|
Писмени состави,семинарски... |
Внеси реплика | страница <1 3940414243 113> |
Автор | |
donieva
Нов член Регистриран: 11.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ве молам да ми напишате состави за писмена работа по македонски јазик на овие две теми :
-Дугарството ме прави среќен и -Татковината празнува Ве молам да бидат напишани до 12.05.2013 |
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,,sedi do prozorec,,i pochni da go pishuvash toa shto go gledash,,,toa ke bide tvoe viduvanje,,,
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
kiki16
Нов член Регистриран: 27.Февруари.2013 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
дали има некој состав на тема "Опис на пролетен пејзаж"
однапред фала |
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве еден мал придонес за патописот.
http://kontraistorija.blogspot.com/2011/12/blog-post_6791.html mk.wikipedia.org/wiki/Марк_Твејн Мислам дека ке можиш да направиш концепт за твојот состав до понеделник. Изменето од Alekxandar - 09.Мај.2013 во 22:11 |
|
marko_kasas
Нов член Регистриран: 19.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ve molam mi treba sostav za patopis do ponedelnik
vi blagodaram odnapred |
|
lada
Нов член Регистриран: 30.Ноември.2010 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Здраво на сите!
Итно ми треба писмен состав за Афтобиографија. |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Neshto za brakjata Kiril i Metodij: Животот и делото на Свети Кирил и Методиј Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи. Во почетокот на IX век била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Западна Бугарија. Во тоа време Византиската Империја доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од Цариград, посебно Солун. Во првите децении на IX век во Солун живее и семејството на висок службеник на царската власт, помошник на византискиот стратег на Солун и солунската област. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија. Нивната народност е нејасна. Семејството имало повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот - Методиј и најмалиот Константин. Дури не се спомнува и световното име на Методиј, кој ова го добил при замонашувањето. Побожните родители ги упатиле своите рожби уште од најраното детство во христијанството, трудејќи се да им помогнат да ги применуваат возвишените христијански вистини во својот живот. Костантин уште од својата младост се занимавал со списите на свети Григориј Назијанзин и на Дионисиј Аеропагитски. Татко му го испратил во Цариград да го продолжи своето образование во императорското Магнаурско училиште, каде, освен богословските науки, се изучувале и граматика, аритметика, географија, астрономија, музика, поезија, реторика. Покрај овие науки, Константин учел и јазици - латински, еврејски и сириски. Откако го завршил своето високо образование, Константин бил назначен за библиотекар при црквата Света Софија, а потоа бил поставен за професор по философија во училиштето што го завршил. Тогаш го добил и името Константин Филозоф. Како високо образовени и талентирани личности на Кирил и Методиј ќе им бидат доделувани многу тешки и одговорни задачи од страна на византискиот двор. Најпрво биле испратени во мисија кај Сарацените (Арапите) во Багдад, која како и Хазарската и Моравската мисија претставувале дел од политичката програма на Византија, чија основна цел е да ги христијанизираат Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, Бугарите, Русите и другите народи на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт. Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Исус Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент Охридски како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север. Што се однесува до Методиј, постојат мошне оскудни извори, според кои тој се здобил со световно образование и се посветил на државната и воена служба. Бил надарен со христијански добродетелен живот и државнички и воени способности. Подолго време управувал со брегалничката област и придонесол христијанството длабоко да се всади во македонската душа во тој дел на Македонија. За овој успех бил особено заслужен и неговиот брат Константин. Мисионерската дејност на светите браќа меѓу Македонците, посебно возобновувањето и применувањето на македонската азбука е забележано во житието на Свети Наум. Ова му претходело на преведувањето на светите книги на јазикот на Македонците од солунско и на мисионерското дело меѓу западните Словени во Моравија. Извесно време пред својата мисионерска дејност, светите браќа се повлекле во манастирот Полихрон на планината Олимп, каде всушност конечно се подготвиле за своето епохално мисионерско дело. Манастирското осамување го прекинале двапати кога биле испраќани од византиската власт од цариградскиот патријарх во мисии меѓу Сарацените и Хазарите. Овие мисии ги извршиле со голем успех. Во Краткото житие на Константин-Кирил, напишано од неговиот ученик Климент Охридски, се кажува дека Кирил открил пред Хазарскиот каган дека не потекнувал од византиски род, ами дедо му бил од хранените људе на туѓ „цар„, но побегнал во Византија. Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до византискиот император Михаил III овој да испрати, епископ и учител, кој ќе им објаснува на нивни јазик вистинската христијанска вера. Изборот паднал на светите браќа. Тие биле речиси подготвени и за оваа мисија, зашто голем број од светите книги веќе ги превеле на словенски јазик. Тие избрале достојни ученици и помошници и тргнале во Моравија. Таму биле пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните свештенослужители и учители за западните словенски народи. Тука наишле на голем отпор од германски свештеници: обвинувани за ерес. Биле принудени да појдат во Рим и да го докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почасти од папата Адријан II. Тој ги одобрил словенските богослужбени книги и наредил да бидат поставени во олтарот на црквата Санта Марија Маџоре и богослужби да се вршат на словенски јазик во три римски цркви. Кирил во Рим тешко се разболел и починал на 14 февруари 869 година. Методиј епохалното мисионерско дело меѓу западните Словени го продолжува сам со помош на своите ученици, кои во Рим биле ракоположени во свештенички чин. Непријателството од германските свештеници не престанувало. Истоштен од напори и измачувања, Свети Методиј почина во Нитра, 885 година. Неговите ученици биле подложени на измачувања и прогони. Некои од нив распродадени како робови. Делото на светите браќа по смртта на Свети Методиј паднало во голема криза, но благодарение на нивните најдаровити ученици - Свети Климент и Свети Наум, охридските светители и чудотворци, учители и просветители, ползувајќи се со својот мисионерски метод, што имал за цел да им ја објави божјата вистина на новите народи, почнувајќи ја нивната културна самобитност, останал жив образец за Светата Црква и за мисионерите на сите времиња. Светите браќа Кирил и Методиј успеале да станат апостоли на Словените. Тие сакале да му служат на доброто на сите словенски народи и на единството на Универзалната црква. За овие и вакви свои заслуги, во своето апостолско послание egrigae virtulis папата Јован Павле II на 31 декември, 1980 година ги прогласил за ко-покровители на Европа, чиј покровител е Свети Бенедикт, прогласен од папата Павле IV на 26 октомври, 1964 година. Изменето од Valerija - 09.Мај.2013 во 16:15 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Панонски легенди се вид црковна литература, што се создавала во
периодот на средниот век кај сите христијански народи. Тие претставуваат
едно од најстарите дела на оригиналната словенска книжевност.
Уметничките достоинства на Панонските легенди се состојат во
мајсторската композиција, убаво насликаните ликови на личностите што
се опишуваат, особено на браќата Кирил и Методиј. Панонски легенди
содржат две житија. Житието на св.Кирил и Житието на Св. Методиј. Житието
на Св. Кирил почнува со опис на животот на Св.Кирил од неговите детски
години и неговата наклонетост кон науката и мудроста и продолжува со
опис на неговото школување во Магнаурската школа, потоа како библиотекар
во црквата Св. Софија. Авторот опширно ги објаснува мисите на Св.
Кирил, времето на пишувањето на азбуката. Една од нивните најзначајни
мисии е Моравската мисија, кога кнезот Ростислав ги повикува да
проповедуваат на на словенски. Авторот ја опишува и зависта и клеветите
на германските свештеници пред папата, како и борбата за одбрана на
словенската писменост. Во Житието за Методи опишан е животот и делото
на постариот брат Методиј. Во двете житија, односно во Панонски легенди
основната идеја е да се докаже и одбрани правото на Словените на свој
јазик, писменост и култура. Авторот двајцата браќа ги нарекува, раби
божји, прикажувајќи ги како апостоли и светци, божји избраници за големи
дела кои не сакале ништо за себе. Овие учени луѓе го одбраниле своето
дело со мудрост: Зарем Сонцето не не грее сите?”. Поради тоа папата ги
ослободил, а луѓето ги сакале и на секој чекор им ја искажувале својата
љубов.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Панонски легенди Св. Кирил и Методиј на Словените им го дале
најсилото оружје во борбата против асимилацијата-азбуката. Нивните
најистакнати ученици, доследни на делото на своите учители, со успех го
продолжиле ширењето на словенската писменост и култура.На патот на
писменоста како моќно оружје го користеле напишаното дело Едно од првите
оригинални дела напишани на словенски јазик е Панонски легенди. Композицијата на двете житија е мошне добро изградена. Тие содржат воведен дел во кој се слават величината на господ, изложување во кој е раскажан животниот пат на браќата по хронолошки ред, а во завршниот дел се искажани цитати од Евангелието. Изобилуваат со компарации, епитети, раторички прашања, а стилот е разбирлив за сите Панонски легенди содржат две житија Житието на Св. Кирил и Житието на Св Методиј. Во овие житија познати уште и како Моравски легенди најопширно е опишан животот и работата на словенските браќа во Панонија, односно Моравија. Житието на Св. Кирил почнува со опис на животот на св. Кирил од неговите детски години и неговата наклонетост кон науката и мудроста, “ ...Кога почна да оди на училиште, Константин напредуваше во учењето најмногу од сите ученици...“ и продолжува со опис на неговото школување во Магнаурската школа, потоа како библиотекар во црквата Св. Софија. Авторот опширно ги објаснува мисите на св. Кирил, времето на пишувањето на азбуката. Посебно место зазема неговиот престој во Моравија, радоста на Словените за можноста за учење на мајчин јазик. Авторот ја опишува и зависта и клеветите на германските свештеници пред папата, како и борбата за одбрана на словенската писменост. Во Житието за Методи опишан е животот и делото на постариот брат Методиј. Во двете житија, односно во Панонски легенди основната идеја е да се докаже и одбрани правото на Словените на свој јазик, писменост и култура. Авторот двајцата браќа ги нарекува, раби божји, прикажувајки ги како апостоли и светци, божји избраници за големи дела кои не сакале ништо за себе. Овие учени луѓе го одбраниле своето дело со мудрост: Зарем Сонцето не не грее сите?”. Поради тоа папата ги ослободил, а луѓето ги сакале и на секој чекор им ја искажувале својата љубов. Панонски легенди се од извонредно значење за историјата, литературата и постоењето на словенските народи. Тие беа, се и ќе бидат најбогатиот извор од кои се црпат податоци за првите словенски просветители, творците на првата словенска азбука. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Culse
Нов член Регистриран: 13.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Можете да ми помогнете во врска со овие теми?
- Животот и дејноста на Климент Охридски; - Творците на словенската писменост; - Словенските првоучители; - Значењето на словенската писменост; - Обработка на пофалното слово за Св.Кирил; - Извори за словенската писменост; - Обработка на "Панонските легенди". Ќе ви бидам благодарен доколку помогнете. |
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,,auuuuuuuu,,,,jakapach,,,,,za sedmo ,,,odd,,,pa i za drugarstvo,,,,,,,,,i da ima ,ke nema,,,
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
jaskapac
Нов член Регистриран: 08.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
а за тема другарство за писмена по македонски за седмо одделение има нешто? и како да го најдам?
|
|
Goko 17
Нов член Регистриран: 14.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nekoj da ne iam lektira ili da mi kazi ot ka jda napisam mi treba da ja razkazam lektirata Dve marii od slavko janevski..?
|
|
Larche16
Нов член Регистриран: 07.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ако можете некој да ми напише состав на било која од темиве
,на портата на младоста’’ ,,на мостот на желбите’’ или пак ,,сомнежот ја убива довербата’’ итно ми е, правам писмена другиден Изменето од Larche16 - 07.Мај.2013 во 20:15 |
|
Внеси реплика | страница <1 3940414243 113> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |