![]() |
|
УЕФА Лига на Шампиони |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 43> |
Автор | |
LiDivio ![]() Модератор ![]() Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ако Атлетико се падне со Челси, К*ртоа нема да може да брани против „плавите“ освен ако не им плати 3 милиони евра за секој меч (вкупно 6)...
...така стои во клаузулата од договорот за позајмица. ![]() |
|
![]() |
|
Blue Scarlet ![]() Модератор ![]() ![]() Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Познати полуфиналистите: Реал Мадрид, Челзи, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.
Ждребката е утре, а првите полуфинални натпревари ќе се играат на 22/23 април. Челзи - ПСЖ 2:0 - Чудата сепак се можни и „аутсајдерот“ успеа да си овозможи пласман во полуфиналето иако ПСЖ беше во подобра позиција по првиот натпревар и резултатот 3:1. Сепак се работи за Специјалниот ... ![]() Борусија Дортмунд - Реал Мадрид 2:0 - Реал успеа за влакно да се извлече и да стане еден од полуфиналистите иако претрпе пораз. Убавиот резулатат од првиот натпревар (3:0) беше она што им го обезбеди пласманот. Секогаш ми било глупаво онаа радување на играчите во вакви ситуации, кога ќе изгубат а пак се радуваат затоа што одат понатаму ... ![]() Баерн Минхен - Манчестер Јунајтед 3:1 - Иако на првиот натпревар на Олд Трафорд Ман. Утд. успеа да го издржи притисокот, синоќа паднаа сосема очекувано. Нереално ќе беше да се очекува уште едно чудо по првото полувреме во кое всушност и ништо не случуваше. Иако голот на Евра беше фантастичен, не беше доволен. Морам да признаам дека последните два гола на Баерн беа “смешно лесни“ и нималку атрактивни ( и двата грешка на Немања Видиќ)но гол си е гол и победа си е победа. Мојс сепак останува The Wrong One ... ![]() Атлетико Мадрид - Барселона 1:0 - Иако некогаш ја сакав Барселона (скоро исто толку колку што го мразев Реал
![]() Изменето од Blue Scarlet - 10.Април.2014 во 11:02 |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
![]() |
|
LiDivio ![]() Модератор ![]() Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ме потсеќа на Брзата птица итрица на клипчево...
![]() |
|
![]() |
|
Blue Scarlet ![]() Модератор ![]() ![]() Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Мурињо ја изведе својата магија ПАК ....
![]() |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
![]() |
|
Blue Scarlet ![]() Модератор ![]() ![]() Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Завршија првите четвртфинални натпревари со интересни резултати:
Барселона - Атлетико 1:1 - значи на реванш натпреварот се е можно, едно е сигурно ќе гледаме интересен натпревар ![]() Манчестер Јунајтед - Баерн 1:1 - ме изненади резултатот, очекувано беше Ман. Утд да падне но сепак останува да видиме дали се можни чуда ... ![]() ПСЖ - Челзи 3:1 - повеќе или помалку предвидливо, Челзи ќе има тешка задача на Стамфорд Бриџ ![]() Реал Мадрид : Борусија Дортмунд 3:0 - мислам дека ја искористија убаво шансата за одмазда
![]() Изменето од Blue Scarlet - 03.Април.2014 во 15:01 |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
![]() |
|
Blue Scarlet ![]() Модератор ![]() ![]() Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ај малку да искоментирам за четвртфиналните натпревари (1/2 април со 8/9 април)
![]() Барселона и Атлетико Мадрид се некако најизедначена двојка. Си дишат во врат во шпанската Примера со еден поен разлика. И иако Барселона е сеуште еден од најдобрите тимови на светот Атлетико има многу успешна сезона. Реал Мадрид и Борусија Дортмунд - ако добро се сеќавам ( а се сеќавам ![]() ПСЖ и Челзи - иако Мурињо изјавил дека Челзи и Ман.Утд се аутсајдери ( да се чуди човек на ваква изјава од Мурињо ![]() Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен - Манчестер имаше СРЕЌА и дојде до четвртфиналето, не можам да кажам дека го заслужија местото таму со играта која ја покажаа. Од друга страна Баерн се сеуште на ниво на кое треба да биде минатогодишниот победник. Само се надевам дека Манчестер достоинствено ќе ја војува битката со големиот Баерн кој од друга страна може да биде првиот тим кој две години по ред ќе ја освои титулата во ЛШ. Ете затоа ќе биде интересно ...
![]() ![]() |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
![]() |
|
Blue Scarlet ![]() Модератор ![]() ![]() Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Познати двојките за четвртфиналните натпревари во ЛШ.
Барселона - Атлетико Мадрид Реал Мадрид - Борусија Дортмунд ПСЖ - Челзи Манчестер Јунајтед - Баерн Минхен Ќе биде интересно ...
![]() |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
![]() |
|
Blue Scarlet ![]() Модератор ![]() ![]() Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Манчестер Јунајтед се врати од мртвите, и на мое големо задоволство
![]() Ван Перси со хет трик успеа да направи пресврт и со тоа стана херој на тимот ( и иако беше изнесен на носилка и почна да се шпекулира дека повредата е до толку сериозна што нема да го гледаме на мундијалот, Мојс со изјава го демантираше тоа и рече дека повредата воопшто не е сериозна ![]() Зенит иако успеа да го победи тимот на Борусија Дортмунд со 2:1 не успеа да се пласира понатаму поради победата на Борусија на гостински терен со 4:2.
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
![]() |
|
Blue Scarlet ![]() Модератор ![]() ![]() Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Реал Мадрид само го запечати местото во четвртфиналето на ЛШ со нова победа над Шалке со 3:1, па со импресивни 9:2 останува еден од фаворитите за престижната титула.
Челзи на домашен терен славеше против Галатасарај со 2:0, иако според мене можеа повеќе што не може да се каже за играчите на Галатасарај кои за 90 минути имаа само еден шут на противничкиот гол. Со вкупни 3:1 Челзи е првиот претставник на Премиер Лигата во четвртфиналето ...
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
![]() |
|
Blue Scarlet ![]() Модератор ![]() ![]() Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Два идентични резултати синоќа во полза на домаќините.
Барселона (видно оштетена од судиите, и тоа на неколку пати) успеа да го совлада Ман. Сити со 2:1 иако голот на гостите беше од чиста офсајд позиција. На вториот натпревар ПСЖ овој пат беше „нежен“ па натпреварот со Леверкузен заврши со 2:1 (како потсетување претходниот натпревар заврши со 4:0 за ПСЖ)
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
![]() |
|
Blue Scarlet ![]() Модератор ![]() ![]() Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Милан на колена пред Атлетико. Колку и да сум страствен навивач на Милан морам да признам дека е вистинско чудо што со ваква екипа успеа да дојде и до тука. Секако дека Атлетико е на врвот на својата игра и во примера и надвор од неа. По 17 годишна пауза Атлетико си обезбеди место во четвртфиналето на ЛШ со синоќешната победа од 4:1.
Во реванш натпреварот Баерн не го совлада Арсенал но сепак успеа да го елиминира. Со резулат 1:1 (кој можеше да се смени ако Милер не го промашеше пеналот во 90’) и победата од првиот меч кој им даде предност од два гола Баерн е во четвртфиналето. |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
![]() |
|
Blue Scarlet ![]() Модератор ![]() ![]() Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
И така синоќа Реал како на тренинг на гости кај Шалке 04 завршија со импресивни 1:6. И иако Реал даде 6 гола (по два за Бензема, Бејл и Кики) морам да признам дека голот на Шалке (оној почесниот) беше импресивен
![]() На вториот меч Галатасарај го пречека тимот на Челзи. Но иако поведоа гостите со голот на Торес тимот на Папа Мурињо си оди дома со резултат 1:1 по голот на Шедју.
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
![]() |
|
Blue Scarlet ![]() Модератор ![]() ![]() Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Срамен пораз за Ман. Утд. на гостувањето кај Олимпијакос (0:2) - се прашувам кога коначно ќе се решат да му кажат на Мојс "Goodbye mate". Навистина не ми е јасно како може тим кој во своите редови ги има Ван Перси, Руни, Мата, Де Геа .... да игра толку лошо?
![]() Борусија Дортмунд триумфираше на гостински терен. Зенит - Борусија Дортунд 2:4 (барем домаќините не се предадоа без борба
![]() |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
![]() |
|
Blue Scarlet ![]() Модератор ![]() ![]() Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Баварците блиску до четвртфиналето со синоќешната ДРАМА на „Емирати“ во Лондон.
Головите ги постигнаа Крос во 54’ и Милер во 88’. Арсенал како да ја изигра среќата со промашениот пенал на Месут Озил во 8’. И како да не им беше доволно тоа во 37’ останаа и без голманот Шчесни кој доби црвен картон (престрого според мене). Пеналот за Баерн Минхен не беше реализиран (веројатно поради неочекуваниот избор на изведувачот Давид Алаба). Утрово се рашири снимка „Робен го плукна Сања“ а дали е тоа така навистина погледнете сами ... ![]() На вториот натпревар синоќа Милан го пречека Атлетико Мадрид на „Сан Сиро“. По одличното прво полувреме на домаќините (ова непристрасно го пишувам ![]() Но надежта последна умира, еден гол предност не е ништо кога станува збор за вакви натпревари ... ![]() |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 43> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |