![]() |
|
Диети |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 33> |
Автор | |
kirelide ![]() Нов член ![]() Регистриран: 31.Мај.2011 Статус: Офлајн Поени: 1 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
za ovaa dieta garantiram za uspeh .Za 1 i pol mesec oslabev 17 kgr.I ne vrativ narednite 3 god.ni edno gramce. A stetna e ako se drzi mnogu dolgo vreme.
|
|
![]() |
|
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
..... Диетата и хороскопските знаци .....
![]() Астролозите суеверно тврдат дека метаболизмот на секој поединечен хороскопски знак функционира на поинаков начин. Зависно од тоа во кој знак......сме родени мора да се внесуваат различни намирници. Проверете која е идеалната исхрана за вашиот хороскопски знак.
Овен Овните се енергични и решителни, па секоја диета ќе ја започнат со прецизен план, ентузијазам и одлучност. Бидејќи сакаат брзи резултати, лесно ќе се откажат ако килограмите не почнат веднаш да се топат. Најдобра диета за припадниците на овој знак се состои од риба, морски плодови, свежи салати и овошни сокови (особено јаболко и цитрон) како и големи количини вода. На тој начин ќе го контролираат својот силен „огнен“ метаболизам. Бик Биковите, моќните земјени знакови, губат тежина тврдоглаво, полека и континуирано. Бидејќи по природа се многу трпеливи, еднаш кога ќе одлучат да бидат на диета, нема да им биде проблем да ги чекаат резултатите на диетата и темелно да се придржуваат на постулатите за здрава исхрана. На Биковите им се препорачуваат плодови од земјата (особено есенски – јаболка и грозје), зеленчук и зачини како чили и кари, се разбира задолжитено и житарици. Треба да избегнуваат индустриски шеќер, бисквити, колачи и многу мрсни сосови. Познато е дека машките Бикови се големи гурмани и дека сакаат многу да јадат, тоа не е проблем додека се млади, но подоцна треба да се придржуваат на диеталните правила поврзани со нивниот хороскопски знак. Близнаци Близнаците често јадат хаотично и често избираат нездрава храна. Астролозите на Близнаците им советуваат да јадат почесто, по малку. Исто така треба да избегуваат кафе и сите пијалоци што содржат кофеин, наместо нив да пијат зелен чај. Близнаците треба да јадат што повеќе свежо овошје, како портокали, грејпфрут, праски и кајсии, односно што повеќе да уживаат во сезонското овошје. Рак Раковите се големи гурмани и големи мајстори во кујната кои непрестано испробуваат нови рецепти. Обожуваат ресторани, големи семејни дружења, правење колачи и сè што има врска со храната и готвењето. Раковите, особено женските припаднички на тој знак имаат тенденција да се дебелеат, особено во подцнежните години, затоа за да го сочуваат здравјето, треба помалку да јадат, односно да се одлучат за разноврсна нискокалорична исхрана. И на жените и на мажите им препорачуваме да јадат риба, морски плодови, грозје и особено сокови од зеленчук – морков, цвекло, брокула, зелка... Секако, мораат да избегнуваат шеќер, колачи, бел леб и пиво. Раковите се емоционални и лесно се вознемируваат. Своите стресови многу често ги „лекуваат“ со прејадување, но често имаат и проблеми со варењето. Важно е да јадат правилно и проверено, особено кога се на патувања во егзотичните земји, храна на која нивниот организам не е навикнат. Лав Лавовите се вистински хедонисти кои сакат патувања, слобода, добра храна и фини пијалоци. Лавовите воедно се силни знакови со јаки и брз метаболизам кој што им овозможува да останат активни и тенки. Треба да јадат разноврсно, особено зеленчук богат со железо, како што е спанаќот или брокулата, цвеклото, грозјето, кокосот... Лавовите мора да се занимаваат со интензивна физичка активност бидејќи во подоцните години, имаат тенденција на дебелеење. Девица Девиците имаат мрзлив и осетлив систем за варење. За нив најсоодветна е лесната исхрана. Пописот препорачува храната за Девиците да вклучува секогаш варен зеленчук, спанаќ, салати, житарици, домати, јаболка, банани и интегрален ориз. Девиците особено, треба да избегнуваат фаст фуд, многу месо, многу зачинета храна, маснотии како и варена храна со премногу масло. Вага Иако се многу активни, Вагите не би смееле својот организам да го опетеретуваат со прејадување и препивање. Тие мора да пијат поголеми количини вода, да избегнуваат алкохол и било какви благи пијалоци и да јадат храна богата со протеини. Астролозите им препорачуваат повеќе риба, морски плодови, јогурт и фрментирани млечни призводи, интегрален ориз, пченка, домати, спанаќ, грозје, јаготки и бадеми. На машките Ваги им се препорачува од менито да ги исфрлат бисквитите и колачите, односно да јадат храна богата со растителни влакна. Скорпија Најголемиот проблем со Скорпијата е тоа што поради стравствена фокусираност на нешто (работа, љубов, креативно создавање...) често пати заборава да јаде, па тоа го надоместува со големи и бргу изедени оброци. Исто така Скорпиите знаат да бидат фанатични и алчни. Идеална храна за нив се интегралниот ориз, зелената салата, целерот, краставичките, цречите, поморанџите и лимоните. Тие сакаат зачинети јадења, но бидејќи (особено жените) имаат осетливи слузници, мора да избегнуваат претерување со лути зачини. Стрелец Стрелецот е огнен знак кој често пати претерува со исхраната. Не е класичен гурман како Бикот или Ракот па често одбира нездрави фаст фуд оброци. Стрелците се мрзливи за готвење па јадат од нога и на брзина. Идеална храна за овој знак е: овошје богато со витамин Ц, домати и многу лук и кромид. Јарец Јарците најчесто немаат големи проблеми со вишокот на тежина, иако сакаат да јадат. Нивниот метаболизам е брз и правилен. Ако им се случи да се задебелеат, многу бргу се враќаат во оптимална форма. Нивна препорачана диета е онаа што вклучува зеленчук, зеленчукови супи, салати, умерени количини месо (кокошкино и дивеч). На Јарците им се препорачува да јадат чоколадо затоа што го поправа нивното сериозно и често „тмурно“ расположение. Водолија Водолијата е весел и активен знак кој што не е опседнат со храната. Ако сакаат да држат диета, Водолиите мораат да внимаваат да не јадат многу мрсно месо и колачи. Нивната идеална диета влкучува овошје, особено јаболки и цитрони, сушено овошје и ореви, бадеми и лешници. Машките Водолии треба да престанат да смислуваат ексцентрични комбинации на јадења и во својот живот да ја вратат навиката да консумираат едноставна и добро сварена храна. Риби Исто како и Раковите и Биковите, и тие сакаат многу да јадат, но потоа имаат проблеми поради својот осетлив организам. Многу Риби имаат проблеми со желудникот и верењето. Емоционалните стресови кај нив често се манифестираат како чир на желудник или зголемено лачење на желудочна киселина. За да издржат во здравата исхрана им треба подршка од семејството и пријателите. И жените и мажите Риби треба да јадат храна богата со железо и цинк, како јајца, џигер, житарици, грав, спанаќ, остриги, грозје, суви сливи, кајсии и праски. |
|
![]() |
|
sneska_v ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Чили пиперчињата се одлични за слабеење
Чили
пиперчињата се одлични за витката линија бидејќи го забрзуваат
метаболизмот и одлично ги согоруваат мастите, тврдат научниците. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Диета со слатки - диета од соништата!
Да се придржуваш до ригорозна диета не е ни малку лесно а според некого не е ни потребно. На пример нутриционистот Марк Хауб смета дека тајната е во количината па направил истражување во кое докажал дека една од најубавите диети е успешна. Марк Хауб се одлучил на диета во која 10 недели јадел само чоколадни колачи, грицки, чоколади и бисквити и ослебел 12 килограми. Тврди дека лошиот холестерол му опаднал за 20 проценти а нивото на триглицеридите за 39 проценти. Тој имал 91 килограм а по диетата 79 килограми. Со ова изтражување докажал дека броењето на калориите е поважно од нутриционата вредност на храната. Па уживајте и слабејте... |
|
![]() |
|
duksi ![]() Нов член ![]() Регистриран: 03.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ako moze da mi kazete dali vo ovaa proteinska dieta moze da se jadat i morkovi?
|
|
![]() |
|
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Сакате конечно да се ослободите од вишокот килограми? По кој знае кој пат се решивте да започнете со диета. Со мали трикови издржете ја диетата......и постигнете ја саканата тежина.
1. Витки и сити. Диетата не е изгладнување. Можете да губите килограми и да бидете сити. Ако дневно внесувате помалку од 1200 калории, почнувате да чувствувате глад. А, токму заради гладот не успеваме до крај да ја исполниме диетата. Потребната дневна количина калории можете да ја постигнете со помош на: овошје, зеленчук, јаглехидрати и протеини. Многу е важно да внесувате свежо овошје и зеленчук затоа што содржат важни состојки за организмот. Ако не ве заситува, можете да земете риба или варено месо. 2. Скриени слатки. Кога ќе ве нападне глад немојте да се моткате таму каде што се кријат слатките. Заради тоа обидете се да не чувате грицки и слатки во домот. 3. На вага. Контролирајте ја својата тежина. Ако имате потполна контрола на килограмите ќе знаете и како да манипулирате со нив. Посебно кога ќе забележите дека се намалуваат – со тоа ќе расте и вашата мотивација. 4. Пијте течности. 1,5 литар вода треба да се најде на вашето мени секој ден. Така ќе ви се намалува гладот. 5. Недостаток на белковини. Храната која содржи белковини ве одржува сити. Ако во вашата диета недостасуваат белковини, доаѓа до градење на мускулите и дури 50 грама мускулни протеини дневно. Со помош на белковините полесно ќе ги изгубите килограмите. |
|
![]() |
|
sneska_v ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Диета „9 килограми“![]()
Насловот на оваа диета ви кажува сè: Симнувате 9 килограми за две
недели. Но, дали ќе ви успее оваа диета и дали навистина ќе загубите
помалку или повеќе од 9 килограми, тоа зависи и од некои други фактори,
како на пример доследноста во спроведување на диетата, активностите кои
ги вршите и вашиот метаболизам...
Самата диета е многу популарна кај луѓето кои држат привремена диета, бидејќи и да загубите 5 килограми за две недели, не е мала работа, порадиискуството од бројните практичари на оваа диета, кои велат дека по прекинувањето на самата диета и враќањето на стариот режим на исхраната која ја практикувале секојдневно (нормално) пред почетокот на диетата, загубените килограми тешко се враќаат, што значи дека се појавила промена во метаболизмот. Секако, диетата е предвидена за потполно физички здрави лица, со претходна консултација со лекар (во секој случај, ова правило важи и за сите диети). Диетата „9 кг“ се класифицира во брзите диети и не е препорачана да се практикува како животен стил, туку само како брза постапка за достигнување на вашата цел, а тоа е да ги отстраните непотребните калории. Диета „9 кг“ – мени по денови Во оваа диета појадокот е „убиствен“ т.е. кафе, кафе и само кафе секој ден. И тоа без шеќер. Доколку сте наикнати на слаткиот вкус на кафето можете да користитезасладувач. Исклучително е важно да конзумирате многу вода (од 1.5 до 2л. на ден) и многу би било поволно за вас, во овие две недели да вклучите некоја минерално-витаминска формула која ви одговара. Понеделник Појадок:
Вторник Појадок :
Среда Појадок :
Четврток Појадок :
Петок Појадок:
Сабота Појадок :
Недела Појадок :
Додатни напомени :
|
|
![]() |
|
sneska_v ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Намирници кои го намалуваат апетитот![]()
Факт е дека било која диета да ја спроведете за да ги изгубите
вишокот на килограми, морате да се соочите со глад и копнеж за јадење.
Постојат многу стратегии кои помагаат да се намали чувството на глад,
како што е пиењето на многу течности, консумирањето повеќе намирници
богати со растителни влакна, избегнување рафинирани јаглени хидрати, но
сепак не постои ништо што апсолутно може да го отстрани чувството за
глад.
Нема ништо лошо во чувството за глад од време на време, тоа е нормален одговор на намалениот внес на калории, незгодата лежи во тоа што многу луѓе неможат да оддолеат на тоа чувство, не сваќајки дека овој сигнал на глад најчесто е лажен и дека преку него нашето тело само сигнализира дека нема доволно калории, сепак таквото чувство на глад може да се победи со секое логично размислување. Среќа е што постојат намирници за "итно гасење на апетитот", т.е. да добиеме чувство дека нашиот стомак е полн со калорична храна, а во суштина овие намирници не содржат многу калории.
Во сето ова постои замка. После еден час или час и половина нашето тело ќе забележи дека нема доволно калории во храната кои сте ја консумирале, така што гладот ќе се појави повторно. Ако комбинирате одложување на напад на глад со намирници сиромашни со калории, заедно со физичка активност, чувството за глад можете уште повеќе да го одложите, бидејќи со физичката активност масните резерви се претвораат во шеќери, кои одат во крвта, што исто така дејствуваат на губење на чувството за глад. Секако со текот на деновите ќе внесувате оброци препишани според некоја диета, а додека овие намирници кои горе ги споменавме можат да послужат само во итни случаеви за да ублажат интензивен глад, кои не штитат од прејадување и нарушување на диетата. |
|
![]() |
|
sneska_v ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
nikogas ne sum drzela dieta,eve najdov eden prilog koj moze da vi posluzi:
Диета базирана на јаболка![]()
Полека губење на тежината Оваа диета се базира на јаболка. Од нутрициона гледна точка, јаболката ги содржат сите потребни хранливи состојки и овозможуваат губење на непотребните килограми. Исто така, одлични се за одржување на витка линија - брзо нè заштитуваат и се доста хранливи. Едно јаболко со средна тежина содржи околу 80 калории и задоволува не повеќе од 4 до 5 проценти на дневните енергетски потреби. Калориите доаѓаат пред се од шеќерот кој има 8-18 проценти, во зависност од видот и условот под кои е одгледано јаболкото. Зрелите јаболка содржат 84-88% вода и затоа е драгоцен намирник за враќање на течноста во организмот. Киселкастиот вкус на јаболката потекнува од малите количини органска киселина (0,25-0,5 грама на 100 грама јаболка). Прв ден
Втор ден
Трет ден
Четврти ден
Петти ден
Оваа диета содржи само 1,200 калории дневно, според која би требало да се придружувате една недела. Се препорачува на жени, но може да ја спроведат и мажи, со тоа што количината на лебот или тестенините ќе ја зголемат за 10 грама. |
|
![]() |
|
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
....
![]() ![]() Банана диетата е пријатен и вкусен начин за намалување на неколку килограми. Благодарение на оваа диета може да се загуби дури 5 до 8 килограми неделно. Голема предност на оваа диета е тоа што не е скапа и комплицирана, а ги обезбедува најважните хранливи материи.
Банана диетата максимално може да се користи една недела, а минимално три дена. Оваа диета е ниско-масна и со ниско ниво на белковини. Благодарение на ваквата исхрана ќе го прочистите организмот од токсини, ќе ја подобрите состојбата на кожата, а исто така ќе се чуствувате лесно. Што да јадете за време на диетата? Три пати дневно, за појадок, ручек и вечера, мусли со сецкана банана (три лажици овесни снегулки, чаша сок и една лажица мед). Освен овие три главни оброка, можете да си дозволите измеѓу по едно мало јаболко. Не заборавајте да пиете течности, по можност минерална вода - околу 1,5 литар дневно. Оваа диета е за луѓе со мал вишок на килограми. За овој начин на исхрана треба да бидете здрави. Бананите исто така ќе ви помогнат да го надокнадите недостатокот на калиум. Банана диетата не содржи сол, затоа се забележува брз пад на телесната маса - околу килограм дневно. Без сол водата не се собира во ткивото на организмот, како што се случува за време на нормалните диети, затоа по завршување на диетата морате да внимавате на јо-јо ефектот. |
|
![]() |
|
kleo1979 ![]() Нов член ![]() Регистриран: 20.Јули.2010 Статус: Офлајн Поени: 1 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ke moze li nekoj da mi kaze kade mozam da najdam upatsvo za taa dieta....vi blagodaram
![]() |
|
![]() |
|
Glenn ![]() Сениор ![]() ![]() Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Најдобра диета-само умерена исхрана и редовни физички активности. Кај сериозно дебелите се препорачува консултација со лекар и исхрана препорачана од нутриционист.
|
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
![]() |
|
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Храна која стимулира слабеење ....
Ако пробувате да слабеете, треба да ги имате во предвид овие продукти кои ќе ви помогнат со борбата
Истражувања докажале дека оние кои пробуваат да ослабат и пијат млеко, губат два пати повеќе килограми отколку они кои одбиваат да го конзумираат. Калциумт кој се содржи во млекото е комплексен извор на тип на јаглехидрати кои користат енергија кога се метаболизирани. Другата причина поради која млекото го забрзува метаболизмот, е тоа што одржува стабилно ниво на инсулин. Овошјето богато со витамин С може исто така да ви помогне. Во оваа категорија влегуваат лимоните, портокалите и грејпфрутот. Витаминот С се препорачува бидејќи ги разложува маснотиите и го намалува нивното натрупување во организмот. Маслиновото масло е исто така корисно средство за топењее масти. Наместо да користите сончогледово или други видови на масло, изберете го она од маслинка поради монозаситените масти, кои се корисни за организмот. Тоа би ви помогнало и да го држите нивото на холестерол под контрола. Други типови на храна кои го забрзуваат метаболизмот се: портокалите, пилешкото, лососот, зелените пиперки, краставиците, марулата, праските, ананасот, крушите, спанаќот доматите, зелката, морковите, јаболките и тиквичките.... JaHeXmk ....... |
|
![]() |
|
Renatax ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Голема штета си правиш на организмот и без диета со тоа што не внесуваш овошје и зеленчук,а и супи исто така кои треба да бидат неизоставен дел од секојднените оброци.
Незнам дали воопшто ти е потребна диета и од кои продукти таа би требало да е составена,најдобро консултирај стручно лице пред да почнеш да применуваш било каква диета. |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 33> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |