Лесен и вкусен ролат со мармалад
Потребни се: 4 јајца, 4 лажици шеќер, 4 лажици брашно, изрендана кора од непрскан лимон, мармалад за фил.
Подготовка: Со миксер изматете шлаг од белките.
Додадете шеќер и матете додека смесата не стане цврста. На миксерот
намалете му ја брзината, додавајте една по една жолчка и матете уште 1
минута. Исклучете го миксерот и мешајќи со лаижца додајте го брашното и
кората од лимон. Печете во рерна на 200˚Ц, во тавче (30х35), претходно
намрсено и посипано со брашно. По дваесетина минути, печеното тесто
извадете го од рерната и ставете го на платнена салфета посипана со
кристал шеќер. Тестото го виткате во ролат.
Кога ќе се олади, отворете го, премачкајте го со мармалад и повторно завиткајте го. Се сече на парчиња и се служи.
Изменето од Valerija - 24.Декември.2012 во 21:46