|
Познатите - каде се ... што прават ? |
Внеси реплика | страница <1 234 |
Автор | |
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ена Веко со нов имиџ во АвстралијаDecember 20, 2018 Ена Веко беше вистинска атракција на домашната музичка сцена. Ја паметиме како првата македонска раперка. Ена уште по завршувањето на средното училиште се повлече од музиката и замина во Сиднеј каде што живее денес. Сега има долга коса и сосема поинаков имиџ. Последен пат во Скопје беше летово. Ена соработуваше со продуцентот Тоше Поп-Симонов и го издаде албумот “Бубачки и градски ѕверки“. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пејачката Викторија Лоба објави фотографија во издание во какво што не сме ја навикнале до сега.
Лоба и претходно го нагласувала својот сексапил, но не како на оваа фотографија. Во преден план е деколтето на пејачката која пред неколку месеци снимаше спот на грчкиот остров Санторини, за песната “Над небото”. Денеска, Лоба ќе го промовира првиот албум кој е наречен “Нов свет” и тоа во македонска и во англиска верзија. Снимен е во неколку студија и на него се старите хитови и неколку нови песни. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лозано влезе во женскиот светDecember 11, 2018 Пејачот Влатко Лозаноски-Лозано влезе во женскиот свет и ја поддржа кампањата против насилство врз жени и девојки. Лозано на својот Инстаграм профил позираше со мегафон на кој е напишано мотото на кампањата “Слушнија-16 дена активизам против жени и девојчиња“. Оваа година беше многу успешна за пејачот, најголемите домашни хитови беа негови: “Камо тебе да те имам”, “Километри”, “Јако јако” и последната “Надеж”. За кампањата “Слушнија“, вистинити приказни од жени кои биле жртви на семејно насилство споделија: Анета Кочишки, Амернис Нокшиќи, Тања Кочовска, Викторија Лоба. Сите снимија емотивни видеа кои жените ги споделуваа и ги коментираа. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сара Мејс во одлична форма само 3 месеци по раѓањето на ќерката
Поп-пејачката и харфистка Сара Мејс ужива во мајчинството со ќерката Илина која се роди на 10-ти септември. Тие имаат свои секојдневни ритуали, меѓу кои е и кучето на Сара и нејзиниот сопруг водителот Димитар. Таа само три месеци по породувањето изгледа одлично и и се врати на својата фит форма. Тоа се забележува по нејзините фотографии на социјалните мрежи, односно нејзините гостувања во неколку емисии периодов. „ Додека бев бремена, постојано некој ме плашеше, вака ќе биде или онака ќе биде. Првата група на луѓе ми велеа: рано ви е за дете, зошто уште не шетате, втората група ми раскажуваше колку е тешко,а трети ми велеа дека е ова најубавиот период. И во право беа третите, јас сум во таа група. За сега одлично се снаоѓаме со Илина, целта ги оптавдува средствата. Кога спие по четири часа без да се разбуди, ми фали“, ни раскажа Сара во претходна прилика. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Префинета и секси: Фатиме Фетаи ја покажа тетоважата
Модната дизајнерка Тања Кокев завчеравечер го отвори новото ателје, а меѓу присутните беше и специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи. Фетаи секогаш избира парчиња по последна мода и знае како да изгледа одлично. Овојпат носеше фустанче со интересен дезен и на прерамки, со што уште еднаш ја откри својата тетоважа. За оваа прилика избра елегантен накит, а секако неизоставена беше и нејзината претпознатлива фризура со шишки. Фетаи беше и најелегантна дама на изборот за „Мажи на годината„. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лидија Кочовска е вљубенаИако во претходно интервју изјави дека е фокусирана на работата, а не на љубовта, изгледа дека пејачката Лидија Кочовска самата си се деманираше. Лидија претходно изјави дека се надева оти еден ден повторно ќе се вљуби, а по кусото брачно искуство во Хрватска, бракот како форма ништо не и значи. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ: ДЕЦАТА МЕ ТЕШАТ ПО ЗАГУБАТА НА СОПРУГАТАИако долго време не се музички партнери, Влатко Стефановски и Гаро Тавитјан го негуваат пријателатвото од времето на легендарните “Леб и сол”. Добри пријатели се и нивните синови, Јан Стефановски и Гаро Тавитјан јуниор и постариот син на Гарабет, Диран.
Легендарниот гитарист на инстаграм профилот објави фотографија од синот Јан, како свири тапани во студио кај Гаро. Јан изгледа е музичкиот наследник на Влатко, но место гитара,тој избра ударен инструмент. Стефановски е посветен татко на Ана и на Јан. Синот и ќерката го следат на повеќето негови концертни патувања. Лани, по долго боледување почина Гордана, сопругата на Влатко.
„Ја загубив мојата драга сопруга со која што поминав 35 години. Децата и нивните проблеми сега ми се на прво место. А ако имам време, ќе се занимавам и со моите проблеми. Изгледа дека овој товар што го носам бил наменет за мене“, изјави Влатко претходно. Синот Јан, лани страдаше во сообраќајна незгода од која со помош на семејството брзо закрепна. Влатко е регионално актуелен со новиот албум „Мајчин јазик“. |
|
Внеси реплика | страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |