|
Светот денес |
Внеси реплика | страница <1 43444546> |
Автор | ||||||
Rafiz Aliti
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 111 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Членството на Албанија во НАТО се гледа како еден од најважните моменти во историјата на земјата Cтануваме официјални сојузници на Америка, Германија, Италија и Турција ТИРАНА/ЗАГРЕБ - За две или три недели НАТО ќе се прошири со уште две држави, двете од чувствителниот регион Западен Балкан. Албанија со 3,2 милиона жители и Хрватска со 4,4 милиони жители ќе станат официјални членки на Алијансата точно на 60. роденден на НАТО. Се чувствува огромна возбуда, особено во Албанија, која порано беше една од најизолираните земји во Европа и каде што НАТО веројатно е попопуларна од каде и да е во светот, со повеќе од 90 отсто јавна поддршка за членство на Албанија во Алијансата. Во Хрватска, која претрпе ужасна војна и уништување, но добро закрепнува, поддршката за членството, исто така, се зголеми на над 60 отсто, меѓутоа на улиците за НАТО не се дебатира толку многу како во Албанија. Двете земји се многу различни, особено во економските стандарди, при што хрватскиот БДП по жител е четири пати повисок отколку оној на Албанија. Меѓутоа, Албанија го започна својот пат кон членство во НАТО многу порано отколку Хрватска, па приклучувањето во исто време е логично доколку ги прашате луѓето во Брисел. Членството на Албанија во НАТО се гледа како еден од најважните моменти во историјата на земјата. Посетата на Воениот музеј во градот Ѓирокастро на југот на Албанија, град што се наоѓа на списокот на светски наследства на УНЕСКО, го дава истото чувство. Во тврдината од 4 век се поставени изложби на оружје кое Албанците го одземале од непријателите низ историјата, Турците за време на стоте години Отоманско Царство, Италијанците и Германците кои ја окупирале Албанија во Втората светска војна, а има и еден воен авион што го собори Албанската народна армија при обидот на Американците да го сменат комунистичкиот режим на диктаторот Енвер Хоџа. Водичот не сака да зборува за американскиот авион, бидејќи Албанците денес се многу проамерикански ориентирани и ги сметаат за најголем пријател. „Ние се приклучуваме кон НАТО и првпат во нашата историја стануваме официјални сојузници на Америка, Германија, Италија и Турција“, вели професорот по историја Александар во овој албански град. Од врвот на тврдината се гледаат полињата околу Ѓирокастро, кои даваат реален впечаток колку била изолирана Албанија. Се' уште можат да се забележат дел од 800.000 бункери, изградени за време на комунистичкото диктаторство на Хоџа, а денес претставуваат остаток од параноидното минато. Тие бункери денес главно се љубовни гнезда, некои од нив се претворени во кафе-барови, а некои се користат како тоалети. Јасно е што значи членството во НАТО за Албанците, а најевидентно е дека земјата засекогаш излезе од изолација. Но, на прашањето што може Албанија да и' донесе на НАТО, има различни мислења меѓу луѓето на улица и политичарите. Додека обичните граѓани како најголем придонес што може да го даде Албанија како членка на НАТО го сметаат испраќањето војници во мисија на НАТО, официјални лица гледаат поголемо значење во остварувањето стабилност на Балканскиот регион. Состојбата е слична и во Хрватска. „Тоа е реализирање на политиката на НАТО за стабилизирање на Западен Балкан“, вели Артур Куко, албански амбасадор во НАТО, кој укажува дека со Хрватска и со Албанија во НАТО регионот Западен Балкан ќе биде постабилен. Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Јандроковиќ, сеќавајќи се на неодамнешното минато на својата земја, вели дека Хрватска од држава што примала помош, денес е држава што им помага на другите и учествува во мисии на НАТО, ЕУ и ОН во странство. „Со членството во НАТО, Хрватска станува позитивен пример за останатиот регион. Во нашата политика како членка на НАТО ќе имаме цел регионот на поранешни конфронтации да го претвориме во партнерство и заемна соработка, така што Југоисточна Европа ќе може да стане зона на мир и стабилност“, вели Јандроковиќ. Џејми Ши, директор во НАТО за политичко планирање, исто така, верува дека со Албанија и со Хрватска во НАТО, погледот од Запад кон Балканот ќе се смени позитивно. „НАТО направи многу за Балканот, но парадоксално - и Балканот направи многу за нас. Без нашето ангажирање на Балканот, германските војници се' уште не ќе можеа да заминуваат во мисии во странство, француски војник да командува во мисиите на НАТО и ние денес немаше да бидеме во Авганистан“, вели Ши. Во Хрватска наидуваме на интересни информации. Германските војници првпат учествуваа во странска мисија во Задар (Хрватска) во операција на УНПРОФОР во средината на 90-тите години. Поинтересно е тоа што албанските војници првпат заминаа во странска мисија токму во Задар, во истата операција и под команда на Германците. Со Албанија и Хрватска како членки, НАТО сега ќе има две страни на Јадранското Море и Јонскиот брег и ќе граничи со Босна и Херцеговина и Косово. Тоа во НАТО се смета како доказ дека целта за повеќе Балкан во НАТО и помалку НАТО на Балканот станува реалност. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=681ED2152546A8469F568575F042EAFF |
||||||
Тречи
Сениор Царевићот Регистриран: 22.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 414 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
со цел да ја зголемат цената на нафтата на светскиот пазар.
И те како му одговара.Непроизведува он прекумерно џо Иран. |
||||||
Книге децо книге......
Речи свима ко си,не штиди се своје вере,и буди поносни син Православја! |
||||||
Pacifist
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: Switzerland Статус: Офлајн Поени: 1618 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
i na cicko putin ne mu odgovara ova ...
|
||||||
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related |
||||||
Тречи
Сениор Царевићот Регистриран: 22.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 414 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Превод Чича Путин ќе се ваља во пари пак.
|
||||||
Книге децо книге......
Речи свима ко си,не штиди се своје вере,и буди поносни син Православја! |
||||||
Pacifist
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: Switzerland Статус: Офлајн Поени: 1618 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ako se sprovede ovoj pllan svetot go cekaat teski vreminja ... STAGFLLACIJA - najllosoto sto moze da ni se sluci vo ovie teski vreminja ... |
||||||
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related |
||||||
Pacifist
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: Switzerland Статус: Офлајн Поени: 1618 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
ОПЕК ќе го намали производството на нафтаМинистрите од земјите на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), на денешната средба во Виена побараа намалување на дневното производство на нафта за еден милион барели, со цел да ја зголемат цената на нафтата на светскиот пазар. Саудиска Арабија веќе произведува помалку од нејзината вообичаена квота, со цел да го компензира прекумерното производство на нафта на Иран и останатите земји. ОПЕК досега спроведе во пракса околу 80% од планираното намалување на производството. Од септември минатата година го намали дневното производство на нафта за 4.2 милиони барели. Се проценува дека 100-процентното исполнување на планот ќе значи дека светскиот пазар дневно ќе остане без дополнителни милион барели нафта. |
||||||
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related |
||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Турција го бомбардираше Ирак
Турските вооружени сили (ТВС) завчера извршија воздушна операција на однапред утврдени терористички цели во северниот дел на Ирак.
Началникот на одделот за комуникации при Генералштабот бригадниот генерал Метин Ѓурак на неделната прес-конференција истакна дека во операцијата биле ефикасно погодени целите на терористичката организација и дека како и секогаш била покажана потребната внимателност за да не биде загрозено цивилното население во подрачјето. 14.03.2009 |
||||||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
||||||
Тречи
Сениор Царевићот Регистриран: 22.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 414 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Русите се инсталираат во Јужна Америка
Венецуела отстапува остров за руски воени авиони 14.03.2009 12:59 Уго Чавез Претседателот на Венецуела Уго Чавез го предложува аеродромот на островот Арчила за времена база на руските воени авиони. Информацијата ја потврди и руски генерал, кој наведува дека опцијата е можна доколку за неа постои соодветно политичко решение. Високи претставници на руската армија веќе го посетија аеродромот на островот и тврдат дека со мала реконструкција тој би можел да биде добра воено-морска база на руските авиони бомбардери |
||||||
Книге децо книге......
Речи свима ко си,не штиди се своје вере,и буди поносни син Православја! |
||||||
Rafiz Aliti
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 111 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Kako i da e ne e opravdano,i ako i jas mislam deka e propaganda ama mozebi e tocna informaciata,vcera procitav na nekolku sajtovi za ova.
Kako i da e sto se cudite tolku,istite raboti dolgi godini se pravese na albancite vo Kosovo od strana na srbite, taka da sve se vraka vo ova vreme |
||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
OVA E SRPSKA PROPAGANDA I TO CISTA PROPAGANDA,TAKA DA NE VERUVAJTE NA OVIE RABOTI
|
||||||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
||||||
afrodit
Сениор Регистриран: 23.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Срби закопани на депонија во Косово?
Косовската влада во соработка со германските и со турските единици на КФОР во јули минатата година тајно закопала неколку стотини тела на Срби и неалбанци во околината на Призрен, на локацијата Ајдучка Чешма, тврди белградски „к*рир“. Според весникот, станува збор за жртви на трговија со органи, кои биле ископани од северот на Албанија и префрлени на косовската територија за да се прикријат доказите за злосторството. „к*рир“, кој се повикува на анонимен извор, наведува дека настраданите се од т.н. жолта куќа во Албанија, каде што им биле вадени органите. Како маска за целата акција помогнала и медиумската врева и масовните протести на косовските Албанци поради доаѓањето на две цистерни со опасни хемикалии од Иран, кои влегле од Македонија и наводно требало да се уништат во Трепча. Според анонимниот извор, во тоа време во околината на Призрен пристигнале два шлепера со бугарски регистрации, кои ги пренесувале телата на убиените. Единиците на КФОР обезбедиле депонија и со образложение дека уништуваат материи од цистерната, им забраниле пристап на жителите, тврди „к*рир“. |
||||||
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Три експлозии одекнаа во северниот дел на Косовска Митровица
Приштина, 13 март (МИА) - Три силни експлозии одекнаа синоќа во населбата Бошњачка Махала во северниот дел на Косовска Митровица, при што нема ранети, но е причинета материјална штета. Во две од експлозиите веројатно се употребени рачни бомби. - Засега нема информации за виновниците за нападите, изјави портпаролот на косовската полиција Бесим Хоти. Ова е најнов инцидент во Косовска Миторивица, по серијата инциденти што се случија во јануари, кога беа ранети 15 лица, од кои 14 од српска националност. < style="HEIGHT: 50px" align=middle marginWidth=0 marginHeight=0 ="http://www.idividi.com.mk/UpdateBrCitana.aspx?VestID=511939" Border=0 scrolling=no height=30 ="#efefef">> |
||||||
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
||||||
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Вооружени момчиња со метални шипки искршија излози на банки и продавници во центарот на Атина
Атина, 13 март (МИА) - Околу 50 момчиња со качулки на главите, вооружени со метални шипки денеска искршија излози на повеќе банки и продавници, а оштетија и неколку автомобили во луксузниот кварт Колонаки во центарот на Атина. Инцидентот траел неколку минути, а момчињата побегнале пред да пристигне полицијата. Напаѓачите фрлале летоци во кои се бара ослободување на момче, уапсено во 2007 година поради оружен напад врз банка во Атина и кое се смета од страна на полицијата за член на анархистичкото движење. Момчињата ги искршиле излозите на филијала на Националната банка на Грција, на уште три други банки и на околу шест трговски објекти, меѓу кои и многу луксузни продавници. Биле уништени и околу десет автомобили. Според полициски извори напаѓачите избегале во зградата на Правниот факултет во центарот на Атина. Влегувањето на полицијата во образовните институции во Грција е строго забрането. Извор: МИА |
||||||
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
||||||
Pacifist
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: Switzerland Статус: Офлајн Поени: 1618 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
zdruzeno protiv rusija & Co.
|
||||||
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related |
||||||
Внеси реплика | страница <1 43444546> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |