|
Писмени состави,семинарски... |
Внеси реплика | страница <1 4344454647 113> |
Автор | |
Belata Ciganka
Нов член Регистриран: 15.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИТНО МИ ТРЕБА : Aнализа на Родриго во трагедијата Сид (есеј). и ако имате нешто за ова .. Дебата, споредба на трагичното и мелодрамското во драмата Сид Ве молам за оценка ми е, фала однапред!
|
|
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
|
|
Belata Ciganka
Нов член Регистриран: 15.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
За АНУШКА
http://makedonskijazikiliteratura.blogspot.com/2011/02/blog-post_4770.html http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%81%D0%B5_%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B0 и обично луѓето оделе на печалба бидејќи сакале да се збогатат, да им овозможат подобар живот на своите семејства и сл. и обично печалбите завршуваат трагично зошто поради тешката работа печалбарите се разболуваат и нели на крај умираат обично. се надевам ќе ти помогне нешто од ова..поздрав! |
|
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
|
|
Belata Ciganka
Нов член Регистриран: 15.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
За АНУШКА
Македонската театрологија, македонската литературна наука, но и културната историја на македонскиот народ имаат сериозни причини, ама и обврски, постојано - а не само пригодно/пригодничарски, или инцидентно! - да потсетуваат на интригантниот феномен што вообичаено го именуваме како битова драматика/драматургија. Театрологијата е (можеби) најмногу обврзана соодветно да ја истражува, толкува и вреднува исклучителната историска мисија што битовата драматика/драматургија ја исполни не само спектакуларно, но и исклучително функционално. Имено, театрологијата постојано нагласува дека се работи не само за одредена литературна и/или театарска појава, туку за вистинска мисија која што, во еден мошне чувствителен историски и геополитички миг, битно придонесувала кон развојот на одредени урбани културни стандарди (на овие турбулентни балкански простори секогаш малку инсуфициентни !), но и кон формирање/форматирање на одделни социјални чувства (на припадност), оттука и оние со националниот предзнак. Не смее да се заборави и најважното: пробив и афирмација на битовата драматика, која - како што знаеме - од сцената "зборувала" на повеќе македонски говори значително пред македонскиот литературен јазик да биде кодификуван, битно придонесувала и кон постапно официјализирање (и стандардизирање) на истиот тој јазик. Најпосле, театрологијата никогаш не пропушта да напомене дека - благодарение токму на мисијата на македонската битова драматика/драматургија, одделни македонски говори - започнувајќи уште од ноември 1900-та година, од митската праизведба на "Македонска крвава свадба" на Војдан Поп Георгиев ?ернодрински, триумфално ги освојуваа официјалните театарски сцени во повеќе балкански земји, наметнувајќи им се на нивните монолингвални државни политики на мошне суптилен, но и незапирлив начин. Со други зборови, театрологијата постојано потсетува оти мисијата што, во протег на изминативе стотина-и-кусур години, толку маестрално ја извршуваше македонската битова драматика - драматика што, во некоја порадикална естетичка смисла, можеби и може да се оцени како "кревка" - дека таа мисија никогаш не била само театарска и само литературна. Напротив. За битовата драматика./драматургија може и треба да се зборува во разни ситуации и по најразлични поводи. Денешниов, кој се врзува за оваа пригодна изложба, навидум е "поттикнат" од неколку формални годишнини: Пред десет години, на 1 ноември 1995, во Скопје починал најизведуваниот и несомнено еден од најрелевантните автори-битовци Васил Иљоски (роден во Крушево, 1902); пред триесет години, 1975, починал уште еден битовец, можеби најлуцидниот и најоригинален од сите драматичари што ја развиваа битовската стилска формација, Ристо Крле (роден во Струга, на 3 септември 1900); пред точно стотина години, на 13 април 1905 (или, можеби, пред сто-и-една, бидејќи, во случајот, располагаме со повеќе различни години на раѓање), во Стар Дојран се родил Антон Панов, автор на можеби најамблематската битова пиеса "Печалбари" (починал, инаку, во Струмица, на 28 август 1968); на 20 ноември оваа година, се заокружат цели 105 години од софиската праизведба на најславната пиеса што му припаѓа на битовскиот драмски/драматуршки модел - "Македонска крвава свадба"; најпосле, пред точно 130 години - на 15 јануари 1875 - во село Селци, Дебарско, роден е Војдан Поп Георгиев ?ернодрински, митскиот "татко" (родоначалник/втемелувач) на македонскиот институционален театар, неспорен македонски театарски првоборец (починал во Софија, на 8 јануари 1951)... Какво е местото на битов(ск)ата драматика, како во контекстот на македонската литература и театрологија, така и во контекстот на славјанската, односно на европската литература и театрологија? Кои се и какви вредностите на битовскиот драмски корпус, односно: кои се и (објективно) какви естетичките вредностите на поединечните драмски дела што произлегоа од оваа голема/долга/стогодишна стилска формација? Во што се гледаат тие вредности, вистински или потенцијални - доколку постојат - денес; во што можеме да ги видиме ние: во самите драмски дела, во историските релации кои што се воспоставуваа помеѓу нив и нивните дамнешни гледачи, во денешниот колективен однос кон таканареченото културно наследство? Дали е тоа - воопшто - жив театар? Дали е можно, воопшто, некакво негово денешно упризорување? Има ли вистински можности за "ново читање" на неговите "традиционални", стереотипни, безмалку архајски предлошки? И што да правиме, најпосле, со целиот тој фонд од текстови, познати и непознати? Пребарувајќи ја големата база на театрографски податоци што перманентно ја ажурира научно-истражувачкиот тим на Институт за театрологија при ФДУ во Скопје, може да се евидентираат следниве цврсти/неспорни факти: - битовската драмска библиографија содржи отприлика 250 поединечни текстови, потпишани од вкупно 80-тина поединечни автори; одвај педесеттина од овие текстови успеале да бидат поставени на сцените на професионалните театри; - во текот на изминативе 105 години (од 20 ноември 1900-та година, кога е праизведена "Македонска крвава свадба", до 21 јануари 2005, кога на сцената на Битолскиот театар премиерно била изведена 11-та премиерна постановка на пиесата "?ест" од Васил Иљоски), професионалните театри што функционираа и функционираат на почвата на Македонија (вклучително и сите театри на ?ернодрински, коишто секогаш и секаде функционираа само на македонски јазик) премиерно поставиле, приближно, околу 140 битовски наслови (вклучувајќи ги сите нивни постановки); доколку имаме предвид дека истите тие театри поставила - вкупно - 5000 драмски претстави, лесно е да се пресмета оти битовите драми во вкупниот репертоар партиципираат само со 3 насто! - бројот на евидентираните репризни изведби, што безмалку сите битови драми го регистрираат во безмалку сите професионални театри, не е само убедливо најголем по однос на сите други текстови, но е и рекорден: на пример, од петте најизведувани претстави во историјата на скопскиот МНТ, првата (со 346 репризии) е "?орбаџи Теодос" а петтата (со 173 репризи) "Македонска крвава свадба" - според формалните показатели, најизведуваниот битовски драматичар е Васил Иљоски, чиишто пиеси биле поставени вкупно 67 пати и тоа: "?орбаџи Теодос" 26 пати, "Ленче Кумановче"/"Бегалка" 23 пати, "?ест" 11 пати, "Кузман капидан" 6 пати... Нема ниту еден македонски режисер кој не се обидел, барем еднаш, да постави некоја од битовите пиеси. Големиот Петре Прличко можеби е и рекордер по бројот на битовите режии. Неколкумина режисери настојуваа и сериозно да го истражуваат битовскиот феномен - најзаслужен и најодан од сите нив несомнено е Бранко Ставре. Ставрев има поставено дури 11 текстови што на различни начини ја маркираат битовската поетика/естетика, при што најсериозно и најтемелно го истражувал токму антологискиот, можеби и најсигнификантниот од сите нив, текстот на Ристо Крле "Парите се отепувачка", кој го работел три пати, секој пат сосема поинаков (1970 и 1976 во МНТ; 1997 во Народниот театар во Битола). Посебно треба да се нагласи големиот интерес што кон битовската драмска и театарска традиција систематски го развива еден од најиницијативните македонски режисери, Љупчо Ѓоргиевски (1955), кој во текот на изминативе десеттина години не само што има поставено најмногу текстови кои формално/формативно му припаѓаат на овој тренд, но и - поставувајќи ги консеквентно, некои од нив и повеќе пати - успеал да ја профилира сопствената "битовска режисерска поетика". Благодарение на ваквиот темелен интерес и ангажман на Ѓоргиевски, рецентната македонска театарска продукција може да евидентира најмалку три антологиски битовски претстави одиграни помеѓу 1995 и 2002 година, сите три поставени во Народниот театар о Битола: "Бегалка" на Васил Иљоски (1995), "Македонска крвава свадба" на Војдан Чернодрински (1999) и "Парите се отепвачка" на Ристо Крле (2002). На 21 јануари оваа година, млада Софија Ристеска (штотуку дипломирана режисерка на една од најдобрите школи во регионот, софиската академија "Крстју Сарафов"), на сцената на Битолскиот театар ја има поставено драмата "?ест". Изборот го образложила со едноставниот факт дека денес - во турбулентните времиња во кои живееме - токму предметот на оваа драма на Иљоски, честта, станува најдубиозна и најпроблематична категорија. Заради што и се наметнува како сериозен повод за театрализација. Како што знаеме, чест е клучниот мотив на сета битовска драматика. |
|
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
|
|
MilaGagoPet
Нов член Регистриран: 19.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mi e potreben tekst na tema ,,Knigata i Internetot" Ve molam neka bide pobrzo za pismena po Makedonski mi e.
|
|
Анушка
Нов член Регистриран: 19.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Би ве замолила некој да ми помогни за пишување на состав на следниве теми:
I. Печалбарството како мотив во македонските битови драми. (План за составот) Клучни зботови: Печалбарство, опфатеноста со битови драми. 1. Што е печалбарство? Зопто заминале на печалба? 2. Инспирацијата на македонските драмски писатели да пишуваат за печалбарството? 3. "Печалбари" "Парите се отепувачка" -конкретно 4. На каков начин е прикажана судбината на печалбарите. 5. Заклучок. II. Социјалните елементи во македонските битови драми. Ако можи некој да помогни за утре ми е, ви благодарам. Изменето од Анушка - 19.Март.2013 во 13:43 |
|
Belata Ciganka
Нов член Регистриран: 15.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За МАЛИНДА -
Една моја авантура Денот ми започна сосема вообичаено. За време на вечерата не ми се јадеше и си заминав во мојата соба. Имав некое чудно претчувство. Неможев да заспијам па одлучив да излезам малку на терасата, на свеж воздух. По 10-тина минути, забележав нешто чудно на небото. Доаѓаше некаква светлина, како што се доближуваше до мене стануваше се поголема и поголема. Кога пристигна не видов, бидејќи почувствував како таа светлина да ме проголта. Ги затворив очите, бидејќи светлината наликуваше на златен прав, како ветер да го раздувал. Кога ги отворив се најдов на сосема различно место, беше величествено тоа што го видов. Еден голем грчки храм. Прекрасно беше. Влегов внатре и сите луѓе ме гледаа како да виделе вонземјанин. Можеби затоа што отпатував во минатото. Облеките им беа чудни, за мене дури и помалку смешни, додека јас имав патики, некои беа боси или со кожни римјанки. Се беше како во стара Хелада, а потсетуваше малку и на римската култура. Јас не разбирав што зборуваат, така да неможев да кажам од каде доаѓам, едвај ме разбраа дека моето име е Џули, после толку мимики. Неколку часа бев со еден советник, кој се трудеше да ме разбере ама се беше бесуспешно. Бидејќи народот се исплаши од мене, помислија дека сум некакво предупредување од боговите за некоја катастрофа,па затоа одлучија да ме однесат во лавиринтот. Јас не ни помислив што ме очекува таму. Ми дадоа еден меч, кој беше потежок од мене и ме натераа да влезам внатре. Беше многу морничаво и страшно место, како во филмовите, само што воопшто не ни размислив дека внатре го има она најглавното, знаете минотаурот (половина човек-половина бик). Татко ми ме воспитуваше секогаш да бидам храбра и одлучна девојка, па решив конечно да ги послушам неговите зборови. Со сигурност и храброст продолжив да одам низ лавиринтот, чувствував како се повеќе и повеќе се губам и дека никогаш нема да излезам оттука. Кога наеднаш слушнав силно рикање, ако може да се нарече тоа така, беше толку бучно, мислев срцето ќе ми застане, чувстував како некој трча и се повеќе ми се доближува, почнав да бегам, а всушност уште повеќе се загубив. Беше скоро невозможно да се излезе од лавиринтот. Веќе се уморив и одлучив да застанам, си реков ионака нема да излезам подобро да видам што ме очекува. После 20-тина минути трчањето и рикањето беа се поблиску, а јас се повеќе се испплашив. Дојде моментот кога помислив дека сум готова, дека за мене е се завршено, но се случи сосем спротивното, затоа немојте да се надевате и многу убави работи ќе ви се случат. Минотаурот се исправи пред мене, беше со глава на бик, толкави рогови никогаш не сум видела, многу се исплашив но ете решив да бидам храбра во тој момент. Минотаурот долго време зјапаше во мене, потоа одлучив да го поздравам, му реков Џули и со раката се удрив во градите. Така тој сфати дека моето име е Џули, потоа тој проговори, а тоа беше најмалку што очекував, ми рече: - ЕГОУ ПОРИФИРИС (кое би требало да значи јас сум Порифирис). Потоа јас му се поклонив за да разбере на некој начин дека ми е мило што го запознав. Седна спроти мене, 2-3 часа ме гледаше, а јас почувствував како да полудувам, 16-годишно девојче, од 21 век, отпатува во минатото, а моментално седи спроти минотаурот Порифирис, значи супер, уште сега ги гледам насловите во весниците дека ќе бидам прогласена за лудача. Сето ова на глас си го размислував, дури почнав и самата со себе да зборувам. А минотаурот т.е ПОРИФИРИС љубопитно ме следеше што зборувам, потоа тој проговори на македонски јазик, а јас само останав вчудоневидена. Си реков јас мора да сонувам, како може тој да го знае овој јазик. Ми рече не грижи се млада девојко Џули, ти си тука за да ми помогнеш, таа светлина што ја виде беше испратена од мојот бог заштитник ЕЛЕНИДО. Ми рече само ти можеш да ме извадиш од овој лавиринт, во кој сум повеќе од 16 години. Тебе те чекам, бидејќи ти си потомок на боговите, ти беше испратена во сонот на Филип II да му кажеш дека син ќе му се роди кој ќе го освои светот. Јас и понатака мислев дека сум во сон, но решив да соработувам и да му верувам на Порифирис, иако тоа што го кажуваше изгледаше како бајка. Тој имаше компас, само што незнаеше како да ракува со него, затоа јас помогнав, по долго време и големи маки, успеавме да дојдеме до излезната врата на лавиринтот. Му требаше повеќе од 1 час да ја сруши и конечно после долго време затворени, излеговме на чист воздух, на виделина што се вели. Минотаурот ми се заблагодари од се`срце, ми го даде неговиот медалјон кој беше во форма на позлатен круг, а во внатрешноста се преливаше светлината што ме донесе тука. Порифирс ми рече дека секогаш ќе биде со мене, и кога и да му затре**м само да дувнам во кругот тој ќе ми го реши проблемот. Потоа ми раскажа дека јас ќе бидам позната во светот по тоа што ќе ја најдам гробницата на Александар Македонски, кој всушнот бил чистокрвен Македонец, барем така ми призна Порифирис. Дека тој е грк било само измислица од страна на народот, кои го пренесувале тоа на нивните поколенија како вид на приказна. Откако се збогував со Порифирис, светлината повторно се појави, и ме проголта, и јас повторно се најдов на мојата тераса, само со медалјонот околу врат. Едноставно не ми се веруваше, истрчав да им кажам на моите, мислев дека се загрижени што ме немало толку долго време, а вусшност ме направија лудача бидејќи ме немало помалку од 10 минути. Не ми се веруваше, а кога го свртев медалјонот имаше порака на него, драга Џули твојата авантура ќе остане тајна, ама за твојата слава ќе дознае целиот свет. - Порифирис. Јас само се насмевнав и сфатив дека тоа што го доживеав беше една прекрасна авантура, можеби наликуваше на измислена бајка, но се беше вистинито. И многу би сакала да се повтори, а во врска со тоа дека ќе го пронајдам гробот на Александар Македонски ќе дознаете сами, да не ви откривам детали. - Сама го составав, јас имав нешто сл. за мојата писмена, и добив чиста 5 со пофалба се надевам дека ќе ти се допадне, голем поздрав. |
|
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
|
|
Belata Ciganka
Нов член Регистриран: 15.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИТНО МИ ТРЕБА :
Aнализа на Родриго во трагедијата Сид (есеј). и ако имате нешто за ова .. Дебата, споредба на трагичното и мелодрамското во драмата Сид Ве молам за оценка ми е, фала однапред! |
|
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
|
|
vivi1
Сениор Легенда Регистриран: 20.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 18941 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
sto ubava tema...sam ako nemozes da napises sramota
|
|
vivi
|
|
thefogxmk
Нов член Регистриран: 18.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ве молам еден состав со воведен,главен и заклучок.Што побрзо можете,да биде напишан по како 6/7-одделенче да го пишувало,фала однапред.
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Poveli i drug pat:)
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
piazon
Нов член Регистриран: 18.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Fala kje mi pomogni :D
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Neshto okolu Krali Marko: Кралот Марко, живот и владеење
За
време на владеењето на неговиот татко, кралот Волкашин, Марко ја имал
титулата “млад крал“, односно престолонаследник. Во Маричката битка во
1371. година, Марко не учествувал во бојот, туку останал да управува со
територијата на земјите на татка си и чичко си. По неа и по смртта на
браќата Мрњавчеви, тој станал крал и формално-правно совладетел на царот
Урош. Според некои научници, тој е и единствениот легитимен крал на
Српското Царство, по смртта на Урош и замирањето на династијата
Немањиќи. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
piazon
Нов член Регистриран: 18.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mi trebaat sostavi za sreda.. prv pat baram pomosh.. ako mozi nekoj da mi pomozi za sostavite na tema:
-Makedonskoto tvoreshtvo identitet na eden narod. - Krali Marko sinonim za borbenost, hrabrost. - Raskaz ( opishan nekoj nastan bilo kakov) FALA OD NAPRED MNOGU KJE MI POMOGNETE |
|
valeklopce
Нов член Регистриран: 18.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми треба состав за следните теми до вечер
Видов тага во очите на мајками Задочнета вистина Направив добро делоѓ не да биде случка туку општо |
|
Внеси реплика | страница <1 4344454647 113> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |