|
Од темната уметност |
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Автор | |
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Разбуден
Исчезна,го нема светот на фантазии, дали се разбуди од долгиот сон, дали морници те лазат исплашен штом разбуден гледаш,не сонуваш. Таму се е чисто,гола вистина, те јадат изумрени црви, смртта поинаква ќе ти се чини, ќе посакаш да те успие. Нема борба,се предаваш, лажното јас маски симнува те предаде,те отфрли, сам си со своја беда. Плачи,исплачи се, сам си на овој свет свет кој лажно го претставија, живот кој со лаги се накитија. Тие се уште спијат,не се будат, маските не ги вадат,добро им стојат, многу ликови во животен театар изиграа, се уште се главни со лажни ликови. Ќе посакаат да се разбудат и тие но ,за нив веќе ќе е доцна, нив ниту мртвите црви ќе ги јадат, нивното јас ќе ги проголта. Даница Петровска “Готска жена„ |
|
Љубов и само љубов
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бесмртност
Небесна далечино! Во себе го криеш синилото твојата душа, прими ме кај тебе. Јас немам свој гроб место да стивнам! Прегрни го чедото свое, да се извишам, да ги досегнам ѕвездите. Сонце! Ти што го будиш денот нов, ново утро раѓаш, прими ме кај тебе. Јас немам свој гроб место да се исплачам. Осветли го патот до тебе со твоите зраци да подарам ново бесмртно утро, нов живот,нови искушенија. Даница Петровска “Готска жена“ |
|
Љубов и само љубов
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сон
Сонив сон, самовили играа, за рака ме фатија глуво оро игравме. Нозе копита, од раце им крв тече, коси им змии сакаа да ме отрујат. Ветрот силно задува самовилите ги однесе, пред мене чистина,светлина во очи, темнината исчезна. Од далечина гледам мајка го дои своето чедо, од пупки и крв тече на чело крст врежан. Тажен поглед зборува се, изгубена надеж син и да воскресне надеж да даде. Сонив сон, самовили глуво оро играа во раце им јаболко семе на злото го посадија. Даница Петровска “Готска жена“ |
|
Љубов и само љубов
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Džinni
Džinni повикан од неспокој, гнасни усни,отровни зборови црнило во срцето и очите Смртници,имате ли душа? Džinni е тука повикан од темнина демне над твојата душа. Кутар човеку!Што те чека? Џамии се молат,се тресе небото Džinni!Црни јавачи дојдоа млада девојка чесност ја губи дете мајка и татко не препознава. Сенка на злото налегнала, месецот темен ,дожд не паѓа, земја моли утеха бара многу млади тела ќе покопа. Крик во етер ќе исчезне смртници крвава игра играат, фатени за раце коло непознато играат, Džinni го собра својот плод на смртта. Даница Петровска “Готска жена„ |
|
Љубов и само љубов
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Огледало
Скршено огледало!Несреќа! Моето тело распарчано, раздвоен лик,многу очи, искривена тажна насмевка. Раздвоено тело!Страв! Искасапени раце,нозе, линии правилни,не правилни, искривена слика на реалноста. Ги составам сите делови, една по една линија реалноста се враќа, на колку делови да е распарчано тоа сум јас,една единствена. Даница Петровска. “Готска жена“ |
|
Љубов и само љубов
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Без наслов
Ги отворив усните, збор не прозборувам, затаен глас во грло, надеж нема ,гласот занемен. Сама во самотија, ниту збор,ниту стих, молк,гробна тишина, очи затварам,гледам темнина. Мисли стивнати, во уши глува тишина, градите ќе препукнат, болка доаѓа,ме довикува. Болката ме растргнува, душата се распарува, слушам се спрема дожд, грмотевица од мојот сон ме буди. Душата се тресе,во гради камбана бие, секавици во очи блескаат, крик од душа,врескам, усни отворив,испуштив глас. Нема ќе зборувам, слепа ќе гледам, повторно моите мисли ги слушате, од мене нема спас,спокојство. Разбудена од вашиот сон, светлина во очи,темнината исчезна, повторно сум жива, водам нова борба,нови освојувања. Даница Петровска “Готска жена“ |
|
Љубов и само љубов
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Стапици
Стапици... Избезумени волци трчаат во нив. Се слуша рик нивен, шумата,долот рика со нив. Урликање ,страотно урликање Тркалезниот месец ги осветлуваше. Шумата им даде прочка, гранките како за блага молитва се склопија, се молеа за нив. Се стресоа столетните дрвја, карпите се распукнаа штом мракот вечен се крена таму доле во шумата. Стапици се претворија во гробници урликаат и сега, земјата гола,распукната раскажува за нив. Даница Петровска “Готска жена“ |
|
Љубов и само љубов
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зборови Ги колнам зборовите, невидливи стрели удираат во срцето од стрелец, ја погодува целта. Зборови како тапани, удираат во главата, срцето ќе заигра со нивниот ритам. Ќе се кренат солзи од очите капка по капка ќе се истопат низ образ. Јас немам свој штит да се одбранам како витез, ниту остар меч да прободувам во срцето. Зборови тешки како планина се напластиле во срцето, невидливи стрели прободуваат во срцето, тапани кои удираат во главата. Даница Петровска “Готска жена“ |
|
Љубов и само љубов
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Време
Минувам низ времето. Чекорам по лавиринтот, барам влез во тебе. Мојот чекор е лесен, не испуштам глас. Го пробивам воздушниот простор. Врескам во себе. Ме прекршивте со вашата острина. Се кревам,продолжувам низ времето, вие не го познавате. Залутав во лавиринт. Тука сум, стасав. Ме примија со нив, талкам ,барам камења , ги фрлам по вас. Пронајдов камен мал но, тежок. Тоа беше мојата душа. Стасав до мојата цел. Лавиринтот се затвори. Даница Петровска “Готска жена“ |
|
Љубов и само љубов
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Искривена слика
Во вистина лага на зборот искривен ум преточен во илузии, не се ниту фантазии на изопаченост, не се ниту мечти во темната душа. Да беше копиле лагата ќе умреше, откопана вистина повторно ќе се закопа, подобра е лагата на искршено огледало, подобра е вистината на реалната болка. Таму лежи вистината , никнуваат лаги од усти клети што мир немаат од змискиот јазик, што мир немаат од камено срце. Таа што со живот те благослови ја параш утробата како ѕвер, тој што отфрлено јагне го прибра поган јазик по него истураш. Пастирот молчи ли во својата мизерност, или се уште оди по змискиот пат, и сeуште ли труе се што ќе допре, и се уште лажни приказни кажува. Ако вистината молскавично заблеска многу ќе боли,многу солзи ќе истури, подобро е да молчи,подобро е да се закопа, нека останат лагите тие помалку болат... Даница Петровска “Готска жена“ |
|
Љубов и само љубов
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Плен
Помеѓу ѕидови на болка чучат искривени слики реалната слика се изгуби во заспаниот мозок, можеби црниот демон повторно ме мами, можеби вампир повторно ја посака мојата крв. Волкот повторно ги менува своите влакна неговата природа на изопаченост останува, каде да се сокријам,каде мир да најдам, повторно иста болка на касање по душата. Џелатот повторно сака да касапи , малку му се моите исечени раце не се молам, малку му се моите искршени нозе повеќе не одам по патот разделен. Змии отровни моето тело го лазат , клетници клетви истурат, во добри вили се претворија мислат еве не може да не препознае. Маската на лицемерност се симнува, се разголува вистината за сочувство, зад сите маски и вистини лежи правата вистина Џелатот повторно го чека својот плен... Даница Петровска “Готска жена„ |
|
Љубов и само љубов
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пат на тишината
О,зарем твои тајни раскажуваш за ехо кое одекнува од пештерата, дали го слушаш штом очи склопуваш штом вдишуваш прана на животот. Мојот пат ме ослепе не можам да ја видам темнината, мисли собрани во кутија заклучени со катанец, во мене ја имам тишината и светлината. О,моето тело не го чувствувам лебдеам помеѓу просторот и времето светлосен бран очи склопувам, се дели душата,корупка фрлам. Јас смртничка се венчавам со љубовта, вселена моето ехо го ослушна порака од скриени ѕвезди ми испраќа, искушение,борба,злото исчезнува. Плач од ехо ме разбуди, искушение мојата душа го почувствува светлосен бран љубов ми подари, се вратив ,мојот пат заврши. Даница Петровска “Готска жена“ |
|
Љубов и само љубов
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ш Т И Т Непробоен цврст штит отровно стрели летаат, црвени ноќи, плач небесен, црни јавачи бој водат. Распукна небо на безброј делови светлосен бран расветли темни ноќи, црни јавачи ослепеа,непробоен цврст штит светлоста ја следи со нови победи на штит изрежани. Даница Петровска “Готска жена“ |
|
Љубов и само љубов
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
К У К Л Е Н Т Е А Т А Р
Трпеливо чекам ќе заврши првиот чин, театар со дрвени кукли конците ги влече некој друг. Трпеливо чекам ќе заврши вториот чин, театар со многу кукли, конците ги влечат сите. Трпеливо чекам ќе завршат сите чинови, ќе ги скинам сите конци, без конците е полесно. Куклениот театар нема душа, ќе ги запалам сите конци,кукли, никој повеќе не може да управува, никој повеќе нема да биде кукла. Даница Петровска “Готска жена“ |
|
Љубов и само љубов
|
|
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |