|
КОНТРАДИКЦИИ ВО ИСЛАМОТ |
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Автор | |
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Даија, пошто слабо ти оди листањето на претходните страници, еве да ти ги сумирам повторно бисерите на Коранската наука...
1. Според Коранот постојат 7 неба, едно врз друго (Сура 67:3; 71:15). Ако тоа не ви е доволно, ѕвездите се наоѓаат во долното небо (67:5; 37:6; 41:12) додека месечината се наоѓа во горното небо (71:16)... Науката се уште се чуди, како тоа ѕвездите се поблиску од месечината, ама Коранот си знаел што пишува, така да мора да сите научници се глупи. 2. Освен што се наоѓаат во најдолното небо, ѕвездите паѓаат (Сура 67:5; 37:6-8)... Иако научниците „погрешно“ тврдат дека не паѓаат ѕвездите, туку метеорите и кометите... Иако научниците не знаат, сепак ѕвездите паѓаат, и тоа не е случајно. Тие паѓаат како во видео-игрица за да ги погодат ѓаволите. Проверете ги горните сури. Тоа го опишува толку „маестрално“ Коранот. 3. Според Коранот органот за мислење се ???? погодувате? Градите, ај да не речам нешто повулгарно! Сура 11:5 вели дека Господ ги знае мислите на градите! 4. Научниците се уште не можат да утврдат, но сигурно еден ќе дознаат, како тоа планините размислуваат, чувствуаат страв, и одбиваат доверба, како што учи мудрата сура 33:72. 5. Планините Алах ги поставил за да ги спречи земјотресите, ама нешто не му оди на алах... бидејќи како што се знае, земјотреси се случуваат баш во нерамници... (Сура 21:31; 16:15; 31:10) 6. Сура 51:49 јасно ни објавува дека Алах се создал во парови. Но научниците се уште трагаат по паровите на неколку илјади видови растенија и животни на кои им фали другиот пол... Изменето од ACELERA - 19.Март.2007 во 09:12 |
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
В. к*ранот за настанокот на универзумот Науката за модерната астрономија, обсервациона и теоретската, јасно укажуваат на фактот, дека во еден момент, целиот универзум бил само еден облак на непрозирен и многу густ чад, топол и во гасовита состојба. Ова е еден од неспорните принципи на денешната модерна астрономија. Научниците сега можат да набљудуваат како се формираат нови ѕвезди кои настануваат од остатоците на тој чад (види слика 10 и 11). Ѕвезди кои навечер светат, предходно биле како и целиот универзум, во гасовита состојба. Бог ни вели во к*ранот: „Потоа се упати кон небесата, а тие беа како магла...“ (к*ран, 41: 11) Поради тоа што Земјата и небото над нас (Сонцето, Месечината. ѕвездите, планетите, галаксиите итн.) настанале од истиот „чад“, можеме да заклучиме дека Земјата и небото биле една поврзана целина. И тогаш од тој хомоген „чад“ се формирале и одделиле едно од друго. Бог ни вели во к*ранот: „Зарем не знаат неверниците дека небесата и Земјата беа една поврзана целина, па Ние ја распарчивме...?“ (к*ран, 21: 30) Д-р Алфред Кронер е еден од светски реномираните геолози. Тој е професор по геологија и шеф е на катедрата на одделот за геологија на Институтот по геолошки науки на универзитетот Јоханес Гутенберг во Маинз, Германија. Тој рекол: „Размислувајќи, од каде дошол Мухамед... мислам дека е скоро невозможно тој да знаел за овие работи, како што е необичното настанување на универзумот, бидејќи научниците ги откриле овие работи дури во изминатите неколку години, со многу комплицирани и напредни методи на технологијата, како и во овој случај.“ =============================================================15 Слика 10: Нова ѕвезда се формира од облакот на чад и прав (небула, магла), кој е остатокот од чадот од кој настанал целиот универзум. (Вселенскиот атлас, Хедер и Хенбест, стр. 50) Слика 11: Небулата Лагуна е облак од гас и прашина, во дијаметар од 60 свет-лосни години. И се активира од ултра виолетовата радијација на топлите ѕвезди кои штотуку се имаат формирано во својот облик. (Хоризонти, набљудувачи на универзумот, табела 9, од Асоцијацијата на универзитети за истражување на астрономија.) ==============================================================16 Исто така рекол: „За некој кој пред илјада и четиристотини години не знаел ништо за нуклеарната физика, мислам дека не можел да биде во состојба само така, од свој памет, да ги знае тие работи, како за пример, дека Земјата и небото имаат исто потекло. |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Книгата насловена како „Земјата“ е темелната книга на многу универзитети низ целиот свет. Еден од двата автора е проф. Емеритус Френк Прес. Тој бил научен советник на поранешниот председател на САД, Џими Картер, и 12 години бил претседател на Националната Академија на Науките, во Вашингтон. Во неговата книга стои дека планините имаат подземни корени. Тие корени се длабоко вкопани во земјата, и со оглед на тоа планините имаат облик на клинец (види на сликите 7, 8 и 9). Слика 7: Планините имаат длабоки корени под површината на земјата. (Земјата, Прес и Сивер, стр. 413). (океан, талог, континентална кора, мохо, прекривка, хоризонталана а не скалеста разлика) ==============================================================12 Слика 8: Шематска секција. Планините како клинци, имаат длабоки корени вградени во земјата. (Анатомија на Земјата, Каилеукс, стр 220). (британскиот остров, Северна Германија, Алпите, Европа, Руската платформа, Кавказ). Слика 9: Другата илустрација ни покажува дека планините имаат форма слична колци, поради длабоките корени. (Науката за земјата, Тарбук и Лутгенс, стр.158). (Протегањето на планината, ерозија, поместување, нивото на морето, корените на планината, покривка,континентална кора). Еве како во к*ранот се опишани планините. Бог вели во к*ранот: „Нели Ние одредивме Земјата да биде постела, а планините столбови?“ (к*ран, 78: 6 - 7) Модерните научници докажале дека планините имаат длабоки корени под површината на Земјата (види слика 9) и дека тие корени можат да ја достигнат својата величина над површината на земјата за неколку пати. ==============================================================13 И поради тоа, најсоодветниот збор за да се опишат планините, базирајќи се на овие информации, е зборот „клин“, бидејќи повеќето соодветно наместени клинови се наоѓаат под површината на земјата. Историјата на науката ни говори дека теоријата за планините била поставена дури во последните години од деветнаесеттиот век. Планините исто така имаат важна улога во стабилизирањето на кората на Земјата. Тие го спречуваат тресењето на земјата. Бог ни рекол во к*ранот: „И по Земјата Ние кренавме планини без таа да ги стресе...“ (к*ран, 16:15) Исто така, модерната терија за тектонската обвивка држи до тоа дека плани-ните функционираат како стабилизатори на Земјата. Оваа наука за улогата на планините како стабилизатори на Земјата што туку почнала да се разбира, во рамките на обвивката на кората и тоа во доцните шеесетти години на овој век. Дали можел некој во времето на животот на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, да го знае вистинскиот облик на планините? Дали можел некој да си замисли дека таа цврста масивна планина, кој ја гледа пред себе, всушност се протега и има корени, длабоко во Земјата, како што изјавуваат научниците? Многу голем број на геолошки книги, кога пишуваат за планините, само го опишуваат делот кој се наоѓа над површината на Земјата. Ова е поради фактот, што повеќето книги не се пишувани од специјалисти по геологија. Сепак, модерната геологија ја има потврдено исправноста на к*ранските стихови. |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1. Научните чуда во Чесниот к*ран к*ранот е Вистинската Божја Реч, кој што му бил објавен на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, преку ангелот Габриел. Бил запомнет од Мухамед, нека е Божјиот мир над него, кој што потоа им го пренесувал на своите придружници. Тие го запомниле, го запишувале, и потоа го проверувале заедно со Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него. Истотака, Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, секоја година го повторувал к*ранот со ангелот Габриел, и два пати во последната година од својот живот. Од времето кога к*ранот бил објавен, па сè до ден денес, има голем број на муслимани кои што го помнат целиот к*ран, од збор до збор. Некои пак се толку способни, што успеале да го запомнат целиот к*ран на десет годишна возраст. Ниту една буква од к*ранот не била сменета во текот на овие векови. к*ранот, кој што бил објавен пред четиринаесет векови, спомнува факти кои во скоро време биле откриени и докажани од научниците. Ова несомнено ни докажува дека к*ранот навистина е Вистинската Божја Реч, објавен од Него до ==============================================================6 Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, и дека к*ранот не бил напишан од Мухамед, нека е Божјиот мир над него, или пак од друго човечко суштество. Ова исто така ни докажува дека Мухамед е навистина Божји пратеник. Сосема е несфатливо дека некој пред четиринаесет векови би ги знел овие факти кои сега биле откриени и докажани со соодветната опрема и софистицирани научни методи. Следат некои примери. А. Развојот на човечкиот ембрион во к*ранот Во Чесниот к*ран, Бог ни говори за фазите на развојот на ембрионот: „Ние навистина го создадовме човекот од глина одбрана, потоа како капка семе го ставивме на место сигурно. Потоа какпката семе Ние ја создадовме во нешто што се закачува, од нешто што се закачува создадовме парче месо, од парчето месо создадовме коски, а потоа коските со месо ги обвиткавме.“ (к*ран, 23: 12-14) Буквално, арапскиот збор алак има три значења: 1. пијавица, 2. нешто прикачено, и 3. грутка крв. Споредувајќи ја пијавицата со ембрионот во фазата алак, можеме да најдеме сличности помеѓу двете, како што можеме да видиме на првата слика. Исто така, во оваа фаза ембрионот се храни од крвта на мајката, слично како кај пијавицата, која се храни со крвта на другите. Второто значење на зборот алак е „нешто што се закачува.“ Тоа можеме да го видиме на сликите 2 и 3, прикачувањето на ембрионот, за време на алак фазата, во матката на мајката. Третото значење на зборот алак е „грутка крв“. Можеме да видиме дека надворешниот изглед на ембрионот и неговите обвивки за време на фазата алак е слична со грутката крв. Ова се должи на присуство на релативно големото количество крв присутно во ембрионот за време на оваа фаза (види слика 4). Исто така за време на оваа фаза, крвта во ембрионот не циркулира сè до третата недела. И поради тоа, ембрионот во оваа фаза е како грутка крв. Слика 4: Шема од првобитниот кардиоваскуларен систем во ембрионот за време на фазата алак. Надворешниот изглед на ембрионот и неговите обвивки е слична на грутка крв, што се должи на присуство на релативно голема количина на крв во ембрионот. („Развојот на човекот“, Мур, 5-то издание стр.65) Трите значења на зборот алак одговараат точно на описот на ембрионот во фазата алак. Следната фаза спомната во стихот е „парче месо“ или фазата мудгах. Арапскиот збор мудгах значи „нешто изџвакано“. Ако земеме мастика и ја изџвакаме и потоа ја споредиме со ембрионот во фазата мудгах, ќе дојдеме до заклучок дека ембрионот во фазата мудгах се здобива со облик на изџвакана супстанца. Ова е поради нерамнините на грбот на ембрионот кои „наликуваат на отпечатоци на заби на изџвакана супстанца.“ (Види слики 5 и 6). Како можел Мухамед, нека е Божјиот мир над него, да ги знае сите овие работи пред 1400 години, кога научниците во скоро време ги откриле, и притоа користејќи напредна опрема и моќни микроскопи кои не постоеле во тоа време? Хамм и Левенхук биле првите научници кои ја набљудувале клетката на спермата (сперматозоидот) употребувајќи понапреден микроскоп во 1677 (повеќе од 1000 години после Мухамед). Тие имале погрешно мислење, дека ќелијата на спермата содржи минијатурно оформено човечко суштество кое почнува да расте кога ќе биде доставено во женските генитални органи. Проф. Емеритус Кејт Л. Мур е еден од светски најистакнатите научници во полето на анатомијата и ембриологијата и автор е на книгата насловена како „Развојот на човекот“, која е преведена на девет јазици. Оваа книга содржи научно истражувачка работа и избрана е од специјален комитет во Соединетите Американски Држави, како најдобро напишана книга од една личност. Д-р Кејт Мур е пензиониран професор по Анатомија и Биологија на клетките на Универзитетот во Торонто. Таму тој бил продекан на Основните Науки на Медицинскиот факултет и осум години бил директор на одделот за анатомија. Во 1984 тој ја добил најпрестижната награда доделена во полето на анатомијата во Канада. Ј.Ц.Б. Најдобра награда од Канадската Асоцијација на Анатомичари. Тој водел многу интернационални асоцијации, како што се Канадската и Американската Асоцијација на Анатомија и Советот на Унијата на Биолошките науки. Во 1981, за време на седмата Медицинска Конфернција во Дамам, Саудиска Арабија, проф. Мур го рекол следново: „За мене претставува вистинско задоволство за тоа што помагав во потврдувањето на к*ранските факти во врска со развојот на човекот. И јасно ми е дека тие изјави доаѓале до Мухамед директно од Господ, бидејќи голем број од тоа знаење не било откриено дури до неодамна. Ова ми докажува дека Мухамед е Божји пратеник.“ Поради ова, проф. Мур бил запрашан: „Дали ова значи дека верувате дека к*ранот е Божја Реч?“ Тој одговорил: „Не ми представува никаква тешкотија да поверувам во тоа.“ За време на конференцијата, проф. Мур изјавил, „... Бидејќи фазите на човечкиот ембрион се комплексни, поради континуираниот процес на менувањето во текотот на развојот, би предложил новиот систем на класификација да се развива употребувајќи ги термините кои што се спомнати во к*ранот и Сунетот.[1] ==============================================================11 Предложениот систем е едноставен, разбирлив и потврден од сегашната ембриолошка наука. По интенезивното студирање на к*ранот и Сунетот во последните четири години е објавен систем за класификација на човечките ембриони, и она што восхитува е тоа што тој постоел уште од 7 век. Иако Аристотел, основачот на ембриологијата, сфатил дека ембрионот од пилето се развива во фази, што го заклучил во студирањето на јајцата на кокошките во 4 век п.н.е., но не дал никакви детали за овие фази. Како што ни е познато од историјата на ембриологијата, сè до дваесеттиот век многу малку се знаело за поставувањето на класификацијата за човечката ембриологија. Од оваа причина, описот на човечкиот ембрион во к*ранот не можел да биде базиран на научнот знаење кое што постоело во 7 век. Единствениот прифатлив заклучок е дека овој опис му бил објавен на Мухамед од Господ. Тој не можел да ги знае овие детали бидејќи тој не знаел да чита и немал никаква научна подлога.“ [1] Се однесува на традицијата на Мухамед, она што тој го рекол, сторил, забранил или одобрил (забелешка на преведувачот). |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВТОР ДЕЛ1. Научниците се уште не можат да утврдат, но сигурно еден ќе дознаат, како тоа планините размислуваат, чувствуаат страв, и одбиваат доверба, како што учи мудрата сура 33:72.2. Планините Алах ги поставил за да ги спречи земјотресите, ама нешто не му оди на ??... бидејќи како што се знае, земјотреси се случуваат баш во нерамници... (Сура 21:31; 16:15; 31:10)3. Сура 51:49 јасно ни објавува дека Алах се создал во парови. Но научниците се уште трагаат по паровите на неколку илјади видови растенија и животни на кои им фали другиот пол...Ама кога ќе се најдат овие парови, ееееех, ќе се знае кој е ??...Се надевам љубителите на исламската наука, ќе бидат барем во дел задоволени со оваа презентација. Ако не, ќе продолжиме до утре и назад...
Изменето од begu - 13.Март.2007 во 09:44 |
|
khaleefah
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор "The Khilafah is Coming..." Регистриран: 25.Септември.2006 Статус: Офлајн Поени: 1115 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Arapite zborot "SADR" (gradi) go upotrebuvaat koga mislat na srceto. Koga Allah dz sh vo Quranot vika" On,znae skrieniot pogled na okoto,i toa sto go krijat gradite" t.e. srceto. Za sovpaganjeto na Quranot so naukata mozes da pregledas na
Изменето од khaleefah - 18.Мај.2007 во 11:23 |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За сите љубители на исламската наука, овде можете да ги постирате ВРВНИТЕ достигнувања на Коранот, кои ден денес уште им се чуди науката...
Еве за да ве започнам, еве ви 3... 1. Според Коранот постојат 7 неба, едно врз друго (Сура 67:3; 71:15). Ако тоа не ви е доволно, ѕвездите се наоѓаат во долното небо (67:5; 37:6; 41:12) додека месечината се наоѓа во горното небо (71:16)... Науката се уште се чуди, како тоа ѕвездите се поблиску од месечината, ама Коранот си знаел што пишува, така да мора да сите научници се глупи. 2. Освен што се наоѓаат во најдолното небо, ѕвездите паѓаат (Сура 67:5; 37:6-8)... Иако научниците „погрешно“ тврдат дека не паѓаат ѕвездите, туку метеорите и кометите... Иако научниците не знаат, сепак ѕвездите паѓаат, и тоа не е случајно. Тие паѓаат како во видео-игрица за да ги погодат ѓаволите. Проверете ги горните сури. Тоа го опишува толку „маестрално“ Коранот. 3. Според Коранот органот за мислење се ???? погодувате? Градите, ај да не речам нешто повулгарно! Сура 11:5 вели дека Господ ги знае мислите на градите! Научниците се уште не можат точно да откријат како тоа градите мислат, ама еден ден и тоа сигурно ќе се докаже. ПОВЕЛЕТЕ И СО ВАШИТЕ БИСЕРИ:::: |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ние не знаеме да читаме но ти можеш да ни пренесеш. И што пишува во писмото? |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се уште не одговоривте, како може ГОспод да дозволи Неговиот Збор Библијата (според вашето тврдење), биде изменета?
каков е тој Господ ако дозволува така? Едноставно немате никаква логика... Размислете малце... |
|
Studentski Klub
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
SLAVA MU I VECNA BLAGODARNOST NA EDINIOT BOG ZA SOCUVANIOT NEGOV ZBOR - k*rANOT!!!
|
|
Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
|
|
Studentski Klub
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"- нема ниту ронка археолошки, историски или граматички докази (значи зборувам овде за наука), дека Библијата е изменета од нејзината оригинална форма. Напротив, Библијата е една од најверодостојните антички книги што постојат. Да илустрирам, ќе дадам само неколку примери:
Од Платон постојат 7 рани ракописи, а најраниот од нив е цели 1250 години после Платон. (т.е. потекнува од 10 век НАША ЕРА) Од Аристотел има 5 ракописи, а најраниот е цели 1400 години после Аристотел. Од Јулиј Цезар има 10 ракописи, а најраниот е цели 1000 години после Цезар... Од Коранот има 100-тици ракописи, а најраниот е дури 150-250 (не се знае точно) години после Мохамед. ЕЕЕ СЕГА, од Новиот завет, имаме 25000 рани ракописи, а најраниот е само 30 години после пишувањето. А НИКОЈ со здрав разум и памет, не се сомнева во Платон, Аристотел, Цезар и други... (ова се само примери, а вакви има многу...) - ако Господ гарантира за својот збор (на пример: Коранот), зарем бил толку наивен па да не гарантира за својот збор Библијата? Ова е многу важен аргумент! Ако навистина Библијата била Божја книга, тогаш ГОСПОД е нејзиниот заштитник, и НЕ МОЖЕ човекот да оди против Господ." ZA ONIE KOI STO ZNAAT ARAPSKI, MOZAT DA PROCITAAT.
A ZA OSTANATITE:
PISMOTO NA POSLEDNIOT BOZJI PRATENIK MUHAMMED DO VIZANTISKIOT CAR HERAKLE. NAPISANO 5 GODINI PRED SMRTTA NA PRATENIKOT.
TREBA LI USTE ARGUMENTI?
DA IMAA EVREITE ILI HRISTIJANITE VAKVO NESTO, KE GO ZALEPEA NA SEKOE MESTO KAKO REKLAMITE NA COCA COLA!!!
POZDRAV
Изменето од Studentski Klub - 18.Февруари.2007 во 20:00 |
|
Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
|
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не видов некој да одговори на постот од Аџија за трите лаги на исламот.
|
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А бе не си ти крив Господ толку ти дал Библијата (од грчки (τα) βιβλια, "книги", множина од βιβλιον, "книга", оригинално деминутив од βιβλος, што од друга страна доаѓа од βυβλος, со значење "папирус" од античкиот феникиски град Библос, кој го извезувал овој материјал за пишување), е зборник на свети книги. Често се нарекува и Свето Писмо. Библијата се дели на два големи дела: Стар и Нов завет. Стариот завет, или Танак (תנ״ך) на хебрејски, се смета за света книга на Евреите, додека христијаните ги сметаат за свети и Стариот, и Нивиот завет. Христијаните ја изучуваат библијата како своја нормативна книга, која дава насоки за животот. Во неа тие наоѓаат послание од Бога (слово Божје). Иако најчесто овој збор е користен за еврејските и за христијанските свети книги, "Библија" понекогаш се однесува и на светите книги на други религии. Оттаму Гуру Грант Саиб често се нарекува "Библија на Сиките". Изменето од чаир - 17.Февруари.2007 во 10:38 |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Svetata kniga e napisana na Evrejski, Aramejski, i Grcki.
|
|
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |