|
МАНАСТИРИ |
Внеси реплика | страница <1 234 |
Автор | |
vd
Сениор Регистриран: 13.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1539 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абе Господине, уште некој текст на некој Африкански јазик да донесеше неможеш?
Ај те молам, ова е форум Македонски, во Македонија, тука Македонски јазик се зборува .. незнам дали приметуваш ама изгледа воопшто не си во тек со работава. Види малку поработи на фреквенцијата! |
|
Ignacio Lojola
Нов член Регистриран: 06.Декември.2006 Статус: Офлајн Поени: 15 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Arhivska
građa samostana veoma je vrijedna sa stajališta franjevačke i opće
povijesti, posebno Bosne i Hercegovine. Fra Leonardo Čuturić radio je
na sl*ganju i uređenju arhiva i podijelio ga je u 23 skupine prema
sadržaju dokumenata: dokumenti vezani za Fojnicu, dokumenti pisani
bosančicom, stvari iz osobnog života pojedinih fratara, ono što se usko
odnosi na samostan i crkvu, o školstvu, o turskim zakonima, o župama
fojničkog distrikta, životopisi istaknutih Fojničana, ulomci iz raznih
arhiva, kronike i pisma, dokumenti o književnom i prosvjetnom radu
franjevaca i drugo.
Fratri su čuvali ne samo službene dopise nego i druge neslužbene, ali
važne spise. Takav je sadržaj i fojničkog samostanskog arhiva. Evo
nešto od sadržaja arhiva:
Dakle, ovo je samo letimični pregled arhiva! |
|
DIFENSOR FIDEI - SOCIETAS JESU
|
|
Ignacio Lojola
Нов член Регистриран: 06.Декември.2006 Статус: Офлајн Поени: 15 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Franjevački samostan u Fojnici Osnutak
samostana u Fojnici teško je točno odrediti, ali se zasigurno može
staviti u prvu polovicu XIV. stoljeća. Naime, s rudarima iz Njemačke,
Italije, prostora Hrvatske i drugih krajeva dolaze i njihovi
dušobrižnici da im budu na usluzi. Dubrovačke naseobine u Fojnici
spominju se već 1312. i 1313., a poimenično se spominje kuća vlastelina
Pavla Nikole de Menio u Ostružnici 1349. godine. U turskim spisima
spominje se da su u Fojnici bili crkva i samostan još «za kraljeva
bosanskih». Turska je vlada, već u prvim godinama vladavine imala posla
s samostanskim posjedima. Sve to upućuje da je samostan mogao biti
osnovan u prvoj polovici XIV. stoljeća. |
|
DIFENSOR FIDEI - SOCIETAS JESU
|
|
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Lesnovski manastir
Vo selo Lesnovo, Kratovsko. Crkvata e posvetena na Sv. Arhangel Mihail. Nastanuvaweto na manastirot se povrzuva so zivotot na pustinozitelot Gavril Lesnovski. Vo opsirnoto zitie na pustinozitelot od 1868 godina stoi deka, za vreme na negoviot zivot manastirot postoel i vo nego toj se zamonasil. Postoi mislewe deka manastirot bil izgraden koga toj se zamonasil ili pak po negovata smrt, koga se razvil kultot za podviznickiot zivot (kako sto e navedeno vo kratkoto negovo zitie od 1330 godina). Vremeto vo koe ziveweel Gavril Lesnovski ne e utvrdeno. Postoi mislewe deka toa treba da se bara vo 11 vek, a ottamu zaklucokot deka manastirot bil izgraden vo vtorata polovina na 11 vek, koga vo krajot severno od Bregalnica bil razvien silno kultot za pusto`itelite, me|u koi i za Gavril. Za prvapat vo pisani spomenici se spomnuva vo 1330, koga knizevnikot Stanislav prepisal vo manastirot prolog, kade go smestil i kratkoto zitie na Gavril Lesnovski. Denes rakopisot se cuva vo Belgrad. Vo 1341 godina despotot Joan oliver go obnovil, a po nekolku godini bil prosiren so vtoriot del. Na crkovniot sobir vo Skopje 1347 godina od strana na Stefan Dusan bil naznacen ovoj manastir za sediste na novoformiranata Zletovska episkopija, sto ja zamenila Morozidskata. Verojatno i toa bilo pricina manastirot da bide prosiren. Vo 1381 godina povtorno bil prilozen na manastirot Hilendar. Vo 1558 godina, pri igumenot Neofit, manastirot bil popraven, a vo 1581 pri igumenot Spiridon, go prepokril kratovskiot boljarin Nikola. Blagodarenie na zitelite na Kratovsko i krivopalanecko manastirot uspeal da dotrae niz celiot sreden vek, pa se do denes, zosto od niv bil nekolu pati popravan. Pri krajot na 17 vek zapustel, no vo 1805 go obnovil eromohajot Teodosij. Vo 1814, od edna beleska gledame deka, toj bil igumen na manastirot. Ovoj manastir e eden od pobogatite knizevni centri vo Makedonija. Niz poveke institucii nadvor od Makedonija se cuvaat rakopisi sto se picuvani vo nego ili poteknuvaat od negovata bogata biblioteka. Poznati se zbirkite vo :Belgrad, Sofija, Plovdiv.
Dosega slavistikata identifikuva znacitelen broj rakopisi od ovoj manastir, od koi poznacajni se: Prologot do 1330 godina, Minejot od 1342 godina, Paranejsot od 1353 godina itn. Golem e i brojot na knizevnicite sto vo manastirot ja vrsele svojata knizevna dejnost. Na prv plan toa e Stanislav - prviot knizevnik od Lesnovskiot knizeven centar i osnivac na kaligrafskata skola; Partenija, negov ucenik, psevdonimniot knizevnik Tahota, Kalinik, Drajko, Radowa, Silvester, pop Lazar od Kratovo, pop Nikola itn. Negovoto prerasnuvawe vo knizeven centar se povrzuva so faktot sto poseduval ekonomski bogat status. Pod negova potvinetost bile mnogu crkvi i manastiri kako i sela. Da se spomene deka istiot bil i zasolniste za na golem broj revolucioneri i osloboditelni grupi, sto se borele zasloboda na Makedonskiot narod. Denes Lesnovo manastir vo koj ziveat poveke monasi, iskusenici a so Bozja volja igumenot na manastirot go rakopolozija i za episkop Bargalski. Изменето од Nela Bella - 13.Декември.2006 во 00:42 |
|
Dogi
Сениор Регистриран: 19.Април.2005 Статус: Офлајн Поени: 3168 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Штета што ми е подалеку инаку нон стоп би одел таму! Прв пат сум бил како мал на екск*рзија, а потоа неколку пати имам поминувано во околината. Прекрасно е стварно!
|
|
Јас сум мајстор!
Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име) |
|
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Imam rodnini vo miackiot kraj i vo manastirot e i vencana mojata sestra....prekrasen manastir od golemo znacenje za socuvuvanje na pravoslavieto niz vekovite....
|
|
|
|
butel2
Сениор Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 4138 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СВ. Јован Бигорски е еден од најубавите манастири кои сум ги посетила.
|
|
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЧУДОТВОРНАТА МОЌ НА МАНАСТИРОТ "СВ. ЈОВАН БИГОРСКИ" Крај реката Радика, во близина на Дебарското Езеро, сместен е Бигорскиот манастир. Пред него со сета своја убавина е распослана планината Кораб, која заедно со манастирскиот комплекс го надополнува живописниот предел. Дојди да се надишеш од воздухот, да им се нагледаш на убавините и да си ја смириш душата во тишината, велат оние кои барем еднаш ја поминале портата на овој манастир. Изменето од Pravoslavie - 30.Мај.2006 во 09:02 |
|
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
|
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Јован Бигорски
Манастирот Свети Јован Бигорски се наоѓа во долината на прекрасната живописна река Радика. Најблискиот град на овој манастир е Дебар на 21 км одалеченост а од мавровско туристичко подрачје е на 24 км одалеченост.
Овој манастир е пример на туристички мотив од антропоген карактер кој самостојно го привлекува вниманието на туристичките постители. Манастирскиот комплекс се наога во бигровитите карпи на планината Бистра, на нејзините краји северозападни падини. До манастирот се стигнува по тесен асвалтиран пат, кој се издвојува од главниот пат, спроти најблиското населено место селото Ростуше.
Присапот до манастирот е возможен со лесен автомобил, додека со автобуси постојат технички можности да се паркираат во подножјето на манастирот. Најкорисно е да се стигне до манастирот со пешачење. Овој манастирски комплекс има поволно туристичко-геогравска положба. Манастирот Свети Јован Бигорски е опкружен со природни туристички ресурси како што се: планината Бистра, во чии пазуви е сместен Мавровскиот туристички локалитет со едно од најатрактивните вештачки езера, Мавровското Езеро, потоа кањонската долина на реката Радика која е една од најживописните на балканот, високите врвови на планината Кораб, близината на вештачкото езеро Шпиље и др.
Манастирскиот Комплекс се наоѓа скоро на самата западно-македонска магистрала која го поврзува Скопје со туристичките атрактивни локалитети во републиката која се наога кај охридското езеро. Овие вредности и атрактивноста на манастирот привлекуваат голем број посетители.
Манастирот Свети Јован Бигорски се наоѓа на надморска височина од 740 метри. Просечната температура изнесува 10 степени, додека летната просечна температура е 18 степени. Просечната влажност на воздухот е 74 %, додека просечната летна влажност изнесува 68 %. Сите овие вредности на манастирот погодуваат за човечкиот организам да се релаксира.
Портите на манастирот Свети Јован Бигорски се направени од благородно масивно дрво и опточени со метални топки. Манастирскиот комплекс се состои од: Сејменската Кула која била седиште на сејмените кои го штителе објектот од нападите на качаците, потоа манастирската Црква, комплексот од конаци во форма на буквата П, костурницата која се наоѓа веднаш до самата Црква и ново изградените гостински конаци. Целиот манастирски комплекс има мошне неправилна геометриска форма.
Манастирската Црква по се изгледа дека е направена на темелите на некоја постара црква која овде датирала од почетокот на 11 век, односно од 1021 год. Денешниот облик и форма манастирот го добил во 19 век кога и таа е живописана. Во 1021г. кога Црквата е за прв пат изградена, се претпоставува дека била насликата старата икона на светецот Јован Претеча, по што таа и го добила своето име, додека зборот Бигорски произлегува од бигрениот карактер на подлогата каде што е напраен манастирот
Во црквата доминира големиот иконостас во резба која е изработена од мајсторите копаничари Петре Филиповски и Макарие Фрчковски. Овие мајстори копаничари изработувале импозантни дела. Тие имале направено иконостас во резби и во Црквата Свети Спас во Скопје. Иконостасот во Црквата Свети Јован Бигорски бил направен помеѓу 1830-1840г. Мајсторите ги вградиле и сопствените ликови на дрвената импозантна целина.
Прочуениот Живописец Дичо Зограф пак ги изработил бројните фрески во Црквата. Во почетокот на 19 век архимандриот Арсение бил Игумен во манастирот во тоа време, од него и датираат и првите конаци и нивната изградба е во непосредна поврзаност со името на Архимандритот.
Големиот западен конак се наоѓа на три нивоа. Се состои од приземје и два ката. Во приземјето се наоѓаат помошните простории: Котларница, магацин, мала трпезарија како и санитарен чвор. На вториот кат се наоѓаат монашките ќелии чиј вкупен број со оние на третиот кат изнесуваат 10. Во манастирот престојуваат 4 монаси и 2 искушеника. Во текот на сезоната во работа се влкучуваат и други лица чувар, хигиенска техничарка и др. На вториот кат во чело на прекрасниот чардак се наоѓа гостинската соба која е многу убаво уредена. Секој добронамерник во манастирот е почестен со топло кафе и локум, уживајки во прексрасниот ентериер направен во македонски стил со дрвени троножци, стари софри, но и луксузни фотељи, пријатни за седење. На третиот кат освен игуменските простории се наоѓа и шнајдерница, библиотека и работна соба.
Источниот манастирски конак е изграден на две нивоа и тоа приземје и кат. Во долниот дел се наоѓа женската трпезарија, а на горното ниво е машката трпезарија. Машката трпезарија е уредена и може да обедуваат близу 300 посетители. Горната трпезарија се состои од автентичните првобитни маси и клупи кои датираат со градењето на манастирот
Помеѓу двете нивоа се наоѓаат амбарници. На горното ниво се наоѓа прекрасен чардак со софра, валчеста. Двата дела од комплексот и западниот и источниот се поврзани со двокатна конструкција каде доминира кујната која се наоѓа во горниот кат и е наречена Маѓерница. Во кујната има созидано прекрасен камин и фурна. Во овој дел се наоѓа и монашката нова трпезарија која е скоро реновирана и опремена со најсовремен интериер. Целиот овој дел од постари конаци се наоѓа во северниот дел од комплексот.
Во овој манастир може да престојуваат посетители подолго време затоа што има гостински конак, значи дека овој манастир нема улога само на транзитна, одностно излетничко-рекреативна станица. Во манастирот има режим испишан на посе*ен лист каде се наведуваат правилата за оние кој ќе ноќеваат во манастирот. Една од обврските на посетителите кои ќе ноќеваат во манастирот односно ќе престојуваат подолго време е обврзната утринска литургија која трае од 7-8 часот. Цената за едно ноќевање во овој манастир изнесува 150 ден. Гостинскиот конак се наоѓа издолжен на влезната порта на јужната страна на комплексот и се состои од приземје и кат. Приземјето има функција на магацински простор. Во едниот дел има мала изложбена просторија како и чуварска соба. Во горниот дел се наоѓаат десетте соби за сместување на посетителите. Вкупниот број на легла е 41.
Една од собите е уредена помодерно и во неа претстојува владиката кога е гостин во манастирот. Покрај собите овде се наоѓаат и два санитарни чвора, како и заедничка кујна со трпезарија
Манастиорот Свети Јован Бигорски е во надлежност на Дебарско-Киччевската Епархија. Во дворот на манастирот бликаат неколку јаки извори на вода, на кои едниот е при самиот влез, а вториот во продолжение на црквата и се состои од три јаки чепура. Во манастирот е спроведена уредна телефонска линија преку која може да се комуницира и да се прават одредени резервации. Телефон 79-064. Престојот во овој манастир е вистинско задоволство. Највеќе гости се собираат на 10-11 септември и на 7 јули односно Иван ден. Изменето од Pravoslavie - 13.Декември.2006 во 08:51 |
|
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
|
Внеси реплика | страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |