IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - На столбот на срамот!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На столбот на срамот!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 474849
Автор
Порака Обратен редослед
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2009 во 14:55
Originally posted by ABC ABC напиша:

Абе зар сеуште некој ги слуша ставовите на човекот кој не знаеше цели 3 години на кој спрат да ја достави апликацијата за континуитет на членството од Македонија во ООН,со исто име како и 50тина години дотогаш?лутина
Зарем мислиш случајно не знаел.

Изменето од sard - 20.Август.2009 во 15:28
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
ABC Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 371
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ABC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2009 во 14:44
Абе зар сеуште некој ги слуша ставовите на човекот кој не знаеше цели 3 години на кој спрат да ја достави апликацијата за континуитет на членството од Македонија во ООН,со исто име како и 50тина години дотогаш?лутина
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2009 во 14:31
Сепак, според поранешниот министер за надворешни работи Денко Малевски, по вчерашниот негативен одговор на Грција за предлогот на Нимиц, процесот за наоѓање компромис меѓу двете земји е попречен затоа што Грција се наоѓа во поповолна позиција и нема причина да прифати решение на нејзина штета, а нашето раководство не е подготвено да ја прифати реалноста.
- По Бук*решт, позицијата на Грција е многу силна. И НАТО и ЕУ јасно кажаа дека услов за наше членство е решавање на спорот. Ние сме во нерамноправна ситуација затоа што Грција ги има сите инструменти на опструкција - вели Малески.

Според него, единствениот излез од овој ќор-сокак е во отворање сериозна дебата кај нас за тоа што е суштината на овој спор и што суштински ги иритира Грците.
- Така ќе се отворат посериозни теми за тоа како македонската политика гледа на историјата на некогашна Македонија. Мора да ги убедиме соседите дека сме се откажале од идеите за Голема Македонија, дека тоа македонската политика му го објаснила на македонскиот народ и во крајна линија дека Македонија е подготвена да го разреши овој идентитетски спор откажувајќи се од оваа екск*рзија во античка Македонија - објаснува Малески.


од интервјуто „Грција со забелешки, Македонија со мани“ во Време со новинарот Тони Ангеловски

Цитирај процесот за наоѓање компромис меѓу двете земји е попречен затоа што Грција се наоѓа во поповолна позиција и нема причина да прифати решение на нејзина штета,
Да се сложуваме, се додека силеџијата е неказнет зошто би се откажал од придобивките стекнати со насилство. Но прашањето за вас и за секој: Дали Грција е во право!? Ако не е во право, ние тогаш да работиме нерешавањето на проблемот да не биде без казна, бидејќи ако сега силеџијата без казна или закана од казна не се откажува од насилството, зошто би се откажал подоцна кога уште еднаш силеџиството му се исплатило.

Цитирај а нашето раководство не е подготвено да ја прифати реалноста.
Сами да си купиме јаже или ќе ни донесат.

Цитирај - По Бук*решт, позицијата на Грција е многу силна.
Тоа што Грција после Бук*решт прави радикализација на насилството внатре и во меѓународната активност во врска со политиката во однос на Македонија не значи дека после Бук*решт Грција е посилна.
Напротив, после Бук*решт нашата правна позиција е многу подобра, така што Грција мораше да го зголеми меѓународниот притисок во спорот со Македонија за да ги задржи претходните политички позиции пред меѓународната заедница.


Цитирај И НАТО и ЕУ јасно кажаа дека услов за наше членство е решавање на спорот.
Што не значи дека рекле под решавање на спорот се подразбира ние да прифатиме тоа што Грција го бара.

Цитирај Според него, единствениот [size=150]излез од овој ќор-сокак е во отворање сериозна дебата кај нас за тоа што е суштината на овој спор и што суштински ги иритира Грците.
Види, види. Чуј го човеков, ние сме ги иритирале Грците со тоа што сме Македонци и така себе си се нарекуваме. Штом мислиш дека не треба да ги иритираш, тогаш немој да си се нарекол Македонец. Да сме отвореле дебата во која ние ќе се преиспитаме и ќе бараме со што ги иритираме Грците. Ова како приказната со срната која била виновна бидејќи му ја матела водата на волкот кој пиел погоре на потокот.

Цитирај Така ќе се отворат посериозни теми за тоа како македонската политика гледа на историјата на некогашна Македонија. Мора да ги убедиме соседите дека сме се откажале од идеите за Голема Македонија,
Ако со 10 тенка и 2 расипани хеликоптери сме силни за некој да се плаши од идеите за Голема Македонија, тогаш зошто не убедуваш дека Грција е силна за да ја „прифатиме реалноста“.

Цитирај дека тоа македонската политика му го објаснила на македонскиот народ и во крајна линија дека Македонија е подготвена да го разреши овој идентитетски спор
Ова не е и не може да биде историско прашање, туку пред се прашање на човекови права. Ние не можеме да отстапиме бидејќи се работи за човеково право. Нашето име е наше право. А без човекови права, во случајов без да бидеме што сме, нема човеков живот.

Цитирај откажувајќи се од оваа екск*рзија во античка Македонија
Поради елементарното признато право на човековата слобода на мислење, секој има право да ја обработува историјата според своите уверувања, се додека не изразува ставови кои нарушуваат туѓи човекови права. Ние не спориме туѓо право туку нам ни се оспорува, веќе стекнато право.


Изменето од sard - 20.Август.2009 во 14:42
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 474849
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.