IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Се од тиквички
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Се од тиквички

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2016 во 20:40

Печени тиквички во рерна

3 средни тиквички, сечкани на тркалца

Сол, зеленчуков зачин(вегета), една рака пченкарно брашно

 



За преливање:

5 јајца

1 л јогурт

Малку млеко

 




Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 09:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2016 во 20:37
Чипс од тиквичка

Потребни состојки:
тиквичка
50 гр. сусам
100 гр. пченкарно брашно
сол, зачин по желба

Подготовка:
Исецкајте ја тиквичката на тенки кругови, а потоа посолете ги и оставете ги да постојат 30 минути во сол.
Помешајте го сусамот, пченкарното брашно и зачинот.
Откако круговите ќе постојат, исцедете ги. Секој круг намачкајте го од двете страни со смесата која сте ја добиле од сусамот, брашното и зачинот. Потоа редете ги во тава која претходно сте ја обложиле со хартија за печење.
Печете 15 минути на 200 степени, а потоа свртете ги на другата страна и печете уште 5 минути.
Може да ги сервирате како здраво и вкусно аперитив.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2016 во 20:30
Палачинки од тиквици


Состојки за 2 лица:

1 китка магдонос
100гр сирење
2 јајца
50гр рендан пармезан
Бибер
125мл млеко
1,5 лажица сол
100гр брашно
Ореви
500гр тиквици
Неколку шери домати
60гр путер
Подготовка:

Измијте ги тиквиците, ислупете и изрендајте. Посипете со рамна лажица сол и оставете еден час или повеќе, да пуштат вода, а потоа добро исцедете ги со цедалка. Магдоносот исецкате го ситно, па поделете го на два дела.
Во исцедените тиквици додадете млеко, јајца и истопен путер. Помешајте го со брашно, пармезан, половина од исецканиот магдонос, додадете половина од рамна лажица сол, малку ораси и бибер.
Тефлонската тава загрејте ја, капнете малку масло, па сипете ја смесата во дебелина од половина сантиметар. Намалете ја температурата. Штом ќе се потпече долната кора, со помош на плаштична лопатка пресечете ја палачинката на 4 дела, за лесно да ја превртите. Печете од секоја страна по неколку минути или додека не порумени.
Сервирајте на танки парчиња сирење и половинки од доматите, а потоа декорирајте со сецканиот магдонос.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2016 во 20:28
Плескавици од тиквици 

3 средни тиквици, изрендани
малку кромид, исецкан
малку магдонос
3 јајца
1 лажица црвен пипер
сол, бибер
200 g сирење, издробено или исечено на коцки
1 шоља брашно


[IMG]

Лазањи со тиквици
Подготовка:

Тиквиците измијте ги, исушете ги и исецкајте ги на тенки кругови. Неколку минути варете ги во солена вода претходно зовриена, а потоа веднаш измијте ги со ладна вода.

Отстранете ги рачките од цветовите и исечете ги на ленти.

Ставете во тавче ситно исецкан кромид на претходно загреано масло. Пред крај истурете 0,5дл вода и варете додека водата не испари. Додете ги цветовите од тиквицата и динстајте уште 2-3 минути. Посолете, додадете бибер и тргнете ги од рингла.

Во зовриена солена вода со малку масло, варете го тестото за лазањи, потоа исцедете го и раширете на хартија која ќе ја упие водата.

Младото сирење и павлаката добро измешајте ги, додадете сол и бибер.

Во ватростален сад, подмачкан со остатокот од путерот, ставете ред лазањи, ред крем од сирење, ред варени тиквици и цветови од тиквици и ред домати исецкани на кругови. Повторете ја постапката додека не ги потрошите намерниците, а на крајот посипете со пармезан.

Печете 35 минути во загреана рерна на 180 степени.
Состојки:

* 250гр готово тесто за лазањи
* 400гр свежо сирење
* 20гр путер
* 800гр тиквици
* 300гр домат од конзерва
* 50гр пармезан
* 12 цветови од тиквици
* Кромид
* 2дл слатка павлака
* Маслиново масло
* Сол и бибер

Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 09:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2016 во 20:27
1.Пржени тиквици

Две тиквици ги лупиме и сечеме на кругови. Се посолуваат и се оставаат да постојат некое време за да им излезе водата. По час, два ги пржиме во загреано масло.



2. Салата од тиквици

Истата постапка како од погоре. Кога ќе се испржат ги ставаме на салфетка да се исцедат, потоа ја тргаме салфетката ставаме сол, магдонос, зејтин и оцет.

3. Кофтиња од тиквици

Две тиквици ги лупиме и рендаме. Ги цедиме од водата и ги ставаме во подлабок сад. Во садот се додава едно јајце, брашно по потреба, сол, бибер, вегета, може и магдонос кој сака. Кога ќе се добие хомогена смеса, се прават топчиња и се пржат во загреано масло. Се ставаат на салфетка да се исцедат.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2016 во 21:10

Брза пита со тиквички

Вкусна пита која се подготвува брзо и едноставно.Може да ја послужите за појадок, ручек и вечера.

Потребно е:

една тиквичка со средна големина

пола литар јогурт

3 полни супени лажици бело брашно

3 полни супени лажици пченично брашно

една кесичка прашок за пециво

2 јајца

2 супени лажици масло

сол

Подготовка:

Излупете ги, исечкајте ги тиквичките на мали коцки. Посолете, покријте ги со крпа и оставете да отстојат.

Изматете ги јајцата, јогуртот и маслото. Додадете ги брашното и пецивото. Измешајте и на крај додадете ја сечканата тиквичка која претходно добро сте ја исцедиле.

Во тепсија ставете малку масло и загрејте је во загреана рерна, а потоа врело масло сипете во смесата. Печете на 200 степени околу половина час.

Питата, по желба, 10 минути пред крај на печењето премачкајте ја со павлака за готвење (250 мл).

Сервирајте ја топла со кисело млеко или јогурт.



Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 09:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2016 во 21:02

Рецепти: Вкусен ручек со модар патлиџан и тиквички
Коцките модар патлиџан ставете ги во цедилка и добро посолете и оставете ги на страна околу 30 минути. Потоа, измијте ги и исушете.

Состојки:

1 голем модар патлиџан
2 тиквички
5-6 зрели домати
2 средни главици кромид
100 г ситно сирење
3 јајца
125 мл маслиново масло
сол, зачини по желба

Подготовка:

Модриот патлиџан измијте го, излупете го и исечете го на коцки со околу 2,5 см големина. Коцките модар патлиџан ставете ги во цедилка и добро посолете и оставете ги на страна околу 30 минути. Потоа, измијте ги и исушете. Тавата загрејте ја на средна температура и додајте 3 лажици масло, додајте го исушените коцки модар патлиџан и испржете. Посолете и зачинете по вкус.

Додека модриот патлиџан се пржи, измијте ги доматите и тиквичките - доматите исечете ги на кругови, тиквичките исечете ги накосо. Рерната вклучете ја на 220 Целзиусови степени. Огноотпорниот сад намачкајте го со масло и во него редете го приготвениот зеленчук. Врз модриот патлиџан редете ред тиквички, ред домати. Изматете ги трите јајца со малку млеко, ставете го сирењето во смесата, посолете и прелијте го јадењето. Печете во претходно загреана рерна околу 40 до 45 минути, извадете го јадењето од рерната и оставете да се излади десетина минути.
 



Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 09:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2016 во 21:00

ВКУСНО ПРЕДЈАДЕЊЕ СО ТИКВИЦИ И СИРЕЊЕ

Потребни состојки:

–      3-4 тиквици

–      250 гр младо сирење

–      100 гр листови од тенко исечена сланина

–      малку брашно

–      сол и масло

Подготовка:

Исечете ги тиквичките на тенки листови по должина. Посолете ги и оставете ги малку да отстојат. Потоа малку забришете ги со хартиена салфетка па ставете ги во брашно од едната страна. Листовите сланина кратко пропржете ги, а потоа извадете ги па во истото малсо ставете ги листовите тиквица, прво од набрашнетата страна а потоа од  другата страна. Кога тиквиците ќе бидат готови, од набрашнетата страна ставете ја сланината, па одозгора премачкајте со сирење и свиткајте ги во ролничка. Прицврстете со една чепкалка. Ставете ги во тава за печење сите ролнички и запечете ги на 160 степени, само додека благо не заруменат.



Изменето од Valerija - 29.Мај.2017 во 09:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2016 во 20:57

                                 Пржени тиквички

Самиот збор предјадења укажува дека се работи за храна која на масата се поставува пред главното јадење. Во прв ред, со изгледот и вкусот треба да го отворат или зајакнуваат апетитот. Затоа многу од нив имаат пикантен вкус. Најчесто треба да се служат во мали количества, иако понекогаш предјадењат ...


  1. Тиквичките се лупат, се сечат во кругови (по ширина) или листови (по должини), се посолуваат и валкаат во брашно, изматено јајце и презла(лебни трошки) па се пржат во загреано масло. Пржените тиквички се наросуваат со рендано сирење и се послужуваат. Пред да се валкаат во брашното, може да се истријат со лук и наросат со магдонос.


Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 09:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2016 во 20:54

Плескавици од тиквички

Ако сте во постојана потрага по нови рецепти со тиквички, тогаш се надеваме дека ќе ви се допаднат овие плескавици од тиквички.

Тие се неверојатно лесни за подготовка, имаат малку калории и се одлична закуска за вегетаријанците и за оние кои се пребирливи. Најдобро од се е што можете да ги сервирате како ужина, предјадење па дури и како ручек!

Состојки:

  • 750 грама изрендани тиквички
  • 1 лажичка сол
  • ¼ чаша брашно
  • ¼ чаша изрендан пармезан
  • 2 чешниња исецкан лук
  • 1 изматено големо јајце
  • Бибер по вкус
  • 2 лажици маслиново масло


Подготовка:

Изренданите тиквички оставете ги да се исцедат. Додадете ја солта и нежно изгмечете ги тиквичките па оставете да отстојат уште 10-на минути.

Во голема здела измешајте ги тиквичките со брашното, пармезанот, лукот и јајцето. Додадете сол и бибер по вкус.

Загрејте го маслото на тава и со лажичка земајте од подготвената смеса натапкајте ја убаво и ставете да се пржи додека секоја плескавица не добие убава златно кафена боја, односно околу 2 минути. Потоа превртете го на другата страна додека не ја добие истата боја.

Се служат додека се уште топли.

Имајте добар апетит!



Изменето од Valerija - 29.Мај.2017 во 10:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2016 во 20:51

Рецепт на денот: Брзи крокети од тиквички со ѕаѕики сос


Префинета комбинација од тиквички и фета сирење во залчиња крокети пржени додека не добијат златножолта боја. Звучи вкусно, а исто толку и едноставно за подготовка.

recept-na-denot-brzi-kroketi-od-tikvicki-001.jpg

Летниот период изобилува со тиквички, па зошто да не се искористат за подготовка на оброк кој може да го послужите и како предјадење и како главно јадење?

Потребни состојки:

  • 400g Изрендани тиквички
  • 100g Фета сирење
  • 1 Чешне лук
  • 2 Млади кромидчиња
  • 1 Јајце
  • Сол и бибер
  • 30g Брашно
  • 15g Лебни трошки
  • Малку брашно за тркалање на крокетите
  • Масло за готвење

Подготовка:

Ренданите тиквички посолете ги и оставете ги 10-тина минути да ја пуштат течноста. Потоа префрлете ги во сад и добро исцедете ги од течноста.

На исцедените тиквички додајте ги фетата, лукот, кромидчињата, јајцето, солта и биберот, брашното и лебните трошки. Добро измешајте ги состојките додека не добиете еднолична смеса.

recept-na-denot-brzi-kroketi-od-tikvicki-1.jpg

Со мала лажичка земајте дел по дел од смесата и направете мали кугли тркалани во брашно.

recept-na-denot-brzi-kroketi-od-tikvicki-2.jpg

Загрејте го маслото и пржете ги крокетите се додека не добијат златножолта боја.

recept-na-denot-brzi-kroketi-od-tikvicki-3.jpg

Готовите крокети можете да ги сервирате со ѕаѕики сос кој можете да го направите по оригинален домашен рецепт.

recept-na-denot-brzi-kroketi-od-tikvicki-4.jpg



Изменето од Valerija - 04.Ноември.2016 во 20:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2016 во 08:56

МАКАЛО СО ТИКВИЧКИ

Состојки:

1 поголема тиквичка
180 мл кисела павлака
1/2 китка магдонос
4 листови целер
5-6 листови босилек
1 лажица балсамико оцет
3 лажици маслиново масло
2 чешниња лук
сок од 1/2 лимон
сол и бибер по вкус

Приготвување:

Исечете ја тиквичката на помали кришки и испрежете ги на грил тава. Оставете ги да се оладат.

Ставете ги во подлабок сад, па додадете ги сите останати состојки освен павлаката. Се изматете со миксер додека не добиете глатка смеса. На крајот додадете ја павлаката и полека измешајте. Оставете на половина час во фрижидер.



Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 09:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2016 во 08:55

ПОЛНЕТИ ТИКВИЦИ СО ЈАЈЦА И СИРЕЊЕ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 тиквици

3 јајца

300гр сирење

по желба малку кашкавал за наросување

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Тиквичките добро се мијат и се сечат на половина по должина.

Секој дел се издлабува, да се добие брод. Издлабената смеса се сече на ситни парчиња и се остава настрана.

Јајцата добро се матат и се додава малку сол.

Сирењето се ренда и се става во смесата со јајцата.

Тиквичките се полнат со подготвената смеса и се редат во тава.

По желба може да се попрскаат со малку кашкавал.

Се полева со масло и вода.

Се пече во загреана рерна на 200 степени 40 минути.

Се јадат студени.



Изменето од Valerija - 29.Мај.2017 во 10:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2016 во 21:56

Чоколаден колач со тиквички

За тоа дека тиквичките се толку посакуван зеленчук говори фактот и дека истите се користат и за десерт.

Денес ви нудиме рецепт за вкусен колач токму со тиквички.

Состојки:

(Мерката е шолја од 250 милилитри)

  • ¾ шолја бело брашно
  • ¾ шолја интегрално брашно
  • ½ овесни снегулки
  • 1/3 шолја ситно сецкани ореви
  • ½ шолја кафен шеќер
  • 1/3 шолја какао
  • 1 лажица сода бикарбона
  • 1 ½ лажица прашак за пециво
  • Половина лажичка сол
  • 1 шолја ситно рендани и исцедени тиквички
  • 2 јајца
  • 1 шолја млеко
  • 1/3 шолја сончогледово масло (може кокосово)
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • ¼ шолја мед

Подготовка:

Во еден сад помешајте го брашното, овесните снегулки, оревите, шеќерот, какаото, сода бикарбоната, прашокот за пециво, солта и тиквичките

Во друг сад изматете ги јајцата, млекото, маслото, медот и ванилата.

Спојте ги двете смеси и измешајте ги за да се соединат.

Печете ги во плех обложен со хартија за печење околу 40 минути. Проверете од време на време дали средината е печена.

Се служи добро изладен. И тоа е тоа.

Имајте добар апетит!



Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 09:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.