Испечати | Затвори го прозорот

МОЛИТВИ

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15836
Датум на принтање: 13.Декември.2024 во 09:10
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: МОЛИТВИ
Постирано од: AlDra
Наслов: МОЛИТВИ
Датум на внесување: 29.Септември.2008 во 21:22
Ovaa tema ja zamisliv kako mesto kade ke mozeme site da si gi ostavime nasite licni molitvi. Sekoj moze da ostavi molitva ovde a drugite ako sakaat mozat da se pomolat za nekoj koj kazal deka ima potreba da se pomoli i nekoj drug za nego. Da ne zaboravime: molitvata od praveden covek ima golema sila!



Коментари:
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 29.Септември.2008 во 22:13

О БОЖЕ, создај во мене срце ново
И Дух дај Светол, љубезен, безгрешен а цврст
Да можам со него да го следам, Твоето Вечно Живо Слово
Храбро да го понесам, мојот внатрешен крст!

АМИН
      



-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 29.Септември.2008 во 22:14
Amin!


Постирано од: melhisedek
Датум на внесување: 30.Септември.2008 во 12:57
gospodi isus hristos edinoroden sin na ziviot bog, pomiluj m gresniot!!

-------------
----------osana--------


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 30.Септември.2008 во 13:17
МОЛИТВА ЗА ДУХОВНИОТ ОТЕЦ
О, Пресвета Владичице моја, Дево Богородице, Царице на небесата и на земјата. Чуј ги воздишките и грешната молитва на душата моја која ти ја принесувам за мојот духовен отец, многустрадалниот слуга твој МОЈОТ СВЕТ СТАРЕЦ. Биди му вечна Сопатничка, во секое време биди со него заштитувај го со светите Ангели. Утврди го, бдеј, чувај го дури спие и теши го кога плаче: бодри го во очајанието и избави го од неволјите, ослободи го од клевети и подигни го во немоќта. Порази ги демоните кои стануваат против него и при смртна опасност биди му Помошничка. Направи го од ден во ден пострашен за видливите и невидливите непријатели, за да знаат дека тој е твој слуга, Богомајко: Ти која си Го родила Господ и Царот наш, Тебе која ти припаѓа чест и поклонение во вековите на вековите, Мајко Божја, омекни ги срцата на злите луѓе кои се креваат против него. Ти ја гледаш тагата и маката на мојот духовен отец и само тебе единствено ти се познати неговите страданија. Ти ги знеш сите тајни на неговата душа. Погледни на него од небото и олесни ги неговите страдања и покри го со милоста своја. Испрати благослов на делата негови и испрати му невидлива помош. По неговите свети молитви, дај ми и мене смирение, самопрекор, трпение, кротост, целомудрие,молчание, и заштити ме од сите искушенија од видливите и невидливите непријатели. Амин!

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 30.Септември.2008 во 13:19
МОЛИТВА ЗА ДУХОВНИОТ ОТЕЦ (2)

Спаси го, Господи, и помилувај го мојот духовен отец И СВЕТ СТАРЕЦ,не осудувај го и не измачувај го заради мојот гревовен живот.
Умножи ги во него духовните дарови, откриј му ги сите мои прегрешенија, исполни го со мудрост, со милост и со љубов, и заради неговите молитви дарувај му простување на гревовите, исправање на животот, преуспевање во добродетелите, и испрати му ја Твојата богата милост.
Запази го, Господи, во овој ден (во оваа ноќ) да го избегне гревот, совладај ги неговите телесни и бестелесни непријатели, избави го од видливи и невидливи непријатели и запази го од лукави и неправедни луѓе. Спомни го, посети го и зајакни го на многу години, заради нас грешните. О, Пресладок Исусе!
Господи, Ти си безмерно Свет, безмерно Праведен, безмерно Милостив! Господи, освети го со Твојата Светост мојот духовен отец И СВЕТ СТАРЕЦ, оправдај го со Твојата праведност, закрили го со Твоето милосрдие, и по неговите свети молитви прости ми мене, големиот грешник, и на сите негови духовни чеда прости им, зашто си Благ и Човекољубив. (Поклон)

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 30.Септември.2008 во 23:21
Тетратка, на форумов не се дозволени текстови на друг јазик, освен Македонскиот.
На конкретниов под-форум, дозволуваме ретки исклучоци, кога станува збор за текстови на српски(босански) и англиски, и тоа во случаи кога нема превод на соодветниот текст. Истотака - дозволено е користење на зборови и реченици од други јазици, само ако се прави споредба со македонски (заради недоволно добар превод или непостоењето на прецизен збор во македонскиот).
Целосни текстови на јазик кој не е разбирлив за мнозинството членови - не дозволуваме.

-------------
Do what is right, come what may...


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 28.Октомври.2008 во 21:55
Господи и Боже мој,
раководи ме во овој живот и грижи се за мене.
Помагај ми никогаш да не Те заборавам
и да не отстапам од Тебе.
Упатувај ме да го правам она што Ти е угодно
Тебе и што е корисно за спасението на мојата душа.
Амин!


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 28.Октомври.2008 во 21:57
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

Господи и Боже мој,раководи ме во овој живот и грижи се за мене.Помагај ми никогаш да не Те заборавами да не отстапам од Тебе.Упатувај ме да го правам она што Ти е угодноТебе и што е корисно за спасението на мојата душа. Амин!


АМИН!

-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 28.Октомври.2008 во 22:21
Молитвите треба да се молат по смисла, онака како што искрено чувствуваме, не дословно наизуст. Тие треба да бидат молитви на срцето во нашето внатрешно, не на усните.

Херувимот на божествената мудрост, еден ангел Господов, за луѓето наречен Брат Емануел - преку пророчката Реч даде мала потпора кон вечерната молитва, но напомена дека таа не треба да се моли дословно, туку дека служи само како упатување и поттик до оние на кои им е сеуште тешко слободно да молат.

„Вечен во Христа!

Јас Ти благодарам за овој ден
што завршува.
Господе,
Ти ме водеше и придружуваше.
Ти благодарам.
Ти го водиш секого поединечно,
бидејќи Ти Си неличната љубов.
Ти не гледаш на нашите грешки и слабости.
Ти нас не` гледаш совршени,
о, вечен Духу.

Сите луѓе и битија ги положувам во Твојата
голема, вечна свест,
во Твојата љубов.
Држи ги, о Вечен, благословувачки
Твоите раце
над сите собраќа и сосестри,
над оние кои се болни
и оние кои патат во неволја,
над оние кои гладуваат и кои се осамени.
Зрачи им ја Твојата светлина
на постарите браќа и сестри
и со Твојата сила крепи ја младината
за да стане она што сакаш Ти,
оти таа е генерацијата што доаѓа.

Господе,
сега во мојата свест стапува сонот,
малиот брат на смртта.

Во твоите добри и вечни раце
јас го препорачувам мојот дух,
мојата душа и моето тело.
Господе,
Твојата волја нека се врши и ноќва во мене,
во мојата душа!„




Постирано од: spiros
Датум на внесување: 28.Октомври.2008 во 23:10


Исто една убава молитва!

-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 10:59
Mojata molitva denes e upatena kon zrtvite na ovaa nemila slucka...Bog da se smiluva i da gi isceli od sekakvi traumi, zasto dovolno stradale so samoto toa sto bile siracinja...pa uste i ova...navistina potresno.
 
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1536&ArticleID=101086 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1536&ArticleID=101086
 
 
СУДСКИ ПРОЦЕС ПРОТИВ БРИТАНСКИ МИСИОНЕРИ ВО ТИРАНА
Тројца Британци блудничеле сирачиња во Албанија

Тројца Британци-евангелисти се изведени на суд во Тирана, под обвинение дека во дом за сирачиња, кој го отвориле во 2001 година со помош на црквите во Албанија и од Британија, во албанскиот главен град вршеле сексуално заведување и обесчестување малолетни машки и женски деца, пренесува МИА. Дејвид Браун, кој бил раководител на домот, и неговите соработници Дино Христодулу и Робин Арнолд, социјален терапевт, прибирале во домот деца директно од улиците нудејќи им заштита, дом, храна и нешто пари. Лондонски „Гардијан“ пишува дека набргу по отворањето на домот почнало да се зборува за „чудните работи што се случуваат таму“, а албанските социјални работници барале полицијата да ги провери тврдењата на некои од малолетниците кои ги обвинувале луѓето од домот дека „ги заведувале сексуално“ и дека Браун и другите двајца ги прибирале ноќе во своите кревети. Дури десет момчиња на возраст меѓу четири и 13 години им раскажале на полицајците дека биле сексуално обесчестени од еден или од сите британски мисионери, по што полицијата ги обвинила за хомосексуални врски со малолетници. Браун е уапсен во Албанија, а Христодулу и Арнолд биле екстрадирани од Британија во мај годинава. Според „Гардијан“, Браун, кој е хуманитарен работник од Единбург, дошол во Албанија во 2000 година како доброволец за да им помага на бегалците кои во тоа време бегале од Косово и веднаш почнал со нудење заштита на малолетни Роми кои ги наоѓал како просат по улиците. Весникот нагласува дека албанската јавност е вчудовидена од откритието на полицијата и шокирана од сведочењето на четири од децата, кои на судот зборувале преку видеолинк. - Како и да се развиваат работите понатаму, случајот ќе остави длабоки последици врз механизмот на детската заштита меѓу Британија и другите земји во светот - забележува „Гардијан“. Во изјава за весникот, тројцата Британци признаваат дека имало случаи на заведување на децата, но меѓусебно се обвинуваат за тоа кој ги правел. Ако судот ги прогласи за виновни, може да бидат осудени на затворски казни и до 20 години.

Voedno se molam, Gospod da ne socuva site nas od onie volci koi doadzaat obleceni vo jagneska koza, potkopuvajci gi domovite na vdovicite i siracite...
Lukaviot ima mnogu lica i iminja, da bideme mudri kako zmii i nezlobni kako gulabi, i samo taka da se zapazime od sekakva eres.
 

Слични статии:


-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 21:18
И јас би сакал да ве замолам да се помолиме и за сите дечиња кои биле злоупотребени и од православните и од католичките свештеници.


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 21:20
молитва


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 21:22
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

И јас би сакал да ве замолам да се помолиме и за сите дечиња кои биле злоупотребени и од православните и од католичките свештеници.


Да, се разбира - другите се секогаш полоши...

-------------
Do what is right, come what may...


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 21:24
за децата молитва и за Алдра молитва....за непотребното обвинување...молитва

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 21:26
Зошто така си ја префрламе топката едни на други? Стварно тоа е непотребно кога е факт дека никој не е совршен.


Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 21:26
Обвинувањето е потребно (иако не сум слушнал сеуште за случаи на злоупотреба од православни свештеници и монаси), но е доста неумесно да се направи по коментарот постиран погоре...

-------------
Do what is right, come what may...


Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 21:27
Истото важи двонасочно.


Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 21:28
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Зошто така си ја префрламе топката едни на други? Стварно тоа е непотребно кога е факт дека никој не е совршен.


Имено - и крајно време е да почнеме да ги критикуваме своите пред се... Новинскиот извештај кој Марија го пушти е актуелна дневна вест, излезена во вчерашното издание на Време - затоа и е постирана... Нема потреба од префрлање на обвинувањата кон другите - тоа нема да не направи почисти!

-------------
Do what is right, come what may...


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 22:06

Se gleda kolku na nekoi im e stalo do decinjata...kolku do lanskiot sneg.

Jas se molam za site deca vo svetot, mene srce me boli koga gledam sto se slucuva po svetot, kolku pcovki i grozni LP-ja dobivav zaradi poddrska na temata Povlekuvanje na makedonskite vojnici od Irak....

A ovde nekogo uvo go boli sto tamu nekoi deca, pih, vo Albanija... ke ostanat traumatizirani do kraj na zivotot, pa mesto zdruzena molitva imame obvinuvanje...
 
AlDra, seti se samo deka koga Bog, otkako Adam kasna od jabolkata, i go zaprasa zosto go stori toa, namesto da se pokae, Adam ja prefrli "topkata" na Lukaviot, namesto da se pokae. Mozebi toa najmnogu go naluti Bog.
 


-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 22:11
Па не сум злоупотребувал јас дечиња па да се каам... Или мислиш дека јас сум мисионерот од Англија кој е во Албанија?


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 22:12
PA STO SKOKAS TOGAS? MOZEBI NE SI DOTICNIOT MISIONER, AMA KAKO GLEDAM, IZIGRUVAS NEGOV BRANITEL.

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 22:14
Од каде дојде ти до таков заклучок?


Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 22:17
Не си... но еве го твојот одговор на постираната тема... никаде не прочитав дека упатуваш молитва за дечињата спомнати во написот, но затоа пак го прочитав ова:

Originally posted by AlDra AlDra напиша:

И јас би сакал да ве замолам да се помолиме и за сите дечиња кои биле злоупотребени и од православните и од католичките свештеници.


Кој ги шиша децата злоупотребувани од евангелисти, нема што да се молиме за нив - пострашно е кога се злоупотребувани од оние другите...

-------------
Do what is right, come what may...


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 22:19
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Од каде дојде ти до таков заклучок?
 
намигнувањеMudrosta i golemoto zivotno iskustvo i sekako Bozjiot dar, slava Mu...
Citaj se malku pa ce vidis. Sekoja cest.
 


-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 22:34
Зидарски и Марија Мгдалена внимавајте:

Originally posted by AlDra

И јас би сакал да ве замолам да се помолиме И ЗА СИТЕ ДЕЧИЊА кои биле злоупотребени и од православните и од католичките свештеници.

Марија Магдалена кажа само за тие одредени а јас и за нив и ЗА СИТЕ ДЕЧИЊА


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 22:40
Sekako AlDra...sekakoтрепкање. Interesno kako ti padnaa na um bas tie drugiteтрепкање, no sekako deka vredi da se pomolime za site deca-zrtvi na bilo kakvo nasilstvo po svetot.
 
Eve i mene mi tekna sega na eden film...Advokatot na djavolot, a ne sum svesna zasto bas na nego...
 


-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 22:43
,,За крај, мои драги пријатели христијани, стремете се кон она што е вистинито, чесно и праведно; она што е невино, љубезно, на добар глас, вредно и ценето.’’(Филипјаните 4:8)


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 22:49
Ќе се надоврзам на злоставуваните дечиња:

Во едно интервију со една американска порно старлета од 80-те, таа го раскажа следното искуство: Очувот сесксуално ја злоставувал, кога имала 12 години, станала депресивна. Мајка забележала дека нешто не е во ред и ја однел кај локалниот свештеник(некоја од христијанските деноминации)кој бил познат по тоа што умеел со децата низ разговор да им помогне. Кога седнале насамо да разговараат и таа раскажала детално што и правел очувот, свештеникот рекол: „Добро, ајде сега да се помолиме заедно за окајување на твоите секс гревови!„ (!!!) - ужасно.

Какво фајде од побожност и молитви ако човек не созреал духовно да се справува со такви проблеми на своите ближни, а притоа одбрал свештенички повик?


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 01:05
Уште една молитва(при утринското будење)објавена од херувимот на божествената Мудрост, брат Емануел, дадена само како пример, а НЕ како нешто што мора дословно да се моли - оној кој сака да моли треба да ја моли слободно, по смисла, имено онака како што тој чувствува во своето внатрешно при будењето наутро. Зборовите кои следат се значи само една насока дадена од Духот Божји:


„Татко, јас Ти благодарам за ноќта.

Ти Добар, повторно ме разбуди за новиот ден, за да
го примам, да го препознаам како Твоја милост и да го
напуштам она човечкото што уште се држи за мене.

Преку Твојата љубов јас сум разбуден и наново
зајакнат.

Преку целиот ден нека ме придружува и води Твојата
љубов.„




Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 01:38
Пресвета Троице, помилуј не

Господи, очисти ни ги гревовите

Владико, прости ни ги беззаконијата

Свети, посети не и исцели ги нашите слабости заради Твоето име

Господи, помилуј! Господи, помилуј! Господи, помилуј!

Слава на Отецот и Синот И Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин


-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 10:23
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Ќе се надоврзам на злоставуваните дечиња:

Во едно интервију со една американска порно старлета од 80-те, таа го раскажа следното искуство: Очувот сесксуално ја злоставувал, кога имала 12 години, станала депресивна. Мајка забележала дека нешто не е во ред и ја однел кај локалниот свештеник(некоја од христијанските деноминации)кој бил познат по тоа што умеел со децата низ разговор да им помогне. Кога седнале насамо да разговараат и таа раскажала детално што и правел очувот, свештеникот рекол: „Добро, ајде сега да се помолиме заедно за окајување на твоите секс гревови!„ (!!!) - ужасно.

Какво фајде од побожност и молитви ако човек не созреал духовно да се справува со такви проблеми на своите ближни, а притоа одбрал свештенички повик?

Мајкл, убаво ќе биде овој пост да се стави во темата „Светлината на духот божји или вашата религија“, како надополнување на она што сакам(е) да го кажам(е) за свештениците. „Си плаче“ за таму!среќа

Р.Ѕ. Ќе го ставиш ти, или да го копирам јас?голема%20насмевкаплазење


-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 11:20
И повторно напад на свештениците. Не ги оправдувам таквите грозоморни чинови но мислам дека само си ја насладувате устата кога гледате такво нешто....


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 12:08
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

И повторно напад на свештениците. Не ги оправдувам таквите грозоморни чинови но мислам дека само си ја насладувате устата кога гледате такво нешто....

А што треба? Да ги браниме? Или да наоѓаме некакво оправдување за нивните постапки? Демек, не биле „остручени“ во детската психологија, па затоа можно е да направиле таков превид ... или некое друго оправдување? Сто стапа по туѓ грб не се ништо, но еден по сопствениот...?Сваќаш што сакам да кажам со последново, нели? Дали тогаш ќе бидеш на истото мислење и ќе покажеш помирливост, смиреност, како што доликува на еден вистински верник (независно кој христијанин или друг)? Или  ќе превземеш некои други подрастични мерки кон „светиот“?


-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 12:13
Господ нека им е напомош на таквите...


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 13:45
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

И повторно напад на свештениците. Не ги оправдувам таквите грозоморни чинови но мислам дека само си ја насладувате устата кога гледате такво нешто....
А што треба? Да ги браниме? Или да наоѓаме некакво оправдување за нивните постапки? Демек, не биле „остручени“ во детската психологија, па затоа можно е да направиле таков превид ... или некое друго оправдување? Сто стапа по туѓ грб не се ништо, но еден по сопствениот...?Сваќаш што сакам да кажам со последново, нели? Дали тогаш ќе бидеш на истото мислење и ќе покажеш помирливост, смиреност, како што доликува на еден вистински верник (независно кој христијанин или друг)? Или  ќе превземеш некои други подрастични мерки кон „светиот“?


Се сложувам со тебе, ама испрелплетено и во онаа смисла која сакаше да ја потенцира сината молитва, но беше погрешно сфатена.
Таквото дело е за осуда, но секогаш треба да имаме на памет дека не треба човекот да го судиме, туку делото.

п.с. и од лошите примери може да се извлече многукратна поука, ама за наша духовна корист, а не за изигравање судии...

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 13:47
Целосно се сложувам со Маран Ата аплауз


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 15:35
Еве една молитва што мене многу ми се допаѓа...

МОЛИТВА НА СВЕТИ ИСАК СИРИН

Јас сум црв - Боже чуј, Господи помилуј.

Јас сум прав - Боже чуј, Господи помилуј.

     Јас сум пепел - Боже чуј, Господи помилуј.   

   Јас сум сенка - Боже чуј,Господи помилуј.   

   Јас сум ништо - Боже чуј, Господи помилуј.   

   Јас сум суета - Боже чуј, Господи помилуј.   

    Јас сум лага - Боже чуј, Господи помилуј.   

    Јас сум грев - Боже чуј, Господи помилуј.   

Но, јас сум Твој - Боже чуј, Господи помилуј.


-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 18:28
Добро луѓе, може ли овде да видиме и некоја шала. Зарем бог не’ создал само за озбилни теми? Мислам дека во шалата нема ништо злонамерно. Ако не на сметка на друг, направете си на своја сметка.
Дозволете ми во оваа прилика во шала да кажам една „моја“ многу кратка молитва:

Оче наш, иже јеси на небеси,
Молим те, остани где и јеси!
намигнување


-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 18:59
тага


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 22:28
 Дали тоа гледам натажен лик кај некого? сршено%20срце
Неее, неее, луѓе! Не сакам тажни фаци. Дајте малку смеа!смеење
Доста е препукување. Можеби ви треба нешто на моја сметка? ОК, еве! Додуша малку е оff topic , т.е. не е молитва, но сакам малку да се насмеете, а зошто не и на на моја сметка?

Што е полошо од ѓаволот?
???????
Атеистот!
Зошто????
Па барем ѓаволот верува дека бог постои!
намигнувањеголема%20насмевка големо%20гушкањеголема%20насмевка



-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 23:37
Првата шала не ти беше во граници на нормалата....

Но оваа втората е жива вистина

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 01.Ноември.2008 во 19:14
Е дабеее! намигнување Тоа второто ви „ујдисува“, нели? Златник = или > ѓавол голема%20насмевкасмеење
среќаA зошто не е нормална мојата молитва?плачење
Па јас го молам да остане таму, за да си проживееме уште малку, оти ако дојде, значи веќе ќе биде судниот ден, a се знае што тоа значигрицкање%20ноктиОтидов „к*рбан“! Ни деветиот круг не ме „пере“плазењеголема%20насмевка

-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!


Постирано од: makarios
Датум на внесување: 01.Ноември.2008 во 23:17
9 круга кај римокатолиците трепкање


Постирано од: vesnaa
Датум на внесување: 02.Ноември.2008 во 15:53
Jas bi sakala da se pomolite za edno 15-16 godisno dete (Teo se vika), koe letoska si go skrsi vratot skokajkji vo ohridskoto ezero i po toj nemil nastan se paralizira celiot. Ne go poznavam licno, no mi padna mnogu zal koga slushnav za toa. Znam deka edno mesec dena bese celio paraliziran, ama poleka pocna da gi dvizi racete i nozete i kako sto me izvestia ima golemi sansi da proodel. Sega nemam informacii do kade e rabotata, mozno e i vo Amerika da e na terapii. Kako i da e, toa e mnogu tazna sudbina za edno malo dete i zatoa predlagam da se molite za nego.

Ve molam nemojte sega site tuka da gi pisuvate vasite molitvi i da ne se dokazuvame koj najubavo tuka se moli, tuku molete se vo sebe, vo vasata "skrisna soba".
Srdecno vi blagodaram!


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 06.Ноември.2008 во 09:46
Покајна молитва на свети Ефрем Сирин

Господи, пред тркалото на времето да сопре во мојот живот, помилуј ме!

Пред и ветрот на смртта да дувне, и на телото мое болести се појават - на смртта весници - помилуј ме!
Пред и величественото сонце на висините да се помрачи за мене - помилуј ме!
И нека блесне за мене светлоста Твоја од висините, и нека ја растера од умот мој страшната темнина.
Пред и земјата да се врати во земја, и стане гнилеж, и пред пропаста на сите црти на личотата нејзина - помилуј!

Пред и гревовите мои да ме прелажат на Судот и посрамат пред Судијата - помилуј, Господи, со благости исполнет!
Пред и воинствата да излезат, и претходат на Синот Царев, да го соберат родот наш беден, пред Престолот на Судијата - помилуј!
Пред и гласот на трубата пред присуството Твое да се зачуе, поштеди ги слугите Твои и помилуј, Господи наш Исусе!

Пред и дверите Твои да ги заклучиш пред мене, Сине Божји, и пред и храна на незгасливиот оган пеколен да станам јас, помилуј ме!


-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: mali simo
Датум на внесување: 06.Ноември.2008 во 10:22
Царе Небески , Утешителу, Дух на вистината
Кој си насекаде присутен и се исполнуваш
ризницо на добрините и Животодавче ,
Дојди и всели се во нас и очисти не од сите нечистотии , и спаси ги , Благи , душите наши.

АМИН





-------------
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ



Постирано од: belichka
Датум на внесување: 09.Ноември.2008 во 23:28
(составленная оптинским старцем схииеромонахом Анатолием Потаповым). Избави мя, Господи, от обольщения богомерзкого и злохитрого антихриста, близгрядущего, и укрой меня от сетей его в сокровенной пустыне Твоего спасения. Даждь ми, Господи, крепость и мужество твердаго исповедания имени Твоего святого, да не отступлю страха ради дьявольского, да не отрекусь от Тебя, Спасителя и Искупителя моего, от Святой Твоей Церкви. Но даждь мне, Господи, день и ночь плачь и слезы о грехах моих, и пощади мя, Господи, в час Страшного Суда Твоего. Аминь.

-------------
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 09.Ноември.2008 во 23:37
Originally posted by vesnaa vesnaa напиша:

Jas bi sakala da se pomolite za edno 15-16 godisno dete (Teo se vika), koe letoska si go skrsi vratot skokajkji vo ohridskoto ezero i po toj nemil nastan se paralizira celiot. Ne go poznavam licno, no mi padna mnogu zal koga slushnav za toa. Znam deka edno mesec dena bese celio paraliziran, ama poleka pocna da gi dvizi racete i nozete i kako sto me izvestia ima golemi sansi da proodel. Sega nemam informacii do kade e rabotata, mozno e i vo Amerika da e na terapii. Kako i da e, toa e mnogu tazna sudbina za edno malo dete i zatoa predlagam da se molite za nego.Ve molam nemojte sega site tuka da gi pisuvate vasite molitvi i da ne se dokazuvame koj najubavo tuka se moli, tuku molete se vo sebe, vo vasata "skrisna soba".Srdecno vi blagodaram!





Stvarno znae nekoj nesto za ovoj decko? I jas bev na plazata togas i ne skokna toj tuku go turnaa deckoto, toj sedese na krajot od mostot i drug decko, pretpostavuvam nesakajki, pred da skokne go turna, tragedija od igracki-placki... i sega se ezam dodeka pisuvam... Bog neka e so nego i neka mu pomogne    

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: belichka
Датум на внесување: 09.Ноември.2008 во 23:47
Po molitvite na Presveta Bogorodica Bog da mu dari zdravje..




-------------
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo


Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 09.Ноември.2008 во 23:49
Originally posted by belichka belichka напиша:

Po molitvite na Presveta Bogorodica Bog da mu dari zdravje..




-------------
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 11.Ноември.2008 во 10:54
Свети Јован Кронштатски за молитвата

Кога за прв пат, или само понекогаш читаме некои молитви, ги читаме како нешто ново, радосно и чувствително; но, кога ги повотруваме често, помала и помала е нашата радост; престанува за нив нашиот интерес и тешко се совладуваме да ги прочитаме повторно со она претходно чувство. Еве што треба да се прави против тоа: мораме да замислиме дека по прв пат ги читаме оние прекрасни молитви на кои сме навикнале и кои толку силно не’ интересирале на почетоците; со срцето да проникнеме во секој збор и длабоко да го почитуваме. Оваа појава во душата наша последица е на гревот првороден - последица на нашата прва непостојаност во вистината. И се’ до сега ние не сме во состојба во вистината да застанеме непоколебливо: само што ќе ја допреме, веднаш се сомневаме во неа. Тоа често се случува со молитвата, се случува со верата, со пријателството кон другите, и со љубовта кон Бога и ближниот свој, и со добродетелите воопшто тоа често се случува: на секаде се покажуваме непостојани во вистината.

За време на молитвата, најмногу труди се со срцето да ја проникнеш вистината или силата на зборовите молитвени; храни се со нив како со нетрулежна храна, напој го со нив срцето свое, греј се со нив ко со благодетен оган.

Нека оние кои се молат веруваат дека се’ што е корисно Бог ќе им даде таму и тогаш, каде и кога не очекувале.


http://molitva.blogspot.com/search?updated-min=2007-01-01T00%3A00%3A00%2B01%3A00&updated-max=2008-01-01T00%3A00%3A00%2B01%3A00&max-results=48 - превземено

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 11.Ноември.2008 во 22:11
Следните стихови понекогаш ги пееме кaко вовед пред вечерна молитва во заедницата на http://www.universelles-leben.org - Универзален живот :


Вечер пак се спушта над шуми, полиња.
Се спушта мирот и светот почива.

Само поток жубори таку кај карпите,
тече и се пени без одмор оди тој.

И ниедна вечер не му носи мир,
нема ѕвонче да му ѕвони песна за одмор.

А на таков пат си и ти срце мое,
само БОГ ти пружа вистински вечерен мир.



Постирано од: neo_wmaster
Датум на внесување: 11.Ноември.2008 во 22:25
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Следните стихови понекогаш ги пееме кaко вовед пред вечерна молитва во заедницата на http://www.universelles-leben.org - Универзален живот :


Вечер пак се спушта над шуми, полиња.
Се спушта мирот и светот почива.

Само поток жубори таку кај карпите,
тече и се пени без одмор оди тој.

И ниедна вечер не му носи мир,
нема ѕвонче да му ѕвони песна за одмор.

А на таков пат си и ти срце мое,
само БОГ ти пружа вистински вечерен мир.


Офтопик: Имате вечерни собири во Универзален Живот?
Извинете за офтопикот, но морав да прашам.

-------------
I love Daphne Millbrook.


Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 27.Ноември.2008 во 00:54
Fala ti Tatko nebesen, za tvojata beskrajna ljubov sto ja

pokazuvas kon mene, ti blagodaram sto me trpis i me sakas

vakov kakov sto sum nesovrsen. Te molam Boze
blagoslovuvaj gi i stiti gi lugeto so dobra volja,

pomagaj im so svojot Sveti Duh da mozat da ziveat Bogougodno i da bidat polezni za samite sebe i za bliznite.

Ti blagodaram za se sto mi davas vo zivotot i Ti blagodaram sto go dade svojot sin ISUS HRISTOS za mene kako otkupnina za moite grevovi za da moze da dobijam vecen zivot.

Ovaa molitva ja upatuvam od se srce,Tatko nas, vo imeto na tvoeto SVETO DETE ISUS HRISTOS. AMIN!


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 27.Ноември.2008 во 04:12
ИСУСОВАТА МОЛИТВА

ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ СИНЕ БОЖЈИ ПОМИЛУЈ МЕ ГРЕШНИОТ/ГРЕШНАТА


Исусовата молитва која уште се нарекува и умно-срдечна, е наменета за непрестано молење на сите христијани. Значи молитвата треба да биде постојана, за што препорачува и Библијата: „Молете се постојано (1 Сол. 5,17); Бидете постојани во молитвата, бидете бодри во неа со благодарност (Кол. 4, 2).'' Во почетокот, секој христијанин Исусовата молитва треба да ја изговара колку што е можно почесто и во било кој период од деноноќието, без разлика дали извршува физичка или умствена активност или пак се одмара. Според тоа молитвата може да се изговара гласно или тивко во себе или пак мисловно, во зависност од моменталните околности. Пожелно е истата да се вметне во секојдневното молитвено правило и тоа во траење од 10-15 минути.
На кој начин таа станува умно-срдечна? Во почетокот како и секоја друга молитва, таа се изговара механички, при што оној кој се моли треба да биде концентриран во неа, односно да не дозволува да биде совладан од разни други мисли. Св. Отци препорачуваат изговарањето на молитвата да се поврзе и со самото телесно вдишување и издишување, односно да се повторува интервално со отчукувањата на човечкото срце. Тоа значи кога се вдишува воздух се изговара: Господи Исусе Христе Сине Божји, а при издишување: помилуј ме Грешниот - Грешната. Откако ќе се достигне овој стадиум (се разбира по долго и упорно практикување), тогаш Исусовата молитва станува умно-срдечна. Тоа подразбира дека христијанинот во секој момент може активно и пасивно да твори, работи и живее, молејќи се умно-срдечно без притоа да ја наруши молитвата. Крајниот дострел во извежбувањето на таа умно-срдечност е умственото изговарање на молитвата и во сонот за време на спиењето.
Исусовата молитва е совршена молитва, зашто ги сидржи непроменливите вистини за спасението и нашата вера во Божественото овоплотување. Имено, зборовите Господи Исусе Христе Сине Божји сведочат дека Господ Исус Христос е Син Божји, односно Бог Син, второто лице на Пресвета Тројца, но и Богочовек по име Исус, кој како Таков бил единствен во светот кој во Себе ги содржел Божествената и човечката природа. Затоа кога се обраќаме хон Господа Исуса Христа не се обраќаме само хон Исус Христос, кој бил Син Божји, туку и кон Отецот и Св. Дух, за што сведочи и Библијата: „Затоа ви кажувам дека никој, кој зборува преку Божјиот Дух, не фрла анатема на Исуса, и никој не може да Го нарече Исуса Господ освен преку Светиот Дух (1 Кор 12,3)"- Зборовите пак: помилуј ме Грешниот - Грешната, значат наше директно исповедање на Божествената сила на Спасителот да ослободува од робството на гревот. Со тие зборови, освен наша исповед пред Бога, од Него просиме утеха и простување на сите наши прегрешенија.
Во кои моменти практично за почеток би можело да се изговара Исусовата молитва? » Во моментите на утринското станување од ноќна почивка и припремање за денот;
• Во моментите на пиење на утринсхи напитоци;
• Во текот на патувањето кон училиштето, работното место и сл.;
• За време на подготовките за појадок, ручек или вечера;
• За време на секоја пауза или одмор;
• За време на читање литература, гледање телевизиски или слушање радио програми кои не соблазнуваат;
• За време на практикување на секојдневното молитвено правило;
• Непосредно пред одење на ноќна почивка;
• Во сите останати мигови од денот и ноќта кои ќе ни се пружат достојно да и се посветиме на Исусовата молитва.
М-р И. О.


http://preminportal.com.mk/content/view/1219/127/ - Превземено

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 17.Декември.2008 во 23:27
https://www.joelosteen.com/Broadcast/StreamingVideo/Pages/GoBigVideo.aspx - ОВДЕ ЕДНА МОЛИТВА НА АМЕРИКАНСКИТЕ БРАЌА И СЕСТРИ

-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 18.Декември.2008 во 00:08
tokmu taka eden e bog i toj znae i gleda se

-------------
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот


Постирано од: Miki_P
Датум на внесување: 21.Декември.2008 во 21:34
http://www.esnips.com/doc/ae8720ba-594e-486c-ad20-e893355ac256/Молитва-за-умрени - http://www.esnips.com/doc/ae8720ba-594e-486c-ad20-e893355ac256/Молитва-за-умрени

-------------
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 21.Декември.2008 во 23:02
Psalam zastite
(91.psalam)


Ti sto prebivas pod zaklonom Svevisnjeg,
sto pocivas u senci Svemoguceg,
reci Gospodu:"Ti si zaklon moj,utociste moje,
Bog moj,u koga se uzdam!"
Jer on ce te izbaviti od zamke pticarske,
od kuge pogubne.
Svoim ce te krilima zastititi,
i pod negova ces se krila skloniti:
Istina je njegova stit i odbrana!
Neces se bojati strahote nocne,ni strele koja leti danju,
ni kuge sto se sunja kroz tamu,
ni posasti sto hara u podne.

Pa nek padaju hiljade kraj tebe,
na desetine hiljada s desne tvoje,
tebe se nece primaci!
Tek sto ocima tvoim pogledas,
vec ces videti platu gresnika.

Jer Gospod je zaklon tvoj,
Svevisnjega odabra sebi za okrilje,
Nece te snaci nesreca,
nevolja se nece privuci kolibi tvojoj.

Jer andjelima svoim zapovedi
da te cuvaju na svim putevima tvoim.
Na rukama cete nositi
da o kamen ne zapnes.
Nogom ces gaziti lava i zmiju,
zgazices lavica i zmaja.

Izbavicu ga jer me ljubi,
zakriliti ga jer poznade ime moje.
Pozvace me,a ja cu ga uslisiti,
s njim cu biti u nevolji,
spasiti ga i proslaviti.
Nasititi cu ga zivotom dugim,
pokazacu mu spasenje svoje."




-------------
~Live the life you love, love the life you live~


Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 08.Октомври.2009 во 03:33
oce nas koj si na nebesata
da bide carstvototo tvoe..........
....................
....................
.........................
........................
..........................
...........................
.........................
............................
..............................
amin


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 08.Октомври.2009 во 10:10
Молитвата на единството - Оче наш - како што ја молат низ песна прахристијаните во духовната заедница http://www.universelles-leben.org - Универзален живот .

Оче наш,
кој си на Небото

свето е името твое,
твоето Царство доаѓа,
твојата волја се врши - како на Небото така и на Земјата

Лебот секојдневен ни го даруваш,
ги простуваш гревовите наши и ние ги простуваме на должниците наши,

Нé водиш Ти низ искушенија, а нé избавуваш нас од злото,

Оти наше е Царството, моќта и прекрасноста,
од вечноста во вечност!




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk