IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4748495051 61>
Автор
Порака Обратен редослед
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 17:20
Роналдо се спаси во сообраќајка, но не и „Ферарито“

Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо доживеа сообраќајна несреќа, во која нема последици по него, но има по неговото „Ферари“.

Утринава, околу 9:20 часот, Португалецот изгубил контрола над својот автомобил и силно удрил во ѕидот од тунелот низ кој поминувал во Манчестер.

„Предниот дел на луксузниот автомобил е целосно уништен. Делови од возилото и од оградата имаше насекаде низ патот. Роналдо само стоеше крај патот зачуден. Вистинско чудо е што нему не му е ништо, а автомобилот така лошо изгледа“, изјавил еден очевидец на инцидентот.


Роналдо има среќа што е без последици по сообраќајката, во која неговото „Ферари“ е уништено


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2008 во 23:50
Рома во лов на Нистелрој и Подолски

Холандскиот напаѓач во редовите на Реал Мадрид, Руд Ван Нистелрој можеби веќе нема толку да му биде потребен на клубот, откако кралскиот клуб во своите редови го доведоа Хунтелар, а се погласно се најавува и пристигнувањето на Бензема.

Договорот на Нистелрој му истекува во 2010. и според гласините во јавноста голема е веројатноста корпулентниот Холанѓанец да премине во Рома.

Но, за ваквиот трансфер би можеле да се појават две препреки: првата е високата годишна плата на Нистелрој од шест милиони евра, а втората е повредата на коленото која му задава се повеќе проблеми на Холанѓанецот.

Вториот кандидат за кој била заинтересирана Рома е 23-годишниот играч на Баерн Минхен, Лукаш Подолски кој сезонава нема голема минутажа во стартниот тим.

Во случај Рома да се одлучи за Подолски главниот проблем би можел да настане околу отштетата. Имено, Баерн инсистирал фудбалерот да се придржува до постоечкиот договор и да не отстапи ниту милиметар од него.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2008 во 08:50
ФФМ ги избра најдобрите во 2008 година
Томе Пачовски - фудбалер на годината

Голманот на Вардар и член на македонската фудбалска репрезентација Томе Пачовски ја доби наградата за фудбалер на годината за 2008 година, според изборот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
- Оваа награда многу ми значи. За неа се заслужни сите мои соиграчи од екипата, како и од репрезентацијата - рече Пачовски на свеченото доделување, кое се одржа во хотелот "Александар палас".
На церемонијата не беше присутен нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев, кој требаше да ја понесе наградата за интернационалец на годината. Во последните десетина минути од доделувањето се појави премиерот Никола Груевски со сопругата, кој го доби специјалното признание од ФФМ за развојот на фудбалот во Македонија.
Од завчерашната свеченост за спомнување е моментот на предавањето на плакетата на најдобриот тренер во 2008 година, Драгољуб Беквалац, од Вујадин Станојковиќ, првиот човек на тренерскиот одбор, кој претходно беше против Србинот да биде номиниран за оваа награда.
По веќе виденото сценарио, по завршување на официјалниот дел од свеченоста, гостите ги "нападнаа" масите и за само десетина минути ги испразнија.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
HI)H( Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јуни.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 258
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај HI)H( Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2008 во 16:57
Босански судија ги пцуел фудбалерите на Македонија
Босанскиот судија Ново Паниќ со пцовки и други погрдни зборови им се обраќал на репрезентативците на Македонија за време на пријателскиот фудбалски натпревар со Црна Гора во Подгорица.



Коментарите на македонските репрезентативци за скандалозното однесување на судијата Паниќ денеска ги пренесува скопскиот весник „Македонски спорт“.

„Навистина неверојатно беше тоа што демонстрираше судијата на средбата. Замислете, буквално ни се обраќаше. Ајде п.....доста плачете, дајте ако можете гол. Ретко досега забележан однос на меѓународните средби, за кој треба да се запраша и УЕФА“, коментирале поголемиот дел од македонските фудбалери, по натпреварот одигран во средата во Подгорица.

Црногорските медиуми во извештаите за пријателскиот натпревар на кој Црна Гора победи со 2:1, едногласно коментираат дека судијата Ново Паниќ лошо ја делел правдата и досудил непостоечки пенал за домашната репрезентација
1 Година верен форумџија
Кон врв
HI)H( Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јуни.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 258
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај HI)H( Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2008 во 16:56
"Најк" ќе го брка Роналдо за во Интер
ImageПопуларниот светски бренд за спортска опрема "Најк" смисли нова тактика за привлекување на играчите.


     Овојпат станува збор за Кристијано Роналдо, кој според последните изјави на високи претставници на "Најк" шпекулираат за евентуален трансфер на португалецот во Интер.

     Освојувачот на "Златната топка е долго на мета" на Реал, но ниту понудите од бајките од Мадрид не можеа да го натераат да ги напушти редовите на Манчестер Јуанјтед. "Кориере дело Спорт" тврди дека притисокот на спортскиот гигант "Најк", со поддршка од Интер и главниот спонзор на тимот "Пирели" може да го стори она за што парите на "кралевите" не беа доволни - да го натераат Кристијано да го напушти "Олд Трафорд" и да реализираат еден од најголемите трансфери оваа сезона.

     "Најк" сака на "Џузепе Меаца" да создаде тандем од двајцата играчи кои ги спонзорира - Ибрахимович и Роналдо и така да направи одличен маркетингшки потег, а слична идеја, само од други причини има и сонародникот на Кристијано, Жозе Мурињо.

     Медиумите тврдат дека една од причините за неуспехот на Реал во преговорите со Роналдо е тоа што "кралевите" носат опрема која ја прозиведува "Адидас", додека Роналдо користи "Најк" копачки. Во Интер нема да има такви проблеми.
1 Година верен форумџија
Кон врв
ZIKS Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 43
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZIKS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 09:28
Battle Control - Terminated
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 08:24
"Златната топка" за Кристијано Роналдо

Овогодинешната награда "Златна топка" му припадна на Кристијано Роналдо, играчот на Манчестер Јунајтед, кој според тоа го наследи Бразилецот Кака, кој минатата година ја доби престижната награда која ја доделува магазинот "Франс Фудбал".

Роналдо при гласањето на новинарите добил 446 бода, со што убедливо беше пред второпласираниот Меси (281 бод) и третопласираниот Фернандо Торес (179 бодови).

После Уезебио кој наградата ја доби 1965. година и Луис Фиго, кој со овој трофеј беше награден 2000. година, Роналдо е третиот Португалец кој ја освоил "Златната топка".

Тој исто така, е и четврти играч на Манчестер Јуанјтед со ова признание, после Денис Ло, Боби Чарлтон и Џорџ Бест.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2008 во 12:50
По исклучувањето на голманот Пандев
17-годишник на голот на Турново

Мечот во Кратово меѓу Силекс и Турново (4-0) гостите ќе го паметат по исклучувањето на голманот Томе Пандев во 78-та минута, по кој на голот на Турново дебитираше 17-годишниот Панче Тасев. Во претходното коло црвен картон заработи и првиот голман Стојан Димовски, па веќе в недела турновци ќе мора да експериментираат со голобрадиот Тасев.Оваа средба иако немаше резултатска неизвесност, сепак изобилуваше со неспортски моменти. Со своето судење се "прослави" главниот судија Димитар Мечкаровски, кој досуди пенал на кој гостите жестоко приговараат, притоа им исклучи и двајца играчи, Александар Крстев и голманот Томе Пандев. Овој момент ги зовре страстите, па мораше полицијата да реагира и да ги раздвојува нервозните фудбалери.


газење%20од%20смеење
газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењеv
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2008 во 11:03
Во секој клуб секогаш има падови и подеми....да не претеруваме со беспотребни провокации
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2008 во 09:57
i Vradar bi trebalo da e napusti ligata .......... ionaka gubi od kogo kje stigne голема%20насмевка
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2008 во 08:45
Пелистер ја напушта лигата

Фудбалскиот клуб “Пелистер“ од Битола на итниот состанок на управата на клубот, решил да се обрати до светската и европската фудбалска куќа ФИФА И УЕФА со барање остро да се казни, како што велат, судиската мафија во македонскиот фудбал.

“Сведоци сме на класична хајка против нашиот клуб.Пелистер повеќе неможе да угостува судии пратени по нарачка и не им гарантира безбедност на стадионот “Под Тумбе Кафе“, соопштуваат од клубот

До добивањето на одговорот од ФИФА и УЕФА, ФК “Пелистер“ нема да настапува во првата Македонска фудбалска лига и сигурно е дека нема да патува на натпреварот од 17-то коло против ФК “Металург“ во Скопје.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2008 во 08:42
Господине Катанец - немате врска!!!

Најдобро ќе биде Катанец да ја преиспита малку својата работа во репрезентацијата, а не да бара алиби во играчите, ФФМ... И врапчињата знаат како функционира ФФМ. Зошто прифати да биде селектор кога знае дека нема услови за работа и кога нема "доволен фонд на квалитетни играчи"!? Вистински тренер не би прифатил. Зошто дојде тука, тој да не научи нешто, да каже како треба да стојат работите затоа што ова што досега го покажа го знаевме и самите.

А, играчите што цело време ги спомнува, и тие знаат нешто, во нив припаѓам и ќе го изјавам следново:

"Селекторе, и јас играм во голем клуб и работам со голем тренер и секој ден гледам како е да си вистински професионалец. И кога сета таа професионална работа ќе ја споредам со вашата нема ама баш никаква допирна точка.

На пример, изјавивте дека не гледате видео од противникот и дека тој не ве интересира што мислам дека е голема глупост и само ќе се надоврзам на Никола Илиевски Џиџи: па на основа на што тогаш ја базираш или приготвуваш својата тактика за натпреварите. Ние гледаме видео двапати неделно, а и многу други поголеми клубови го чинат истото затоа што за тоа сум разговарал со Владимир Шмицер, кој е освојувач на пехарот на Лигата на шампионите и секој разговор со него е големо искуство. Секој следен наш противник еден од помошните тренери го гледа и во живо и на основа на сето тоа се создава некоја концепција дури и до најмали подробности.

Второ, секој играч што треба да го засили тимот е следен со денови и месеци како на натпревари така и на тренинзи. Тоа го знам бидејќи пред една година и јас направив трансфер од Мост во Славија и тоа лично ми го има кажано Карел Јаролим, моментално најдобар тренер во Чешка, повеќекратен освојувач на чешкото првенство, легенда како играч на Чешка и желба на многу европски клубови да го видат на својата клупа. Вие дури не знаете дека некои играчи постојат, а не уште и да отпатувате и да ги гледате. Тоа е ваша работа. Лесно е да кажете за нас дека не постоиме.

Трето, еднаш ме повикавте и видов какви тренинзи имате, 'три корни пенал'. Милам дека се сеќавате на тој тренинг во Охрид, зошто јас нема никогаш да го заборавам. Видов како не подготвувавте пред натпреварот со Естонија и Русија кога заборавивте да кажете за поставеноста на секој играч при одбранбени и напаѓачки корнери и скратени слободни удари. Ако се сеќавате првиот гол го примивме во таква ситуација, а однесувањето на играчите при секоја таква ситуација беше хаотично. Мислам дека тоа е од голема важност при секој натпревар.

На крај да кажам дека ова го изјавувам затоа што ја сакам Македонија повеќе од вас и сакам да ја видам на големо натпреварување, а вие, драги селекторе, сте многу далеку од тоа.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2008 во 09:07
И Катанец "распука" по ФФМ!

Македонскиот селектор Среќко Катанец на неформална, крајно динамична, занимлива, а во одредена мера искрена средба со медиумите се одлучи, како никогаш претходно, вчера во хотелот "Александар Палас" да го отвори своето срце за сите случувања во и околу нашиот национален тим, за сите успеси и неуспеси, за сите различни меѓусебни гледишта за значењето на позитивен резултат, за...

Посака Среќко на крајот од годината по двата неуспешни резултати против Исланд и Црна Гора да си каже се што му лежи на душа, притоа конечно по три години зачудувачки "осознавајќи" и дека ФФМ го држи мак-фудбалот во континуирано "мртвило", која е една од причините што сите ние залудно очекуваме некаков резултатски исчекор...

"Овде репрезентацијата нема никакви услови за работа. Сакате сите некои феноменални резултати, а притоа не се погледнуваат придружните фактори. Не знам друга репрезентација во светот која сака да оди на СП, а притоа фудбалерите да се облекуваат во хотел па потоа така со километри да одат на тренинг", го отвори срцето Катанец притоа продолжувајќи:

"Погледнете само каков комплекс Фудбалскиот сојуз на Црна Гора успеал да направи за само една година. Какви услови им се нудат на нивните фудбалери. А, што имаме тука? Ете читам и Милко Ѓуровски пред извесно време потенцираше дека и македонските клубови живеат и работат без минимум услови. Македонската лига е таква каква што е, лоша, а таа треба да биде базата од каде ќе произлегуваат репрезентативците", вели македонскиот селектор, притоа јасно можеби на индиректен начин сега и тој го потенцира целокупното нефункционирање на ФФМ од неколку аспекти.

Катанец си го кажа своето мислење кое, сепак, на вчерашната средба со новинарите не успеа да го слушне и претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, откако пристигна само неколку минути подоцна... На констатацијата, пак, дека токму поради сето тоа што тој сега го нагласува можеби бил и обидот за промена на раководството на ФФМ, кое, пак, претходно грчевито го бранеше, Катанец со краток одговор:

"Не, јас не знам околу тоа ништо. Јас не се мешам во тоа. Јас само си го кажувам своето мислење..."

А, зошто па дури сега го кажува мислењето за начинот на раководење на мак-фудбалот од страна на актуелното раководство на ФФМ, кое повеќе или помалку добро & е познато на целокупната домашна фудбалска јавност, селекторот со нагласок дека бил трпелив три години, но...

"Не може веднаш по пристигнувањето да кажувам дека нешто не е в ред. Ете чекав три години во од да се менуваат нештата, но ништо не се менува. Па јас три години се убедувам и околу специфичноста и неопходноста на храната која треба да им се овозможи на фудбалерите, за што може да ви потврди и докторот, но ништо од тоа. Навистина при одредени работи нема никаква професионалност, а се бараат резултати", констатира Катанец за нашата жалона фудбалска вистина која досега упорно ја сокриваше, а за која конечно се осмели и самиот да проговори.

Убаво го потенцираше Словенецот хаосот околу функционирањето на ФФМ, но може ли ова да се протолкува и како задоцнета реакција на селектор кој е повеќе од свесен дека многу брзо ќе го напушти столчето на клупата на нашиот национален тим, па откако минатата година силно се "жртвуваше" за Хаџи-Ристески сега се сети дека треба да се зборува вистината. А, од друга страна Среќко Катанец, како и на сите претходни прес-конференции, упорен е и со својата "вистина" дека "А" селекцијата демонстрира виден напредок по неговото доаѓање, а нашата јавност не треба да ги гледа резултатите, но пред се задоволството од прикажуваните игри.

"Ни останува овој квалификациски циклус, а потоа јас заминувам. Затоа со ваша помош посакувам конструктувност во овие квалификации за да се подигне атмосферата и да има подобри резултати. Ова е мое последно вакво обраќање", ја соопшти притоа Катанец и причината за ненадејниот собир со медиумите.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2008 во 09:07
Да ве чујам, кој збореше за криза во Рома

Позитивната серија на фудбалерите на Рома продолжува. По победата над Клуж (3:1) во Лигата на шампионите ја запишаа и четвртата победа во последните пет натпревари.

Исто така по воведните два пораза во групата А од Лигата на шампионите добија три во низа, и се пред последните 90 минути на првото место во групата со реални шанси за минување.

Одлуката ја носи домашниот натпревар против францускиот Бордо.

“Сега изгледа дека дојде време веќе да не збориме за кризата во Рома. Одигравме уште еден одличен натпревар, а играчите само ми го покажаа она што го знам за нив. Дека се талентирани и подготвени за најголемите работи“, рекол Спалети и продолжил:

“Дојдовме во перфектна ситуација по стартните два порази. Иако групата е силна успеавме да ја свртиме приказната во наша корист. Клуж? Одлична екипа, технички безпрекорна и затоа оваа победа е значајна“.

На крај Спалети додал:

Уживав да гледам како и со затворени очи се разбираа Тоти, Баптиста и Перота“.

Изменето од blueprayer - 29.Ноември.2008 во 09:07
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4748495051 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,258 секунди.