Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Ноември.2014 во 13:25 |
Приготвување:Загрејте го маслото во тава на средна температура. Ставете ги ги сланината и кромидот. Повремено мешајќи, пржете ги 5 минути, или додека сланината да стане крцкава, а кромидот да омекне. Во тавата додајте ги доматниот сос, водата, медот и сувата пиперка и убаво измешајте. Повремено мешајќи, пржете ги 5 минути, и понатаму на средна температура, или додека смесата да згусне. Додајте го сварениот грав, убаво исцеден. Динстајте мешајќи 3 минути, или додека гравот убаво да се стопли. Додајте го магдоносот. Зачинете со сол и црн пипер. Сервирајте на тост намачкан со путер. За вегетаријанска верзија на ова јадење, сланината заменете ја со морков или со целер. | Состојки:2 лажици маслиново масло 3 парчиња сланина, крупно сечкани 1 мал црвен кромид, ситно сечкан 250 мл доматен сос 125 мл вода 1 лажица мед 1 лажица дробена сува пиперка 400 г грав, сварен 2 лажици сечкан свеж магдонос |
Изменето од Valerija - 01.Ноември.2014 во 13:25
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Ноември.2014 во 13:23 |
Салата од ананас со кокос, рум и индиски ореви
Приготвување:Излупете го и исечкајте го ананасот. Во суво тавче потпечете ги индиските ореви и зрнцата кокос. Здробете ги индиските ореви на не многу ситни парчиња. Измешајте го шлагот со медот и румот. Ставете ги сите состојки (освен индиските ореви) во фрижидер. Пред сервирањето прелејте ја смесата од рум и шлаг врз парчињата ананас и украсете со индиските ореви. | Состојки:2 зрели ананаси 100 г индиски ореви 50 г зрнца кокос 2 дл шлаг 2 лажици мед 2 лажици рум |
Изменето од Valerija - 01.Ноември.2014 во 13:23
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Октомври.2014 во 21:19 |
Броколи пасата салата
Состојки: – 2 големи парчиња брокула – малку црвен кромид – малку лук – пола чаша сирење – 150 гр. тестенини (од било кој облик) – пола чаша павлака – 2 лажици мајонез – 1 лажица маслиново масло – 1 лажица сусам Подготовка: Разделете ја брокулата на мали парчиња. Размешајте ја со ситно исецканиот кромид и лук. Сварете ја тестенината и истурете ја водата. Додајте ја топлата тестенина во садот со брокули. Топлата тестенина ќе ги омекне брокулите. Во еден сад направете го дресингот – измешајте ги павлаката, мајонезот, маслиновото масло и сусамот. Додатете сол по потреба. Истурете го дресингот на тестенината и брокулите и измешајте убаво. Одозгора изрендајте го сирењето.
Изменето од Valerija - 23.Октомври.2014 во 21:19
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Септември.2014 во 22:34 |
Салата од макарони со туна
Потребни состојки: 1 ќесе макарони (може и повеќе, зависно за колку лица) 1 лименка мелена туна 4-5 лажици мајонез Грашок, по желба Подготовка: Макароните се варат, другото се меша и се јаде. Наздравје!
|
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Септември.2014 во 13:38 |
ПЕЧЕНА САЛАТА ОД КОМПИРИСостојки: - 1 кг компири
- 50 мл. маслиново масло + 1 лажица
- 1 лажичка рузмарин
- ½ лимон
- 1 црвен кромид
- магдонос
- сол
- 200 гр. чери домати
- 200 гр. тиквици
- 200 гр. модар патлиџан
Подготовка: Загрејте ја рерната на 200 степени. Излупете ги компирите и исечете ги на коцки. Варете ги во тенџере со зовриена вода 5-10 минути. Потоа исцедете ги од водата и измешајте ги во еден сад со 50 мл. маслиново масло , рузмарин и сол по вкус. Во плех намачкан со 1 лажица масло наредете ги компирите, половина лимон и излупени и исецкани кромид, тиквици и модри патлиџани. Печете ги 40 минути. Потоа во сад за сервирање измешајте го печениот зеленчук со чери домати пресечени на четвртини и сок од печениот лимон. Зачинете со сецкан магдонос и сол по вкус.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Август.2014 во 11:22 |
Салатите се одличен избор во текот на летото. Лесни и вкусни, тие ќе ве освежат и заситат истовремено. Ако сакате пилешка салата, еве еден интересен рецепт кој можете да го подготвите за појадок, ручек или вечера. Потребни состојки: - 200g пилешко бело месо, сварено и исечкано
- 50g исечкани печурки
- ¼ шолја мајонез
- ¼ шолја исечкан индиски орев
- 1 лажица мед
- ½ лажица сенф
- 1 лажичка сок од лимон
- 4 кроасани
- Листови марула
Подготовка: Помешајте ги сите состојки (освен марулата и кроасаните) во еден длабок сад. Исечете го кроасанот на половина и на долната страна наредете листови марула. Премачкајте го кроасанот со дебел слој пилешка салата и сендвичот е готов. Пробајте и уживајте!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Јули.2014 во 15:41 |
Летна салата со келераба и манго
Пробајте ја оваа фантастична салата со келераба и слатко манго со додаток босилек. Состојки: 2 поголеми келераби, 1 помало манго или праска, дузина свеж босилек За прелив: Јаболков оцет, 1 до 2 лажици маслиново масло, 1/4 лажичка сенф, 1/4 песто од босилек, 1 лажичка соја сос, свеж мелен бибер, морска сол Подготовка: Отстранете ја кората од келерабата и исечете ја на тенки парчиња. Исчистете го мангото, и исечете го на мали коцки. Ако немате манго, може да земете една зрела праска, на која претходно ќе ѝ ја отстраните кората. Листовите од босилекот завијте ги во ролна и исечете ги на тенки ленти. Наредете ги парчињата од келерабата на тањир за послужување, така што ќе се преклопуваат една со друга, и одозгора посипете од ситно сецканото манго а преку мангото посипете со ситно исецканите листови босилек. Во мал сад ставете ги сите состојки за прелив и изматете со мала жица за матење и со лажичка прелијте преку салатата. Послужете веднаш!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Јули.2014 во 18:51 |
Салата со пршута, рукола и топли сливи
- 500 грама (околу 8 парчиња) модра слива
- ½ лажичка сол
- 1/2 лажичка свежо мелен црн бибер
- Неколку свежи листови од босилек
- 2 лажики маслиново масло
- ½ шолја суво бело вино
- 2 лажички балсамико
- 250 грама рукола, исецкана
- 250 грама тенко исецкана пршута
Чекор 1 Иецкајте ги сливите и отстранете ги смеките. Измешајте ги во подлабок сад со сол, бибер и листичата од босилек. Чекор 2 На средна температура загрејте масло во голем плитка тава. Додадете ги половинките од слива, мешајте почесто додека сливите не пуштат сок но сеуште се цврсти, околу 5 до 6 минути. Додадте го виното и балсамико оцетот, измешајте и гответе уште 2 минути. Чекор 3 Аранжирајте ја руколата во голема чинија за сервирање. Поставете ја пршутата нас руколата и над неа сливите, прелејте со сокот од сливи рамномерно и послужете.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Јуни.2014 во 20:11 |
КРЕМ САЛАТА СО УРДАСостојки: - 1000 грама Урда
- малку сол
- 250 грама маргарин
- 2 чешниња Лук
- малку бел бибер
- 200 грама кисела павлака
Подготовка: Пенесто изматете го маргаринот и додадете ја урдата. Продолжете го матењето па вмешајте ја киселата павлака. Проверете го вкусот па зачинете со сол. црн пипер и лук. Совет: Можете да ја комбинирате и со тако чипс.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Јуни.2014 во 22:36 |
Салата од јачмен и печурки
Време на подготовка: 40 минути / ќе послужите: 6 - 1/2 шоља маслиново масло
- 1,25 килограми печурки по желба , исецкани (по потреба)
- Крупна сол и црн бибер, по желба
- 1 главица црвен кромид, ситно сецкано
- 3 лажички балсамико
- 150 грама павлака за готвење
- 3 лажички сецкани стебленца од млад кромид
- 3 лажички ливчиња од мајчина душица
- 2 главици марула, исечкана на покрупни парчиња
- 500 грама варен јачмен
- 150 грама ситно сецкан лешник
- 150 грама свежи ливчиња од магдонос
Чекор 1 Загрејте една лажица од маслото во голема тава на срена топлина. Гответе ги печурките со една лажичка сол, мешајте повремено додека не добијат печурките златна боја, околу 5 минути, потоа префлете ги во длабок сад. Ситно сецканиот кромид се готви исто така со една лажичка масло на слаба топлина, додека да омекне. Потоа додадете балсамико и мешајте неколку минути. Чекор 2 Тргнете го кромидот од топлина, измешајте го со павлата и преостанатиот балсамико. Прелејте со преостанатато масло. Додајте ги ливчињата од мајчина душица, ситно сецканите стебленца од млад кромид, зачинете со сол и црн бибер, оставете да се олади преливот. Во меѓувреме комбинирајте ги листовите од марула, печурките, лешникот и магдоност. Додајте го на крај врз нив готовиот прелив. Зачинте со сол и црн бибер, добро измешајте. Спремно за послужување.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Јуни.2014 во 08:45 |
Збогатете си го летното мени со неколку нови салати кои ќе ви ги дадат потребните хранливи и освежителни состојки, а истовремено нема да и наштетат на вашата линија. Туна салата Потребно е: 2 конзерви туна, 3 чаши ориз, 300g мајонез, 400g павлака, 300g кисели краставички Подготовка: Сварениот ориз измешајте го со сите состојки, оладете и послужете. Печени пиперки со павлака
Потребно е: 6-7 печени пиперки, 2-3 варени јајца, 400g кисела павлака, 100g мајонез, сол, зачини Подготовка: Исечкајте ја пиперката на кругови, а јајцата на ситни коцки. Во сад измешајте ги со павлаката и мајонезот, па зачинете. Оладете и послужете со бело вино. Студени тестенини
Потребно е: 400g тестенини, 150g шунка, 150g бело сирење, 10-12 кисели краставички, 4 варени јајца, 3-4 лажици мајонез, 200g кисело млеко, 200 ml јогурт Подготовка: Сварете ги тестенините и оладете ги. Ситно сечкајте ги сите состојки и помешајте ги со јогуртот, мајонезот и киселото млеко. Прелијте врз тестенините и послужете. Бела салата
Потребно е: 2 компири, 200g мајонез, 170g крем сирење, 400g павлака, 150g шунка, 3 јајца, 100g кашкавал Подготовка: Мајонезот и половина од павлаката измешајте ги, па со таа смеса филувајте меѓу редовите. Изрендајте компир на дното на садот и посолете, па потоа премачкајте го со мајонез и павлака. Потоа наредете ја шунката со крем сирењето, прелијте со мајонезот и павлаката, па изрендајте ги јајцата. Најгоре додадете ја преостанатата павлака и изрендајте го кашкавалот. Салата од цвекло
Потребно е: 500g маринирано цвекло, 1 варено јајце, 200ml кисела павлака, 1 лажица сенф, масло, сол, бибер Подготовка: Цвеклото и јајцата исечкајте ги ситно и додајте ја павлаката помешана со сенфот. Посолете, зачинете и послужете ја салатата како додаток на тестенини или парче бело месо.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Мај.2014 во 21:09 |
Вкусот на пролетта: Освежителна салата со тестенини
Оваа лесна салата е неверојатно едноставна за подготовка, а притоа истата е преполна со вкусни намирници. Ќе се заљубите. За почеток сварете ги тестенините, но внимавајте да не ги преварите, туку извадете ги точно на време. Исцедете ги и исплакнете ги со ладна вода. Ви препорачуваме да купите тестенини во три бои со цел чинијата да ви биде пошарена. Доколку не можете да најдете такви, тогаш добри се и обичните, еднобојни.
Во голем сад ставете ги тестенините, додадете чери томато, на коцки исечените сирење и шунка, на плочки исечете некоја салама или евентуално белото пилешко. Во сето тоа додадете исечена пиперка и црни маслинки, како и нешто по ваш вкус. Слободно употребете ја фантазијата и креативноста. Прелијте на крај со дресинг за салата.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Мај.2014 во 21:32 |
Француска салата со мортадела
СОСТОЈКИ: - 1 кг урда
- 300 г мортадела
- 200 г сечкани ореви
- 2 краставици (една за декорација и една за во салатата)
- 300 г кисела павлака
- 2 лажици мајонез
ПРИГОТВУВАЊЕ: - Мортаделата се сечка на многу ситни коцкички. Краставицата исто така ситно се сечка, потоа се остава на решетка да се исцеди.
- Урдата се става во еден подлабок сад, потоа во неа се додаваат сечканата мортадела, сечканата краставичката, потоа оревите исто така ситно исечкани, како и киселата павлака и мајонезот. Сè добро се меша додека се добие хомогена смеса.
- Од салата се обликуваат топчиња што се декорираат со краставица исечкана на кругови или, пак, по ваша желба и според вашата имагинација.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Kastro
Сениор
Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Мај.2014 во 19:43 |
Salata so tuna
Ja si ja izmisliv ovaa ,mnogu e vkusna koj ne mi veruva neka "eksperimentira" I nema da zgresi
Sostojki:
Marula nekolku lista
Tuna 1 konzerva
Kubeti 1 kesence
Kromidce (mnogu malkucka ,od edno prosechno kromidce dovolno e 1/5 najmnogu )
Pcenka shekerec 150gr (varena)
Preliv:
1/2 supena lazica majonez
3 supeni lazici hopla za gotvenje
1 do 2 supeni lazici dressing za salati Ceazer
I na kraj zejtince ,sol I biber
Samo da napomenam dressingot koj go imam jas e malku kiselkast pa poradi toa dopolnitelno ne stavam balzamiko.
Veruvam ke Vi se dopadne ,dobar apetit
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|