IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ЦАР САМОИЛ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЦАР САМОИЛ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3839404142 50>
Автор
Порака Обратен редослед
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 13:23
Сите кои доаѓаат од странство гледаат во Охрид тврдината каде што пишува дека е на Македонскиот ЦАР Самуил - таму има и изложено едни негови чашки од кои пиел - знаеш ли каков амблем има на нивголема%20насмевка
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 12:52
Уште веднаж го има:
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 12:40
Разни верзии на разни историчари - последно за Роман се знае дека се прогласил и крунисал за Цар во СКопје каде што и умрел од раката на Македонскиот ЦАР Самуил.

Дури се оди толку далеку што Бугарските историчари тврдат дека Романовото тело се наоѓа во една од Скопските стари цркви но Македонците несакаат да признаат дека телото е на Романнамигнување
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 12:35

Еве дека пишува за Роман:


Изменето од lav4eto - 11.Декември.2008 во 16:19
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 12:33
Originally posted by taanas taanas напиша:

Нема документ който да го провъзгласява за македонски цар! Това е една толкова голема измислица че повечето скопски историчари гледат да не я споменавт да не стават за срам пред колегите им от чужбина!
Ам Бугича не е историчар той може да казва каквото си иска -свобода на словото нали така!


Е ако де - вам може не ви е вистинито ама барем знаеме дека не е ни ТуркоМОнголски ЦАР,баш напротив тој е ЦАРОТ кој го убил и последниот од родот Дуло,последниот кој го закопал туркомонголскиот крвен непријател на Македонскиот народнамигнување
Кон врв
taanas Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 331
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај taanas Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 12:14
Нема документ който да го провъзгласява за македонски цар! Това е една толкова голема измислица че повечето скопски историчари гледат да не я споменавт да не стават за срам пред колегите им от чужбина!
Ам Бугича не е историчар той може да казва каквото си иска -свобода на словото нали така!
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 11:56
газење%20од%20смеењеТи мене за вистинагазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење

Далеку сте вие од вистината - кажав јас газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење

И Душан е цар на Грци,Бугари,Срби,Бошњаци,Македонци и др. кои ги поробил,можеш и неговиот грбовник да го погледнеш но сепак тој е Српски цар и нема тука вистина - невистина.

Исто е и со Самуил - тој е Македонски ЦАР кој поробил доста народи и се прогласил за нивни царнамигнување
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 11:45
Е, сега веке се е jасно.

Изменето од macedon_alex - 19.Јуни.2009 во 16:15
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 11:41
Нема потреба да пишува ЦАР МАкедонски на таа икона - треба прво се убаво да прочиташ - Значи ке преведам малку по опширно

Кога Самуил станал ЦАР тој почнал да освојува предели и народи - на иконава се искажува освојувањето на Бугарите при што кога Самуил ги покорил Бугарите станал и нивен Цар исто како што станал цар над Сербите и Далматинцитенамигнување

Во случајов Македонскиот ЦАР е прикажан како освојувачнамигнување
Кон врв
taanas Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 331
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај taanas Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 11:39
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 11:37
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

...Храбриот цар не можел да ја издржи глетката.
По два дена неговото срце престанало да чука.
Така, на 6 октомври 1014 година, македонскиот цар Самуил умрел од срцев удар.



Буги - много ми е чудно зошто таа илустрациjа е дадена во црно-бели бои и зашто е орезана?(липсва горната част). Види го во по добро издание:



Само не видим да пише цар македонски, се ми се види што пише цар блгарски
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 11:31

Да, во право си-види што пишува Пириватриќ за црквата:



Изменето од lav4eto - 11.Декември.2008 во 16:21
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 10:33

Се чудам зошто Самуил напага Солун, ако таму живели неговите брака македонци?И дали Св.Димитар е поразил Самуил исто како Калоjан?


Изменето од lav4eto - 11.Декември.2008 во 16:22
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2008 во 10:43
Создавањето на Самуиловата држава за историјата на македонскиот народ има исклучително големо значење.
Со неа и биле воспоставени и темелите во конституирањето на македонскиот народ како самостоен и независен.
Предностите и значењето кои ги носат економските потенцијали и воено-стратегиската положба која ја поседува Македонија му овозможиле на Самуил да завладее речиси со целиот Балкан.
Во времето на создавањето на македонската средновековна држава настанале промени и во Византиската империја. На нејзино чело дошол императорот Василиј II (976-1025), за кого се смета дека е припадник на македонската династија.
Во периодот од 970 до 1018 година, односно за 40 години постоењето на македонската средновековна држава, речиси постојано траела македонско- византиската војна, во која се воделе 13 големи битки и повеќе помали вооружени судири.
Остварувањето на својата стратегиска воено-политичка задача, односно создавањето силна самостојна држава, Самуил ја почнал веднаш по завладувањето на Византија со источните делови на Бугарија.
Битката во клисурата Суци кај Трајановата порта се водела на 17 август 986 година. Учесниците забележале дека оружјето на Самуиловата војска било многу поквалитетно, се наведува дека се случило чудо, дека нејзините стрели биле посилни од византиските копја.
По поразот на Византијците хроничарите индиректно и сликовито го исмеале Василиј II, во чии војсководечки способности се разочарале, наведувајќи дека "лавот трепери од средбата со младите елени".
Откако се спасил и кога пристигнал во Филипопол (Пловдив), Василиј II физички се пресметал со оние за кои сметал дека извршиле предавство, а потоа, со оглед на тоа дека немал сили за реванш, продолжил за Цариград.
По овој пораз во Византија повторно пламнала граѓанска војна.
Василиј II се обидел преку своето пратеништво да склучи мир со Самуил, но сепак до тоа не дошло.
Внатрешните судири ја зафатиле речиси целата византиска територија, но во Цариград, во Силистрија и во Солун и натаму имало силна војска лојална на царот.
По разбивањето на византиската војска Самуил го продолжил освојувањето на Бугарија, па до 987 година излегол до Црното Море, со што била остварена неговата стратегиска цел на исток.
По обезбедувањето на тилот од север, Самуил ги продолжил походите кон југ.
Во 989 година ги освоил важните тврдини Верија (Бер) и Сервија (Селфиџе), а во 995 година ја зазел и тврдината Драч, со што ја проширил македонската држава до Јадранското Море.
Македонската војска која ја создал и со која командувал Самуил во својот состав имала припадници речиси од сите балкански народи.
Најбројни и главни раководни и командни места зазеле Македонците, а врховен командант бил кнезот, подоцна царот Самуил.
Центарот на моќната средновековна македонска држава и Главната команда на силната македонска војска биле во Преспа.
Самуил бил врховен заповедник, односно главен стратег.
Лично ја предводел војската речиси во секоја позначајна битка, стратегијата ја разработувал на местото избрано за битка и откако ќе ги соберел сите потребни податоци за противникот.
Пред секоја битка водел вешта воена дипломатија, склучувал мировни спогодби, сојузништвата ги зацврстувал со бракови.
Ги поткупувал истакнатите војсководци на противникот.
На тој начин повеќе византиски војсководци преминале во војската на Самуил, барал сојузници, а цело време ги вежбал, ги вооружувал и ги подготвувал воените сили за да ја оствари одлучувачката победа на бојното поле.
Поради таквиот однос во раководењето и во командувањето современиците, особено противниците го нарекле "Самуил итрецот".
Организацијата и формацијата на Самуиловата војска биле слични на византиските. Според родовскиот состав, Самуиловата војска била профилирана од два рода –
пешадија и коњаница.
Покрај овие родови, Самуил имал и телесна гарда или стража, сместена во посебен логор, секогаш поставен близу неговиот дворец или непосредно во негова близина, за време на воените походи или на бојното поле.
Бидејќи располагал со развиена опсадна техника, се верува дека Самуил имал и инженерци.
Од посебните вооружени формации, покрај телесната гарда, располагал и со добро обучена извидница, и тоа како "поткажувачи" и како "сопатници", односно формации кои имале задача да откриваат, како и такви кои требало да го следат непријателот. Иако Самуил владеел со некои градови на Јонското, на Црното и на Јадранското Море, тој не располагал со флота.
На почетокот неговата војска била организирана по десетински систем, односно по групи од по десет луѓе кои, во зависност од потребите, се зголемувале во поголеми дружини, во комархии и во комесии.
Повеќе такви формации создавале друнгерија, односно архонтија, што била највисока воена формација.
Врховен заповедник на војската бил Самуил, а пониските команданти се нарекувале архонти, друнгери, комеси, комтархи итн.
Комесите биле началници на штабови и, главно, ја вршеле логистичката работа.
Самуиловата војска била вооружена со разновидно оружје.
Тоа било слично на византиското.
Меѓутоа, Самуиловите воини имале и автентично оружје, односно развивале и свое оружарство.
Сите војници, покрај заштитната опрема, носеле и долго копје со знаменце или висулка.
Поретко во опремата биле вклучувани мечот, со различни должини и форми, како и лакот и стрелата.
Исто вакво вооружување имале и припадниците на пешадијата и на коњаницата.
И во однос на облеката Самуиловата војска била опремена слично како византиската. Војниците носеле горен дел, кој бил краток, а панталоните биле со тесни ногавици. Обувките им биле направени од дебела кожа, цврсто припиени на потколениците. Како заштита имале кошула плетена од метална жица, а покрај тоа имале и метален оклоп, односно панцир.
Главата ја штителе со шлем со разновидни облици, а под брадата се спуштал метален панцир.
Од заштитната опрема се истакнувал штитот, кој имал елипсовидна или кружна форма. Коњите, исто така, имале комплетна украсна и заштитна опрема.
Подготовките за битката кај Беласица Самуил ги почнал во согласност со дефанзивната стратегија.
Тој се одлучил да постави бедем (дема) во Клучката клисура, таму каде што Беласица и Огражден најмногу се доближуваат, каде што теснината е најголема и каде што со по- мали сили може да се победи и посилен непријател.
Одбраната била утврдена, односно бедемот бил поставен кај селото Градешница (денес на територија на Република Бугарија, десеттина километри од тромеѓето на границите меѓу Македонија, Грција и Бугарија).
На тој простор падините на Беласица и на Огражден се мошне стрмни, ридовите високи, свиоците чести, како самата природа да сакала да создаде затворена клисура, погодна за заседа и за најголемо изненадување.
Византискиот император Василиј II долго време ја очекувал приликата да му се реваншира на Самуил за катастрофалниот пораз.
Неговиот план предвидувал навлегување во Пелагонија, во срцето на Македонија и, таму, на широкото поле, да ја разбие Самуиловата војска.
Следниот потег бил постапно освојување на попатните тврдини, со што требало да се предизвика распаѓање на македонската држава.
До средината на јули 1014 година, демата во Клучката клисура веќе била направена, одбраната поставена, а силите распоредени.
Василиј, по стариот обичај, тргнал од Серското Поле кон централна Македонија, а патот го водел кон Клучката клисура.
Во меѓувреме, Самуил го испратил војводата Несторица да го нападне Солун.
Но, тука веќе подготвен го чекал Теофилакт Вотанијат со синот Михајло и тие со силна војска ја разбиле македонската војска предводена од Несторица.
Во таа борба загинале многу македонски војници, а голем број биле заробени.
Потоа Вотанијат и неговиот син Михајло, со голема војска, се упатиле кон војската на Василиј II.
Во тоа време, односно во втората половина на јули, Василиј веќе пристигнал во Клучката клисура и бил многу изненаден од итрината на Самуил, кој веќе го поставил бедемот. Неколку пати се обидувал да ја разурне демата и секогаш доживувал неуспех.
При нападите имал големи загуби.
Ниту засилувањето со војската на Вотанијат не можело да помогне, бидејќи во клисурата можеле да напаѓаат само во колони, а со тоа станувале живи мети на Самуиловите стрелци.
По неколкуте безуспешни напади, Василиј ги собрал своите војсководци, со цел да го организираат повлекувањето на византиската војска.
На тој состанок пловдивскиот стратег Никифор Ксифиј му предложил на Василиј II оригинален план.
Според него, императорот со главните сили требало да ги продолжи нападите на Самуиловата одбрана, а Ксифиј, со дел од византиската војска, да ја заобиколи Беласица и зад грб да ги нападне бранителите.
Планот бил усвоен.
Тогаш Никифор Ксифиј избрал физички поподготвени, поиздржливи и повешти борци и тргнал во заобиколка од јужната страна на Беласица.
Кога дошол до селото Шугово (денес во Грција), се искачил до единствениот превој на Беласица, наречен Коларов Врв, а потоа се спуштил во Струмичко Поле и по стариот пат (денес се вика Подгорски) се упатил кон Клучката клисура.
На 29 јули 1014 годи- на, Ксифиј пристигнал во близина на утврдената одбрана и со големи викотници извршил силен јуриш во грбот на Самуиловата војска.
Во исто време, напад извршил и Василиј.
Настанала паника и хаотична состојба.
Македонската војска се нашла меѓу две византиски војски во најголемиот теснец на Клучката клисура.
Во тој метеж многу Самуилови војници побегнале, според Георгиус Монахус Континуатус 160.000 биле убиени, а од 14.000 до 15.000 биле заробени.
Самуил едвај успеал да се спаси, и тоа благодарение на неговиот брз коњ и на син му Гаврил Радомир, кој со својата храброст и јунаштво успеал, совладувајќи ги
противниците, да се пробие до татко му, го качил на коњ и го пренел во Прилеп.
Дваесет и осум години по катастрофалниот пораз кој го доживеал на 17 август 986 година, кај Трајановата порта, со победата кај Беласица на 29 јули 1014 година, Василиј конечно успеал да му се одмазди на Самуил.
Охрабрен од големата победа, Василиј ја освоил, а потоа ја разурнал тврдината Мацукион, по што се упатил кон тврдината Термица (Банско), која не успеал да ја освои.
Потоа продолжил кон тврдината Струмица.
Таа тврдина се наоѓа на ридот кој денес струмичани го викаат Маркови Кули или Цареви Кули.
Околу неа биле изградени воени кули и други објекти за одбрана.
Таму се спасил мал дел од Самуиловата војска, на која й се придружил и Гаврил Радомир. Василиј не успеал да ја освои тврдината, па ја опседнал Струмица, претпоставувајќи дека утврдената војска, кога ќе ја потроши храната, сама ќе се предаде.
Додека траела опсадата Василиј го испратил солунскиот дукс Вотанијат со дел од војската да го расчисти патот кој ја поврзувал Струмица со Солун.
Тој пат, подоцна наречен Солунско џаде, водел од Скопје, преку Велес, Струмица, Дојран, по текот на Вардар, до Солун.
Василиј планирал во Солун да ја одмори својата војска и да се подготви за нови освојувачки походи.
Заминувањето на Вотанијат го забележале македонските војници и го известиле Гаврил Радомир.
Тој одлучил да се одмазди за поразот кај клисурата и успеал незабележливо својата војска да ја извлече од тврдината и кај селото Костурино поставил заседа.
Таму, при враќањето, војската на Вотанијат била изненадена и целосно разбиена, а Гаврил Радомир лично, со своето копје, го прободел Вотанијат.
Овој настан охрабрувачки одекнал во Струмичко и предизвикал неповолен одраз врз плановите на Василиј.
Огорчен поради загубата на својот војсководец, Василиј ја повлекол опсадата на тврдината и почнал да прави злосторства низ Струмичко.
Особено свирепо се одмаздил над заробените околу 15.000 Самуилови војници.
Наредил на сите да им се извадат очите, а на секој стоти војник му оставил по едно око за да ги води ослепените македонски војници до Преспа, во престолнината на Самуил.
Изнемоштениот и ранет цар Самуил од Прилеп заминал за Преспа, каде што ги лекувал раните и очекувал попријатни вести.
Два месеца по поразот кај Беласица, на почетокот на октомври, ослепената морничава колона пристигнала во Преспа.
Кога Самуил ја видел својата војска, сите одбрани мажи кои го носеле од победа во победа, со кои поминал од Трајановата порта до Задар и Босна, од Сава и Дунав до Пелопонез и до Јонското Море, кои сега како живи трупови стоеле пред него, го слушале а не можеле да го видат, останал погоден од глетката.
Тој очај, нивниот водач царот Самуил, не можел да го издржи.
Паднал во бессознание.
Долго го освестувале со вода и билки, му давале мед и шеќер, но за скршеното срце на големиот воин немало лек.
Храбриот цар не можел да ја издржи глетката.
По два дена неговото срце престанало да чука.
Така, на 6 октомври 1014 година, македонскиот цар Самуил умрел од срцев удар.

Во меѓувреме, по опустошувањето на Струмичко, и откако народот го завил во црнина и жалост, Василиј II заминал да ја освои тврдината Мелник.
Но, бидејќи за злосторствата брзо и далеку се слушало, мелничани без борба му се предале на Византиецот.
Подоцна Василиј II заминал за Мосинопол каде што на 24 октомври бил известен дека Самуил умрел и дека за наследник го одредил својот син Гаврил Радомир.
Според пишувањето на Скилица, Гаврил "по снага бил многу посилен од татка си, но по памет и разум многу послаб од него".
Иако одамна војувал покрај својот татко и бил втор по ранг во државата, сепак воената стратегија, односно вештината на војувањето Гаврил не успеал да ја совлада доволно добро за да може да му се спротивстави на искусниот Василиј.
Самуиловата моќна држава и силна војска се базирале на темели кои трпеливо и мајсторски ги поставил и ги изградил "народниот водач" и "генијалниот стратег", исклучителниот државник и вешт дипломат Самуил.
Со воената и дипломатската способност тој владетел успеал да ја прошири својата држава.
Но, наспроти својот воен потенцијал, не успеал да ја постигне животната цел:
сосема да ја уништи Византиската империја на Балканот, потоа да ги ослободи сите нејзини народи од деспотската власт на Ромеите и да ги соедини во своето кралство, со центар во Македонија.
По пропаѓањето на Самуиловата држава во Македонија настапил долговековен период во кој имало повеќе обиди за создавање самостојна држава, но тие биле неуспешни.
Со Македонија, покрај Византија, во одредени периоди владееле Србија и Бугарија, а по битката на Марица во 1371 година со Македонија завладеала Османлиската империја.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3839404142 50>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.