|
Писмени состави,семинарски... |
Внеси реплика | страница <1 4647484950 113> |
Автор | ||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Неколку мисли на големите умови за космосот како доказ за постоењето на Бога. Жан Жак Русо – е француски писател филозоф , кој живеел во 18 век рекол: ,, Голема е глупост да се претпостави дека оваа хармонија во овој свет може да настане од слеп механизам или случајно покрената материја. Цицерот најголем римски говорник , филозоф и политичар , кој живеел до 106- 43 година п.н.е вели: ,, Од готови букви случајно не може да се напише ниту еден збор а не една книга... Исак Нутон- Англиски физичар , математичар и астроном. Живеел од 1642- 1727 година. Еден од најзначајните личности во историјта на науката. Тој е основач на механиката како посебна научна дисциплина. Неговата теорија за гравитација е една од најголемите достигнувања на науката. Тој рекол”: ,, Целата хармонија во овој Космос можела да настане само затоа што Семоќниот Создавател сакал и тоа го создал. За овој голем научник се зборува дека секоја ноќ послее неговото наблудување на ѕвездите, длабоко се поклонувал на Создавателот на Космосот, бидејчи имал претчуство дека целиот космос го слави Својот Создатаел. Исак Њутон имал за ова право; Куранот за ова вели: ,, Него Го слават и Му се клањаат седум небеси, Земјата и се што е помеќу нив. Не постои ништо што Него не го слави и не Му се заблагодарува, но вие не го разбирате нивното славење и клањање на Неговото Битие. Навистина Тој е Благ и опростува.,, (Исра 13) Арртур Станли Еддингтон – живеел од 1882-1944 година Англиски астроном и физичар Директор на опсерваторијата во Кенбриџ, рекол: ,, Науката може една по друга да ги открива природните тајни, но никогаш нема да дојдеме до вистинскиот изглед на космосот. Модерните науки и астрономијата нужно не водат кон Бога. Космосот до крај го знае само Оној кој го замислил и го создал.. ,, Зарем не ви реков дека само Јас ги занам тајните на небесата и Земјата,,. (Ел-Бекара 32) Луцие Анеј Сенека – живеел во 1 век од нашата ера. Римски филозоф, писател, правник и сенатор рекол: ,, Кога ѕвездите би можеле да се видат само од една точка на земјината поворшина луѓето постојано би патувале таму за да го набљудуваат небото и да се восхитуваат на Неговите чуда,,. За ова Куранот вели: ,,Ние за небото создадовмее ѕвезди, и ги украсивме за оние кои ги гледаат (Кои земаат поука) (Ет-Теквир 15) Ѕвезденото небо е најубавата појава во природата. Ние доколку се навикнуваме на таа убава појава, да многу мал број на луѓе го набљудуваат небото и да уживаат во неговата убавина, и да се восхитуваат на божјата мудрост и Големина. Најновите научни откритија на полсто на нуклеарната физика, хемија , ембријологија, генетика, астрономија, т.е во сите науки , дадоа такви аргументи да овие закони не можат да настанат самите од себе. Гледајќи го сето ова неможе никој а да себеси не си постави прашање: - Како можело на настане сето ова? Зашто е овеа вака? Дали со сето ова( организација, состав, фунција и цела) раководи некое разумно сезнајно цемоќно битие или со него раководи една обична несвесна материја или слеп случај? И илјада други прашања: Ако некој одговори ” природата”тогаш каква е таа природа која во себе ги има овие атрибути; да е сезнајна , семоќна, да има архитектонски и творечки способности, да управува со се: од најситните делови на атомот до галаксиите во овој космос, сите овие да ги ораганизира и да одоржува хармонија и да ги води кон една цел. Зарем овие атрибути кој нужно е потребно да ги има ” природата” на која и го должат постоењето на вој свет и себеси, во верата не му се препишуваат на Бога. Зарем ова не е верување во природата , зарем ова не е заменување на поимот Бог со природа, зарем ова н е бегство за одговорност за делата каој човекот ги прави кој што Бог ја бара а нормално ” природата” не ја бара, таа не испрача објави, пратеници туку има само закони кој нормално друг( Бог) и ги воспоставил и таа ти ги следи. Зарем е можно да се рече дека овој свет чии што дел е човекот е резулата на случајно покренати процеси? Зарем во нашиов свет во кој живееме настанува нешто случакно, овој случај не знале ли кој последици ќе предизвика неговото активирање? Не . Човечкиот разум и овие глупости не ги прифаќа. Зарем е разумно после тоа што нашите очи не се во состојба да го видат Нашиот разум неможе да ја свати суштината на Неговото битие. Човекот уште во својата најрана младост се запознава со законите на природата: законите на физиката, хемијата... и сите други науки. Само како пример че го земиме еден од овие закони: Гравитацијата – тоа е способност на Земјата да привлекува кон себе се што постои на неа, како резулата на ова ние и се друго што има на оваа наша планета стои на неа а не е одлетано во Космосот. Сите имаат слушнато за постоење на центрипетална и центрифугална сила. Тоа се две сили кој ја држат нашата планета на точно одредено растојание од Сонцето , каде што едната сила на Сонцето како центар на Сончевиот систем ја привлекува Земјата кон себе за да не би Земјата одлетала во бесконечниот простор на Космосот , а другата , силата која што Земјата ја задржува Сонцето не ја глодне( привлече кон себе) и овие две сили дејствуваат на растојание од 150 милјони км. Зарем некој ја видел гравитационата сила? Зарем некој ја видел центрипеталната и центрифугалната сила? Не / А зарем некој ги почуствувал резултатите од нивното дејство? Да . Ние сме на Земјата, таа е на точно одредено место во Космосот. За нашите очи овие сили се невидливи во нашиот разум го даде својот збор. Исто така Бог за нашите очи е невидлив но нашиот разум вели дека за да постои сето ова што го гледаме и она што не го гледаме и самото наше постоење е поврзано со нешто од кое зависи се . Бог во Куран вели: ,,Зарем (неверниците) се создадени без Создавател или само тие се создадени? Или тие се создатели на небесата и Земјата? Не само тие не сакаат да се убедат. (Ет-Тур 35-36) Во основата сржта на верувањето е да се почуствува и доживее постоењето на Бога . Верувањето во Бога не значи само сознание за Неговото постоење, туку тоа со себе повлеку усовршување и прифаќање на сиидветно однесување и пракса со која Бог е задоволен. Верувањето не е само нешто да се зне дека Бог постои. Верувањето кои останува само во разумот како сознание а не наоѓа место во срцето и душта како волја и акција не е некакво верување. Верувањето како потреба на човечкиот живот според исламското учење исклучиво има смисол на акција и соодветно однесување. На сите места во Куран каде се зборува за иман (Верување во Бога) се спомнуваат и добри дела. Многу пати се повторува: ,, Оние кои веруваат и работат добри дела. Многу бројни се и хадисите на Мухаммед а.с : Кој не го помага гладниот не може да му се рече дека е верник, кој не му посакува на другиот (на муслиманот) она што си го сака за себе не е верник која на другиот му посакува штета не е верник. Верувањето во Бога човекот не го насочува и активитра во правец на борба за добро. Убаво и корисно која не го хуманизира човечкото срце и душа е лажно, безсодоржинско празно и дволично. За верникот Бог е најголем морален авторитет, извор на духиовните и моралните етнички врдености, извор на се што е убаво, племенито, корисно и возвишено. Верување во Бога значи признавање на Бога како најголем авторитет и прифачање на одредена дисциплина и однесување. Самиот збор ислам значи признавање и покорност на бОжјата волја. Ова не значи , како што мислат некои дека тое е фатализам. Покорноста на Божјата волја е основа на верување и значи вклучување во природниот ред на работите кој што Куранот го нерекува Суннетуллах и ускладување на своите активности и однесување со тој Божји ред не е нешто друго туку манифестација на Божјата волја . Ускладувањето и потчинувањето на поединечна човекова волја со Божјата која се потврдува со законитостите во сите работи, значи Ислам. Некој добро рекол дека: Куранот е природата која што зборува, а природата Куран кој што молчи! Верувањето во Бога значи решение на најважните прашања на човечкото егзистирање, посебно целта за неговото постоење. Важни елементи на верувањето се : одговорност за делата и верување во животот после смрта. Човекот не настанал случајно ниту пак како резулата на слепата природа. Тој не е тука за да биде гонет од своите нагони одредено време за потоа да изчезне за секогаш. Тој во рамките на Божјата концепција е планиран за вечноста, одредено му е местото и целта на своето постоење. Од тоа како ја сватил и извршил својата мисијата на Земјава. Верувањето во Бога значи свест за себе, својата мисија, смоето место и целта на своето постоење. Од тоа како ја сватил и извршил својата мисија ќе зависи неговата среќа на овој свет које е попатна станица од својата цел на идниот свет. Се што верувањето во Бога бара од човекот е да тој биде корисен, да прави добро на секого и да го избегнува злото. Верувањето во Бога значи заклетва дека човекот ќе биде човек. Верувањето се потврдува со одредена пракса, а не се докажува со ардументи. Ова не значи дека таоа не може да се брани и докажува со разум ни доказ. Но, нема потреба за тоа. Акоа човекот го прифатил и тоа прифачање се претворило во цврсто верување, да смислата на неговиот живот и постоење е во тоа да се искаже и потврди со своето секојдневно однесување како корисен член на човечката заедница , тогаш тоа може да се докаже само со дела и содветна порака. Тука непотребни се било какви мудрувања дека човекот е верник ако нема пракса и дела. Куранот е последна објава од Бога наменет за целото човештво до Суден ден а Мухаммед а.с последен Божји пратеник... [You must be registered and logged in to see this link.] ______________________________________________ За
Аллах единствено исламот е вистинска вера. А оние на кои им е дадена
Книгата се разделија во оној момент кога им дојде знаењето, и тоа од
меѓусебна завист. А Аллах брзо ќе се пресмета со тие што нема да
веруваат во Аллаховите зборови. 2 Re: Неколку мисли на големите научниците на космосот on 25th Јануари 2012, 23:18Karşi yakaАктивен член Број на мислења: 59 Репутација: 9 Join date: 2011-10-27 Прекрасно.Аллах да те награди за трудот и за тоа што придаваш значење на моментите од науката. Забелешки(видливи) немам за твојата тема,но еве јас да кажам нешто во врска со тоа. Исак њутн,еден од поголемите физичари и математичари,и на сите нам познат за откритијето на гравитацијата(како што ти кажа) и бил уверен дека господ постоји.И во една прилика рекол;све е однапред одредено! Еднаш приметил како јаболкото паѓа на тлото,и се распрашал:“Дали е силата која што влиаје на предметите што паѓаат,истата сила што го задржава месечината во неговото движење околу нејзината оска“! Потоа,го открил и диференцијалниот сметач.Има доста да се каже за Исак Њутн и за неговите откритија,но тоа да го оставиме за наредните прилики.А сека да кажам дека,Њјутн се смета за еден од најуниверзалните научници. А еве да раскажам еден настан што се случил,и е напишана и заведено во неговата биографија,значи историјски вистинит настан. Во неговото биро(работна маса)имало еден убав модел на Сонце,планети и нивните месечини. Еден ден ќе го посети неговиот пријател,кој што бил атеист и на Господ не му придавал големо значење. Кога го погледнал убавиот модел на сончевиот систем на бирото,го запрашал Њутн’а;откаде му е тој прекрасен уметнички дотеран модел ?!Њутн на тоа му одговорил:“Настанал сам од себе!“ Тоа нее можно,му одговорил неговиот пријател,сиот шокиран од неговиот нелогичен одговор. Меѓутоа,по неговото инсистирање да му одговори,Њутн сепак останал на почетниот став. Увидел дека е Њутн тврд во одговорот,пријателот се налутил и кренал да оди!“Гледаш ли сега“Њјутн му одговори:“Со право се лутиш,затоа што,не можеш да поверуваш дека овој модел може сам по себе да се создаде,односно случајно.Додека,ти сакаш со својата сериозност да ми појасниш дека,големиот оргинал во универзумот,не го потребува својот Творец(креаторот). |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Изменето од Valerija - 13.Март.2013 во 15:31 |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
blablaabla
Нов член Регистриран: 13.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ако може некој да ми даде линк каде што има напишано некој состав за Војните или за Космосот или пак да ме потикне нешто за да напишам ..благодарам однапред
|
||||||
blablaabla
Нов член Регистриран: 13.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ако може некој да ми даде линк каде што има напишано некој состав за Војните или за Космосот или пак да ме потикне нешто за да напишам ..благодарам однапред
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Culse,za vodata iskoristi neshto od ova:)
Тајните на водатаСекој ден ја пиеме,
а малкумина од нас знаат колку е таа моќна и значајна во нашиот живот.
На 22 март се одбележа меѓународниот ден на водата. По тој повод, еве
неколку познати и помалку познати факти за неа. Нашето тело има 80% вода, а исто толкав е процентот и на вкупната количина вода на Земјината топка. Толку многу вода, а уште повеќе тајни, кои таа ги крие во себе. Научниците велат дека водата е мала молекула со крајно специфични својства. Не постои друга молекула, во која се откриени такви аномалии. Да не постоеше барем една од тие аномалии, немаше да постои животот на Земјава. Водата може да се наоѓа во три агрегатни состојби. Од сите течности, таа има највисок површински притисок и е најмоќниот растворувач.Резултатите од експериментите изведени во многу држави, покажуваат дека водата го прима и помни секое дејство, кое се случува во нејзината околина. Доволно е да се допре до некој предмет, за да ги „разбере“ и меморира неговите својства. Помнејќи ја информацијата од околината, таа придобива нови својства, при што хемискиот состав не се менува. Досегашното гледиште беше дека за својствата на водата е важен единствено хемискиот состав. Сензационална новост е дека тоа претставува глупост. Структурата на водата всушност е многу поважна од хемискиот состав.Структурата на водата се однесува на начинот на кој се организирани молекулите. Молекулите на водата се обединуваат во групи, наречени гроздови. Научниците претпоставуваат дека токму гроздовите се своевидни клетки на меморијата, во коишто водата запишува сè што гледа и чувствува. Со современи уреди е откриено дека секоја мемориска клетка содржи 440.000 информациони панели, од кои секој е одговорен за дадено взаемно дејство со околната средина. Молекуларната структура претставува „азбука на водата“. Со неа можете да создавате наредби и да ги менувате.Емоциите, позитивните и негативните делуваат најсилно. Во лабораторијата на прoф. Костантин Короткоф биле изведени многубројни експерименти за влијанието на човечките емоции врз водата. Водата реагирала на строго определен начин. Генерално, љубовта ја стабилизира, агресијата ја дестабилизирa. Во лабораторијата на д-р Емото се испитува водата подложена на различни делувања. „Впечатоците“ на водата се запазуваат со брзо замрзнување и со криогена камера. Влијание на зборовите „Ти благодарам“ (лево), „Ми се лоши од тебе, ќе те убијам“ (десно) Влијание од хеви метал музика (лево) и од Моцарт (десно) Современата технологија овозможува структурирање на водата. Обработувањето на земјата со структурирана вода навистина има ефект. Структурираната вода делува и на крвта на човекот. Терапија со таква вода го лечи организмот. Феноменот структурирана меморија и овозможува на водата да запамети сè наоколу, да биде врска меѓу сите живи системи. Секој од нас е внатре во информацискиот ланец. Секој од нас е извор на информација. Секое наше дејствие, мисла, емоција, збор се запаметува во водата. Водата ни дава живот, здравје и енергија. Разбудете ја свеста и користете ја водата на правилен начин. Легендата вели:
Ќе дојде ден кога целата вода на светот, освен онаа која ќе биде брижно
сместена, ќе исчезне. А на нејзино место ќе се појави друга, од која
луѓето ќе полудуваат. Само еден човек го сфатил сериозно пророштвото и си обезбедил резерви вода. Дошол претскажаниот ден кога сите извори пресушиле. Човекот пиел од своите резерви. Набрзо изворите се наполниле со нова вода. Луѓето пиеле жедно и сите полуделе, а тој човек продолжил да пие од својата вода и останал нормален. Тој бил единствениот „разумен“ сред „безумниците“. Сите луди го нарекувале луд. Тогаш тој ја излеал старата вода и се напил од новата и го загубил разумот. А безумниците сфатиле дека тој најпосле се здобил со разум… Изменето од Valerija - 13.Март.2013 во 15:09 |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Culse
Нов член Регистриран: 13.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Дали може некој да ми помогне,ако знае нешто за некоја од овие теми:
- Нештата што ме праваш човек - Богатството на зборот и љубовта - Богатството на етничката различност - Еден ден во животот на Благон Горчиновски - Другарството и парите - Човечноста во човековото секојдневие - Ајде да ја фалиме водата - Тоа што ме води напред Ако имате било што напишете тука,ми треба за утре :/ |
||||||
lani4kaaaaa
Нов член Регистриран: 11.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 11 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Утешение грешним раскажано ми треба итно ..
|
||||||
FizZz
Нов член Регистриран: 13.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Потребен ми е есеј по биологија на тема "Што ке се случи со земјата за 100 години ако продолзиме со исто темпо"
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ахил е јунакот околу кого се одвиваат настаните во епопејата. Со него
започнува „Илијадата“, без него борбите се неуспешни, а со неговото
враќање се насетува победата на Ахајците. Ахил е идеал за совршен јунак.
Нему не му се важни богатството и пленот од војната, туку честа и
општото добро на сите Ахајци.
Ахил е бестрашен јунак кој е непоколеблив во борба, најубав и најсилен од сите, одважен, непопустлив, гневен и упорен. Тој е верен пријател кој се колне дека ќе одмазди по секоја цена. Одмаздувајќи, го гледаме како бездушен (кога го влече Хекторовото тело со двоколката), но и сочувствителен, великодушен и чесен кога му го дава телото на Пријам. Хектор е најславниот јунак на Тројанците. Хектор зрачи со својата чесност: како човек, како борец, како сопруг и како бранител на својот град. Заради честа на брат му Парис, заради честа на татко му Пријам, тој го жртвува својот живот. Особено пленува љубовта која ја покажува кон жена си Андромаха и верноста кон неа и семејството. За него тоа е свето, но сепак најсвета за него е родната земја. Парис не е како неговиот брат, тој не е толку силен, а ни толку храбар. Тој повеќе сака да ужива покрај убава жена, отколку да си ја одбрани честа или да се жртвува за татковината. Бидејќи причината за војната е тој, односно Елена која си ја зел за себе, тој учествува во борбите и двобоите, но онолку колку што мора. Агамемнон е горд и надмен војководец, храбар и силен, но често нерешителен и непостојан во своите одлуки (кога сфаќа дека ќе ја изгуби војната без Ахил, тој го моли за прошка). Нестор е постар од другите кралеви и војсководци. Тој е претставен како мудар човек, умерен, кој ја согледува реалната ситуација и застанува на страната на вистината (го прекорува Агамемнон за кавгата со Ахил и му предлага да попушти). За него претераната горделивост и инает се негативности кои човекот мора да ги совлада и надмине. Одисеј е храбар и силен јунак, но исто така се одликува и со итрина. Освен што влегува во битките бестрашно и непоколебливо, тој снаодливо влегува во кампот на непријателот за да ги дознае неговите недостатоци. Врв на неговата итрина е смислувањето на тројанскиот коњ. Андромаха е добра, чесна и вредна жена, верна сопруга и нежна мајка. Елена е прекрасна убавица, вљубена во Парис, но љубовта ја прави несреќна. Не може да поднесе дека таа е причина за толку страдања и смрт, па затоа се кае за сторената грешка што го напуштила својот маж Менелај. Терсит е еден од ретките претставници на долните слоеви на народот. Битките ги решавале водачите преку двобои, а не војската. Терсит е слободен војник, кој е опишан како многу грд со што се истакнува неговото ниско потекло (кривоног, куц, со криви рамења, шилеста глава со проретчена коса). Иако бил грд, тој е бистар и прониклив, а на царевите в очи им кажува која е нивната побуда за војување: богатење и плен (девојки). |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Структура и содржина на епот Гилгамеш
Како литературен вид, епот е најдолгата раскажувачка структура во стих. Така, и „Епот за Гилгамеш“ е пишуван во стихови, поделени во дванаесет пеења, напишани на дванаесет плочи, кои пак, може да се поделат на два дела: првиот дел е во првите седум пеења (херојството на Гилгамеш и Енкиду); вториот дел од осмото до дванаесеттото пеење (страдањата на Гилгамеш). Епот започнува со пролог, вовед (од современ аспект), во кој се запознаваме со Гилгамеш. Во ова прво пеење, има опис на ликот на Гилгамеш (поконкретно за описот во следните точки), се зборува за раѓањето (создавањето) на неговиот ’соперник’ Енкиду, како и за влегувањето на Енкиду во Урук. Во второто пеење се зборува за запознавањето на Гилгамеш и Енкиду, меѓусебното испитување на силите, збратимувањето и подготвувањето за борба против Хумбаба. Во третото пеење се сретнуваме со сонот како точно предвидување на она што се случува подоцна. Енкиду сонува лош сон, а Гилгамеш прави ритуал (составен дел од митолошкиот начин на живот), за да го спречи лошото пророштво на сонот. Четвртото пеење е карактеристично по тоа што се сретнуваме со јуначки подвиг на јунаците (главна карактеристика на јуначки еп). Тие го убиваат чуварот на гората на Хумбаба. Важно е да се спомене и тоа што боговите се вклучуваат во борбата помагајќи им на јунаците (подоцна ова е често во митовите на поновите цивилизации). Петтата плоча зборува за уште еден сон на Енкиду. Гилгамеш го толкува како позитивен. Сонот се исполнува: по борбата со Хумбаба, тие излегуваат победници и се враќаат во Урук со неговата глава. Во шестата плоча Гилгамеш ја отфрла љубовта на Иштар, а таа му праќа небесен бик да го убие. Гилгамеш ја потврдува својата сила и го убива бикот, со што го навлекува гневот на божицата Иштар. Седмото пеење е сонот на Енкиду, кој предвидува смрт. Сонот се исполнува; Енкиду легнува болен и умира. Во осмото пеење се сретнуваме со тажењето како посебен жанр во народната традиција. Гилгамеш е исполнет со тага за загубениот другар и брат и тагува над неговото тело. Деветтата плоча претставува пресврт во фабулата. Гилгамеш, соочен со смртта на Енкиду, си го поставува прашањето за сопствената смрт. Неможејќи да се помири со својата смртност, решава да бара можност за бесмртност. Десеттата плоча зборува за потрагата на Гилгамеш, напуштањето на домот, патувањата. Дознава за дрвото на животот и се упатува кон Утнапиштим. Единаесеттата плоча е мошне значајна, затоа што зборува за митот за потопот, што е извор (во пишана форма) на идејата за крајот на светот. Оваа епизода можеме да ја сретнеме во многу религии, некаде целосно пресликана, некаде разработена, изменета. Утнапиштим е тој што ја раскажува приказната за потопот и му кажува на Гилгамеш како да стигне до билката. Кога Гилгамеш ја наоѓа, змијата е таа што му го краде ’вечниот живот’. Во дванаесеттото пеење се сретнуваме со уште еден митолошки мотив, кој го сретнуваме и во старогрчката митологија и на други места – слегувањето во подземјето. Од оваа епизода ја гледаме идејата на Сумерите за подземниот свет; животот по смртта; контактот со мртвите; комуникацијата со нив итн. Ликот на ГилгамешВо овој јуначки еп, Гилгамеш е претставен како типичен јунак, херој заштитник на градот, силен храбар, почитуван. Уште во првото пеење се сретнуваме со опис за него: „Гилгамеш, победоносниот јунак, ѕидишта околу Урук изгради...“ [1], понатаму: „По убавина и снага никаде не му беа виделе рамен. Лавот тој од лежиштето го брка ... дивиот бик го лови со брзина и сила на својот лак...“[2]. Најкарактеристично за Гилагамеш е неговата природа. Тој е една третина човек, а две третини бог, што веднаш му дава натприродни особини и го сместува во редот на силните, храбрите. Гилгамеш е типичен лик – јунак за митолошките приказни, кој со својата моќ го чува принципот на доброто од силите на злото. Таквите свои атрибути ги покажал низ многубројните битки со животни, џинови, натприродни суштества што боговите му ги праќаат. Како културен херој градител на град, кај него, освен храброста, јунаштвото, силата, како епитет ја сретнуваме и строгоста (суровоста) кон своите сограѓани кога треба да му се покорат:
Од психолошка гледна точка, можеме да ја издвоиме чувствителноста како негова особина (оплакувањето на својот побратим, кој како лик е изграден идентично како него, како негов пандан: „Енкиду, пријателе млад, кај сила ти остана, а гласот, каде?“[4]). Сепак, најважната особина на Гилгамеш е исклучителната несебичност - тој сака билката на животот да ја донесе во Урук, да ја сподели со своите; ја чува, не ја користи само за себе. Оваа особина, оваа постапка, потсетува на Прометеј од грчката митологија, кој сакал да им го даде огнот на луѓето. Божествената природа на Гилгамеш пак, потсетува на Херкул, исто така од грчката митологија. Уште еден лик во овој еп, го сретнуваме и на многу други места во светските религии. Тоа е ликот на Утнапиштим, кој во нашата религија одговара на ликот на Ное. Симболиката во „Епот за Гилгамеш“
Од оваа мисла на Е.М. Мелетински можеме да заклучиме дека во основата на митологијата е обновувањето на светот, неговото повторно создавање, т.е. пресоздавање на редот, враќање кон почетокот на светот, кога сè е ново, чисто, недопрено. За создавањето на светот зборуваат космогониските митови, кои се тесно поврзани со есхатолошките митови (митови за крајот на светот), затоа што обновувањето на светот се одвива во две фази што претставуваат еден вид кружно движење, еден вид циклус: уривање на светот (со потоп, со пожар или на друг начин), и веднаш потоа негово повторно создавање, обновување. Тоа го имаме сликовито во „Епот за Гилгамеш“ - случувањата на Утнапиштим во епизодата со потопот, што е целосно преземена епизода и употребена во Библијата - митот за Ное. Интересно е да се спомене дека за митолошкиот човек обновувањето на светот е многу значајно. Всушност, тој верува дека светот се раѓа повторно, а не се обновува (парафразирано од ’Аспекти на митот’). „Постепено... почна да се раѓа идејата дека постојат вистинити (а не само обредни) уништувања и создавања на светот, дека има „враќања на почетоците“ во вистинска смисла на тие зборови...“[6]. Најчеста симболика во „Епот за Гилгамеш“ имаат броевите. Така на пример, бројот дванаесет го сретнуваме во поделбата на епот на плочи. Бројот на месеците во годината го сретнуваме и во десеттата плоча во разговорот меѓу Ур-Шанаби и Гилгамеш, кога Ур-Шанаби вели: „...Сега дванаесетто стебло земи, Гилгамешу, забоди го“[7]. Гилгамеш користи дванаесет стебла за да ја преброди опасноста. Бројот седум, исто така се сретнува повеќе пати во епот. Еве некои примери: „Шест дена и шест ноќи го оплакував и во гроб не го положив“[8] - закопот е седмиот ден; „Шест дена и шест ноќи во потоци дождот паѓаше. Седмиот ден потопот попушти“[9] - седум дена трае потопот. Како митски симбол го издвојуваме и гавранот, како врска меѓу два света (гавранот му докажува на Утнапиштим дека потопот поминал; а во Библијата гулабот носи маслиново гранче). Змијата, исто така, може да ја спомнеме како уништувач, измамник, злобник. Таа го лишува човекот од бесмртноста, а во Библијата ги лишува Адам и Ева од рајот. Значењето на епотНајголемото значење на делото се состои во тоа што е прв пишан текст со уметничка вредност. Во него се наоѓаат многу митски елементи, моменти од традицијата и религијата на еден од најстарите народи. Елементи од „Епот за Гилгамеш“ наоѓаме и во записите, остатоците на некои подоцнежни култури (дури и денешните), нивните верувања, обичаи. Во епот се отвора прашањето на смртта, на задгробниот живот, на подземјето, потребата и потрагата за вечен живот – теми што до денес останале актуелни и интересни за откривање. И денес сме сведоци на вечната потрага по еликсирот на младоста, по продолжување на животниот век. Многу научни достигнувања од областа на медицината се со цел да ги направат луѓето што помлади. Потрагата по вечен живот, уште од Гилгамеш па до денес, продолжува со можноста за клонирање, со што многу луѓе од историјата би можеле да се „родат повторно“, а некои воопшто да не престанат да постојат. |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
delrey97
Нов член Регистриран: 12.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Вака, јас сум 1ва година и ми треба состав за опис на ликот на Гилгамеш и споредба на ликовите на Ахил и Хектор
Ќе бидам ПРЕБЛАГОДАРНА ако некој одвое време за овој топик. Благодарам! |
||||||
delrey97
Нов член Регистриран: 12.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Вака, јас сум 1ва година и ми треба состав за опис на ликот на Гилгамеш и споредба на ликовите на Ахил и Хектор
Ќе бидам ПРЕБЛАГОДАРНА ако некој одвое време за овој топик. Благодарам! |
||||||
федерер
Нов член Регистриран: 12.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Здраво ми треба состав на темата...."Човекот е севкупност од неговите избори и постапки" фала однапред..позз
|
||||||
федерер
Нов член Регистриран: 12.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Здраво ми треба состав на темата...."Човекот е севкупност од неговите избори и постапки" фала однапред..позз
|
||||||
Внеси реплика | страница <1 4647484950 113> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |