![]() |
|
Храната како лек! |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 12> |
Автор | |
saguaro ![]() Сениор ![]() Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Конечно пред некој месец се отвори во Скопје продавница со сертифицирани био производи во ГТЦ на третиот кат. Ако сакаме храната да ни биде лек, тогаш таа треба да е био.
За жал голем дел од македонските продукти не се био. Зеленчукот и овошјето кое ни се сервира на пазар е претруено со пестициди. Затоа вистински се израдував што можам да купам и во Скопје прави био производи. |
|
![]() |
|
Renatax ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Магдонос-здрав зачин и природен лек
Магдоносот нема високо-калорична вредност, но затоа е исклучително богат со минерали и витамини. Затоа магдоносот е една од најздравите и најлековитите билки. После листовите на шипката и на боровинката, листовите на магдоносот содржат најмногу витамин Ц. Во100 грама магдонос има дури 170 милиграми витамин Ц. Содржи доста и провитамин А и витамини од група Б, дури го содржи и реткиот витамин Б12, кој е значаен за стварањето на црвените крвни зрнца. Магдоносот е и природна ризница на многу минерали. Само во 100 грама листови од магдонос има околу 1630 милиграми минерали, од кои половината отпаѓаат на калиумот, клучен минерал неоходен за здравјето на организмот. Калиумот е минерал кој е одличен за намалување на крвниот притисок, помага во нормализирањето на отчукувањата на срцето, испраќа кислород до мозокот и ја регулира количината на вода во телото. Затоа магдоносот е природен лек за лицата со висок крвен притисок и со ослабен кардиоваскуларен систем.Магдоносот, покрај калиум, содржи и други корисни минерали: железо, калциум, магнезиум, манган и бакар... Листовите од магдонос најдобро е да се конзумираат свежи (како додаток на салатите), бидејќи единствено во таква форма тие го задржуваат своите здрави и лековити состојки. Магдоносот не се препорачува во големи количини за бремените жени и доилките, но е корисен во мали количини, како зачин. Магдоносот се користи во народната кинеска медицина за лекување на болести на црниот дроб, за заболувања на органите за варење, за подобрување на циркулацијата, за инфекции на мочните патишта, за смирување на нервите, за намалување на подуеноста на цревата, за намалување на болките, за прочистување на крвта (помага и во стварањето на црвените крвни зрнца), помага при грозница, воспаление на очите, болести на бубрезите, флеки на кожата, при убоди од инсекти и при срцеви проблеми. Магдоносот е одличен природен тоник за чистење на очите. Во оваа билка има големи количини на лутеолин, кој им помага на очите во заштитата од UV зрачењето. Поради големата содржина на витамини од групата Б, магнезиум и калиум, магдоносот го смирува нервниот систем и ја подобрува концентрацијата и памтењето. Витаминот Б6, кој го има во оваа билка, го регулира нивото на шеќерот во крвта. Затоа магдоносот е природен лек и за дијабетичарите. Изменето од Renatax - 13.Декември.2011 во 16:05 |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ананас против болки
Тоа го објаснуваат со податокот дека оваа состојка на ананасот ги разградува протеините во крвта и ги ублажува воспаленијата кои предизвикуваат болка. Оваа терапија посебно им се препорачува на пациентите на кои синтетичките лекови против болки им предизвикуваат срцеви и пречки во текот на варењето |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Со киви до нормален кривен притисокКонзумирањето на киви три пати на ден го намалува крвниот притисок, открија експертите од Универзитетот во Осло. Во истражувањето биле вклучени 118 лица со зголемен крвен притисок на средна возраст од 55 години. Волонтерите биле поделени во две групи – едната група јадела киви три пати дневно, а другата јаболка. По 56 дена претставниците на киви – групата имале нормален крвен притисок. Кивито е плод богат со лутеин, кој има исклучителни антиоксидантни својства. Плодот е доста ефективен додаток во исхраната, поради високата содржина на витамин C. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Лукот го обновува оштетеното срцево ткиво за 61 посто!
Една главица лук го заштитува срцевото ткиво и го спречува неговото уништување, открива студијата која е спроведена од Универзитетот Emory. Составен дел на лукот е diallyl trisulfid кој испуша водород сулфид, кој го штити срцето и го обновува оштетното срцево ткиво за дури 61 %, потврдува истражувањето. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јадете пченка
Се испоставило дека житарките или брашното од полно зрно, како пченица, интегрален ориз, зобни снегулки или пченката имаат голема антиоксидативна активност, па некогаш дури поголема од овошјето или зеленчукото. Од сите житарки пченката има најголема антиоксидативна активност. Експертите велат дека таа најголема антиоксидативна активност процената со бројка изнесува 181. Зад неа се пченицата од полно зрно (77) и интегралниот ориз (75). |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Печурки и школки против стареење
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Печено јаболко лек против болно грлоЈаболките се меѓу најраспространитите видови на овошје кои имаат освежителен, кисело-сладок вкус и посебна арома. Но доколку се испечат може да биде употребено и како лек против болното грло. Стар народен обичај Ако ви се јават болки во грлото, проблемот успешно можете да го решите со три печени јаболка. Важно е, трите јаболка задолжително да ги изедете едно по друго и да не бидат врели, туку умерено топли. Во спротивно може да ја надразни слузокожата во устата и грлото. Банкхоферов совет Додека ги чистите јаболката од семките, немојте премногу да ги издлабите за да не ви испадне филот. За филување на јаболката, професорот советува покрај мелени ореви и лешници за стави мед и суво грозје кое е одлично против стресот. Може и јаболкото да се премачка со ливадски мед. Сознанија од областа на фитотерапијата Во текот на печењето, во јаболката доаѓа до создавање посебни соединенија, ензими и биоактивни материи кои според зборовите на Банкхофес, во слузокожата на устата, грлото и гласните жици ја активираат способноста на организмот да се лекува сам. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Овошјето и зеленчукот ги хранат коските
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Спанаќот - лек против изгореници
Спанаќот се користи и за лекување на изгореници. За таа цел, листовите од спанаќот се пржат на тивок оган во маслиново масло, а откако ќе омекнат, се сечкаат и се ставаат како облоги на изгорените места. |
|
![]() |
|
annaja ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 21.Април.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 531 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Феникс ![]() Сениор ![]() ![]() http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
pa so ogled na toa deka e sosema priroden pijalok bez nikakvi veshtachki dodatoci .i konzervansi ...ne gledam prichina za pravenje pauza..nema nekoi propratni problemi od toa bar kolku jas shto znam za nea .... znam samo za nejzinoto pozitivno dejstvo i totalno chistenje na organizmot od razno razni otrovi koi gi vnesuvame vo nas..chim ti se dopaga vkusot ..pij ja ...pozz
![]() |
|
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
|
![]() |
|
annaja ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 21.Април.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 531 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Jas probav,i vkusot mnogu mi se bendisa,mnogu osvezitelno,nastrana koj kako gleda na toa.
Cepnav po netot,ama nikade ne naidov na toa dali se pravi pauza i kolku vreme se pie. ![]() |
|
![]() |
|
Феникс ![]() Сениор ![]() ![]() http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |