IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Како се добива ХИВ-СИДА?!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Како се добива ХИВ-СИДА?!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
Автор
Порака Обратен редослед
Antiqua Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1790
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Antiqua Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2007 во 14:19
СИДА Терминатор
Генетски модификувана верзија на СИДА која успешно го уништува вирусот на СИДА и го обновува имунитетниот систем на пациентите е најновиот метод за кој научниците се надеваат дека ќе доведе до конечна победа над "чумата."

Докторите од Универзитетот Пенсилванија успеаа да создадат мутиран вирус кој се покажал неочекувано успешен во тестовите спроведени над 5 пациенти.

Кај сите учесници ХИВ вирусот веќе бил во понапреден стадиум, кога  на пациентите не им помагале стандардните третмани и лекови а нивниот имунитетен систем бил пред целосен колапс.

"Третманот делуваше како вакцина над имунитетниот систем и пациентите. На крајот од тестирањето пациентите покажаа многу подобри резултати во споредба со почетокот на третманот," објаснуваат докторите.

Во светот живеат над 38 милиони лица со вирусот на Сида а од 1981-ра болеста има убиено над 25 милиони луѓе.

Заразените од СИДА имаат на располагање коктел од лекови кој помага да се контролира болеста но не и да се излечи. Овие лекови имаат тешки нус појави кај пациентите. Често пати се случува вирусот да создаде отпорност кон лекот, поради што пациентите мораат да започнат со земање на нова терапија.

Veni Vidi Vici
Кон врв
Antiqua Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1790
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Antiqua Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2007 во 14:15

Првиот случај на СИДА беше пријавен пред 25 години. Оттигаш, СИДА-та го смени светот. Усмрти 25 милиони луѓе, а дополнителни 40 милиони се заразени. Стана водечката причина за смртност и кај жените и кај мажите на возраст од 15 до 59 години. Направи огромен пресврт во историјата на човековиот развој. Со други зборови, стана најголем предизвик на нашата генерација.

Предолго, светот не сакаше да се соочи, но во изминатите 10 години, ставовите се сменија. Светот почна да ја сфаќа борбата против СИДА-та сериозно, како што и треба да биде.

Veni Vidi Vici
Кон врв
Antiqua Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1790
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Antiqua Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2007 во 14:05
Кои се знаците за СИДА

Најчестите знаци кои укажуваат дека ХИВ прогредирал во стадиум на СИДА вклучуваат:

  • Постојано чувство на замор.
  • Ноќно потење - како резултат на ноќните температури.
  • Послабо помнење.
  • Брза загуба на тежина.
  • Отечени лимфни јазли.
  • Рани во усната шуплина.
Veni Vidi Vici
Кон врв
Antiqua Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1790
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Antiqua Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2007 во 14:04

СИДА или синдромот на стекнат имунолошки дефицит (на англиски AIDS од Acquired Immune Deficiency Syndrome) е глобална човечка епидемија.

Кога ХИВ долго време се борел со имунолошкиот систем и тој се исцрпил, почнуваат да се јавуваат инфекции и други болести, со тешки последици за организмот и на крајот со смрт. Обично поминуваат повеќе години пред да настапи оваа фаза.

Светската Здравствена Организација проценува дека меѓу 2,8 и 3,5 милиони луѓе умреле од СИДА во 2004. Околу 60% од населението со СИДА живее во суб-Сахарска Африка каде медицинските процедури вклучувајќи и трансфузија на крв претставуваат извори на многу случаи на СИДА.

Veni Vidi Vici
Кон врв
Antiqua Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1790
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Antiqua Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2007 во 14:03
ИСПОВЕД НА ХИВ-ПОЗИТИВНИОТ СТОЈАН КОНЕВ ОД ПРИЛЕП
Сидата му ја зеде фамилијата, државата - станот

Стојан Конев од Прилеп, единствениот ХИВ-позитивен во земјава, кој јавно проговори за сидата поради која го изгуби семејството, вели дека ќе остане и без станот во кој живее, ако не му плати 10.000 евра на ЈП за стопанисување станбен и деловен простор.

- Ќе ме направат бездомник. Уште еден живот да имам, јас тие пари не можам да ги соберам за станот, кој е од солидарните, а и мене од платата ми одбиваа за нив. Ќе спијам по улици, бидејќи немам каде да одам. До денеска ништо не е сменето, иако поминаа 15 години откако дознав дека сум ХИВ-позитивен. Отфрлен сум од роднините и од сограѓаните. Леб и друго што ми треба купувам само од една продавница - раскажува Стојан, кој учествуваше на Првата регионална конференција за ХИВ/сида за земјите од Западен Балкан.

ХИВ-вирусот кај него бил откриен во 1993 година, а до денес болеста не е развиена. Стојан вели дека се уште не може да ги прежали двете деца и сопругата. Тие починале од сида - сопругата во 1991 година, а децата во 1995 и 1996 година.

Тој со години не оди на работа. Од јавната установа во која порано работел прима 5.000 денари месечно и живее осамен.

- Никој ме нејќе откако здравствените работници од Прилеп први јавно кажаа дека јас сум ХИВ-позитивен. И самиот се повлеков. Ако сакаме да седнеме заедно во кафеана, нема ниту вас да ве примат поради мене. Опстанувам благодарение на помошта од невладиниот сектор. Само да можам барем со некој сосед да разговарам. Немам ниту телефон. Барав од телекомот да ме приклучат, доволни се само две жици, но ми рекоа "не може, има технички проблем". Телевизорот што пред две години го добив како подарок не можам да го пуштам. Не го разбирам упатството, кое е на англиски. Сега на конференцијата договорив со претставници од една организација да ми помогнат со телевизорот - раскажува Стојан.

Тој не бил на лекар девет години, а не прима ниту антиретровирусна терапија.

- Кога ќе почнам со терапија, мора дури сум жив да ги примам лековите. Одам кај матичниот лекар кога ми треба упат за Скопје, а лекови купувам од приватни аптеки. Не ме боли ниту глава, а не ме фаќаат други вируси, настинки. Се чувам од тоа. Ми пломбираа заб во Клиничкиот центар. Тие знаат за дијагнозата, си ставија заштитни средства, иако јас не морам да кажам од што сум болен. Но тие мора да се заштитат - предупредува Стојан.

Тој не се кае што јавно проговорил за болеста. Смета дека нема доволно информации за ХИВ/сидата.

- Трибините не се доволни. Треба постојано да се зборува за опасноста од сидата преку медиумите, во училиштата. Здравствените работници мора да се вклучат во информирањето на населението - вели Конев.

Зимата е на прагот, а Стојан е без греење и годинава.

- Не можам да се греам на струја, бидејќи за тоа ми требаат 3.000 денари месечно. Барем тогаш некој да ми се најде, за да можам да го поминам студот и за да не ме фатат други вируси. Барав помош од Електростопанство од Прилеп, но ми одговорија дека тие не се социјална установа - вели Конев.

Националната координаторка за ХИВ/сида, д-р Весна Велиќ-Стефановска, изјави дека "заканата или плати или ќе ти го одземеме станот значи дека сега некој е подготвен и да живее во станот на Стојан, а до пред неколку години само со ливчиња комуницираа со него".

- Значи дека нешто почнало да се менува во односот на луѓето спрема болеста. И на Стојан и на другите ХИВ-позитивни им се нуди антиретровирусна терапија, која ја обезбедува државата. Не смееме да си дозволиме, кога дојдовме до овој степен, да дојде во прашање снабдувањето со тие лекови - предупреди д-р Велиќ.

На конференцијата беше речено дека сите девет лица што годинава се регистрирани како ХИВ-позитивни во Македонија вирусот го добиле од контакти во земјава.
Veni Vidi Vici
Кон врв
Antiqua Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1790
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Antiqua Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2007 во 13:48

По повод 1ви Декември - светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА еве неколку информации за оваа опака болест, што ги најдов на нет

Пораст на ХИВ во Македонија

Креирано 11 Сеп 2007 - 22:23
Вирусот на СИДА

Од почетокот на оваа година до сега во Македонија се дијагностицирани пет нови случаи на хив позитивни и заболени од сида.

Вкупниот број на евидентирани лица е 101, а од нив 55 се починати.

Заболените со хив и сида не сакаат да говорат јавно, но сепак анонимно открија детали од нивните животни приказни.

Семејството на Стојан од Прилеп е првиот е единствен експониран случај на заболени од сида во Македонија.

Во 1993 година тој јавно проговори за сидата.

Неговата сопруга и двете деца починаа набргу, а тој е хив позитивен и живее во Прилеп, отфрлен од средината.

Најчесто во тајност

Другите заболени лица не сакаат да се експонираат во јавноста.

Доктор Александар Арников е програм менаџер на проект спонзориран од Глобалниот фонд за борба против сида:

„За жал се уште постои стигма и се уште на тие луѓе им е проблем да се јават и гласно да зборуваат за својата состојба. Имајќи ги предвид околностите во земјата ние и не инсистираме. Меѓутоа, работиме на тоа да ја доведеме средината до една фаза, во која ќе може без поголеми проблеми да ги прифати овие луѓе".

Доктор Весна Велиќ Стефановска од невладината организација МИА, контактира со заболените од хив и сида.

Преку неа, по електронски пат до нив ги пративме следните прашања:

Какво ризично однесување имале и кога дознале дека дека се хив позитивни или заболени од сида?

Како се чувствуваат сега и дали се прифатени од средината?

Добивме одговор од две лица.

Првото лице е од женски пол на воздраст од 31 година:

„Имав повеќе партнери, а понекогаш не користев кондом. Не се чувствував добро па отидов на лекар. Направив многу прегледи и тестирања и на крај лекарите утврдија дека имам сида. Секој ден се чувствувам различно. Знаат само родителите, друг никој не знае.“

Второто лице е момче на воздраст од 27 години:

„Со партнерката бев долго време и не користевме кондоми. Еден ден ми кажа дека направила тестирање и дека е болна од сида. Лекарите ми препорачаа и јас да направам тест. Не чувствував никакви здраствени проблеми, но тестот покажа дека сум хив позитивен. Никој не знае. Се преселив и живеам во друг град. Не знам како ќе биде кога состојбата ќе ми се влоши ".

Со терапија животот се продолжува

Доктор Весна Велиќ Стефановска вели дека со примање на антиретровирусна терапија, животот на носителите на хив вирус и на заболените од сида се продолжува :

„Од моментот кога ќе влезат во стадиум на сида, лицата во просек живеат две години. Меѓутоа, кога се хив позитивни, со антиретровирусната терапија можат да живеат и повеќе од 20 години ".

Анкетата во Скопје покажа дека граѓаните се едуцирани за сидата, и би им понудиле пријателство на заболените од хив и сида :

„Би се дружел, зошто да не. Сидата не се пренесува со дружење и со допир. Нема потреба да ги одбегнуваме ".

Veni Vidi Vici
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.