|
Студентски Марш |
Внеси реплика | страница <1 23456 17> |
Автор | ||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас сум ученик од друго време, кога професорите учеа да пишуваме токму онака како што те наежува… но современието ги менува нештата и во граматиката, па ќе се научaм и на новото. Тоа не ме загрижува толку многу колку што ме загрижуваат професорите кои не сакаат ништо да сменат и да научат, па ветуваат дека бајаги ќе земат активно креативно учество во јавната дебата за ревидирање на школството додека потоа бегаат од истото извлекувајќи и оправдувајќи се на сите можни начини. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Vi lici na Marsovski,posto cela Opozicija ste padnati od Mars...Marsovke,ja samo Lobiram,valjda imas tolku intelekt da svatis,a cela strucnost okolu toa se znae koj i kade go oprava...Ja neam ni pamet ni pozicija ,ni pa imam namera,posto neam strucnost i kompetencija da tupam okolu nesto so ne e u moj fah,za razlika od Vas,Inkvizicijata,so ste strucni u site oblasti...Znaci,Marsovci,samo Lobiranje...
|
||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
A jas pa od 14 strani vidov 10 od Mesi i zabegan kako se ubeduvaat vo istoto i sveto vo 2, kako marsovski vleguva vo muabet
|
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во овие 14 страни има добри предлози ,има малку зезање за да не биди се толку озбилно но вистинската причина е во слабата пракса...зошто.
Реално многу е полесно и временски пократко да се научи материјал од 500 страни одколку да се развијат моторните вештини и техники кои се потребни за студентот или практикантот да ги усвои за полесно да се вклопи при вработувањето. На факултетите постои менторство од страна студент -професор но повторно учиме,развиваме теории но експериментално и практично не се проеруваат и применуваат.За тоа треба лабаратории и соработка со стопански субјекти и повторно велам финансии бидејки тие се главна причина која сите не поврзува. Кога започна уништување на микро и малите претпријатија во државата со цел да им се отстапи простор за монополистичко работење на некои субјекти започна и декаденција во секоја свера на нашето живеење,а образованието не е исклучок бидејки овде допрва тоа ке се чувствува. Државата е организам и еден заболен орган се одразува на другиот. Затоа и образованието е заболено . |
||
panter123
Сениор Регистриран: 30.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 15783 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се согласувам со Евангелине во делот на нејзините конструктивни предлози кои ги даде а истите се во насока на подигнување на квалитетот и критериумите во високото образование, што е цел, интенција на секоја одговорна влада, во функција на подигнување на квалитетот на системот на високо образование кој ќе продуцира квалитетен кадар. Евангелине даде доста квалитетни предлози кои треба сериозно да се земат во предвид и истите се во функција и насока на подигнување на критериумите и квалитетот на високото образование со наведување на неколку клучни точки кои преставуваа слабост и на кои треба да се работи сериозно И јас во мојот претходен коментар ги нотирав причините кои доведоа до сето ова, ќе повторам некои од нив, а ќе дадам и некои нови предлози кои сметам дека ќе придонесат кон подигнување на нивото и квалитетот на високоборазовниот систем во Република Македонија Нема да биде целосна реформата без да бидат земени во предвид следниве работи на кои во иднина треба сериозно да се работи и тоа: - Потребно е сериозно да се преиспита и ревидира односот на државата во делот на дисперзираните студии, според мене истите се непотребни, доведоа до квантитет за сметка на квалитетот - да се намалат квотите на студенти кои се запишуваат на државните универзитети од областа на општествените науки и тоа драстично, бидејќи моментално состојбата е алармантна - загрижувачка во делот на запишани и завршени - дипломирани, пред се економисти, правници и др кои се суфицитарни на пазарот на труд, тешко наоѓаат работа и во најголем дел истите се невработени - да се стимулира поттикнува запишувањето на факултетите чии профили се дефицитарни на пазарот на труд, на таков начин ќе се воспостави рамнотежа, баланс на понудата и побарувачката на кадри за одредени образовни профили кои се барани на пазарот. - да се формира тело од владата кое ќе го кординира лично премиерот, кое сериозно ќе ја разгледа моменталната состојба со понудата на профили на пазарот на труд и истата ќе ја сообразува секоја година тековно со квотите за запишување на студенти на државните универзитети, на овој начин ќе се придонесе кон намалување на квотите за запишување на образовни профили кои се суфицитарни на пазарот, на некои дури ставање во мирување за определен временски период, а ќе се зголемуваат квотите за студиските програми кои се дефицитарни на пазарот на труд. -ревидирање на студиските програми со воведување на четиригонишни додипломски студии или 240 кредити, и едногодишни посдипломски студии или 60 ЕКТС, на местото на досегашните 180 ЕКТС додипломски +120 ЕКТС посдипломски студии. - изнаоѓање на модус, механизам преку вметнување на член во законот за високо образование според кој ќе се подобри односот професор - студент во смисла подостапност на професорот за косултација, за подигнување на комуникацијата на повисоко квалитативно ниво, бидејќи досега професорите имаа сервилен однос и беа незаинтересирани да ја извршуваат својата должност како што и доликува на нивната професија, централна фигура во образованието треба да биде студентот, ама ова реално, вистински да се спроведе во практика и навистина да заживее - сериозно да се работи на подигнување на стандардот на студентите, ова е исто така битно без кое нема да бидат успешни реформите во високото образование, потребно е сериозно да се поработи на вистинско, квалитетно реконстуирање на студентските домови, за да можат студентите да си дозволат да живеат пристојно како што доликува на еден иден високо образован академски граѓанин кој е иднината на оваа држава - да се продолжи со проектот на превод на литература од најпрестижните универзитети кој лично го сметам за корисен, со отстранување на слабостите на кои укажуваа некои во делот на преводот - овозможување на поволности, повластици за студентите кои ќе бидат во функција на подигнување на нивниот животен стандард. - го подржувам воведувањето на усниот испит како задолжителен покрај писмениот за одредени предмети за кои е тоа неопходно, но сепак потенцирам тоа да небиде апсолутно облигаторно за сите студенти и сите испити, да им се овозможи на студетите сами да избираат дали испитот ќе го полагаат усно или писмено ова во смисла и како аргумент - некои студенти подобро се изразуваат и подобро можат да се сконцентрираат кога полагаат писмено. Изменето од panter123 - 06.Јануари.2015 во 10:18 |
||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За жал (иако не смеам да му одам контра на шефот, барем не на работа) Идивиди форумов никој не го есапи многу одамна. Жална вистина, можеме да се тешиме дека не е така.
Одвоив 16 минути да го проследам гостувањето на Никола на вестите на Сител и можам слободно да кажам дека ништо од тука не забележав, но тоа што го забележав е општото мислење на професорите и народот, со доза на иронија.. Очигледно ќе бидам подолга во обраќањето, кој сака може да го скокне моето мислење, не се лутам. Намерно и не коментирав во темава, затоа што 90% објаснуваат зошто е лошо тестирањево, 10% објаснуваат зошто е добро, а реално некои гледаат низ розеви а некои низ црни очила. Прво што ми падна во очи е односот на Груевски, помислив дека ми седи во дневна и мавта со рацете. Протокол, бон тон, мм? Да, тоа е тоа.. Професорите барале дебата, ма кај сакаат таму бе, не ми е мене проблем што се секирате. Ок идеме.. Студентката што дипломирала на правниот факултет сигурно знаела уште пред да се запише дека правото не е медицина, не е хемија, не е маркетинг, знаела дека правото важи во Македонија. Да дипломирала на економски, немало да има никаков проблем да го продолжи образованието надвор од границите на Македонија. Уште многу одамна македонски студенти студираат на најпрестижните универзитети во светот, од независноста па наваму само на еден Харвард кој се смета за топ 3 студирале 50тина студенти, што остана за другите универзитети. Како што може да се забележи застарениот образовен систем не бил никаков проблем во едукацијата надвор од границите на МК за одредени индивидуи. Слободно би поканила еден веќе дипломиран поранешен студент од Yale или Stanford во Македонија и било каде на балканов па и во Европа, да видам дали ќе се избори за работа како адвокат или правник во било која поголема фирма. За тие што не знаат, погоре споменативе се едни од најценетите универзитети во светот на правниците. Друго, според Груевски професорите требало да бидат меѓународно препознатливи. Не можат сите професори да бидат Џими Картер, Ал Гор и компанија. Ајде да им врземе околу врат плочка со име, демек овци шетаме. Проблемот не е во образованието, проблемот е во нашите професори. Многу од нив станаа професори додека речеш ОП, докторираа на Косово, во Албанија во Мала Речица и каде уште не. Има добар виц за докторските тези кој што ќе го оставам за некој следен пат, сигурно го знаете со мувата што упорно летала Немаше ни да има некаков проблем во образованието ако сите си ја работеа својата работа како што треба. Уште помал проблем ќе имаше ако наместо асистентите, професорите си ја вршеа професорската работа за која земаат добра плата. Но во ова модерно време со државни факултети каде и да се свртиш, во секој град и село па и каде што најмалку очекуваш, многу добра примена наоѓаат асистентите. Тоа мало чудно човече што влегува во предавална/амфитеатар и 2-3 часа рецитира нешто што и самиот го научил на памет, станува и си оди. А не дај Боже да ти треба професорот, е за него има да закажеш 100 години однапред. А кога ќе ти дојде ред да го видиш, магично ќе му излезе некоја друга работа. Трудови?! За какви трудови збориш бе Груевски, трудови во меѓународни научни списанија!!! Какви црни трудови, тие не седнале една обична колумна да напишат, а не некој труд. Па меѓународен! Хах. Смешки. Патем, трудовите нема да го направат професорот - повеќе професор, универзитетот нема да стане подобар универзитет само поради тоа. Ако самиот тој не вложил до сега во себе, дури и милион трудови да напише пак ќе биде една обична небитна трошка во светскиот образовен систем затоа што тие трудови ќе ги напише затоа што мора, а не затоа што сака. Во тој контектст би го запрашала господинот Груевски (штом одредени политички моќници го читале форумов), дали неговата влада е во можност да обезбеди истражувачки грантови за сите професори, како тие би ги усовршувале своите способности и знаењата би ги пренеле на своите студенти?! Дали може да донесе закон со кој што секоја фирма со да речеме 10+ вработени ќе има обврска да прими на пракса студенти од одредена област и за тоа да обезбеди соодветен паричен надоместок?! Веројатно одговорите се НЕ, исто како што не можат ни пристоен студентски живот да им обезбедат за жал. Ако подобро погледнам, не можат ни пристојни тоалети да обезбедат ама ајде тоа не се брои. Сакал предлози, еве му предлози од мене, како што гледам освен Месинџер никој друг не дал нешто конкретно. 1. Чистење на професорскиот шлајм од македонските универзитети - (доктори на науки со дипломи од преку 7 планини и мориња, дипломи со сомнително потекло, особено на тетовскиот универзитет). Еве пример еден од мојот секојдневен живот - Газда на едно тетовско радио, од обичен партиски поттрчко стана професор. Предава правни предмети и сеуште кога го слушам се прашувам на кој јазик говори, но ете, јас не знам ни кога магистрирал ама ми се пофали дека веќе докторирал и предавал. Ако има тетовчани тука сигурно го знаат. 2. Ако е толку способен во реализирање на големи реформи, нека воведе систем на туторство. Нека покаже дека студентот како единка му е навистина важен, дека не е се за да се замачкаат очи на тие таму некаде што не ни знаат каде е Македонија. 3. Ако сакате да се споредувате со најдобрите, тогаш морате и да работите како најдобрите. Во законот за високо образование нека се предвидат неделни мини испити, квизови и месечни есеи. Така секој студент (а и професорите) ќе знаат како напредува, а со помош на точка 2 од моиве предлози, ќе можат студентите да се насочат во правилна насока. Оксфорд е еден добар пример за оваа точка. 4. Колку и да звучи смешно, ова е нешто што се практикува на сите најпрестижни универзитети, обврзете ги професорите да им даваат домашна работа на студентите. 5. Воведете анонимно оценување на професорите (ова го практикува еден универзитет во Македонија, за другите не знам). Не е целта само студентите да бидат оценувани. 6. Воведете задолжителен отворен ден на секој професор, еден ден во неделата каде што професорот задолжително мора да биде достапен на студентите по секоја цена (сите знаеме дека одредени професори во МК се навистина достапни 24/7, а другите ни Интерпол и ЦИА не можат да ги најдат) 7. Воведете задолжителни студентски проекти! Пример, студентите од ветеринарен факултет можат да работат слободно на мал милион проекти во зоолошкава (која што вчера ја посетив и изгледа очајно, а за животните подобро да не дискутирам). Да не редам за секој факултет посебно, паметни се советниците, ќе измислат нешто сигурна сум. Имам и други точки, ама да не ги малтретирам советниците, ќе треба многу да мислат.. Е откако ќе ги воведете (дел од) предлозиве, слободно воведете ги било кои од UMAT, SAT, GAMSAT, LSAT, ACT, и обавезно познатите GRE и GMAT. Или воведете некој македонски, ако сте способни. Тек тогаш студентите ќе имаат причина повеќе да седнат и да се подготват за овие од погоре.. А до тогаш, кој и да се запише на факултет, знае дека утре дипломата може во WC да ја закачи и во најголем зорт да ја искористи. Да резимирам.. Образованието не е играчка. Никој не смее да си игра со иднината на илјадници деца во земјава. Не можеш да земеш во раце јајце старо 24 години и да го скршиш, надевајќи се дека е здраво и дека ќе му направиш 2-3 чири бу чири ба и ќе можеш да го јадеш. Така е и со образовниот систем во земјава. И не заборавај Никола, од тие локални величини како што ги нарекуваш професорите, ти си го добил тоа знаење, кога вујко ти и татко ти те носеа до Прилеп на полагање, додека мајка ти цел живот каснеше на работа и трчаше од последната кривина на Градска. Баш тие локални величини ти солеле памет, (ама не ти го насолиле како што треба) а да не ти се свртеа коцките на 6ки, дури ни тебе немаше никој да те есапи. Многу добро Николче, тетка Нада е сигурно горда на твојот речник. Ретки се случаите кога ученикот станува подобар од професорот. Патем Меси, знам дека ќе го прочиташ целиов коментар до крај. Се ежам кога читам партијски, критеријуми, историјски... Ј не е сол, не оди во секоја манџа Изменето од evangeline - 06.Јануари.2015 во 07:25 |
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Неколку пати имам спомнато дека Идивиди форумот, поради својот квалитет, особено е ценет во македонското општество и дека е редовно пратен од релевантни фактори. И овој пат ќе го потврдам тоа со постирањето на денешното интервју на Премиерот за Сител. Ако внимателно го слушате ќе забележите дека неговите одговори и коменатари целосно кореспондираат со конструктивните идеи и конверзации кои ги имавме изминатите деновиве на оваа тема: Изменето од Messenger - 06.Јануари.2015 во 04:36 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се сложувам… и сметам дека треба: 1. Ревидирање на наставниот материјал кој во глобала остана ист како оној од времето на социјалистичка Југославија. 2. Ревидирање на професорскиот кадар кој остана со знаењето и критеријумита од времето на создавањето на наставниот материјал во кој самиот активно учествувал. 5. Унапредување и модернизирање на средните стручни школи. На ова би го додал оноа што веќе го посочив во еден претходен коментар:
Би сакал натамошната дискусија, наместо во непрекинато бесполезно политичко препукување и поентирање, да се води со конструктивна конверзација за подобрување на школството, токму оноа што стои пред нас и што мора да се имплементира. Изменето од Messenger - 06.Јануари.2015 во 04:37 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Денес гледав на прва како владата аргументирано го оправдува екстерното оценување, преку обраќањето на некој си Андреа (не запамтив понатаму) од Weibo group.
Значи човекот убаво ни објасни како Македонците кои одат кај нив на тестирање и интервју за работа, во своите SV ги наведуваат своите квалитети и способности, како и дипломата од соодветното образование, но на тестовите се толку слаби што им треба барем 6 месеци обука, за да го достигнат бараниот минимум. Е сега тука ми дојде прашањето како она што не може да го пружи нашето образование за 4 или 5 години, може некој друг за 6 месеци И она што сакав да го кажам, дека на нашиот образовен систем не му треба екстерно оценување туку ослободување на материјалот од непотребни податоци и глупости, насочување кон смерот кој индивидуата сака да го изучува, повеќе пракса и интерактивна настава, и внесување на ученикот/студентот во наставната програма преку нагледни средства, меѓусебна комуникација, истражување, докажување, дали тоа ќе биде преку семинарски работи, преку заеднички или самостојни проекти, итн. Се додека сме заглавени во вој систем во кој, наставникот/професорот зборува, а ученикот/студентот немо слуша, во кој мора без ден пракса да се набуба книга/материјал од 1000 страни, која мора да се купи, зашто инаку и невозможно е да се положи, освен ако си плати, ќе имаме вакви кадри. |
||
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
инаку, квиз прашање: Во кој систем државата контролира се? |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
jebes mi mater,ako sum u tek so diskusijava
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Senjor Lupesku,ako ovoj ispit bil u vreme na Komunjarite,ke treba site od profesorskiot plenum,sose tebe da si go izbrisat gazot so diplomite...
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
едит: не извини, уште нешто имам да ти кажам, испитов што го браниш.... епа таков имаше во времето на комуњарите... just sayin' Изменето од zabegan - 05.Јануари.2015 во 21:27 |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Внеси реплика | страница <1 23456 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |