|
МОЛИТВИ |
Внеси реплика | страница <1 345 |
Автор | |
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тетратка, на форумов не се дозволени текстови на друг јазик, освен Македонскиот.
На конкретниов под-форум, дозволуваме ретки исклучоци, кога станува збор за текстови на српски(босански) и англиски, и тоа во случаи кога нема превод на соодветниот текст. Истотака - дозволено е користење на зборови и реченици од други јазици, само ако се прави споредба со македонски (заради недоволно добар превод или непостоењето на прецизен збор во македонскиот). Целосни текстови на јазик кој не е разбирлив за мнозинството членови - не дозволуваме. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МОЛИТВА ЗА ДУХОВНИОТ ОТЕЦ (2)
Спаси го, Господи, и помилувај го мојот духовен отец И СВЕТ СТАРЕЦ,не осудувај го и не измачувај го заради мојот гревовен живот. Умножи ги во него духовните дарови, откриј му ги сите мои прегрешенија, исполни го со мудрост, со милост и со љубов, и заради неговите молитви дарувај му простување на гревовите, исправање на животот, преуспевање во добродетелите, и испрати му ја Твојата богата милост. Запази го, Господи, во овој ден (во оваа ноќ) да го избегне гревот, совладај ги неговите телесни и бестелесни непријатели, избави го од видливи и невидливи непријатели и запази го од лукави и неправедни луѓе. Спомни го, посети го и зајакни го на многу години, заради нас грешните. О, Пресладок Исусе! Господи, Ти си безмерно Свет, безмерно Праведен, безмерно Милостив! Господи, освети го со Твојата Светост мојот духовен отец И СВЕТ СТАРЕЦ, оправдај го со Твојата праведност, закрили го со Твоето милосрдие, и по неговите свети молитви прости ми мене, големиот грешник, и на сите негови духовни чеда прости им, зашто си Благ и Човекољубив. (Поклон) |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МОЛИТВА ЗА ДУХОВНИОТ ОТЕЦ
О, Пресвета Владичице моја, Дево Богородице, Царице на небесата и на земјата. Чуј ги воздишките и грешната молитва на душата моја која ти ја принесувам за мојот духовен отец, многустрадалниот слуга твој МОЈОТ СВЕТ СТАРЕЦ. Биди му вечна Сопатничка, во секое време биди со него заштитувај го со светите Ангели. Утврди го, бдеј, чувај го дури спие и теши го кога плаче: бодри го во очајанието и избави го од неволјите, ослободи го од клевети и подигни го во немоќта. Порази ги демоните кои стануваат против него и при смртна опасност биди му Помошничка. Направи го од ден во ден пострашен за видливите и невидливите непријатели, за да знаат дека тој е твој слуга, Богомајко: Ти која си Го родила Господ и Царот наш, Тебе која ти припаѓа чест и поклонение во вековите на вековите, Мајко Божја, омекни ги срцата на злите луѓе кои се креваат против него. Ти ја гледаш тагата и маката на мојот духовен отец и само тебе единствено ти се познати неговите страданија. Ти ги знеш сите тајни на неговата душа. Погледни на него од небото и олесни ги неговите страдања и покри го со милоста своја. Испрати благослов на делата негови и испрати му невидлива помош. По неговите свети молитви, дај ми и мене смирение, самопрекор, трпение, кротост, целомудрие,молчание, и заштити ме од сите искушенија од видливите и невидливите непријатели. Амин! |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
melhisedek
Сениор Регистриран: 12.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 225 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
gospodi isus hristos edinoroden sin na ziviot bog, pomiluj m gresniot!!
|
|
----------osana--------
|
|
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Amin!
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
О БОЖЕ, создај во мене срце ново И Дух дај Светол, љубезен, безгрешен а цврст Да можам со него да го следам, Твоето Вечно Живо Слово Храбро да го понесам, мојот внатрешен крст! АМИН |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ovaa tema ja zamisliv kako mesto kade ke mozeme site da si gi ostavime nasite licni molitvi. Sekoj moze da ostavi molitva ovde a drugite ako sakaat mozat da se pomolat za nekoj koj kazal deka ima potreba da se pomoli i nekoj drug za nego. Da ne zaboravime: molitvata od praveden covek ima golema sila!
|
|
Внеси реплика | страница <1 345 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |