|
Светот денес |
Внеси реплика | страница <1 3839404142 46> |
Автор | ||||||||||
lane62
Сениор Регистриран: 08.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 7583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
ni na ovaa mapa ne nema...
|
||||||||||
Daj više odmora jeziku nego rukama!
|
||||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Набуко“ претставува историски момент за енергетската безбедност во Европа Европа се обезбеди со енергијаТурскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека потпишувањето на Меѓувладиниот договор за соработка во областа на испораката на природен гас преку гасоводот „Набуко“ претставува историски момент за енергетската безбедност во Европа. Тој на отворањето на свеченоста по повод потпишувањето на договорот нагласи дека проектот „Набуко“ е важен за пријателството и мирот. „Проектот „Набуко“ покажува дека Турција треба да стане членка на ЕУ поради снабдувањето со енергетски ресурси“, истакна турскиот премиер. Истовремено, Ердоган нагласи дека Турција би сакала ирански гас да се испорачува преку гасоводот, изразувајќи надеж дека со тек на времето преку него ќе се транспортира и руски гас. Договорот е потпишан меѓу претставници на Бугарија, Романија, Австрија, Унгарија и Турција. Специјалниот пратеник на САД за енергетските прашања во Евроазија, Ричард Морнингстар, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и еврокомесарот за енергетика Андрис Пиебалгс, исто така, присуствуваа на чинот на потпишувањето. „САД не се противат Русија да се вклучат во проектот Набуко, но Иран не треба да учествува во него се додека не ги подобри односите со Западот“, истакна Морнингстар, додавајќи дека САД се обидуваат да ја ангажираат Русија во енергетските прашања. Русија, според него, во проектот може да учествува или како клиент или како снабдувач на гас. Проектот „Набуко“ предвидува да се изгради гасовод за пренос на природен гас од Централна Азија кон ЕУ, преку Турција и Југоисточна Европа. Обемот на транспортираниот гас се предвидува да изнесува 31 милијарда кубни метри годишно. „Тајмс“: Гасоводот Набуко“ го елиминира монополот на „Гаспром“ Новиот европски гасовод „Набуко“ го елиминира монополот на рускиот „Гаспром“ во снабдувањето на Европа со гас, пишува „Тајмс“, поздравувајќи го потпишувањето на договорот за неговата изградба меѓу Турција, преку чија територија ќе минува и ЕУ. Гасоводот како што јави дописникот на МИА од Лондон, се смета дека е еден од најамбициозните проекти на Европската Унија. Преку него од наоѓалиштата во Азербејџан, во Каспиското море и на Блискиот Исток до европските корисници ќе се префрлаат 31 милијарда кубни метри. Гасоводот ќе минува низ Бугарија, Романија, Унгарија и Австрија. Сега Русија обезбедува околу 35 отсто од европските потреби, па лондонскиот весник смета дека најважното во овој проект е што „Набуко“ ги заобиколува руската и украинската територија. Тоа значи дека нема повеќе да се случува, среде зима, како што тоа беше годинава, Русија да го затвори протокот на својот гас за луѓето во Европа, затоа што е во кавга со Украина, забележува овој весник. Според „Тајмс“, политичарите и стратезите во Москва, како во времето на комунизмот, така и во услови на авторитативната власт на Владимир Путин, размислуваат на посебен свој начин, така што секоја погодност за руските соседи, се смета како непогода за Русија. Затоа на Европа и е тешко да воспостави поволен однос со Москва, кога станува збир за снабдувањето со енергетски суровини, па во такви услови изградбата на нафтовод кој ја заобиколува Русија, е толку многу атрактивен проект, заклучува лондонскиот весник. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111361 |
||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Кога Талибанците гранатираа одредени стари споменици во некои карпи или српскиот генерал нареди гранатирање на Дубровник Америка водеше во осудата за варварство. Сега кога тоа го прават нивните војници во име на демократија во недемокартија нешто молчат.
Американската војска го уништи Вавилон
|
||||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Во Анкара ќе се потпише проектот Набуко
Со овој договор ќе се намали гасната зависност од Русија за Европа
По тој повод денес во Турција ќе допатуваат претставниците на земјите потписнички на договорот. Домаќин на свечениот чин на потпишување на меѓувладиниот договор е Анкара. Заедно со Турција претставниците на четири земји низ кои ќе помине гасоводот ќе го потпишат договорот. На тој начин ќе се фрли првиот и најзначаен чекор за остварување на договорот. На свеченото потпишување на меѓувладиниот договор во Анкара ќе учествуваат претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо, грузискиот претседател Михаил Саакашвили, четири премиери и девет министри. Унгарија, Австрија, Романија и Бугарија заедно со Турција на чинот на свеченото потпишување на договорот ќе бидат застапени на ниво на премиери. По потпишувањето на договорот, во рамките на меѓувладиниот договор, претставниците на компаниите кои го сочинуваат Набуко се предвидува во рок од шест месеци да потпишат посебни договори со земјите учеснички. На чинот на свеченото потпишување на договорот беа поканети Русија и Ирак, но овие земји нема да учествуваат на манифестацијата. Иран не беше поканет на свеченото потпишување на договорот во Анкара. Проектот Набуко беше развиен со цел да се диверсифицираат новите извори на гас за потребите на Европа. Целта на проектот е гасот на Азербејџан, Каспискиот басен и Блискиот Исток да се пренесува во Европа. На тој начин ќе се намали гасната зависност од Русија и ќе се обезбеди разноликост во понудувачката. Со таа цел во 2004 година во Австрија беше формирана компанија од пет партнери. Австрија, Унгарија, Романија, Бугарија, Германија и Турција имаат еднакви удели во проектот. Уделот на секоја земја во проектот изнесува 16.67 отсто. Остварувањето на проектот ќе чини 7.9 милијарди Евра. Изградбата на проектот ќе започне идната година.
|
||||||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
a Ujgurite i ponataka jadat kjotek .... nikako bre na jadnive ameri da im trgne razbivanjeto na Kina i Iran kako sto eksperimentalniot model od 90 ' te narecen Jugoslavija im uspea ...... greoticki ... a tolku pari i trud samo vlozuvaat .... c c c c c c c c c ............. kako ednas ne se zagrizija vaka kako sto se zagrizija za albancite na kosovo , ujgurite , " demokratskite dizenja " vo Iran , za k*rdite vo turcija ili palestincite na zapadniot pojas ? .............
Војската влезе во Урумчи - Ујгурите протестираат
Околу 200 Ујгури со мотики, железни стапови и камења се собраа денеска во еден муслимански кварт во Урумчи, главниот град на автономната област Синџијанг во северозападна Кина. Тие протестираат поради нападот врз нив од страна на етничката група Хан, пренесуваат очевидци. Ова е четврти ден од тешките мултиетнички нереди во главниот град на таа област во кои што се судрија Ујгурите, мнозинско муслиманско население во таа област и Хан Кинезите. Во неделата кога избија судирите меѓу двете етнички групи, загинале 156 лица, а над илјада се ранети, според официјални извори. Наспроти Ујгурите, кои се опремени со импровизирано оружје поставен е полициски кордон, кој што ги одвојува од квартовите во градот каде што живеат Хан Кинези. Хан Кинезите вчера масовно излегоа на улиците во Урумчи вооружени со стапови, лопати и мечови за да го изразат бесот поради нападите на Ујгурите, но полицијата успеа да спречи судири на двете страни. Воведен полициски час во Урумчи Кинеските власти синоќа воведоа полициски час во Урумчи, главниот град на автономниот регион Синџинг Ујгур, откако во тридневните мултиетнички судири загинаа најмалку 156 луѓе, а повеќе од илјада се повредени. Стотина припадници на мнозинското кинески народ Хан вчера вооружени со ножеви, сатари и со дрвени и метални стапови ги кршеа продавниците на Ујгурите, муслиманско малцинство. Инцидентот се случи откако Ујгурите ги нападнаа полициските пунктови во Урумчи во знак на протест поради апсењето на повеќе од 1.400 демонстранти. Ујгурите незадоволни со својот статус во неделата почнаа да протестираат, а непосреден повод беше реакцијата на властите во јунските судири меѓу припадниците на мнозинскиот народ Хан и Ујгурите во Шаогуан, при што се убиени двајца Ујгури. Ујгурите се етничка група со муслиманска вероисповед, која е речиси половина од вкупно 20-милионското население на регион Синџинг Ујгур. Тие бара повеќе да учествува во економскиот и политичкиот живот на покраината, како и поголеми политички и верски слободи. Официјален Пекинг тврди дека немирите се дело на сепаратистичките групи од странство кои сакаат независна држава за ујгурското малцинство. Изменето од miroslav_g8 - 08.Јули.2009 во 13:19 |
||||||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Напад врз Иран не треба да се презема
Воен напад врз Иран, кој би имал за цел да ги запре нуклеарните амбиции на Техеран, е можност што не треба да се презема, изјави началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД, адмирал Мајк Мaлeн. Тој потенцира дека можноста за напад и натаму останува во игра, но дека е крајно вознемирен од она што би го преземал Иран доколку биде нападнат. Според него, евентуален напад врз Иран би претставувал закана за целиот регион на Блискиот Исток. Мален повика на внимателност, иако, како што нагласи, „часовникот отчукува“. Првиот човек на американската армија рече дека очекува Иран да произведе атомска бомба за една до три години. Мален одби да ја коментира изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, дадена во неделата, дека САД не би можеле да се мешаат, доколку Израел реши да ги нападне иранските нуклеарни постројки. Коментирајќи ја изјавата на Бајден, американскиот претседател Барак Обама во интервју емитувано вчера на телевизијата Си-Ен-Ен изјави дека САД никогаш не му дале зелено светло на Израел за да го нападне Иран. Обама истакна дека изјавата на Бајден само потврдува дека САД не можат да им диктираат на други држави како да се однесуваат во областа на безбедноста. „Тоа е исто така се однесува и на политиката за решавање на проблемот со иранската нуклеарна програма“, рече Обама. kratko kazano , od Rusija ne dobi poddrska za takva AVANTURA a i ne veruvam deka amerikancite kje rizikuvaat da na sebe go navlecat besot na site arapski drzavi pa i na onie koi dosega im se sojuznici ... prosto k'o pasulj .... tie na Iran , Iran na izrael i eto homogenizacija na arapite Изменето од miroslav_g8 - 08.Јули.2009 во 13:14 |
||||||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
svetot denes pozanimliv za uste edna informacija ..... za nekogo mozebi ne taka vazna medjutoa za onie koi razmisluvaat na " podolgi " stazi i te kako interesantna ..... od pricina sto amerite nekako sramezlivo najavuvaat deka domasniot esap na pazar ne im izleguva ..... ne prasuvam dali ova kje znaci i pravenje na nekoi otstapki od pricina sto SIGURNO kje se pravat i otstapki no i preispituvaat nekoi odluki na poranesnata amerikanska administracija a odluki koi se protivat so RUSKITE stavovi vo vrska so nekoi prasanja od ogromna VAZNOST za samata Rusija ......
Москва и Вашингтон склучија договор за транзит на оружје и војници преку Русија за Авганистан Москва, 6 јули (МИА) - Русија и САД склучија договорза транзит на оружје, воена техника, воен имот и персонал преку руска територија за Авганистан, се наведува во соопштение од Белата куќа. САД сега ќе можат да го користат рускиот воздушен простор за транспорт на војници, оружје, муниција, единици и превозни средства, вклучувајќи и оклопни возила. Со тоа ќе можат да се заштедат 133 милиони долари годишно од гориво и други трошоци на американската Влада, што ќе и овозможи да заштеди драгоцено време при транспортирањето војници, оружје и воена техника. Новите транзитни патишта се многу важни за САД бидејќи досегашните патишта за снабдување преку Пакистан се напаѓани од екстремисти. Договорот е потпишан за рок од една година и со можност да биде продолжуван неограничен број пати со заемна согласност на двете страни. Тоа треба да биде ратификувано и од рускиот Парламент. Изменето од miroslav_g8 - 07.Јули.2009 во 09:27 |
||||||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
sto vrska imaat evreite ,ujgurite i tibet ? ..... procita li sto pisuva ili samo se obiduvas so sarkazam da opravdas nesto koe koga bi se slucilo tuka kaj nas bi go osudila ?
" vijesti o nedjeljnim etničkim nemirima u sjeverozapadnoj pokrajini Xinjiangu gdje žive brojni Ujguri muslimanske vjeroispovijedi " .......
Изменето од miroslav_g8 - 06.Јули.2009 во 20:20 |
||||||||||
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
..............
Изменето од Popi - 14.Ноември.2009 во 06:02 |
||||||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
e barav nasekade po internet da e najdam na MKD jazik medjutoa se uste e nema ...... se izvinuvam sto e na Hrvatski jazik
VIDEO: 140 mrtvih i preko 800 ranjenih u prosvjedimaUrumqi, 06.07.2009., 12:42 | B.V.Najmanje 140 osoba je ubijeno te više od 800 ranjeno u neredima koji su zadesili zapadnu kinesku provinciju Xinjiang. |
||||||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
sram da im e .......... kako samo mozat da ne ne prasaat nas ...... |
||||||||||
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Србија и Грција потпишале договор вреден 6.1 милиони евра
"Србија и Грција денес потпишале договор за реализација на првата фаза од проектот “Научно истражувачка и образовна компјутерска мрежа на југоисточна Европа” (СЕЕЛИГТХ) со која научните и образовните институции на Србија ќе се поврзуваат со академската мрежа на Европа." "Матиќ истакнала дека проектот би требало да биде завршен до 2011 година. "Заменикот министер за надворешни работи на Грција, Варвициотис кажал дека целиот проект вреди околу 20 милиони евра, од кои Грција ќе обезбеди 80 отсто, а остатокот на средства ќе го обезбедат земјите учеснички во проектот, пренесува “Бета”".
Neshto ne mi shtima vo celiov ovoj "proekt". Dali ovie proektanti veke zboruvale so nash*te nadlezhni za vakov dogovor ili tie gi vkluchuvaat vo "zdelkava so sedishte vo Srbija"? I drugo, shto li e motivacijata na Grcija da gi pokriva troshocite za eden vakov proekt, pa duri i so 80% od cenata? Znaejki ja Grcija po "gifts of trust" ne im se bash raduvam na ovie proekti.
|
||||||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Sanader kako nasiot Ivica ... naseti deka brodot tone pa pobrza da se spasi |
||||||||||
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
...................
Изменето од Popi - 14.Ноември.2009 во 06:02 |
||||||||||
Внеси реплика | страница <1 3839404142 46> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |