IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Струшки вечери на....
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Струшки вечери на....

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 8>
Автор
Порака Обратен редослед
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2008 во 19:06
ВНАТРЕШЕН ДИЈАЛОГ

Ти сакаш да ме увериш
дека сум јаден и лит
и дека ништо во мојот живот
не носи знак на величие.
Но јас сум тој што се слуша,
од мене зависи сè!
Ти сакаш да ме понижиш сосем,
да ми предочиш јасно
дека се лажам самиот
и дека секој мој подем
бил измислен.
Сети се - ми велиш -
како се витка црвец во кал.
Но сепак сè зависи од мене!
Јас сум, види, чувар на својата гордост,
и не очекувај да се помирам
со бесмислената ништожност.


БЛАЖЕ КОНЕСКИ

Изменето од zagor - 27.Мај.2008 во 00:59
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2008 во 18:46
...ИМАШ ПРАВО!...ГИ НОСИМЕ НА КАЛЕ,ДО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА!!...КОГА СЕ ТРГНАЛО КАКО ТРЕБА,НЕКА БИДЕ И ТОА БАРЕМ ТАКА....
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2008 во 18:42
kako i da e po mene " Struskite veceri treba da se preselat "
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2008 во 19:11
Tantos días, ay tantos días viéndote tan firme y tan cerca,
como lo pago, con que pago?
La primavera sanguinaria de los bosques se despertó, salen los zorros de sus cuevas,
las serpientes beben rocío, y yo voy contigo en las hojas, entre los pinos y el silencio,
y me pregunto si esta dicha debo pagarla como y cuando.
De todas las cosas que he visto a ti quiero seguir viendo,
de todo lo que he tocado, solo tu piel quiere ir tocando:
amo tu risa de naranja, me gustas cuando estas dormida.
Que voy a hacerle, amor, amada, no se como quieren los otros, no se como se amaron
antes, yo vivo viéndote y amándote, naturalmente enamorado. Me gustas cada tarde más.
Dónde estará? Voy preguntando si tus ojos desaparecen.
Cuánto tarda! Pienso y me ofendo. Me siento pobre, tonto y triste,
y llegas y eres una ráfaga que vuela desde los duraznos.
Por eso te amo y no por eso, por tantas cosas y tan pocas, y así debe ser el amor
entrecerrado y general, particular y pavoroso, embanderado y enlutado,
lorido como las estrellas y sin medida como un beso.



                                    PABLO NERUDA



http://www.ezgeta.com/lneruda.html
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2008 во 19:03
ХАНС МАГНУС ЕНЦЕНСБЕРГЕР,РОДЕН НА 11, НОЕМВРИ 1929 ГОДИНА ВО КАУФБОЈРЕН ВО ГЕРМАНИЈА.
ОБРАЗОВАНИЕТО ГО СТЕКНУВА ВО СВОЈАТА ЗЕМЈА И ФРАНЦИЈА,А НЕКОЕ ВРЕМЕ ЖИВЕЕ И ВО КУБА.
ХАНС Е ПОЗНАТ ПОЕТ,ДРАМАТУРГ,ЕСЕИСТ..ПРЕВЕДУВАЧ...РАБОТИ ВО МНОГУ ПОЗНАТИ КУЛТУРНИ И ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ ВО СВОЈАТА ЗЕМЈА.ИМА НАПИШАНО ГОЛЕМ БРОЈ НА ДЕЛА,КОИ СЕ ПРЕВЕДУВАНИ НА МНОГУ СВЕТСКИ ЈАЗИЦИ..
ДОБИТНИК Е НА НАГРАДАТА НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈА ВО 1980 ГОДИНА.
ЖИВЕЕ ВО МИНХЕН....



http://de.wikipedia.org/wiki/Hans_Magnus_Enzensberger
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2008 во 19:44


МИРОСЛАВ КРЛЕЖА


.....РОДЕН ВО ЗАГРЕБ ВО 1893 г,ХРВАТСКИ И ЈУГОСЛОВЕНСКИ КНИЖЕВНИК..ЕДЕН ОД НАЈПЛОДНИТЕ И НАЈДОБРИТЕ КНИЖЕВНИЦИ НА ОВИЕ ПРОСТОРИ ВО ХХ ВЕК!
   НЕГОВИОТ ТВОРЕЧКИ ОПУС Е ОГРОМЕН!НЕКОИ...ВЕЛЕЈЌИ АКО ТОМОВИТЕ БИ БИЛЕ МЕРКА ЗА НЕШТО ОБЕМНО НАПИШАНО,ТОГАШ ДЕЛАТА НА ОВОЈ АВТОР БИ БИЛЕ ЕДНАКВИ НА ,НИ ПОВЕЌЕ НИ ПОМАЛКУ ОД 50-тина КНИГИ ....!
...ПРАВЦИТЕ ВО КОЈ ТВОРЕЛ КРЛЕЖА СЕ РАЗЛИЧНИ.ИМА НАПИШАНИ МНОГУ РОМАНИ,ДРАМИ И ЕСЕИ,МНОГУБРОЈНИ ПЕСНИ И РАСКАЗИ..ЕДНОСТАВНО..СЕСТРАН КНИЖЕВНИК...!
УЧЕСНИК Е НА СВОЕВРЕМЕНИТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ,БИЛ ПРОГОНУВАН,ЗАТВАРАН..!ПОДРЖУВАЧ И СИМПАТИЗЕР НА КОМУНИЗМОТ,НО И ГОЛЕМ КРИТИЧАР...!ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ КНИЖЕВНИ УМОВИ ВО КОМУНИСТЧКИТЕ ВОДИ ВО СВОЕВРЕМЕНА ЈУГОСЛАВИЈА..ВЕРЕН ДРУГАР НА...НАШИОТ НИ ДРУГАР ТИТО...
...ЌЕ ЗАБОРАВЕВ!...ВО 1979 ГОДИНА,НА СВЕЧЕНОСТА НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА,ДОДЕЛЕНА МУ Е НАЈВИСОКАТА НАГРАДА...ЛОВОРОВИОТ ВЕНЕЦ..
   УМИРА ВО РОДНИОТ ЗАГРЕБ,ВО 1981 ГОДИНА. МНОГУБРОЈНИ МАНИФЕСТАЦИ,ПРИРЕДБИ И ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ ВО ХРВАТСКА И БИВШИТЕ ЈУ-РЕПУБЛИКИ ГО НОСАТ ИМЕТО НА ОВОЈ ЛИТЕРАТУРЕН ТВОРЕЦ........


Изменето од zagor - 09.Мај.2008 во 19:45
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2008 во 21:47


РАФАЕЛ АЛБЕРТИ


РАФАЕЛ АЛБЕРТИ,ШПАНСКИ ПОЕТ,ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ПОЕТИ НА XX ВЕК,РОДЕН НА 16 ДЕКЕМВРИ 1902 ГОДИНА ВО ГРАДОТ ПУЕРТО ДЕ САНТА МАРИЈА ВО ШПАНИЈА.
ПОЕТСКИОТ ОПУС НА ОВОЈ ПОЕТ Е ОБЕМЕН И СЕОПФАТЕН,ЗАВИСЕН ОД ПЕРИОДОТ НА ТВОРЕЊЕТО,ЖИВЕЕЈЌИ ВО ЕГЗИЛ ДОЛГ ПЕРИОД...СО НОСТАЛГИЈА КОН НЕГОВАТА РОДНА ЗЕМЈА ,ПЕСНИТЕ СОЗДАДЕНИ ВО ТОЈ ПЕРИОД ИМАТ ПРИЗВУК НА ПАТРИОТИЗАМ И КОПНЕЖ КОН РОДНАТА ГРУТКА.КАКО АКТИВЕН БОРЕЦ ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ШПАНИЈА,И ПО НЕЈЗИНИОТ НЕУСПЕХ,ТОЈ ЈА НАПУШТА ШПАНИЈА, И СЕ ВРАЌА ПОВТОРНО ВО НЕА,ВО СРЕДИНАТА НА 70-тите,КАДЕ И УМИРА ДВАЕСЕТИНА ГОДИНИ ПОДОЦНА...
ПОКРАЈ ПОЕЗИЈАТА,РАФАЕЛ АЛБЕРТИ,ПОЗНАТ И УСПЕШЕН Е И ВО ДРУГИТЕ ПРАВЦИ НА УМЕТНОСТА..КАКО ДРАМАТУРГ,СЛИКАР ...ГРАФИЧАР....!
НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ВО 1978 г.,ЈА ДОБИВА НАЈВИСОКАТА НАГРАДА..ЛОВОРОВИОТ ВЕНЕЦ.ПОКРАЈ ОВАА НАГРАДА , ВО СВОЈАТА ЗЕМЈА И НАДВОР ОД НЕА ИМА ДОБИЕНО И МНОГУ ДРУГИ СВЕТСКИ ПРИЗНАНИЈА И НАГРАДИ...
УМИРА НА 28 ОКТОМВРИ 1999г. ВО СВОЕТО РОДНО МЕСТО ВО ШПАНИЈА.
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2008 во 20:47

ЕЖЕН ГИЛВИК





ВО 1976 ГОДИНА, ДОБИТНИК НА ЛОВОРОВИОТ ВЕНЕЦ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА Е ФРАНЦУСКИОТ ПОЕТ ЕЖЕН ГИЛВИК (1907-1997).РОДЕН Е НА 05.АВГУСТ 1907 г. ВО КАРНАК ФРАНЦИЈА, И СЕ ВБРОЈУВА ВО ГРУПАТА НА ИСТАКНАТИ ФРАНЦУСКИ ПОЕТИ НА XX-ВЕК.РАБОТИ КАКО ПРЕВЕДУВАЧ И ПОЕТ,ЧЛЕН НА ФРАНЦУСКАТА АКАДЕМИЈА .ИМА ИЗДАДЕНО ПОВЕЌЕ ЗБИРКИ НА ПЕСНИ.АКТИВЕН Е И ВО ПОЛИТИЧКИОТ ЖИВОТ,НО КАКО ВО СЕНКА.




АРТУР ЛУНДКВИСТ И МАРИЈА ВИНЕ




    СЛЕДНАТА,1977г. НОСИТЕЛ НА ЛОВОРОВИОТ ВЕНЕЦ Е ШВЕДСКИОТ ПОЕТ АРТУР ЛУНДКВИСТ КОЈ Е РОДЕН ВО ПЕРСТОРП НА 03. МАРТ 1906-ШВЕДСКА.ПОЕТ ,ПРОЗАИСТ,КРИТИЧАР ..ПРЕВЕДУВАЧ.
   ДОБИТНИК ОД МЕЃУНАРОДНИТЕ НАГРАДИ Е НА ЛЕНИНОВАТА НАГРАДА,А ИНАКУ ,МНОГУМИНА ОД АВТОРИТЕ КОИ ГИ ИМА ПРЕВЕДУВАНО СЕ ДОБИТНИЦИ НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА...!ЖИВОТОТ ГО ПОМИНУВА СО ПОЗНАТАТА ПОЕТЕСА МАРИЈА ВИНЕ..
   УМИРА НА 11 ДЕКЕМВРИ ,ВО СОЛНА -ШВЕДСКА ,ВО 1991 ГОДИНА...

Изменето од zagor - 22.Април.2008 во 20:53
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
mamma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2008 во 23:25
Махмуд Дарвиш добитник на Златен венец2007
(Палестина)

Роден на 13 март 1942 година, во селото Ал Бирва, Палестина, во сунитско муслиманско семејство. За време на основањето на израелската држава во 1948 година, неговото село е целосно уништено, па затоа семејството бега во Либан, но следната година, по тајни патишта, илегално се враќа во Израел.Во младоста Дарвиш е неколкупати затворан заради политичка активност, но и за своите јавни поетски читања. Неговиот егзил започнува уште во 1970 година кога заминува за Москва, од каде, по само една година престој, заминува за Каиро, Египет. Потоа повеќе од 26 години живее во егзил, постојано на релацијата помеѓу Бејрут и Париз. Во 1996 година се враќа во Израел и се населува во Рамала, на Западниот брег.Махмуд Дарвиш во моментов се смета за најеминентен палестински поет и воопшто, за најважен современ поет кој пишува на арапски. Своето светско реноме го има заслужено не само како поет, туку и како романсиер и книжевен теоретичар. Има објавено триесетина поетски збирки, осум прозни дела, или заедно со други објави и студии, вкупно над 40 наслови. Првата поетска книга ја објавил во 1964 г.
За своето дело има добиено голем број меѓународни награди, меѓу кои: наградата "Ибн Сина", "Лениновата награда за литература", "Сталиновата награда за мир", наградата "Лотос" од Унијата на Афро-азиски писатели (1969), "Наградата за културни слободи" од фондацијата Ланан (2001), мароканската награда "Висам" за интелектуални дострели што ја доделува лично мароканскиот суверен Мохамед ВИ, а во 1997 година ја добил почесната француска титула "витез", заедно со орденот за заслуги во уметноста и литературата. Во моментов Махмуд Дарвиш работи како главен и одговорен уредник на списанието Ал-Кармел, што самиот го основал во 1997 година.

Псалм 9

О розо вон дофат на времето и сетилата
О бакнежу повиен во шамиите на сите ветрови
изненади ме со еден сон
во кој моето лудило ќе се штрекне од тебе
ќе побегне
за да ти се доближи
Го открив времето
на патот кон тебе
си ги открив сетилата
бегајќи од тебе и одејќи кон тебе
Помеѓу бегството и приближувањето
има еден камен голем колку сон
Тој не приоѓа,
Тој не бега
Ти си ми татковината
Каменот не е тоа што сум јас
и затоа не сакам да се соочам со небото
ниту да умрам срамнет со земјата
Јас сум сал туѓинец, засекогаш туѓинец.
        

Превземено од http://www.svp.org.mk/mk_07_zlatenvenec.htm
                                                                     
 
 SORRY ZAGOR...JA RAZBIV HRONOLOGIJATA DURI SEGA VIDOVцрвенеење                                                                       


Изменето од mamma - 19.Април.2008 во 02:20

Shot at 2007-06-30[/IMG]
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2008 во 13:29
 
 
ЉУБОВ ВО ЕДНО ПОПЛАДНЕ НА САБАТНО БДЕЕЊЕ
 
 
 
Еден замесен леб,ти и јас
во една љубов на Сабат.
 
Во собата јас ја исцрнив твојата кожа
со прстите на пресниот весник.
 
Ти слушаш една мелодија...
твоето уво сеуште е полно со мрморењата
на мојот копнеж,
како една пепелница.
 
Светлината на сонцето е пресилна за тебе,
стави си темни очила на очите...
 
светот ќе те види потемна
отколку што те гледам ...јас.
 
  ....извадок од збирката СВЕТА ЗЕМЈА
                                                  
                                                          ЈЕХУДА АМИХАЈ
 
                               
                                 *   *   *
 
....кажуваме зборови,реченици,долги,уредни.
да останевме заедно
можевме да станеме тишина.
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2008 во 12:32
 
 
 
 
   ЛЕОПОЛД СЕДАР СЕНГОР,СЕНЕГАЛСКИ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ,ПОЕТ ДРЖАВНИК ,ПОЛИТИЧАР....
   РОДЕН ВО  ДАКАР,СЕНЕГАЛ НА 09 ОКТОМВРИ 1906 г., ВО СВОЈОТ ДОЛГ И ПЛОДЕН ЖИВОТ НА ПОЛЕТО НА ЛИТЕРАТУРАТА ,ПОЛИТИКАТА И КУТУРАТА,ИМА ДОСТИГНАТО ВРВ КАКО ВО ФРАНЦИЈА....ЗЕМЈА КАДЕ ШТО ГО ДОБИЛ СВОЕТО ОБРАЗОВАНИЕ,ТАКА И ВО СВОЈАТА ДРЖАВА КАДЕ ШТО ЖИВЕЕЛ И ТВОРЕЛ...
  УЧЕСНИК ВО II СВЕТСКА ВОЈНА,ЗАРОБЕНИК НА ГЕРМАНСКИТЕ НАЦИСТИЧКИ СИЛИ,НО ПРЕЖИВУВА.... И ПО ВОЈНАТА,КАКО НАПРЕДЕН И ОБРАЗОВАН ГРАЃАНИН ВО СИРОМАШНИОТ СЕНЕГАЛ ,СЕ ВКЛУЧУВА ВО ПОЛИТИЧКИОТ ЖИВОТ НА СВОЈАТА ЗЕМЈА....ВО 1960 ГОДИНА Е ИЗБРАН ЗА ПРВ ПРЕСЕДАТЕЛ НА СЕНЕГАЛ,И ВО НЕКОЛКУ МАНДАТИ ЈА ИЗВРШУВА ОВАА ФУНКЦИЈА...
   ДОБИТНИК Е НА НАГРАДАТА НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ВО 1975 г,...И АВТОР Е НА ТЕКСТОТ НА СЕНЕГАЛСКАТА ХИМНА...
   СВОЈОТ ДОЛГ ПАТ ВО ЛИТЕРАТУРАТА И ПОЛИТИКАТА ГО ЗАВРШУВА ВО НОРМАНДИЈА , НА 20 ДЕКЕМВРИ 2001г.


Изменето од zagor - 18.Април.2008 во 12:36
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2008 во 21:14
...АЈ ДА СИ ПРОДОЛЖАМ СО МОНОЛОГОТ...!ЗНАЧИ ВАКА...
ЗА 1974 г. ,ДОБИТНИК НА СВП Е ТУРСКИОТ ПОЕТ ФАЗИЛ ХИСНИ ДАГЛАРЏА,КОЈ Е РОДЕН ВО ИСТАНБУЛ,ВО 1914г.
НАЈПОЗНАТ ПОЕТ ВО ТУРЦИЈА,ИМА ИЗДАДЕНО ПРЕКУ 70 КНИГИ ПОЕЗИЈА.ДОБИТНИК Е НА ВРЕДНИ НАГРАДИ НА ПОВЕЌЕ МЕЃУНАРОДНИ МАНИФЕСТАЦИИ.
ПОЗНАТАТА ЗБИРКА, БАЛОНИ И ЦВЕЌИЊА ПРЕВЕДЕНА Е И КАЈ НАС.ЖИВЕЕ И ТВОРИ ВО РОДНАТА ЗЕМЈА....

    
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2008 во 18:04
       

ЕУЏЕНИО МОНТАЛЕ (EUGENIO MONTALE 12.10.1896-12.09.1981),РОДЕН ВО ЏЕНОВА,ВО СЕМЕЈСТВО СО ПОВЕЌЕ ДЕЦА.АКТИВЕН УЧЕСНИК ВО БОРБАТА ПРОТИВ ФАШИЗМОТ.
ПОЗНАТ СВЕТСКИ И ИТАЛИЈАНСКИ ПОЕТ,КНИЖЕВНИК И НОВИНАРСКИ УРЕДНИК.
ДОБИТНИК НА СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ВО 1973г.,КАКО И НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА ,ДВЕ ГОДИНИ ПОДОЦНА.
УМИРА ВО МИЛАНО ВО 1981г.



http://www.kirjasto.sci.fi/montale.htm

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2008 во 21:39
.... ...ЧЕКАЈ СЕГА НА ИЗБОРОТ ЗА НАГРАДАТА "БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ".... ТРЕБА ДА ЈА ДОБИЕ МАКЕДОНСКА ПОЕТЕСА !!!
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,215 секунди.