај ме. Господи, не оставај ме да паднам. Господи, дај ми да мислам добро. Господи, дај ми солзи, скрушеност и да си спомнувам за смртта. Господи, дај ми да мислам за исповедување на моите гревови. Господи, дај ми смирение, целомудреност и послушност. Господи, дај ми трпение, великодушност и кроткост. Господи, насади го во мене коренот на добродетелите; стравот Твој - во моето срце. Господи, удостој ме да Те сакам со сета моја душа и помисла и во сè да ја извршувам Твојата света волја. Господи, закрилувај ме од лоши луѓе, од бесови и страсти и од секаква друга неприлична работа. Господи, Ти правишсè што сакаш, нека биде Твојата волја и во мене грешниот, зашто си благословен во вечни векови. Амин. Господи Исусе Христе, Сине Божји, заради молитвата на Твојата Пречиста Мајка и по молитвите на Твоите бестелесни ангели, на Твојот пророк, претеча и крстител, на пророците, апостолите, светителите, мачениците, преподобните и богоносни отци и сите светии, избави ме од сегашното мое бесовско притеснение. О, Господе мој и Создателу, Ти не ја сакаш смртта на грешникот, туку сакаш да се врати и да биде жив; дај ми и на мене грешниот, недостојниот и несреќниот да се обратам. Истргни ме од устата на сатаната, кој сака да ме голтне и жив да ме вовлече во пеколот. О, Господе мој, Утехо моја! Ти, поради мене несреќниот, се облече во гнилежно тело, избави ме од оваа тешка положба и утеши ја мојата душа. Насади во моето срце волја, за да ги исполнувам Твоите заповеди, да ги оставам лошите дела и да ги добијам Твоите блаженства. На Тебе, Господи, се надевам, спаси ме. Блага Мајко на преблагиот Цар, Пречиста и Благословена Богородице Маријо, излиј ја врз мојата страдална душа милоста на Твојот Син и наш Бог. Со Твоите молитви води ме кон добри дела, за останатото време од мојот живот да го поминам без грев и преку Тебе, Богородице Дево, единствена чиста и благословена, да го најдам рајот. Ангеле Христов, ти си мој свет чувар и покровител на мојата душа и моето срце, прости ми сè што сум згрешил денеска и избави ме од секакво лукавство на непријателот што ме гони, та со никаков грев да не Го разгневам мојот Бог. Моли се за мене грешниот слуга и направи ме достоен за благоста и милоста на Пресветата Троица, на Мајката - кон мојот Господ Исус Христос и на сите светии. Амин. Откако се избавивме од беди, ние, Твоите слуги, Ти пееме победни песни на Тебе, Богородице. Ти имаш непобедлива сила, избави нè од секакви опасности, та велегласно да Ти пееме: Радувај се, Невесто неневесна! Преславна вечна Дево, Мајко на Христа Бога, принеси ја нашата молитва на Твојот Син и Бог наш, за да ги спаси преку Тебе нашите души. Сета надеж ја полагаме на Тебе, Мајко Божја, земи нè под Твоја закрила. Богородице Дево, не отфрлај ме мене грешниот, ја барам Твојата помош и Твојата закрила. На Тебе се надева мојата душа, помилуј ме. Мојата надеж е Отецот, мое засолниште - Синот, а покрив ми е Светиот Дух. Света Троице, слава Ти. Огради ме, Господи, со силата на чесниот и животворен Крст варди ме од секакво зло. Во Твоите раце, Господи, Исусе Христе, го предавам својот Дух. Благослови ме, помилуј ме и дарувај ми вечен живот. Амин. Почитувани, со радост ви ги постирам Вечерните молитви, со надеж дека некој што ги нема ќе си ги копира и отпечати. Христос помеѓу нас! |
||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Evangelieto go sodrzhi osnovnoto i najbitno hristijansko uchenje, no ne i sekoj detal od Hristoviot zhivot, t.e. privatnite razgovori i momenti pomegju Hristos i Bogorodica ne se registrirani vo Svetoto Pismo. Svadbata vo Kana e javen nastan, kade Bogorodica i Hristos bile pokaneti kako gosti, a "zheno" (zhena), kako shto Hristos i se obratil na Svojata Majka, vo togashnite svakjanja na judejskiot narod, e titula na pochit i posebnost. Matej 12:46-50, voopshto ne se odnesuva na lichniot odnos pomegju Hristos i Bogorodica, koi imaat ne samo krvno, tuku i neraskinlivo duhovno rodstvo. Hristos chesto se sluzhel so retorika vo govorot, so izvonredna oratorska veshtina, t.e. bez da ja prekine Svojata beseda, komentarite i porakite pushteni od strana efektivno gi vmetnuval vo Svojata propoved. Koga Hristos propovedal pred mnoshtvo narod, nekoj mu soopshtil deka majka mu i brakja mu stojat nadvor, i sakaat da zboruvaat so Nego. Hristos ne go prekinal govorot, a go primil soopshtenieto, i korisno go upotrebil vo Svojata propoved, za da go pouchi narodot deka duhovnoto rodstvo e povisoko od krvnoto. Toa ne znachi deka Hristos i Bogorodica nemaat duhovno rodstvo, tuku deka uchenjeto na Hrista e prosledeno so realni primeri od Negoviot zhivot, t.e. Hristos ne samo shto ne pouchuva so slovo (zbor), za toa kako treba da zhiveeme i da postapuvame vo konkretni situacii, a Sam ni dava primer. "Brakjata i sestrite" na Hristos, se deca na Josif od prviot brak, a bi mozhele da bidat i bratuchhedi, bidejki vo aramejskiot jazik ne postoi toj zbor, t.e. bratuchedite se brakja, kako vo srpskiot i drugi jazici, dodeka na hebrejski mozhe da znachi i drug rodnina. Gospod ne dava pochesni tituli po linija na krvno rodstvo, tuku po Svojata Volja, i Sam gi proslavuva Svoite ugodnici! Изменето од Asya - 07.Февруари.2009 во 20:18 |
||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се сложувам, одлично објаснување дека Христос ја воздигнува духовната фамилија НАД телесната и дека Божјата благослов не зависи од роднинските врски, од тоа дали некој е крвна роднина на Исус или не. Тоа најдобро го гледаме од следниов пример:
(Матеј 12то поглавје)
Интересно е да се забележи дека Исус во евангелијата никогаш не ја нарекол Марија со "мајко", туку со "жено", а од горниов цитат многу јасно се гледа кои се вистинските мајки, браќа и сестри на Исус - Неговите ученици (меѓу кои се разбира подоцна се приклучиле и Марија и браќата на Исус, но јасно гледаме дека Исус не прави никаква разлика меѓу нив т.е. Исус не е непотист и не им дава почесни титули само затоа што крвно се поврзани со Него)
|
||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Odlichno objasnuvanje na ovoj tolku "zloupotrebuvan" stih od strana na nekoi "the name & no name denominations", t.e. ukazhuvanje na "naivnosta - bukvalnosta" na nivniot pristap vo tolkuvanjeto... Da, inteligentno - logichki izdrzhano objasnuvanje. Bravo ! Изменето од Marko sk - 07.Февруари.2009 во 13:05 |
||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Zarem prashanjeto e nekakov sovet?
|
||
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Асиа, Колку што гледам и ТИ делиш совети....... ...си се запрашала ли која си ТИ да делиш совети...... Изменето од gospel - 07.Февруари.2009 во 11:32 |
||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Luka 11:28 ne se odnesuva na Bogorodica, koja go slushala i pazela Bozhjoto slovo, i stanala Prevseta, tuku Hristos istaknuva princip nad familijarnite vrski, t.e. Bozhjata blagoslov ne zavisi od vazhni rodstveni vrski, a ja dobivaat tie shto go slushaat i pazat Bozhjoto slovo. Hristos koristi retorika vo govorot, t.e. ne ja prekinuva Svojata beseda, zatoa shto edna zhena izvikala od narodot, nitu go ignorira nejziniot zbor, a efektivno go vmetnuva vo svojot govor, so cel da go pouchi narodot. No, koj si ti, za da sovetuvash nekogo? Изменето од Asya - 07.Февруари.2009 во 11:19 |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ајде сите смирете тензии и престанете да се нарекувате взаимно еретици...
Мики, Асја и православен имате опомени за дискусијава! Ако продолжите вака, ќе ве банирам! |
||
Do what is right, come what may...
|
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Bas me interesira kako gleda nasiot Spasitel Isus Hristos na vasite raspravii koj e popameten. Izvinete sto se mesam vo vasite repliki, ama krivo mi e koga gledam kako se napagaat hristijani so hristijani, narekuvajki se eretici ili poispravni hristijani. Mozete da zamislete kako se cuvstvuva Hristos koga gleda kako edni na drugi si presuduvate koj e eretik a koj vistinski hristijanin, a zboruvate vo Negovo ime? Sigurno ne naviva za vas i ne vika aferim Miki, ili bravo Pravoslaven, ubavo mu kaza na ovoj eretik... Katastrofa |
||
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И ти го изедначуваш “Блажена е утробата, што Те носела, и на градите, од кои си се хранел!” со “Дa, но блажени се и оние што го слушаат Божјото слово, и го пазат.” Каква сулудост, тоа го може само безбожник, кој мисли дека Го нашол Христа, од Кого, всушност, е премногу далеку. Гледаш ли дека и сатаната прави чуда - се изнамачил ама си свршил работа - си нашол борец кој ќе ги застапува неговите интереси - да се омаловажи и да се понижи сè што е свето, во случајов - Мајката Божја!?!?!? Аферим за еретиците. Изменето од Miki_P - 06.Февруари.2009 во 21:45 |
||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
||
Внеси реплика | страница <1 34567 22> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |