|
Писмени состави,семинарски... |
Внеси реплика | страница <1 4243444546 113> |
Автор | |
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абе имам триесет и кусур години...Книгава значи сум ја прочитал
некаде на твои години.И кога и да видам куче мислам се потсеќам на оваа приказна...Ми оставила значи некој впечаток.Сигурно и влијаела во изградувањето на мојот карактер...И сето тоа ти сакаш да го фрлиш за само некоја оценка која во животот ништо нема да ти донесе. Седни прочитај ја можеш и во еден ден,па верувај ќе има што да раскажеш |
|
imini
Нов член Регистриран: 23.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ми треба Повикот на дивината раскажана, итно ми е
|
|
Goko 17
Нов член Регистриран: 14.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми треба прозен текст на која било тема но да не е објавен по интернетиве да не има некој за забава да ми напиши... поззззз
|
|
marko_kasas
Нов член Регистриран: 19.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
фала многу
|
|
lilinini
Нов член Регистриран: 21.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pravam pismena makedonski na tema zoshto da ne usrekjam,utesham,pomognam?
neznam shto da napisham neam inspiracija ako moze malce barem neshto da napishete plss |
|
Belata Ciganka
Нов член Регистриран: 15.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
за GOXKSI123:
за овој наслов... 2.Zboram za edna zadocneta vistina гледав една серија на МТВ- на анг се вика SUPERNATURAL...не ми текнува која епизода беше.. ама тие се двајца браќа..и истражуваат паранормални работи...и ќе одат во едно гратче...каде што има во водата дух од дете којшто ги дави луѓето...потоа дознаваат дека тоа дете е убиено уште пред 15-ина год од страна на неговите двајца другари, од кој едниот е полицаец....и на крај тој полицаецот сам ќе се фрли во езерото кај шо беше духот..и така ке се смири ситација...е сега малце морничаво е ама може да послужи како идеја...немора да е убиство мн е страшно ама измисли нешто слично...позз :D пошто тие никому не кажале само му го фрлиле телото во езерото...и нели изгледа како задоцнета вистина...малце помош :P |
|
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
|
|
Belata Ciganka
Нов член Регистриран: 15.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
за MARKO KASAS
Една моја авантура Денот ми започна сосема вообичаено. За време на вечерата не ми се јадеше и си заминав во мојата соба. Имав некое чудно претчувство. Неможев да заспијам па одлучив да излезам малку на терасата, на свеж воздух. По 10-тина минути, забележав нешто чудно на небото. Доаѓаше некаква светлина, како што се доближуваше до мене стануваше се поголема и поголема. Кога пристигна не видов, бидејќи почувствував како таа светлина да ме проголта. Ги затворив очите, бидејќи светлината наликуваше на златен прав, како ветер да го раздувал. Кога ги отворив се најдов на сосема различно место, беше величествено тоа што го видов. Еден голем грчки храм. Прекрасно беше. Влегов внатре и сите луѓе ме гледаа како да виделе вонземјанин. Можеби затоа што отпатував во минатото. Облеките им беа чудни, за мене дури и помалку смешни, додека јас имав патики, некои беа боси или со кожни римјанки. Се беше како во стара Хелада, а потсетуваше малку и на римската култура. Јас не разбирав што зборуваат, така да неможев да кажам од каде доаѓам, едвај ме разбраа дека моето име е Џули, после толку мимики. Неколку часа бев со еден советник, кој се трудеше да ме разбере ама се беше бесуспешно. Бидејќи народот се исплаши од мене, помислија дека сум некакво предупредување од боговите за некоја катастрофа,па затоа одлучија да ме однесат во лавиринтот. Јас не ни помислив што ме очекува таму. Ми дадоа еден меч, кој беше потежок од мене и ме натераа да влезам внатре. Беше многу морничаво и страшно место, како во филмовите, само што воопшто не ни размислив дека внатре го има она најглавното, знаете минотаурот (половина човек-половина бик). Татко ми ме воспитуваше секогаш да бидам храбра и одлучна девојка, па решив конечно да ги послушам неговите зборови. Со сигурност и храброст продолжив да одам низ лавиринтот, чувствував како се повеќе и повеќе се губам и дека никогаш нема да излезам оттука. Кога наеднаш слушнав силно рикање, ако може да се нарече тоа така, беше толку бучно, мислев срцето ќе ми застане, чувстував како некој трча и се повеќе ми се доближува, почнав да бегам, а всушност уште повеќе се загубив. Беше скоро невозможно да се излезе од лавиринтот. Веќе се уморив и одлучив да застанам, си реков ионака нема да излезам подобро да видам што ме очекува. После 20-тина минути трчањето и рикањето беа се поблиску, а јас се повеќе се испплашив. Дојде моментот кога помислив дека сум готова, дека за мене е се завршено, но се случи сосем спротивното, затоа немојте да се надевате и многу убави работи ќе ви се случат. Минотаурот се исправи пред мене, беше со глава на бик, толкави рогови никогаш не сум видела, многу се исплашив но ете решив да бидам храбра во тој момент. Минотаурот долго време зјапаше во мене, потоа одлучив да го поздравам, му реков Џули и со раката се удрив во градите. Така тој сфати дека моето име е Џули, потоа тој проговори, а тоа беше најмалку што очекував, ми рече: - ЕГОУ ПОРИФИРИС (кое би требало да значи јас сум Порифирис). Потоа јас му се поклонив за да разбере на некој начин дека ми е мило што го запознав. Седна спроти мене, 2-3 часа ме гледаше, а јас почувствував како да полудувам, 16-годишно девојче, од 21 век, отпатува во минатото, а моментално седи спроти минотаурот Порифирис, значи супер, уште сега ги гледам насловите во весниците дека ќе бидам прогласена за лудача. Сето ова на глас си го размислував, дури почнав и самата со себе да зборувам. А минотаурот т.е ПОРИФИРИС љубопитно ме следеше што зборувам, потоа тој проговори на македонски јазик, а јас само останав вчудоневидена. Си реков јас мора да сонувам, како може тој да го знае овој јазик. Ми рече не грижи се млада девојко Џули, ти си тука за да ми помогнеш, таа светлина што ја виде беше испратена од мојот бог заштитник ЕЛЕНИДО. Ми рече само ти можеш да ме извадиш од овој лавиринт, во кој сум повеќе од 16 години. Тебе те чекам, бидејќи ти си потомок на боговите, ти беше испратена во сонот на Филип II да му кажеш дека син ќе му се роди кој ќе го освои светот. Јас и понатака мислев дека сум во сон, но решив да соработувам и да му верувам на Порифирис, иако тоа што го кажуваше изгледаше како бајка. Тој имаше компас, само што незнаеше како да ракува со него, затоа јас помогнав, по долго време и големи маки, успеавме да дојдеме до излезната врата на лавиринтот. Му требаше повеќе од 1 час да ја сруши и конечно после долго време затворени, излеговме на чист воздух, на виделина што се вели. Минотаурот ми се заблагодари од се`срце, ми го даде неговиот медалјон кој беше во форма на позлатен круг, а во внатрешноста се преливаше светлината што ме донесе тука. Порифирс ми рече дека секогаш ќе биде со мене, и кога и да му затре**м само да дувнам во кругот тој ќе ми го реши проблемот. Потоа ми раскажа дека јас ќе бидам позната во светот по тоа што ќе ја најдам гробницата на Александар Македонски, кој всушнот бил чистокрвен Македонец, барем така ми призна Порифирис. Дека тој е грк било само измислица од страна на народот, кои го пренесувале тоа на нивните поколенија како вид на приказна. Откако се збогував со Порифирис, светлината повторно се појави, и ме проголта, и јас повторно се најдов на мојата тераса, само со медалјонот околу врат. Едноставно не ми се веруваше, истрчав да им кажам на моите, мислев дека се загрижени што ме немало толку долго време, а вусшност ме направија лудача бидејќи ме немало помалку од 10 минути. Не ми се веруваше, а кога го свртев медалјонот имаше порака на него, драга Џули твојата авантура ќе остане тајна, ама за твојата слава ќе дознае целиот свет. - Порифирис. Јас само се насмевнав и сфатив дека тоа што го доживеав беше една прекрасна авантура, можеби наликуваше на измислена бајка, но се беше вистинито. И многу би сакала да се повтори, а во врска со тоа дека ќе го пронајдам гробот на Александар Македонски ќе дознаете сами, да не ви откривам детали. - Сама го составав, јас имав нешто сл. за мојата писмена, и добив чиста 5 со пофалба се надевам дека ќе ти се допадне, а можеш и нешто слично да напишеш или пак опиши едно твое патување измисли, онака како што би сакал да поминеш некаде. Позз ..:) p.s ова Џули, стави се во машки род...пр. Џонатан хах ;) |
|
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
|
|
Маск
Нов член Регистриран: 19.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Му се наваѓа ли на некој писмена на тема "Секој со своето огледало" или "Слободата ми се измолкна од раце"? :)
|
|
marko_kasas
Нов член Регистриран: 19.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ве молам ми треба состав на тема ,,Авантура".Ви благодарам однапред
|
|
marko_kasas
Нов член Регистриран: 19.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ке ве молам за есна услуга.Ми треба состав за писмена работа по македонски јазик на тема,,Една авантура".Ве молам за таа услуга овој состав ми е многу важен.
Ви благодарам од напред. |
|
goxsi123
Нов член Регистриран: 19.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1.Vidov taga vo ocite na majka mi
2.Zboram za edna zadocneta vistina 3.Napraviv dobro delo. Ova se temi za pismena rabota po makedonski,ve molam napisete sto pobrzo ako e mozno,fala :) |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сид
Пјер Корнеј е основоположник на класичната трагедија во европската литература која што ја довел до совршенство. Трагедијата Сид е напишана според мотив на шпанска легенда.Сид е трагедија за среќата и љубовните надежи на двајца вљубени Родриго и Химена. Во Сид се обработува тогашниот култ на волјата и култот кон херојството.Корнеј ги гради своите ликови во конфликтот во кој се вкрстуваат волјата и должноста,родовата и индивидуалната чест,но и повисоките,надиндивидуални интереси кои ги победуваат чувствата. Ликовите во неговите трагедии се типични класицистички продукти во кои разумот ги победува страстите. И во Сид без оглед на крајот од делото всушност должноста е над љубовта. Родриго не може да го одбие авторитетот на таткото,кој е неговата врска со предците. Навреден е неговиот татко.Навреденикот-таткото на Химена.Химена согласно со кодексот на однесување во тоа време мора да се постави над љубовта.Таа ја бара одмаздата за својот татко.Химена го гони Родриго,но не може да го казни. Разумот е единствениот или главниот извор на сознанието.Човекот се води исклучиво според разумот и ги покрива чувствата и страстите. Трагичната страст која најчесто се обработува во класицизмот била љубовта,а КОрнеј на стравот и на сожалувањето како ефект на трагичното го додава и восхитувањето баш каква што е и оваа трагедија-восхитувачка. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сид - Пјер Корнеј"Сид" е класицистичка трагедија напишана токму од основоположникот на ваквата драма. Пјер Корнеј создал трагедија која се разликува од античките трагедии. Таа не завршува со смрт на главниот лик и не предизвикува стравопочит. Со овој вид на драма ја најавил таканаречената трагедија на интрига. Во овој вид на драма настанува пресврт на крајот и се случува нешто што не сме го очекувале, за да денес таа драма прерасне во современа драма. Токму таква е и "Сид" каде што мотивот е земен од шпанската литература. Главни ликови се Родриго и Химена и основниот мотив е судирот меѓу обврската да се одбрани честа и љубовта. Корнеј сметал дека таа традиција треба да се искорени и го прикажал тоа и во драмата. Според таа традиција јунакот во делото, оној најсилниот кој го брани народот, треба да биде убиен, што е апсурдно!!! Значајно во "Сид" е тоа што ликовите му служат на разумот, а не на чувствата. Додека во античките драми заплетите ги разрешуваа боговите, овде таа улога ја има кралот, поради апсолутизмот којшто бил присутен во времето на Корнеј. Интересно е што на крајот Корнеј можел да направи оваа драма да биде вистинска трагедија, но тој не го направил тоа ни во другите негови драми, поради што предизвикал полемики и најпрво делото го сместувале меѓу трагедија и комедија. Тој направил повеќе отстапувања од правилата за трагедиите. Не е испочитувано тројното драмско единство. Отстапување има и во однос на стиховите. Поради ваквите отстапувања Корнеј бил критикуван од Француската академија, но, сепак, делото било премногу добро прифатено од народот, кој се бунтувал против овие критики. За народот ова дело претставувало нешто совршено, поради што другите дела биле споредувани со него и доколку некое дело било прекрасно велеле: "Убаво како Сид". Отсекогаш ме импресионираат дела кои носат во себе нешто ново, носат пресврт, нешто што се разликува од она што е запишано зад нив и смелоста на писателот да отстапи од правилата. Така се создава едно оригинално дело, што е и целта на големите уметници. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Анушка
Нов член Регистриран: 19.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Благодарам душе ми помогна :).. поздрав !
|
|
Внеси реплика | страница <1 4243444546 113> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |