|
Најдобра мајка на светот |
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Автор | ||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Видеото има сосема поинаква порака, очигледно не си ја разбрала. Погледни го повторно.. А за другото, еве ти мое мислење, дали е точно или не, не навлегувам во тоа. Тоа е МОЕ мислење, не мора да го делиме Да го оставиш детето да учи од сопствените грешки, не значи да го оставиш да поминува низ потешкиот пат. Значи да го оставиш само да расудува што е погрешно а што не, да го поучиш дека не треба така, дека треба онака, ама не и да го затвориш во стаклено ѕвоно и да го "штитиш" од "грешките". Денес детето ќе ти ја скрши вазната, ти до сега си му викала - Немој да ја фаќаш, може да се повредиш. Ако ја тргнеш вазната спречуваш можна повреда, ако ја оставиш и ја скрши, ќе научи дека тоа нешто може да го повреди и дека некогаш треба да се слушаат возрасните. Утре го пушташ во училиште, се гради неговата личност и треба да го оставиш да учи од грешките што ги прави, затоа што животот е школо. Ако ти му влијаеш за се во животот, ти правиш копија на себе, му наметнуваш многу работи што можеби ти ги наметнувале и тебе или пак сакаш детето твое да стане нешто што ти не си можела. Тука ќе го ставам типичниот пример на родителите како ги "советуваат" децата дека треба да станат како тато и мама, адвокати, доктори, што ти не.. Утре ќе фати дечко, ти како родител ќе му речеш - детево не е за тебе, ќе си ги објасниш ставовите и мислењата, ако си го "скроила" детето уште од мало дека мора да прави како што ти мислиш, што си направила од детето?! И ќе раскине, и ќе ја боли. И ќе научи нешто.. Сакаш да ми кажеш дека треба да го затвориш детето во стаклено ѕвоно, за да го заштитиш од нешто, ама во моментов и ти не знаеш што? Сакаш да кажеш дека ти треба да го научиш детето на се, а не самото тоа да осознава и учи? Јас не зборам за 2 годишни деца, зборам за дечиња кои веќе почнуваат самите да се изградуваат, 3.5 - 4+ години. И да се разбереме, никаде не реков дека детето не треба да го ЗАШТИТИШ од работи кои можат да бидат кобни. Затоа и го ставив зборот премногу. Инаку, немој муабетов да го земаш лично, дека се однесува на тебе и на керка ти, туку за да не пишувам општо, конкретно се обратив Патем, ме чувале моите во стаклено ѕвоно, додека можеле. До моите 4-5 години, додека не тргнав во градинка (имав и баба сервис). Таму (како мало дете) и на улица (понатаму, како поголемо дете) веројатно ги научив најдобрите основни лекции во животот. Понатаму се беше школо, моите ме насочувале во животот, никогаш не влијаеле на моите одлуки и сметам дека благодарение на тоа денес сум изградена личност, со сопствено ЈАС. Со помош на советите од родителите и праксата на дело (потешкиот начин), денес сум тоа што сум. |
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
Зошто да поминува низ потешкиот пат ,ако се развива како нормална личност? Пред 2-3 недели случајно го видов видеото што го имаш ставено. Искрено како што сум емотивна почнав да плачам,но си реков тука има нешто што не ми се свига. Тој човек повеке се грижи за тугите деца ,отколку за своето.Јас мислам дека редоследот треба да е обратен.
|
||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Хумористичен текст: Зошто децата се полоши на 3-годишна отколку на 2-годишна возрастМали деца, мали проблеми. Големи деца, големи проблеми... Џил Смоклер е мајка на три деца и креатор на сајтот Scary Mommy, која привлече огромно внимание со својата колумна „10 причини зошто децата се полоши на 3-годишна отколку на 2-годишна возраст“. Џил е и еден од најпродаваните автори според The New York Times, а нејзините книги воглавно се наменети за родителите. Нејзината популарност се должи на искрениот, хумористичен и понекогаш саркастичен начин на пишување. Текстот на Џил ќе ве насмее, независно од возраста на вашето дете.
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Најдобра мајка на светот - во очите на светот или во очите на детето? |
||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Грижете се, сакајте ги. Тие ви се се.
Но немојте премногу да се грижите, премногу да ги заштитувате. Оставете ги да научат нешто и на потешкиот начин. Не постои таква титула како најдобар, најпаметен родител. Сето тоа е во главата на родителот. Сите тие обиди да биде најдобар родител, најгрижлив.. А не го гледа некогаш и контра ефектот од грижата
|
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
outlook123
Сениор Maya Регистриран: 16.Октомври.2014 Статус: Офлајн Поени: 1633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
кој спомна не грижа?
но, нема да објаснувам мои зборови, толкувајте како си толкувате - не ми е гајле! а ставајте си етикета каква си сакате, бидете најдобрите и најпаметните! само внимавајте, каде е доброто - таму демне неговата спротивност и тоа е закон! без исклучок но не мора да сум јас во право, нели? па ни вие! Изменето од outlook123 - 07.Април.2015 во 13:43 |
||
едно е - не се две
|
||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како најдобро да ги пофалите Вашите деца Охрабрувањето и пофалбите се пренесуваат на најразлични начини. Сепак, постојат одредени начини кои се сметаат за најдобри кога станува збор за развојот на децата.
Истражувачи од Универзитетот на Чикаго и Универзитетот Стенфорд ја истражувале комуникацијата помеѓу мајката и детето во текот на неколку години и откриле дека видот на пофалба што детето ја прима има големо влијание врз неговиот став кон сите понатамошни предизвици во животот. Поконкретно, повратната информација која малите деца ја добиле во однос на нивното однесување и изборите што ги правеле им помогнала подобро да се снаоѓаат со посложените ситуации со кои се соочиле пет години подоцна. Таквата повратна информација која го потенцира нивното однесување е поважна отколку фокусот на тоа дека детето е „добро“ или „паметно“. Ова е прво вакво истражување за тоа како влијаат пофалбите врз развојот на децата направено надвор од лабораторија.
„Врз основа на експерименталните истражувања очекувавме вакви резултати, но возбудливо е да се види дека ова навистина се случува во реалниот свет,“ – вели Елизабет Гандерсон, асистент по психологија на Универзитетот Темпл во Филаделфија. „Пофалбата на вложениот труд, постапките и работите што ги прави детето носи низа придобивки во однос на неговиот долгорочен развој и желбата да продолжи да се справува со тешките ситуации во иднина.“
Ваквата „пофалба на процесот“ се состои од реченици од типот: „Навистина си се потрудил“, „Одлично си ја завршила работата“ и таа ја акцентира активноста на детето. Додека „пофалбите на личноста“, пак, се искажуваат со коментари од типот: „Многу си паметен“, „Многу си добра“ и слични, кои всушност се однесуваат на вродените квалитети на детето. Оваа поделба не е нова во полето на психологијата, но начинот на кој тие влијаат врз развојот на детето не беше целосно јасен. Според Карол Двек, коавтор и професор на Универзитетот во Стенфорд, се работи за монументална студија. Всушност, неговите претходни истражувања ја поставија основата за разбирање на улогата на пофалбата во детскиот развој.
Како дел од истражувањето, истражувачите ги посетувале домовите на повеќе мали деца на возраст од една до три години и ја снимале нивната дневна комуникација со родителите во повеќе сеанси со траење од 90 минути. Пет години подоцна, истражувачите повторно ги посетиле семејствата и со помош на прашалници го процениле ставот на децата кон предизвиците и проблемите. Децата што израснале со „процесни пофалби“, за тоа како добро се потрудиле да направат нешто, биле повеќе отворени кон предизвиците и успевале да пронајдат повеќе начини за решавање на поставените проблеми. Исто така, тие сметале дека може да станат поинтелигентни ако вложуваат поголем напор. Од друга страна, децата кои добивале „личносни пофалби“, дека се добри и паметни, не покажале негативни резултати, но тие покажале помала подготвеност да вложуваат напор за да си ги зголемат способностите, за кои сметале дека се дадени какви што се и не може многу да се променат. Студијата утврдила дека ова се должи на пораката што ја добивале од двата типа на пофалби.
Едно друго интересно откритие на оваа студија е тоа како пофалбите различно влијаат врз момчињата и девојчињата. Родителите подеднакво ги пофалувале и момчињата и девојчињата, но од вкупниот број на пофалби што ги добиле момчињата, 24% биле „процесни пофалби“, додека аналогно, девојчињата добиле само 10% од ваквиот тип на пофалби. И порано се појавувале слични податоци, но Гандерсон објаснува дека истражувачите биле изненадени од тоа колку е голема разликата меѓу нив. Оваа нееднаквост лесно може да се манифестира врз начинот на кој девојчињата ги проценуваат нивните способности во текот на нивниот развој на училиште и лесно може да предизвика проблеми со самодовербата кои стануваат уште посериозни во текот на пубертетот.
Бидејќи истражувањето јасно ја покажало разликата помеѓу двата типа на пофалби, Гандерсон и колегите сметаат дека треба да се продолжи со истрагата за тоа дали „процесните пофалби“ или „пофалбите на личноста“ предизвикуваат промени во однесувањето. Досегашните податоци покажуваат дека децата кои добивале пофалби за тоа дека добро ги извршуваат своите задачи понатаму се поспремни да се соочат со нови предизвици, но се' уште не е докажано дали успешно се справуваат со истите.
Во овој момент, пораката на истражувањето е јасна: родителите треба да влијаат врз развојот на децата од нивната најмала возраст, а ќе им ја зголемат мотивацијата и правилно ќе им го обликуваат ставот на децата кон самите себе, ако им покажат дека го ценат секој нивни чекор. Притоа, треба да водат сметка, затоа што како што се чини, не секоја пофалба има ист ефект.
|
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кога ќе дојде време за спиење, за многу родители тогаш почнува вистински кошмар. Одбивање да се оди во кревет, плачење се само некои од проблеми со кои се соочуваат родителите. За жал родителите не се свесни за вистинската причина, а тоа се силните екрани. Таблетите и паметните телефони станаа омилена детска забава која има и свои лоши страни. Проблем е што се многу блиску до лицето. Поради светлото на екранот, центарот во окото не му испраќа на мозокот информации дека е време за спиење и нема произдвоство на мелатонин, однонсо нашата природна таблета за спиење. А исто така произведуваат и звуци кои воопшто не се кристат, па тоа дополнително влијае на расонувањето. Се се тоа причини поради кои децата не се поспани кога им е време за спиење, туку се возбудени и разиграни. Нивниот мозок едноставно не добива информации дека е време за спиење. Децата кои не спијат доволно имаат проблем со тежината, склони се на болести, имаат психо-физички проблеми и неуспех на училиште. Она што родителите можат да го направат за да го подобрат спиењето е да создадат вистинска рутина при спиење. Тоа се однесува на помирна игра и затемнето светло час-два пред спиење. Исто така треба да се ограничи употребата на таблети и телефони, а треба да се легнува во исто време. |
||
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |