|
Дали е квалитетно средното образование |
Внеси реплика | страница <1 23456 8> |
Автор | ||||
Dogi
Сениор Регистриран: 19.Април.2005 Статус: Офлајн Поени: 3168 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
системот на образование никогаш не бил и нема да биде во можност да исфрла кадри какви што им се потребни на стопанството и државата воопшто.
после школувањето пак ќе бидат потребни приправнички стажови, државни испити, специјализирани испити за државни службеници. едноставно ни стопанствениците, ни државата, не им веруваат на образованието и неговите квалитети. тоа е толку едноставно, што ако се погледне на примерот од другите држави, со самиот систем се ствараат медиокритети, просечни личности, кои се таканаречена средна класа во секое општество. школувани, колку толку, за да можат да влезат во системот на државата и да ги подмачкуваат со својата пот запчаниците на истиот. може звучам како чичо brza, ама ете, тоа е вистината, од мојата гледна точка. не сакам да бидам песимист. оној кој мисли дека е појак од системот, а при тоа нема да настрада ако проба да испадне од него и да тргне по свој пат, сигурно или ќе успее со големи резултати овде или ќе избега во странство. |
||||
Јас сум мајстор!
Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име) |
||||
marence
Сениор Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 365 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
jas mislam deka ucenicite ucat mnogu nepotrebni raboti, gradovi vo drugi drzavi zosto mu se, nim im treba nesto sto ce im koristi vo zivotot, materijalot sto se sprema e za toa koj da napravi ucebnik i koj da zeme pari se e biznis nikoj ne vodi smetka za ucenicite nivnite potrebi
a visokoto obrazovanie e katastrofa cesto pati od nekoj tezok fakultet mozi da se otepas od ucenje i da izlezis nesposoben, ako naucis nesto sam arno i opstat kultura e individualna a ne samo uci ova uci ona za opsta kultura od to ne se zivee treba da se osposobat ucenicite leb da si vadat |
||||
Julija
Сениор Регистриран: 02.Март.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
се согласувам [/QUOTE]Да, не секој го бива за професор... За да бидеш професор треба да бидеш по малку "глумец"... Наставникот секогаш треба да зборува со интерес и восхит за она што го предава... Забележувам дека во наставата не се практикува многу самостојната работа кај учениците. Она што го гледам е дека наставникот ги ваду учениците на табла (и тоа подобрите), тие решаваат, а другите само препишуваат... (конкретно за предметот математика)... Отсегогаш сум сметала дека самостојната работа и прогамираната настава се нешто најдобро за децата... Тука се чини дека наставникот нема многу работа, но не е така... Тој треба да спреми задачи со различна тежина за секоја различна група ученици: - Задачи за тројка, за учениците што знаат за 2 и 3 - задачи за 4 за оние што знаат за 3 и 4 - задачи за 5 за оние што знаат за 4 и 5 - екстра тешки но интересни задачи, за поттикнување на математичкото мислење... Во секој чекор од совладувањето на задачите да е достапен учебникот за оние ученици коишто не го совладале или пак заборавиле некој некој поим... Ваквиот час потсеќа на приватен час за 30 ученика истовремено... Држењето ваква настава бара голема подготовка на наставникот од дома, но знае и многу да награди... Од друга страна децата никогаш не се под стрес дека ако нешто не знаат дека ќе им се пише послаба оценка...Едноставно се стремат да знаат што повеќе... За другите предмети (Science-биологија,хемија, физика, географија) не би знаела да кажам како е, но мислам дека и тука може да се испрактикува некаква самостојан работа на ученици преку изработка на проекти на разни теми од материјалот... Сигурно тука мора да се иам предвид дека се потребни и многу други средства: микроскопи, хемикалии, апаратури за хемиски и физички процеси и слично. |
||||
|
||||
DenizC
Група Регистриран: 30.Јуни.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 48 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ти само сонувај
|
||||
*DrEaMeR*
Сениор Регистриран: 09.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 310 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
според мене средното образование е квалитетно
|
||||
Кога се сака се бара начин ... а кога не се сака се бара изговор!
|
||||
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
се согласувам |
||||
Miriam
Сениор Регистриран: 25.Април.2007 Локација: United States Статус: Офлајн Поени: 336 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Да, фали мотивација навистина. Ама со другото не се сложувам 100%. Баш кога иднината е неизвесна, единственото нешто што можеш да го контролираш е што/каде/колку ќе учиш. Колку повеќе знаеш и подобра диплома имаш, толку полесно можеш да најдеш работа. Не е рецепта што работи на кратки патеки, туку е долгорочна - тешко е да се најде работа, тешко е да се бира, има врски насекаде, ама ако си без врски единствено што може да те спаси се добрите квалификации. А за професорите - подобри плати, поголема мотивација - хмм не знам. Платите навистина не им се високи, ама па има и многу пониски. А така е и насекаде во светот - професорите во основно и средно никаде не се платени премногу. За таа цел пак имаат сигурност на работата - многу се помали шансите да ги отпуштат. Треба малку повеќе конк*ренција, според мене - да се оценуваат професорите секоја година - и од страна на учениците и со стандардизирани тестови. И да не им е загарантирано работното место засекогаш (знам дека законски не е, освен на факултет, ама сепак, во практика е така). А многу важен елемент е и нивната желба да работат со деца (не секој е способен). Знам многу луѓе што се запишале на Педагошка академија само заради тоа што е релативно полесен факултет или пак не ги примиле на друго место. Во тој случај, не може да се очекува дека ќе и приоѓаат со ентузијазам на професијата што ја одбрале. Истото важи и за професорите по стручните предмети, после 4одд и гимназија. Многу од нив студирале нешто што ги привлекува, ама планирале друг тип на работа, а не учителствување. Само што во Мк, на пример, откако ќе завршиш физика или математика, на пример, тешко дека ќе можеш да најдеш друга работа освен наставник. А најдобриот математичар ако не знае да го предаде материјалот на начин на кој ќе го сфатат децата, ако не знае да ги мотивира и заинтересира, не е добар професор. Изменето од Miriam - 14.Јули.2007 во 19:27 |
||||
Try again. Fail again. Fail better.
|
||||
R-C-F
Сениор Регистриран: 22.Септември.2006 Статус: Офлајн Поени: 368 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
srednoto obrazovanie uci na nemoral a glaven faktor za da se slucuva toa e moznosta sekoj da ima sansa da dobie ocenka kakva sto saka bez ucejne
sto znaci sredno obrazovanie ne postoi
a ako e taka so srednoto togas sto da kazeme za fakultetot
zatoa ako nekogas postoele neobrazovani lujdze vo makedonija toa e sega
pa zatoa daj ednas neka se resi problemot so mitoto i korupcijata
|
||||
M O J O T I Z B O R E I S L A M N E K A E I V A S
|
||||
Julija
Сениор Регистриран: 02.Март.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Се' е така, за жал...
Кон ова би додала уште: одговорни за себе и за своите постапки. |
||||
|
||||
Професорот
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2007 Локација: Italy Статус: Офлајн Поени: 921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Средното образование не е квалитетно поради следните причини:
а) Несоодветен наставен кадар: примање по роднински, партиски,
пријателски и др. врски плус давање и примање на мито.
б) Класични методи во наставата: Монолошка метода (професорот
предава-учениците “слушаат“, страв од испитување “ако не си
спремен ќе ти ставам единица“пасивност на учениците на
часовите за предавање, користење на фронтална наставна форма
наместо работа по групи, некористење на интерактивната настава,
навредување, бркање од часови, па дури и тепање на учениците,
надменост на некои од професорите дека се семоќни и се знаат,
а воглавно него знаат ни предметот што го предаваат добро,
голем дел од професорите до ден денеска не знаат да направат
годишен глобален план, тематски планови, а да не зборуваме и за
дневни подготовки со сите нишани, слаба работа на наставниците
во осмолетките, ставање на високи оценки и др.
Професорите не треба да имаат крајна цел да ставаат 5 или 1 туку
да знаат и да умеаат да ги натераат учениците да учат за да
знаат. Знаењето е мудрост, а мудроста е повредна од златото
в) Учениците да бидат посериозни, покултурни, да знаат да
почитуваат, редовни и дисциплинирани и работни.
г) Наставни нагледни средства: како можеме да зборуваме за
квалитетно средно образование, кога има професори што
диктираат, кога употребуваат се уште табла и креда, наместо
графоскоп, LCD-проектор, DVD, компјутер. Немање на доволен
број на столчиња и клупи, штедење на греењето, немање на
кабинетска настава, основни наставни помагала, необновени со
години библиотеки и др.
д) Родители: слаба одговорност и слаба контрола над своите деца
не доаѓање на родителски средби, но затоа се редовни во мај,
јуни и август.
ѓ) држава: тотална не грижа за младите поколенија и идната
армија на невработени лица што нормално доведува до
фрустрација и разочараност кај децата кои најчесто си ги
задаваат неизбежните прашања-што ако завршам, кој ќе ме
вработи, и ако ме вработи ќе ме осигура ли, за 6000 денари ли ќе
работам, што ако имам завршено факултет кога ќе работам како
таксист или собирач на плодови, а да си ја побарам среќата
надвор од Македонија или да одам во Франкфурт да продавам
дрога и ќе направам пари, па кога ќе си дојдам ќе отворам нешто
приватно, ќе си купам добра кола, ќе станам мангуп и др.
Изменето од Професорот - 09.Јули.2007 во 04:19 |
||||
Вера
Морал Родољубие Одговорност |
||||
Цаци Галапчарот
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2007 Локација: Byelorussian SSR Статус: Офлајн Поени: 955 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ЗАВИСИ КАДЕ УЧИШ.
|
||||
Палестинец
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 12129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Па shedow мачка ли е? Колку животи има?
|
||||
Julija
Сениор Регистриран: 02.Март.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Е зошто? |
||||
|
||||
Палестинец
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 12129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ќе почне, ама ќе оди к*рбан (жртва).
|
||||
Внеси реплика | страница <1 23456 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |