IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - КОШАРКА - новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КОШАРКА - новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 21>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2011 во 10:15
Самарџиски го помина Будуќност и оди на Цибона
 
На квалификацискиот турнир за Евролигата во Вилнус, Литвос Ритас на нашиот репрезентативец славеше со 83-64 против Будуќност и обезбеди пласман во полуфиналето
 
 
Никола Вучевиќ имаше добар шутерски почеток и го одржуваше Будуќност во водство, но до крајот на полувремето Литвос Ритас, поддржан од домашните фанови, направи солидна позитива која не ја испушти до крајот. Во четвртата четвртина Црногорците имаа последен обид да се вратат, но Литвос Ритас казни и на крајот замина со убедлив триумф од 19 поени разлика (83-64).

Македонскиот центар, Предраг Самарџиски се најде меѓу стартните пет на Литвос Ритас и за 21 минута на паркетот реализираше седум поени без промашување (3/3 од поле, 1/1 од линијата за слободни фрлања). На поените, додаде четири скока и две блокади, за комплетирање на нов солиден перформанс. Инаку, најефикасен на мечот беше Вучевиќ од поразената екипа со 18 поени, додека кај победникот, Реналдас Сеибутис постигна 17, а Тајрес Рајс 16.

Со овој триумф, Литвос Ритас продолжува во полуфиналето на турнирот каде ќе игра со загребска Цибона која денеска го победи Шоле Баскет со 77-70. Тој натпревар е закажан за сабота, а времето на почетокот ќе биде дополнително одредено. Само победникот на турнирот обезбедува пласман во Евролигата.

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2011 во 18:38
ZA OLIMPIJADA LONDON 2012 konecen spisok:
 
Kvalifikanti:
-od Evropa: Rusija, Makedonija, Litvanija, Grcija
-od Amerika: Portoriko, Dom. Republika, Venecuela
-od Afrika: Nigerija, Angola
-od Okeanija: Nov Zeland
-od Azija: J.Koreja, Jordan (ne e Michael Jordanизненадување)

Tri reprezentacii od ovie, kje im pravat drustvo na vekje ucesnicite na LOI: Velika Britanija, Spanija, Francija, USA, Tunis, Argentina, Brazil, Avstralija i NR Kina.
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2011 во 22:57
Koga sme kaj Aziskoto prvenstvo da kazeme zbor dva za 'zanimlivostite ' koi se slucuvaat tamu. Prvenstvoto se igra vo Kina i glaven hit na prvenstvoto e ekipata na Katar ama ne poradi rezultati kako nas tuku poradi druga pricina. Imeno FIBA im diskvalifikuvase petmina kosarkari poradi dvojno drzavjanstvo taka da Katarcite ostanaa so sedum igraci od koi dvaica im se navodno povredeni. Kako protest protiv FIBA Katarcite izleguvaat na teren so pet igraci bez rezervi na klupa, brzaat koj poskoro od niv da napravi po pet licni za da ostanat na eden igrac i da se prekine natprevarot spored pravilata. Taka eve gi guraat 'uspesno' so idejata vece vtor natprevar so porazi protiv Uzbekistan od 27:12 i Iran od 40:4

Site 22 minuti od natprevarot Iran-Katar


Inaku gorespomenatiot Iran uspea na ova prvenstvo da pobedi so 94 poeni razlika. Zrtvata bese tokmu Uzbekistan a rezultatot 132:38 голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2011 во 22:31
Whats next?

Kvalifikacii za LOI London 2012...

Nema Hrvatska, nema Srbija, nema Slovenija... Mozebi (ako dade Gospod i nasite zlatni momci) tamu kje ja ima Makedonija...

Kvalifikanti
-od Evropa: Rusija, Makedonija, Litvanija, Grcija
-od Amerika: Portoriko, Dom. Republika, Venecuela
-od Afrika: Nigerija, Angola
-od Okeanija: Nov Zeland
-od Azija: +2 reprezentacii (momentalno se igra prvenstvoto na Azija)

Tri reprezentacii od ovie, kje im pravat drustvo na vekje ucesnicite na LOI: Velika Britanija, Spanija, Francija, USA, Tunis, Argentina, Brazil, Avstralija i prvakot na Azija.

Изменето од Marko Polo 1 - 19.Септември.2011 во 22:34
Incredible Blue
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2011 во 17:31
cestita pobedaaaaaaa na nasite kosarkari
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2011 во 21:06
Whats next?


Incredible Blue
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2011 во 20:12
Јорданчо Давитков селектор на Кувајт


 

По успесите на клупски план, Јорданчо Давитков е избран за селектор на националниот тим на Кувајт, со што стана првиот македонски тренер со селекторска функција на друга земја.

Давитков помина три успешни клупски сезони во Кувајт, во кои освои пет титули, а по потпишувањето на договорот со новиот клуб Јахра, македонскиот тренер се договори и со Федерацијата на Кувајт за ова престижно место во репрезентацијата.

„Изборот за селектор на Кувајт ми претставува голема чест и признание за работата и успесите во последниве години во оваа заливска земја. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на луѓето од Федерацијата, иако нема да биде воопшто лесно бидејки паралелно ќе работам и со репрезентацијата и со мојот нов клуб кој има големи амбиции. Сепак, веќе сум бил во ваква двојна улога во Македонија и со многу работа се надевам на успех на двете полиња“, изјави Давитков

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 09:56
  

Монтепаски пред два дена доживеа дебакл во Пиреа губејќи со 41:89, но само 48 часа подоцна тимот од Сиена ги изненади сите со победата над Олимпијакос од 82:65 за изедначување на плеј-оф серијата на 1:1.

 

По првиот четвртфинален плеј-оф дуел помеѓу Олимпијакос и Монтепаски малкумина мислеа дека Грците ќе имаат тешка задача со Сиена, пред се поради неверојатната победа од 48 поени разлика.

Сепак, тимот на нашиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб одигра како некоја друга екипа во споредба со средбата од вторникот и сред Пиреа славеше со 82:65. Со тоа Италијанците ја изедначија серијата на 1:1 и сега тие ја имаат предноста на домашниот терен пред двата дуели во Сиена.

Од самиот старт Монтепаски го диктираше темпото и имаше најниска предност од плус седум, која редовно ја одржуваа. Всушност, гостите имаа предност во текот на целата средба и на крајот сосема заслужено славеа со плус 17 над домаќините кои како да беа опиени од првата неверојатна победа.

Мекејлеб на теренот мина само две минути во кои не успеа да се запише во листата на стрелците, а имаше само еден обид од игра за два поени. Најдобар кај Сиена беше Малик Херстон со дабл-дабл од 19 поени и 11 скокови следен од 12 поени на Милован Раковиќ.

Кај Олимпијакос, за кој повторно не настапи минатогодишниот најдобар европски играч Милош Теодосиќ, најефикасен беше Лукас Маврокефалидис со 16 поени.

Резултати:
Олимпијакос - Сиена 65:82 (1:1)
Каха Лаборал - Макаби 81:83 (1:1)
Барселона - Панатинаикос 71:75 (1:1)
Реал Мадрид - Валенсија 75:81 (1:1)

Четвртфиналните серии се играат на три победи, слеедните средби се играат на 29. март



Изменето од емил - 25.Март.2011 во 09:57
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2011 во 08:25

Екипата на Фенербахче Улкер се зацврсти на првата позиција на табелата во групата Х во кошаркарската Евролига.

 

Тимот од Истанбул синоќа на домашен терен го совлада Жалгирис со 80:72. Иако на полувремето беше нерешено, Фенербахче ги реши третата и четвртата четвртина во своја корист, и на крајот го славеше и третиот триумф во групата.

Најефикасни во редовите на победничкиот тим беа Огус Савас и Марко Томас кои постигнаа по 15 поени.


РЕЗУЛТАТИ И ПАРОВИ
СРЕДА

ГРУПА Х

Фенербахче - Жалгирис 80:72
Олимпијакос - Валенсија 77:62

Табела: 1. Фенербахче (3-0), 2. Олимпијакос (2-1), 3. Валенсија (1-2), 4. Жалгирис (0-3).

ЧЕТВРТОК

ГРУПА Е
Каха Лаборал - Панатинаикос (20:30)
Уникаха - Литвос Ритас (20:45)

Табела: 1. Панатинаикос (2-0), 2. Каха Лаборал (1-1), 3. Литвос Ритас (1-1), 4. Уникаха (0-2)

ГРУПА Ф
Макаби - Унион Олимпија (20:00)
Барселона - Лотоматика (20:45)

Табела: 1. Барселона (2-0), 2. Макаби (1-1), 3. Унион Олимпија (1-1), 4. Лотоматика (0-2).

ГРУПА Г
Партизан - Монтепаски (20:45)
Реал Мадрид - Ефес Пилсен (20:45)

Табела: 1. Реал Мадрид (2-0), 2. Ефес Пилсен (2-0), 3. Монтепаски (0-2), 4. Партизан (0-2).

Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2011 во 23:35

МАКЕДОНИЈА ГИ ДОБИ ПРОТИВНИЦИТЕ ЗА ЕВРОБАСКЕТОТ ВО ЛИТВАНИЈА

Грција и Хрватска повторно во нашата група

Речиси сите балкански кошаркарски сили се противници на Македонија во групата "Ц" за претстојното Европско првенство што од 31 август до 18 септември ќе се одржи во Литванија.

Ждрепката во Вилнус сакаше македонскиот национален тим да се најде во силната група "Ц" во која се Грција, Хрватска, Црна Гора, БиХ и квалификантот број 2 (Унгарија, Португалија и Финска ќе разигруваат за последните две места на ЕП).
Грција и Хрватска ни се должници од претходното ЕП во Полска на кое и двете не поразија, со Босна и Херцеговина се среќаваме речиси секогаш во квалификациите за ЕП, Црна Гора е дебитант на Европските првенства, а последниот противник ќе го дознаеме дури во август по дополнителниот турнир.
Групата "Ц" ќе се игра во градот Алитас во јужна Литванија, а Македонија ќе го отвори турнирот со репрезентацијата на Црна Гора на 31 август.
На 1 септември ќе се сретнеме Хрватска, потоа по ден пауза, на трети играме со јужниот сосед Грција, а овој натпревар ќе предизвика најголемо внимание во јавноста поради спорот со името. Последниот тим што ќе обезбеди учество на ЕП ќе и биде противник на четата на Марин Докузовски на 4 септември, а на 5 ќе ја затвориме првата фаза против БиХ.
Првите три селекции од секоја група ќе се пласираат во втората фаза во која ќе се формираат две нови групи со по шест екипи. Нашата "Ц" група ќе вкрстува со групата "Д" во која фаворити за пласман се Словенија, Русија и Белгија.
Според квалитетот на нашите противници, клучен ќе биде дуелот со Црна Гора на стартот од ЕП, а триумф е потребен и против БиХ и квалификантот.
- МКФ е задоволна од ждрепката. Противниците не се лесни, но имаме верба во нашиот тим и со добри подготовки мислам дека ќе се пласираме во втората фаза. Најважно е сите играчи да се јават на време на собирот - изјави генералниот секретар на МКФ, Дејан Лекиќ кој во живо ја следеше ждрепката во Вилнус заедно претседателот Димевски и директорот на репрезентациите, Мерџановски. (О.К.)

***

Обезбедени силни противници за подготовките

Првите луѓе на Македонската кошаркарска федерација го искористија присуството на 24 земји кои ќе бидат дел од ЕП и веќе и обезбедија силни противници на А-селекцијата во подготовките во јули и август. По собирот и одработувањето на физичкиот дел, Македонија ќе замине во Словенија каде што со истоимената селекција ќе одигра две пријателски средби. Потоа патува во Бормио на турнир на кој ќе учествуваат и Италија, Канада и Бугарија.
Договорено е и силниот ексјугословенски турнир во Љубљана. Македонија е во група со Србија и БиХ. Пред заминувањето за Литванија, во Скопје ќе се одржи турнир на кој ќе се појават Израел, Бугарија и најверојатно Србија, а истиот ќе биде последен тест за квалитетот на Македонија пред настапот на ЕП.

***

ГРУПА А (Пеневежис): Шпанија, Турција, Литванија, Велика Британија, Полска, квалификант 2;
ГРУПА Б (Шљауљај): Србија, Франција, Германија, Израел, Италија, Летонија;
ГРУПА Ц (Алитас): Грција, Хрватска, Црна Гора, Македонија, БиХ, квалификант 1;
ГРУПА Д (Клајпеда): Словенија, Русија, Белгија, Грузија, Бугарија, Украина
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2011 во 23:43
Vecerva bea odredeni grupite za EP vo kosarka koe kje se odrzi vo Litvanija...

Makedonija e vo grupata C i e vsusnost vo Balkanska grupa...

Group A: Poland, Great Britain, Turkey, Qualifier 2, Lithuania, Spain

Group B: Italy, Israel, France, Latvia, Germany, Serbia

Group C: Bosnia and Herzegovina, Macedonia, Croatia, Qualifier 1, Montenegro, Greece

Group D: Bulgaria, Georgia, Russia, Ukraine, Belgium, Slovenia.



Изменето од Marko Polo 1 - 30.Јануари.2011 во 23:48
Incredible Blue
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2010 во 12:42

Тајван-Малдиви 127:23!

Кошаркарките на Тајван на натпреварот со Малдиви во рамките на Азиските игри се запишаа во историјата како селекција која постигнала највисока победа во ова натпреварување. Тајванките го соборија рекордот поставен пред четири години на мечот Кина-Либан (106:30), совладувајќи го Малдиви со 127:23.
Неофицијално, најголемиот триумф на сите времиња е победата на Филипини над Бруени со 160:19 од 2000 година

изненадувањеизненадување
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2010 во 08:22
Фени стартуваше со пораз во БИБЛ лигата
 
Кошаркарите на македонскиот шампион Фени Индустри со пораз стартуваа во новата сезона на Балканската лига, популарно наречена БИБЛ-лига
 

 
 
Кавадарчани, кои двапати по ред се дел од фајнл-форот на БИБЛ, сезонава атакуваат и на прв меѓународен трофеј за еден македонски клуб, но црногорски Морнар овојпат гои изненади во салата „Јасмин“ победувајќи со 106-100.

Иван Јелениќ со 19 поени беше најефикасен кај Морнар, а Ленс Саливен даде 18, додека Новак Поповиќ и Радован Пешиќ беа стрелци по 15. Кај македонскиот првак најефикасен беше Бошко Јововиќ со 19 поени, Диме Тасовски даде 18, Слободан Михајловски 14, а Горан Самарџиев 13 поени.

Фени на полувреме имаше предност од осум поени 52-44, но одигра слабо во продолжението и вториот дел, кога прими 62 поени и ги загуби двете четвртини во вториот дел за на крај да биде поразен со шест разлика.

Во другите мечеви Левски го згази Улцињ со 81-58, а Рилски Спортист за половина кош го победи Муреш со 90-89.

 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2010 во 09:29

Кошаркарското првенство стартува на 2 октомври


Новата кошаркарска сезона во Македонија ќе започне на 2 октомври, според календарот истата треба да заврши најдоцна до 7 јуни 2001 година, кога на програмата би била евентуалната мајсторка во финалето на плеј-офот.

Системот на натпревари во првенството останува ист, десетте екипи во првата фаза ќе одиграат осумнаесет кола, потоа првите шест тима ќе ја формираат Суперлигата и ќе тргнат во борба за титулата, додека преостанатите четири тима ќе се борат за опстанок во елитното друштво.

Најпривлечниот дуел во првото коло ќе се одигра во Скопје, Вардар Осигурување за противник ќе го има нашиот најтрофеен клуб Работнички. На другите натпревари Торус-Пелистер, Плејмејкер Центар-МЗТ Скопје, Овче Поле-Куманово, Фени Индустри-АБА Струмица.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 21>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.