IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 138>
Автор
Порака Обратен редослед
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2013 во 01:59
на К

не ме бидува за долги беседи
што ќе те понесат како крилат еднорог
па да зајдеш во моето шепотење
и замижана да ги доживееш
репризите на твоите најубави соништа.
но не ме бидува...
освен,
ако сакаш да ти ги изрецитирам
сите рецепти на мајка ми
што и не е така лоша идеја,
оти ќе ти кажувам проверени вистини
за зелници, дроб-сарми и васина торта
кои се ефектна духовна храна
како и твоите песни

Кон врв
Lucija Jan Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lucija Jan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2013 во 00:53
Мирис на цимет




06:30 на автобуската на рекорд. Одамна не сум се возел во автобус, од средно можеби, не се сеќавам. Пурпур се разлева на небото. Чудно за едно декемвриско утро. Околу мене неколку поспани луѓе, девојка со куче, дете кое се влече за суќната на мајка му. Мирис на костени. Ланци од светулки, ѕвезди и лампиони. Автобус број 50. Се качувам без карта. Седнувам на истото место како и во средно. Околу мене луге со подочници, замрсени коси. Мајка со дете, студенти, еден дедо и таа. Зошто сега? Се променила. Црвена коса до рамена, замрсена и истите зелени очи. Питомо кутре со тажни очи. Груба покривка на уморното лице, свенатите усни. Арабески во нејзините очи. Ги љубев тие тажни очи, груби усни. Припиена кожа за ребрата, исушени раце. Колку е кревка, незаштитена. Кога само би ми дозволила... а можеби..
             Не ме препозна. Се ракувавме. Цврсто и воздржано како и секогаш. Се засрами. Не ме погледнуваш. Зарем ме заборави? Испарија љубовта, милувањата, бакнежите? Можеби се било лага, илузија. Халуцинција за прекрасни моменти, за љубов во тажните очи. Те сакав, би рекол. Кому? Непозната девојка стои пред мене. Убавина недостапна за мене. Која си девојко што некогаш те сакав? Постоеше ли ваква? Те повикував со мислите, те барав во другите. Се сеќаваш ли на мене ти скитничке со долга коса?
            Не го препознав својот лик во нејзините очи. Одразот на спомени го нема. Одрон на солзи. Бледило. Повторно ја нема. Како феникс се издигна од моите сништа, за да оди. Како да не ни постоеше. Одвеана со виорот. Остана само мирисот на цимет.Мирис на цимет 06:30 на автобуската на рекорд. Одамна не сум се возел во автобус, од средно можеби, не се сеќавам. Пурпур се разлева на небото. Чудно за едно декемвриско утро. Околу мене неколку поспани луѓе, девојка со куче, дете кое се влече за суќната на мајка му. Мирис на костени. Ланци од светулки, ѕвезди и лампиони. Автобус број 50. Се качувам без карта. Седнувам на истото место како и во средно. Околу мене луге со подочници, замрсени коси. Мајка со дете, студенти, еден дедо и таа. Зошто сега? Се променила. Црвена коса до рамена, замрсена и истите зелени очи. Питомо кутре со тажни очи. Груба покривка на уморното лице, свенатите усни. Арабески во нејзините очи. Ги љубев тие тажни очи, груби усни. Припиена кожа за ребрата, исушени раце. Колку е кревка, незаштитена. Кога само би ми дозволила... а можеби.. Не ме препозна. Се ракувавме. Цврсто и воздржано како и секогаш. Се засрами. Не ме погледнуваш. Зарем ме заборави? Испарија љубовта, милувањата, бакнежите? Можеби се било лага, илузија. Халуцинција за прекрасни моменти, за љубов во тажните очи. Те сакав, би рекол. Кому? Непозната девојка стои пред мене. Убавина недостапна за мене. Која си девојко што некогаш те сакав? Постоеше ли ваква? Те повикував со мислите, те барав во другите. Се сеќаваш ли на мене ти скитничке со долга коса? Не го препознав својот лик во нејзините очи. Одразот на спомени го нема. Одрон на солзи. Бледило. Повторно ја нема. Како феникс се издигна од моите сништа, за да оди. Како да не ни постоеше. Одвеана со виорот. Остана само мирисот на цимет.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2012 во 18:31
Ем ја, ем силен и убав

Поведи ме на местото
за кое секогаш сонуваше
не врти се дали сум зад тебе
затоа што сум пред тебе
одамна го знам
исти се нашите сонови.
Не мораш ни да ме чекаш
секој дел од мене е во твоето срце
никогаш не бев излегол
само понекогаш го преуредувам
онака малку и по машки
замок со бедеми, стрелци и крокодили
да не случајно некој се приближи
дрскост е кога некој ми чепка по мојата гордост,
ма има ако треба и со глава да плати.
Длабоко сум во тебе
друго сонце ме грее сега
тоа е твоето срце
види ме каква боичка сум фатил
кога сум бил вака силен и убав?
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2012 во 19:23
http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_3

Списанието пред сѐ ќе биде наменето за теми од македонската историја, но не само онаа која на ова наше тло се случувала во дамнешното минато, туку и таа која што преку македонските собири, прослави и чествувања продолжува да опстојува до ден денес.

Ќе биде одвоен простор и за македонската култура и уметност, како и за случувања и личности кои што намерно или случајно не се опфатени во мејнстрим медиумите.

Би сакал да објавам и некој ваш труд со ваша дозвола. Кој има желба нека пиши во пп. Ви благодарам.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2012 во 12:51

КАПКА

Една капка на моето тело,

дали ќе се слизне,

зад себе оставајќи  траг ?

 
Друга капка на моето тело,

дали ќе испари ,

исто како да не постоеше?

 
Третта капка на моето тело,

дали од болка или блаженство,

ќе погодиш ли?

 
E добро де -погоди ,

ништо не е ,

врне…од дождот е!

Animated wallpaper, screensaver 240x320 for cellphone Animated wallpaper, screensaver 240x320 for cellphone

Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2012 во 01:26

Допир

Допир,ах тој допир. Колку ли ќе останам зарoбена во овој затворен круг на емоции кои без чувствително ме приковаа за да ја почувствуваат мојата болка?
Да,ја посакуваат мојата солена солза која веќе одамна е засушена,затаена во оваа грло,вресок од душа што и волците од најтемната шума би се уплашиле.
Посакувам да го допрам недопирливото...твојот допир.
Те допирам само во сон,јавето за мене не постои,како да живеам во туѓо тело не чувствувајќи го твојот допир кој некако е астрален,не можам да те допрам освен кога ги затворам очите...Ти,дали постоиш?Каде си ти?
Ноќта се приближува,желно чекајќи го сонот да ми падне на очите.
Ноќен јавачу на моите сништа допри ме!Допри го мојот сон за да живеам во твoјот сон,недопирливото ќе биде допрено,невозможното ќе биде возможно.
Само уште еден чекор до бесконечноста и тука си,тука сум со твојот допир.
Пронајди ме,побарај ги трагите од мојата засушена солза,допри ја,ќе ја почувствуваш мојата тага,таа ќе те одведе до мојата душа,до темното небо без ѕвезди.Но,само една ѕвезда сеуште сјае,трепери со сиот нејзин сјај,патоказ до ѕвездата Даница...Ти само допри ме,ќе ти го покажам патот до нејзиниот сјај,а тогаш сите ѕвезди ќе затреперат...Прекрасен космос во моите очи.
Допри го мојот сон...Ти,само допри ме.

Даница Петровска

Љубов и само љубов
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2012 во 23:13

http://farm4.static.flickr.com/3647/3330578418_101c7b37fc.jpg

не заборавам
како да беше завчера,
вчера и денес
во сите тие различни денови
со различни вистини
а причини?
непознати
.
а во деновите
кои ќе дојдат задутре,
утре и денес
во сите тие различни заборавања
со различни причини
а вистината?
непозната

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2012 во 22:18
Измамени од Ерос...Се играа две сенки,полниот месец ги осветлуваше нивните голи испотени тела.Со секоја нова капка пот блажена воздишка ,испреплетено со нежен крик,крик од длабочини на љубовен повик.Сочни,слатки сокови,набрекнати
изгризани усни од немилосрдни бакнежи кои се топеа од врелина.
Предигра...Се играа две сенки,игра на љубовта.Ѕвездите им намигнуваа,трепереа
со секој нивен трепет на телото,трепереа како бамбус на благ ветрец,нишајќи се
како да сака да го допре другиот бамбус.
Магија,волшебство од љубов. Самовили сокриени под расцутениот багрем скришум
им пее песна,го играа нивниот танц,попрскувајќи ги им фрлија клетва вечно да се љубат од љубов да не куртулат.
Сега ,проколнати не можат да се разделат,не можат да престанат да се љубат,љубовта е нивното име, врежано е во ѕвездите,во реката која желно ги
чека да се измијат од љубовен потт,земјата која тука плодна е.
Оваа не секс,оваа е љубов...да сексот ги задоволува физичките тела,потреби...
оваа е нешто по возвишено од сексот,без љубовта се е некако празно,алка која недостасува.
Токму љубовта е тоа што е потребно...со љубов се раѓа нова љубов,семе на љубовта создава нов живот.

Љ У Б О В

Даница Петровска-Дани
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2012 во 14:20
Болка
Страотно!Досега немам видено човек,кој под јаки седативи не можеа да го совладаат ниту тројца,цврсти мажи,кои се обидуваа да го приковат за креветот за да медицинскиот персонал,односно една млада лекарка успее да му даде средство за смирување.
Погледот ми беше кон чичко ми. Го гледав како се бореше за да ги тргне рацете,кои цврсто го држеа приклештен за креветот. Едниот од нив го прегрна зборувајќи му дека така требало да биде,треба да размислува и за ќерка му,впрочем има и друго дете на кое му е потребен,мора да собере сила и храброст да живее.
Чичко ми плачеше,рикаше од болка,страшен крик од кој крвта ми се следи во вените.
Во еден миг како да се смири,како да седативите успееја да го совладат,но не и болката. Од неговите очи течеа солзи.Се надевавме дека успеа да се смири од седативите,но незнам каква сила имаше,и како некое рането животно почна грчевито да мавта со рацете,се бореше за воздух,се гушеше.
Се стресов,призорот беше страшен .За прв пат видов човек речиси при умирање.
Сите се стрчавме,го прскавме со вода. Младата лекарка,од медицинскиот прибор,од онаа црна чанта извади шприц и некои комбинирани инекции и го боцна чичко ми кој се уште имаше тикови стегајќи ја вилицата. На еден миг помислив дека се е готово,дека чичко ми е готов. Запрепастено и немо гледав во призорот,не верував дека сето тоа се случува,посакав оваа да е само еден лош сон...да, оваа е лош сон и јас сега ќе се разбудам.
Неговиот крик ме врати во реалноста,плач и лелек. Повторна започна борба да го совладаат...помислив каква е таа сила што го држи мојот кутар чичко. Тој урликаше.
Неговиот глас не излегуваше од грлото туку од душата.
-„Го убија!!! Го убија кучиња,клети кучиња го убија!!!„
Настојуваа да го смират,но немаше сила која би го сопрела да престане да плаче,
вреска од преголемата болка.
-„Ах,Кирил бе Кирил!Ах,дете мое!Ах,кучиња бре кучиња!!!„
Во собата влезе уште еден лекар. Беше повикан бидејќи на чичко ми му беше уште по
лошо,не се смируваше,како вода да му даваа наместо седативи.
Лекарот со сериозен,прашалнички тон ја праша својата колешка каква терапија му има дадено на пациентot.Од нејзиниот треперлив глас се гледаше дека е млада лекарка,додуше не без искуство,плашејќи се нешто да не згреши во рапортот на искусен и постар лекар. Ја опиша клиничката состојбата во која го има затекнато пациентот,односно мојот чичко,со кои инекции и седативи го има боцкано.
Лекарот бледо и зачудувачки ја погледна својата млада колешка и со строг глас и се
обрати:
-„И,ти,на овој човек,во оваа состојба си дала оваа терапија!?.Како ли успеа само да ја земеш дипломата?„
Младата лекарка пребледе. Настојуваше да му објасни на лекарот нејзината гледна точка на клиничката слика на пациентот.„Но јас...Лекарот ја пресретна со презирен
поглед и со строг тон и нареди кои ампули да отвори и тој самиот го боцна чичко ми,кој за кратко време се смири,немаше сила да ги подигне рацете,а очите едвај ги
држеше подотворени од кои сами ,како река течеа солзи.
Незнаев што да правам,не можев да ја гледам таа болна тага на лицето на чичко ми.
Излегов во дворот да се освежам,мислев дека ќе се онесвестам од таа цела ситуација,
како да не можев да сватам дека реално се случува,дека оваа не некој мој лош сон,
како оваа да се случува на некој друг.
Не,оваа е сон,јас морам да се разбудам. Солзите ми потекоа,плачев како дете.
Набрзина ги избришав солзите,не сакав некој да ме види дека плачам. Незнам,но таква сум,своите емоции ги кријам како и солзите,но овие солзи не можев,тие течеа сами.
Тоа не беа солзи туку река која надоаѓаше. Врелите солзи текоа низ образите сливајќи се по самото грло кое од болка беше како камен. Засушените солзи ги чувствувам се уште,ме печат,се истопија во мојата душа. Од тогаш јас не можам да сокријам било која солза,од моите очи тие течат како река.

Вистина за една болка-вистинита случка за едниот загинат полицаец .

Даница Петровска
Љубов и само љубов
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2012 во 13:52

Тајни обвиткани со чувство на вина. Кому му се потребни? Зошто да се плашиме каков впечаток ќе оставиме? Јас сум таа што сум, впечатокот луѓето сами си го градат. Многумина ја криеме сопствената болка, но секогаш најтаинствен е начинот на кој се справуваме со нејзе. Сите се трудиме да бидеме нормални во очите на другите, но што правиме кога сме сами со сопственото лудило? Некој посегнува по чашката, некој по ножот, некој по иглата – секој си има свој начин. Луѓето не осудуваат, па затоа и имаме свои тајни и не бараме помош кога ни е најпотребна. До кога ќе се покажуваме со прст едни со други и ќе се нарекуваме: слабак, плачко, женкар, курва, педерче, машкоданка итн? До скоро верував дека се плашам од сопственото постоење, но не, јас се плашев од соочувањето со сопствената болка, со сопствените демони, со критичарот кој ме угнетува. Секој е автодеструктивен на свој начин, но јас верувам дека излекувањето е во соочувањето со тоа што не прогонува. Што и да правиш во самотните часови кога чувствуваш дека губиш тло под нозете, независно дали спасот го гледаш во резот на острицата по твојата кожа или чашката алкохол итн. – постојат луѓе кои ќе те прифатат онаков каков што си и ќе те сакаат. Не си сам. Постојат луѓе на кои што им е побитна твојата душа. Да шириме љубов наместо омраза, подобро некому да му подадам цела рака и да го вратам назад во живот отколку со прстот да го осудам и да го турнам во неговата сопствена провалија.

Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2012 во 11:58
ла ла
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2012 во 11:56
контрадикторно ми е

c'est la vie
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2012 во 11:53
Originally posted by d4 b3 d4 b3 напиша:

усмихвам се когато страдам
говоря докато мълча

и буден съм като заспивам
а бурените мисля за цветя

аз мразя докато обичам
в лъжата търся истина

живея докато умирам
и пиша без да мога да чета

в началото бе края
а в тъмнината виждам светлина


MNOGU E DOBRO, samo so e kontradiktorno
prema mene treba da e pesnata vaka


и буден съм като заспивам
а бурените мисля за цветя

аз мразя докато обичам
в лъжата търся истина

живея докато умирам
и пиша без да мога да чета

в началото бе края
обаче, искам в тъмнината да виждам светлина





Изменето од anakin - 01.Мај.2012 во 11:54
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2012 во 09:14
усмихвам се когато страдам
говоря докато мълча

и буден съм като заспивам
а бурените мисля за цветя

аз мразя докато обичам
в лъжата търся истина

живея докато умирам
и пиша без да мога да чета

в началото бе края
а в тъмнината виждам светлина

Изменето од d4 b3 - 01.Мај.2012 во 09:49
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,345 секунди.