|
ФРАГМЕНТИ ОД ЕДНА УБАВА КНИГА |
Внеси реплика | страница <1 34567> |
Автор | |
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одбив со благодарност; сум пробувал опиум еднаш или двапати (без какво било особено задоволство), но ова со хашишот ми се чинеше премногу напорно и невкусно дури и за да пробам. Хашаши се смееше безгласно, неговите шашливи очи се лизгаа преку мене со пријателска иронија: „Знам што мислите, почитуван пријателе. Вие мислете дека хашишот е ѓаволска работа и се плашите од него. Бесмислица! Хашишот е божји дар. Мошне добар – особено за духот. Видете, хазрет,[1] дозволете да ви го објаснам тоа. Опиумот е лош – во тоа нема никакво сомнение – бидејќи тој во човекот буди копнежи по недостижни работи, во неговите соништа внесува лакомост како кај животните. Хашишот, меѓутоа, ја смирува секоја лакомост и нè прави рамнодушни кон сите работи од овој свет. Тоа е тоа: нè прави задоволни. Би можеле да ставите куп злато пред хашашијата – не само додека тој пуши, туку кога и да е – а тој не би го пружил по тоа дури ни својот мал прст. Опиумот ги прави луѓето слаби и страшливи, а хашишот го убива секој страв и прави човекот да биде храбар како лав. Ако побарате од хашашијата да се нурне во ледена река среде зима, тој едноставно би се нурнал во неа и би се смеел... Тој спознал дека да се биде без лакомост значи да се биде без страв – и дека, ако човекот го надминал стравот, тој исто така ја надминал и опасноста, знаејќи дека што и да му се случи, тоа е негов удел во сето она што се случува...“ Тој повторно се насмеа, тресејќи се со онаа куса, треперлива, безгласна смеа која се наоѓа меѓу потсмевањето и добронамерноста; потоа престана да се смее и само се клештеше зад својот облак од чад, со своите блескави очи насочени кон неподвижната далечина. |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Надзорникот излезе од собата за да се погрижи за нашите коњи. Ја слеков мојата натопена наметка, додека Ибрахим веднаш се зафати околу подготвувањето чај на отворен оган. Со љубезност на голем господин кој не губи ништо од своето достоинство ако е љубезен кон пониските од себе чудното мало човече љубезно ја прифати чашата чај што му ја понуди Ибрахим. Без каква било непристојна љубопитност, тој се сврте кон мене, небаре започнува разговор во салон: „Вие сте Англичанец, џанаб-и-али?“ „Не, јас сум Австриец, Намсави.“ „Дали би било непристојно ако ве прашам дали работата ве донесува во овие краишта?“ „Јас сум писател во весник“, одговорив јас. „Патувам низ вашата земја за да им ја опишам на нашите луѓе. Тие сакаат да дознаат како живеат и што мислат другите.“ Тој потврди со главата со насмевка на одобрување на лицето и потона во тишината. По некое време извлече мало глинено наргиле[1] и бамбусов стап од наборите на својата наметка, го прицврсти стапот на глинениот сад, потоа меѓу своите дланки протри нешто што е слично на тутун и го стави тоа внимателно, небаре е повредно од злато, во вдлабнатината на лулето, покривајќи го со живо масло. Со очигледен напор го повлече чадот низ бамбусовиот стап, жестоко кашлајќи и чистејќи го грлото. Водата во наргилето клокотеше, а остриот мирис почна да ја исполнува собата. Дури тогаш го препознав: тоа беше индиски хемп, хашиш, а потоа го сфатив и чуното однесување на овој човек; тој беше хашаши, наркоман. Неговите очи не беа засенчени како очите на пушачите на опиум; тие блескаа со некој вид на изделена, безлична сила, зјапајќи во далечината која е бескрајна, оддалечена од реалниот свет околу нив. Гледав во тишината. Кога конечно го допуши своето луле, ме праша: „Нема ли да пробате и вие?“ [1] Nargile – cevka za pu{ewe tutun, vo koja ~adot se filtrira niz voda; vo nekoi zemji e nare~eno „huka“. |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одгалопирав... Загатката беше решена. Борбата со мочуриштето беше дел од мојата фантазија. Мојот коњ мора едноставно да нагазил на калливиот дел од патот, а јас, мислејќи дека сме влегле во мочуриштето, сум го шибнал и сум го натерал во бесен галоп и, измамен од мракот, неговото движење напред погрешно сум го сфатил како очајничка борба со мочуриштето и слепо трчав низ ноќта, несвесен дека има многу глуждовити дрвја распрскани по рамнината... Овие дрвја, а не мочуриштето, беа непосредната, вистинска опасност: малата гранка која ја удри мојата рака можеше исто така да биде и поголема гранка, која можеше да ми го скрши черепот и така моето патување да го донесе до решителен крај, во некој неозначен гроб во Јужен Иран... Бев бесен самиот на себе, двојно бесен, бидејќи сега бевме изгубиле секаква ориентација и веќе не можевме да й влеземе во трага на патеката. Сега веќе никогаш нема да го најдеме каравансарајот... Но, повторно немав право. Ибрахим се симна од коњот за да го разгледа теренот и можеби на тој начин да ја пронајде патеката, и додека тој така лазеше на сите четири, неговата глава ненадејно удри во ѕид – темниот ѕид на каравансарајот Кхан-и-Кхет! Да не беше моето замислено препнување во мочуриштето, ние ќе продолжевме, ќе го промашевме каравансарајот и навистина ќе се загубевме во мочуриштето кое започнува, како што наречиси дознавме, одвај двесте метри пред нас... Каравансарајот беше еден од многуте пропаднати остатоци од епохата на шахот Абас Великиот – моќни ѕидни блокови со подрумски ходници, со расклатени порти и со урнати огништа. Овде-онде можевте да забележите траги од стари резби на гредите над вратите и испукани порцелански плочки; неколкуте вселиви соби беа запуштени, со стара слама и со коњски лепешки по подот. Кога Ибрахим и јас влеговме во главниот трем, го сретнавме надзорникот на каравансарајот како седи покрај отворениот оган на голиот под. Покрај него беше еден босоног ситен човек обвиткан во парталава наметка. Кога ние се појавивме, и двајцата скокнаа на нозе, а малиот непознат свечено се поклони со живо, речиси театрално движење, со десната рака над срцето. Неговата наметка беше покриена со безбројни повеќебојни латици; беше извалкан, сосема неуреден, но неговите очи блескаа, а лицето му беше ведро. |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Некаков таинствен предмет со свиреж профучи над мојата глава... Ја кренав раката добив силен и несфатлив удар... Од што? Времето и мислата се испретурија еден преку друг и станаа нејасни... Низ поројниот дожд и бревтањето на коњот можев да го слушнам, во секунди кои беа како часови, немилосрдниот звук на вшмукување на мочуриштето... Крајот мора да е блиску. Ги олабавив своите стопала од узенгиите, подготвен да скокнам од седлото и самиот да ја опитам својата среќа – можеби би можел да се спасам ако легнам рамно на почвата, кога, ненадејно, неверојатно, коњските копита повторно удрија по тврдата почва, еднаш два пати... и, со воздишка на олеснување, ги повлеков уздите и го смирив растрепереното животно. Бевме спасени... Дури сега се сетив на својот придружник и, сиот во страв, викнав: „Ибрахиме“ Никаков одговор. Срцето ми смрзнува. „Ибрахиме...!“ Но околу мене беше само темната ноќ и поројниот дожд. Дали бил во состојба да се спаси себеси? Со зарипнат глас повторно викнав: „Ибрахиме!“ Тогаш, речиси неверојатно, се слушна слаб звук од голема далечина: „Овде... овде сум!“ Сега му беше ред на мојот разум да се смири: Како сме се оддалечиле толку? „Ибрахиме!“ „Овде... овде!“ И следејќи го гласот, водејќи го својот коњ за уздите и испитувајќи секоја педа од почвата со своите стапала, одев полека, мошне внимателно кон оддалечениот глас; таму беше Ибрахим, мирно седеше на своето седло. „Што ти се случи, Ибрахиме? И ти ли заталка во мочуриштето?“ „Во мочуриштето...? Не – јас едноставно стоев мирно кога вие ненадејно, не знам зошто, одгалопиравте.“ |

Јавав напред, а Ибрахим ме следеше, оддалечен, можеби, десет чекори. Сè почесто се јавуваше застрашувачката мисла: да не сме го оставиле Кхан-и-Кхет некаде зад нас во темнината? Колку лоша среќа би било да се помине ноќта под студениот дожд, а кога би продолжиле – што со мочуриштето? Ненадејно почувствував мек, писклив глас под копитата на својот коњ; почувствував како животното се лизга во калта, потонува, очајнички ја повлекува едната нога, повторно се лизга – и во мојот ум блесна мислата: мочуриштето! Силно ги повлеков уздите и со мамузите ги притиснав страните на коњот. Тој високо ја зафрли главата и почна да поигрува бесно. Студената пот сосема ме облеа. Ноќта беше толку темна што не можев да ги распознаам сопствените раце, но во грчовитото превивање на телото на коњот ја почувствував неоговата очајничка борба против прегратката на мочуриштето. Речиси не мислејќи, го грабнав камшикот кој, обично неупотребуван, висеше на мојот рачен зглоб и го шибнав коњот по задникот со сета сила, со надеж така да го поттикнам на краен напор, бидејќи ако сега запре, ќе биде вшмукан, а и јас со него, сè подлабоко и подлабоко во калта... Ненавикнато на толку грубо камшикување, кутрото животно – Касгхаи пастув со исклучителна брзина и сила – се крева на задните нозе, повторно ја удира почвата со сите четири нозе, и во грчовитиот напор против калта скокнува, се лизнува, повторно се крева напред и повторно се лизнува – а неговите копита цело време очајнички удираат по меката, писклива тиња... |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Падна ноќта, а каравансарајот Кхан-и-Кхет – нашата цел за таа ноќ – не се гледаше никаде. Меѓутоа, ние требаше да дојдеме до него по секоја цена; вдолж и вшир немаше никакво друго прибежиште, а близината на мочуриштата го правеше секое напредување во мракот крајно опасно. Всушност, тоа утро нè предупредија да не одиме сами, бидејќи само еден погрешен чекор може лесно да значи ненадејна смрт. Освен тоа, нашите коњи беа могу заморени по долгиот дневен марш преку калливата почва и требаше да се одморат и да се нахранат. Со доаѓањето на ноќта почна силен дожд. Јававме, наводенети, нерасположени и тивки, потпирајќи се повеќе на инстинктот на коњите, отколку на нашите бескорисни очи. Поминаа часови, а ни трага од каравансарајот. Можеби во мракот сме го поминале, па сега ќе мораме ноќта да ја поминеме надвор, под поројниот дожд кој постојано се засилуваше... Копитата на нашите коњи газеа по водата, нашата натопена облека висеше тешко на нашите тела. Темна и непроѕирна, околу нас рееше ноќта под превезите што ги правеа шурките вода; бевме прмрзнати до коска, но сознанието дека мочуриштето е толку близу внесуваше уште повеќе студ. Ако коњите само еднаш ја промашат цврстата почва – „тогаш Бог нека ви се смилува“, нè предупредија тоа утро. |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овие зборови небаре удираат на нејасни жици кои му бегаат на моето сеќавање... постоеше насмевка која ги придружуваше... чија насмевка? Насмевката зад облакот од чад, лутиот чад, како чад од хашиш. Да, тоа беше чад од хашиш, а насмевката му припаѓаше на еден од најчудните луѓе кои кога било сум ги сретнал – а го сретнав по едно од моите најчудни доживувања во животот. Додека се обидував да ја избегнам опасноста, која изгледаше – само изгледаше – непосредна во својата закана, бегав, не знаејќи, во друга опасност, многу пореална, многу понепосредна од онаа која се обидував да ја избегнам, а и двете опасности, и реалната и нереалната, ми помогнаа да избегнам една трета... Сето тоа се случи пред околу осум години, кога патував на коњ, придружуван од својот слуга Татарот Ибрахим од Шираз, во Кирман во Јужен Иран – пуст, слабо населен и беспатен крај покрај Езерото Нирис. Тогаш, зиме, тоа беше мочуришна, каллива степа без села во близината, ограничена на југ со Кух-и-Гухснеган, „Планините на гладот“, а кон север сè се губеше во мочуриштата кои го опкружуваат езерото. Попладнето, додека обиколувавме еден осамен рид, езерото ненадејно се покажа. Неподвижната зелена површина без ветер или звук или живот, бидејќи водата беше толку солена што никакви риби не би можеле да живеат во неа. Освен неколкуте осакатени стебла и пустински џбунови, солената почва на неговиот рид не дозволувала никаква вегетација. Почвата беше лесно покриена со каллив снег, а над неа, на оддалеченост од околу двесте метри од ридот, водеше слабо означена патека. |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НЕКОЛКУ ЧАСОВИ ПОДОЦНИ се будам од вревата на Зејдовите ѓезвиња; мирисот на свежото кафе е како прегратка на жена! „Зејде!“ го повикувам, а пријатно сум изненаден дека мојот глас, иако сè уште уморен, ја изгубил својата рапавост. „Ќе ми дадеш ли малку кафе?“ „Богами, ќе ти дадам, вујко!“ одговара Зејд, според стариот арапски обичај, обраќајќи му се така на човек кон кого сака да покаже почит, без разлика дали е тој помлад или постар од него (случајно сум помлад од Зејд неколку години). „Ќе добиеш колку што ќе ти посака срцето!“ Го пијам кафето и се смешкам поради среќниот израз на лицето на Зејд. „Зошто ние, брате, се изложуваме себеси на вакви работи, наместо да останеме во своите домови како разумни луѓе?“ „Затоа што“ ми се смешка Зејд „не е за такви какви шти сме ти и јас да чекаме дома додека ни се здрват рацете и нозете и нè наваса староста. Освен тоа, зарем луѓето не умираат исто така и во своите куќи? Зарем човекот не ја носи секогаш својата судбина на својот врат, каде и да се наоѓа?“ Зборот што Зејд го употребува за „судбина“ е кисма – „она што е доделено“ – на Запад подобро познат во својата турска форма „кисмет“. Додека ја сркам втората чаша кафе, ми паѓа на ум дека овој арапски израз има и друго, подлабоко значење: „она во што имаме удел“. Она во што имаме удел... |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zastanav, za da procitaat site. Sepak ova se samo fragmenti....
Изменето од DAIJA - 27.Декември.2007 во 17:38 |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
Aisha
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Локација: Palestine Статус: Офлајн Поени: 1119 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
I zasto zastana...
CItame nie... Ti samo pisuvaj Aj onoj del koga go prasuva Plestinecot za molitvata, mnogu mi se dopaga toj del...pls selam Изменето од Aisha - 26.Декември.2007 во 16:18 |
|
PROUD TO BE A MUSLIM!!!!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ние бевме запреле за да ја извршиме пладневната молитва. Додека ги миев рацете, лицето и нозете, од мевот се пролеаја неколку капки вода преку исушениот корен трева покрај моите стопала, бедно мало растение, жолто, исушено и безживотно под острите зраци на Сонцето. Но како што водата капеше над него, трепеж му мина низ овенатите листови и видов како тие полека, тресејќи се, се одвиткуваат. Уште неколку капки и малите листови се помрднаа и се свиткаа, а потоа се исправија полека, колебајќи се, тресејќи се... Го задржав здивот додека полевав уште вода над коренот трева. Сега се движеше побрзо, поживо, небаре некоја скриена сила го буди од неговите смртни сни. Неговите лисја – какво уживање е да се погледне тоа! Се собираа и се спружаа како краците на морската ѕвезда, навидум надвладеани од срамежливиот но нескротлив занес, вистинска мала оргија на сетилните радости; и животот победносно повторно влегува во она што еден миг порано беше мртво, влегува видливо, страствено, незадржливо, и надвор од секакво разбирање во својата величественост. Животот во својата величественост... тоа секогаш го чувствувате во пустината. Затоа што е толку тежок за одржување и толку суров, тој е секогаш како подарок, богатство и изненадување. Бидејќи пустината е секогаш изненадувачка, дури и ако ја познавате со години. Понекогаш, кога ќе помислите дека можете да ја видите во целата нејзина крутост и пустелија, таа се буди од својот сон, го открива својот здив – нежна, бледата зелена трева се појавува ненадејно таму каде што до вчера немаше ништо освен песок и парчиња чакал. Таа повторно го открива својот здив – и јато мали птици се размавнува низ воздухот – од каде? за каде? – со стројни тела, со долги крилја, смарагдно зелени; или јато скакулци се крева над земјата во ненадеен замав, сиво, сенишно, и бескрајно како орда гладни воини... |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Додека така размислувам во немир и збунетост, наполу нурнат во темната вода на бунарот на една оаза во Арабија, ненадејно слушам глас од заднината на мојот спомен, глас на еден стар номад, к*рд: Ако водата мирува неподвижна во барата, таа станува збајатена и каллива, но ако се движи и тече, станува бистра; исто така и човекот во своите талкања. Поради тоа, како со некоја магија, сиот немир ме напушта. Почнувам да гледам на себеси од далечина, како што би требало да ги гледате страниците од книгата за да ја прочитате приказната од нив; почнувам да сфаќам дека мојот живот не можел да има поинаков тек. Бидејќи, кога ќе се прашам себеси: „Што е вкупната крајната цел на мојот живот?“ нешто во мене небаре одговара: „Си решил едниот свет да го замениш со друг – да добиеш нов свет во замена за стариот кој никогаш вистински не си го поседувал.“ Со изненадувачка јаснотија спознавам дека таквиот потфат навистина би можел да опфати еден цел живот. |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каква долга низа од години... Сите овие потонати години сега излегуваат на површина, ги откриваат своите лица уште еднаш и ме повикуваат со многу гласови. Ненадејно, во исплашен грч на моето срце, согледувам колку бил долг, колку бил бескраен мојот пат. „Постојано само си одел и одел“, си велам себеси. „Воопшто досега не си го изградил својот живот врз нешто што би можело да се фати со раце и никогаш не постоел одговорот на прашањето; ‚Каде?‘... Постојано само си одел и одел, талкач низ многу земји, гостин во многу срца, но копнежот никогаш не бил стивнат, и покрај тоа што повеќе не си туѓинец, сè уште не си пуштил корења...“ Зошто, дури и откако го најдов своето место меѓу луѓето кои веруваат во она што и самиот сум го прифатил како верување, не можам да пуштам корен? Пред две години, кога за жена зедов Арапка од Медина, сакав да ми роди син. Преку овој син, Талал, кој ни се роди пред неколу месеци, почнав да чувствувам дека Арапите се мој народ, како што веќе ми беа браќа по верата. Би сакал тој да има свои корења длабоко во оваа земја и да израсне свесен за своето големо наследство, како во крвта така и во културата. Би можело да се помисли дека ова би морало да биде доволно во човекот да поттикне желба да се смири засекогаш, за себе и за своето семејство да изгради постојан дом. Па зошто тогаш моите талкања сè уште не се завршени и зошто морам да продолжам по мојот пат? Зошто животот што самиот си го избрав не ме задоволува целосно? Што е тоа што ми недостасува во оваа средина? Без сомнение, тоа не се интелектуалните придобивки на Европа. Ги оставив зад себе. Тие не ми недостигаат. Навистина, јас сум толку оддалечен од нив што ми станува сè потешко да пишувам за европските весници кои ме снабдуваат со средства за живот; секогаш кога ќе испратам некоја статија, ми се чини дека фрлам камен во бунар без дно: каменот исчезнува во темната празнина, а не стигнува дури ни ехото за да ми каже дека ја достигнал својата цел... |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
Внеси реплика | страница <1 34567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |