IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Македонски фудбал
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонски фудбал

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 13>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2011 во 06:57

Металург останува на исто растојание од лидерот Шкендија

 

Победи остварија водеќките четири клуба во петте натпревари кои попладнево се одиграа од 27 коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Нема промени на врвот на табелата, Шкендија ја задржа бодовната предност од пет бода пред второпласираниот Металург.

Најубедливата победа ја оствари токму Металург на стадинот во Автокоманда во Скопје против последнопласираниот Пелистер со 5:0. Работнички на стадионот во Чаир беше подобар од Хоризонт Турново со 3:1, а во Тетово Ренова славеше триумф против Напредок со 4:1.

Единствената гостинска победа во ова коло ја постигна Силекс во Тетово против Тетекс со 2:0. Без победник заврши натпреварот во Штип меѓу Брегалница и Скопје. Во вчерашниот натпревар лидерот Шкендија го совлада Вардар со 2:0.

Табела: Шкендија 58 бодови, Металург 53, Ренова 50, Работнички 47, Силекс 37, Хоризонт Турново 37, Напредок 36, Тетекс 34, Брегалница 33, Скопје 29, Вардар 21, Пелистер 15

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2011 во 05:53

ФФМ не ја проширува Првата лига

Фудбалерите на Вардар и на Пелистер ќе мораат да се изборат на зелениот терен ако сакаат да се спасат од излегување од Првата лига. По катастрофалната сезона, по која двата најпознати македонски клуба се со едната нога во Втората лига, нивните управи се надеваа дека ќе дојде до проширување на прволигашкото друштво на 14 или, пак, на 16 екипи. Но, во Фудбалската федерација на Македонија воопшто не постои расположение за такво нешто.
- Прво сакам да кажам дека до денеска никој до ФФМ не поднесол барање за проширување на Првата лига, а, во моментов, воопшто и не размислуваме за таков потег. Ставот на Управниот одбор е да се следат тенденциите на европскиот фудбал, кои налагаат помали лиги, се со цел да се зачува квалитетот на фудбалската игра - вели генералниот секретар на ФФМ Игор Климпер.
Инаку, евентуалното излегување од Првата лига на брендови како Вардар и Пелистер нема да биде нешто непознато во европски фудбалски рамки. Во втора лига играле и такви фудбалски гиганти како што се Манчестер јунајтед, Јувентус, Милан, Валенсија, Борусија Менхенгладбах, Ференцварош... а од ексјугословенските простори, и најпознатиот словенечки клуб Олимпија, која, слично како и Вардар, поради финансиски проблеми почна речиси од нула

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2011 во 07:10

Отпишаниот Пелистер изненади во Скопје

 

Победата на Пелистер од 2-1 на гостувањето кај Работнички е најголемото изненадување во 25. коло, но и во досегашниот дел од фудбалската сезона во Првата лига. Битолчани немаа освоено ниту бод на гостувањата во првенството. По победата во градското дерби против Вардар минатото коло, се чинеше дека Работнички конечно се најде на посакуваниот колосек, но така не мислеше убедливо последнопласираниот противник, кој пред овој дуел имаше четири порази во низа и само три победи во целата сезона. На Работнички не им помогна ниту брзото водство со голот на најдобриот стрелец во лигата, Борче Маневски, во 9 минута. Бујчевски во 23 минута погоди за 1-1, а пресвртот го приреди Симоновски во 80. минута.

- Противникот беше потценет, но и нам не ни досудија пенал за 2-0 што може добро да се види и на видеото што кружи на интернет. При 1-1 игравме со четири напаѓачи, но ни се случи една контра од страна на противникот, а потоа беше тешко да се израмни - вели стрелецот Маневски.

Раководството на поразената екипа за денеска најави состанок на кој ќе се расправа за евентуалните казни, но и за други одлуки во врска со последниот резултат на трикратниот првак.

Ова му е втор пораз условно како домаќин на тимот од Дебар маало оваа сезона, покрај оној првиот од Тетекс во август на почетокот од 2010/2011.

Металург брзо го заборави минатонеделниот пораз од Силекс и со 2-1 беше поуспешен од Скопје во дербито на двата тима од Автокоманда. Миле Крстев во свој стил во 2 минута погоди од слободен удар за водство на Металург, додека Скопје, кој грчевито се бори за опстанок, возврати преку својот најдобар стрелец Христијан Кировски во 35. минута. Музафер Ејупи му ја донесе победата на второпласираната екипа со вистински еврогол, откако неговиот силен удар се одби од пречката и заврши во мрежата во 69. минута.

Како мало изненадување може да се смета победата на Брегалница од 2-0 кај Тетекс, кој досега на домашен терен обезбеди седум победи и имаше само еден пораз. Илиев и Мандак беа творци на победата со прецизните удари во 6 и 62 минута.

Мрежите мируваа на мечот Хоризонт Турново - Напредок. Вчера се играше мечот Шкендија - Силекс, а за денеска е закажана средбата Ренова - Вардар.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2011 во 04:53
25 коло во ПМФЛ поделено во три дена

Во Првата македонска фудбалска лига на распоредот е 25.коло, а шесте натпревари ќе се играат од утре па се до понеделник. Причината за развлекување на колото е тоа што трите тетовски екипи (Тетекс, Шкендија и Ренова) во оваа рунда се домаќини, а сите играат на „Градскиот стадион“ во Тетово.

Во четирите утрешни натпревари ќе играат: Тетекс - Брегалница, Металург - Скопје, Работнички - Пелистер и Хоризонт Турново - Напредок.

За в недела е закажан дуелот Шкендија - Силекс, а колото ќе биде комплетирано в понеделник по одигрувањето на натпреварот Ренова - Вардар.

Почетокот на сите средби е во 16 часот.

Табела: Шкендија 51 бод, Металург 44, Работнички 41, Ренова 41, Хоризонт Турново 36, Напредок 35, Тетекс 31, Силекс 31, Брегалница 29, Скопје 27, Вардар 21 и Пелистер 12.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2011 во 06:41

Костов го напушти кормилото на Работнички

По серијата слаби резултати и неполни четири месеци на функцијата, Влатко Костов повеќе не е шеф на стручниот штаб на Работнички. Тој поднесе оставка по нерешениот резултат со екипата на Скопје.
- По најновиот неуспех и нерешениот резултат со Скопје, ја понудив својата одговорност пред управата на клубот, со цел да покажам, пред се, на играчите дека никој не е незаменлив. Овој клуб заслужува многу повеќе од тоа четврто место на табелата - изјави Влатко Костов.
Довчерашниот прв помошник на Костов, Горан Петревски, е именуван за нов тренер на Работнички и своето деби ќе го има на денешното дерби со Вардар

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2011 во 07:29
Нова победа за Металург, Вардар одигра нерешено во Турново
Нова%20победа%20за%20Металург,%20Вардар%20одигра%20нерешено%20во%20Турново
Металург убедливо со 3-0 ја победи Брегалница, Вардар ремизираше во Турново, Работнички не успеа да го победи Скопје.
Металург продолжува со одличните изданија во пролетниот дел од сезоната, денеска ја победија Брегалница со 3-0.

Резултатот беше отворен во 7та минута, Цветановски си постигна автогол за водство на Металург од 1-0.

Во 65та минута Баже Илијоски зголеми на 2-0, во 90та Начевски ги постави конечните 3-0.

Вардар непоразен се враќа од Турново, одигра 1-1.

Домаќините поведоа со голот на Милушев во 63та минута, Никанчевски десет минути подоцна израмни на 1-1.

Работнички не успеа да ја искористи предноста на домашен терен, одигра само 1-1 против Скопје.

Петковски во 71та донесе водство за Работнички, пет минути подоцна Кировски од пенал реализира за 1-1.

Напредок на свој терен славеше со 2-0 над Пелистер.

Левков во првото полувреме ги постигна двата гола за домаќините.

Ренова со пресврт дојде до победа над Силекс од 2-1.

Насевски во 16та минута погоди за Кратовчани, Бајрами во 39та израмни на 1-1, Степановски во 60та ја донесе победата.

Утре се игра градското дерби во Тетово помеѓу екипите на Тетекс и Шкендија.

 


Изменето од емил - 03.Април.2011 во 07:30
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2011 во 11:35
Ловат „местенки“ во Македонија!?

"Секое коло има по 2 сомнителни средби во вашата земја. Имаме многу информации...", вели наш избор од Германија


Македонското првенство го има во обложувалниците. Го има во земјава, но и во обложувалниците надвор од нашите граници. Тоа е причина за добра заработувачка за одредени лица кои се во "бизнисот" со "местење" на натпревар. Но каде има "валкани" пари таму има и полиција, тајни служби...

Деновиве сме сведоци како за две средби во Италија се зборува дека има голема уплата на пари. За некој да не сфати погрешно ние како редакција "Македонски спорт" го делиме мислењето на многумина дека "местенки" има во сите земји а не само во Македонија.

"Македонија е земја во која според нашите информации постојат групи кои работат за поголеми структури. Клубовите најчесто не знаат дека некој има замешано прсти во нивната екипа", се дел од зборовите на функционер од Германија кој ги следи пријавите од обложувалниците за обрт на пари на одредени натпревари.

"Во вашиот фудбал нема големи уплати. Истите средби не можат да се играат на големи пари. Најчесто средбите во Македонија се комбинираат со натпревари од две-три други земји. Секое коло има барем по 2 средби од вашата земја за кои добиваме сигнали. Неколкупати досега имаме пратено свои луѓе да снимаат и да ловат 'местенки' и во Македонија", вели нашиот извор кој е свесен дека УЕФА и ФИФА заедно со полициксите служби во сите земји мора да тргнат во голема офанзива против фудбалската мафија за да се спаси овој спорт.

Од истиот извор дознавме дека е утврдено како некои од фудбалерите во земјава сами се обложуваат на натпреварите кои тие ги играат. Дека во овој црн бизнис се вмешани не само фудбалери туку и судии, но и влијателни личности од средината од која доаѓаат одредени клубови. И покрај ваквите најави проценката е дека секое коло таквите групи од "местенките" во Македонија не заработуваат повеќе од 50.000 евра. Тоа е поради очајните финансии кои ги има во мак-фудбалот и лесниот начин да се стигне до посакуваниот резултат.

За жал, нашава земја е на црната листа во Европа и единствена земја од која беше фатен клуб кој мести меч на меѓународна сцена. Странците скенираат и бараат докази. Дали ќе ги најдат, останува да се види, а клубовите играчите треба да знаат дека некој е тука за да ги снима. Не е скриена камера... внимавајте што правите досега 6 средби и околу 20 личности се веќе на тапет!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2011 во 06:39

Македонија ЃП го тужи Партизан


Поранешниот шампион Македонија ЃП ќе го тужи првакот на Србија, Партизан заради неисполнување на финансиските обврски околу трансферот на Бразилецот Вашингтон во редовите на црно-белите.

$node-title

 

Претседателот на Македонија ЃП, Серафим Димовски истакнува дека белградскиот клуб само ја платил првата рата од трансферот пред една година, а од тогаш ништо.

"Повеќе не постои цивилизиран начин да се разговара со челниците на Партизан и затоа решивме на ваков начин да си ги бараме средствата. Се обидовме џентлменски без многу прашина да ја решиме ситуацијата, но тоа не вроди со плод", рече Димовски и дополни:

"Од ФИФА ни стигна писмо дека Партизан е должен во рок од три дена да ја исплати втората рата за Вашингтон. Тој рок истекува за три дена, но тие и натаму се прават глуви. Затоа ќе ја информираме ФИФА, бидејќи од исплатата на 125.000 евра очигледно нема ништо".

Димовски наведува дека ако Партизан не ги исполни обврските може да да добие казна од ФИФА со одземање на шест до десет бода.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2011 во 05:45

Вардар подобар од Работнички

 

Во македонскиот фудбалски шампионат одиграни се натпреварите од 22-то коло. Во градското дерби Вардар го совлада Работнички со 1:0, а стрелец на победничкиот гол за домаќинот беше Иван Настевски во 84-тата минута. Во останатите натпревари постигнати се следниве резултати:
Скопје - Брегалница 0:3
Напредок - Тетекс 1:0
Пелистер - Шкендија 0:1
Ренова - Силекс 3:1
и со истиот резултат Металург како гостин го совлада Турново.
На табелата Шкендија ја задржа водечката позиција со 45 бода, четири повеќе од Металург, а на третото место изби Ренова со 38 бода.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2011 во 06:52

Со победата од 3:0 против Напредок постигната попладнево на стадионот во Тетово, лидерот на табелата Шкеднија се зцврсти на првата позиција на прволигашката табела.

=

До новите три бодови тетовчани стигнаа со трите голови кои ги постигнаа Ферхан Хасани во 25.минута, Изаир Емини во 41.минута и Ерсан Сали во последната минута. Ова беше последниот натпревар од 21.коло во Првата фудбалска лига на Македонија.

На вчерашните натпревари беа постигнати следниве резултати: Металург – Ренова 2:0, Силекс – Пелистер 2:1, Работнички – Хоризонт Турново 2:1, Тетекс – Скопје 2:1 и Брегалница – Вардар 0:0.

На чело на табелата е Шкеднија со 42 бода , следат Металург со 38, Работнички со 37. Ренова има 35, Хоризонт Турново 32, Тетекс 30,Силекс 28, Напредок 28, Брегалница 26, Скопје 23, Вардар 17, Пелистер 12

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2011 во 04:34
Прва пролетна радост за Романтичарите


Фудбалерите на Работнички направија сефте пролетва. Новиот тренер Влатко Костов и неговите избраници, кои беа супериорни во зимските подготовки, дури во третиот обид забележаа победа, совладувајќи го на свој терен Хоризонт (2:1) во вонредното 21. коло. Со овие три бода "романтичарите" избија на третото место.

Во дербито на колото, во Железарница, Металург извојува сигурна победа против бранителот на титулата Ренова (2:0). "Зелено-црните" сега се втори на табелата и заостануваат само еден бод зад лидерот Шкендија, која денеска пред своите навивачи го пречекува Напредок во последниот натпревар од ова коло.

Со идентични победи од 2:1 завршија натпреварите во Кратово и Тетово. На стадионот под Шара фудбалерите на Скопје први го открија резултатот, меѓутоа домаќините се погрижија да нема изненадување.

И Силекс мораше да вложи големи напори за да ги освои трите бода против "фенерџијата" Пелистер. Победата на кратовци беше обезбедена дури во самиот финиш на натпреварот и тоа од пенал, што го реализира Темелков.

Единствен натпревар на кој беа поделени бодови и без голови беше пресметката во Штип. Ремито е резултат, што не им одговара многу ниту на Брегалница, ниту на Вардар, кој се уште е во зоната за испаѓање и заостанува шест бодови зад Скопје кое е над нив.

ПРВА ЛИГА
Резултати од 21. коло: Металург - Ренова 2:0 (Крстев 86', Начевски 90' 90'), Тетекс - Скопје 2:1 (Силјановски 53', Клечкароски 90' - Јовановски 38'), Работнички - Хоризонт 2:1 (Ќумбев 11', Андонов 59' - Лазаревски 90'), Силекс - Пелистер 2:1 (Нацев 42', Темелков 89' пе. - 58', Брегалница - Вардар 0:0. Денеска: Шкендија - Напредок.

ТАБЕЛА

1. Шкендија

20

11

6

3

37:14

39

2. Металург

21

11

5

5

26:14

38

3. Работнички

21

10

7

4

27:17

37

4. Ренова

21

10

5

6

27:19

35

5. Хоризонт

21

10

2

9

22:19

32

6. Тетекс

21

8

6

7

20:17

30

7. Силекс

21

7

7

7

22:24

28

8. Напредок

20

8

4

8

21:23

28

9. Брегалница

21

8

2

11

21:29

26

10. Скопје

21

6

5

10

20:24

23

11. Вардар (-3)

21

6

2

13

17:32

17

12. Пелистер

21

3

3

15

16:44

12



ИДНО КОЛО (19.03.): Пелистер- Шкендија, Напредок - Тетекс, Скопје - Брегалница, Вардар - Работнички, Хоризонт - Металург, Ренова - Силекс.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2011 во 07:50
Почнува пролетниот дел во Првата македонска фудбалска лига

По речиси тримесечна пауза утре почнуваат натпреварите од пролетниот дел во Првата македонска фудбалска лига. На програмата е 19.коло.

Металург на „Железарница“ го пречекува Пелистер, а во вториот скопски дуел Работнички на „Филип Втори“ е домаќин на Силекс.

Во Штип играат Брегалница - Ренова, Тетекс во Тетово е домаќин на Хоризонт Турново и во Кичево домашниот Напредок го пречекува Скопје.

Лидерот на табелата Шкендија својот дуел од ова коло ќе го одигра в недела кога пред своите гледачи во Тетово ќе го пречека Вардар.

Почетокот на сите натпревари е во 14 часот.

Табела: Шкендија 35 бодови, Ренова 34, Работнички 32 , Металург 29, Хоризонт Турново 29, Тетекс 24, Силекс 24, Напредок 24, Скопје 22, Брегалница 22, Вардар 13 и Пелистер 11
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2010 во 06:59

Заврши есенската сезона на домашното фудбалско првенство

Шкендија оди на зимска пауза како лидер во најквалитетниот домашен фудбалски шампионат. Тетовскиот состав го одбрани врвот на табелата во денешното 18.коло, последно за овој дел од сезоната од Ренова.

Двете екипи забележаа победи, па Шкендија останува на бод предност. Работнички се проби во водечката тројка и во битката за титулата откако во скопското дерби беше подобар од Металург.

Чуден натпревар одиграа Пелистер и Скопје, постигнаа вкупно 9 гола, а триумфираше Пелистер. Ова се насловите од последното есенско коло, сезоната продолжува на 5 март следната година.

Ренова го победи Тетекс со 2-1 во тетовското дерби, Шкендија славеше минимално со 1-0 кај Хоризонт Турново. Работнички запиша идентичен успех против Металург. Силекс со 3-0 ја победи Брегалница во Кратово, Пелистер и Скопје билдаа резултат. Во „голејадата“ под Тумбе Кафе домаќинот триумфираше со 5-4 во натпреварот во кој некарактеристично за нив двете екипи беа особено ефикасни. Вардар пак на Филип втори со 2-1 го победи Напредок.

Продолжението на сезоната по речиси три месеци, Шкендија ќе го чека на врвот од табелата со 35 бода, Ренова има 34, Работнички е на дистанца од 3 бода зад лидерот и на два од бранителот на титулата.

Металург е четврти со 29 бода колку што има и петтопласираниот Хоризонт Турново, но е со послаба гол разлика. Од шестата до осмата позиција следуваат три екипи со по 24 бода, триото го предводи Тетекс пред Силекс и пред Напредок.

На деветтото место е Скопје со 22 бода, толку има и Брегалница на 10 место. Дното и натаму е за Вардар и за Пелистер. Скопскиот тим е за два бода подобар од битолскиот конк*рент.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2010 во 14:50

Навивачки инцидент: Синот на сопственикот на Ренова пукал кон Балистите на Шкендија

Нов навивачки инцидент во кој е употребен пиштол. Се случил по тетовското албанско дерби Шкендија-Ренова.

Синот на сопственикот на фудбалскиот клуб Ренова извадил пиштол и испукал еден к*ршум во расправија со навивачите на спортскиот ривал Шкендија- Тетово,соопшти МВР.По натпреварот Шкендија –Ренова,дел од навивачката група на тетовскиот тим славеле и зеле дрес на противникот Ренова од Џепчиште и го запалиле.

Во близина на местото со автомобил поминал синот на сопственикот на клубот Ренова и сопственик на истоимената компанија од Џепчиште. Според „Балистите“ тој првин се расправал со нив и ги прашувал зошто го палат дресот, а потоа од својата лимузина извадил пиштол и испукал еден к*ршум.

Тогаш Балистите се разбегале и ја раскажале својата верзија на полицајците. Полицијата е во потрага по пиштолџијата. Пред неколку години синот на сопственикот на ФК Ренова беше нападнат и претепан од скопските алфи по натпреварот Работнички-Ренова во Скопје.
 
изненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадување
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,176 секунди.