|
Уредување на помали станбени површини |
Внеси реплика | страница <1 23456 8> |
Автор | ||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Совршен мал стан кој може да ви биде и дом и канцеларија (фото)Можеби ви звучи неверојатно, но стан од само 40 квадрати може да ви биде и топол дом и работна канцеларија, доколку можете да работите од дома. Клучното за ваков стан е да биде повеќе долгнавест, отколку широк со тоа што еден краен дел ќе го издигнете ниво погоре, барем колку за едно скалило. Така, во еден ист простор ќе добиете две соби кои нема да бидат преградени со огромни ѕидови и врати, туку ќе се разликуваат според нивото на подот. Горниот дел може да биде ваша работна просторија која можете максимално да ја искористите во аглите за поставување биро и ѕидовите за полни полици. За тоа ви е доволна и само едната половина од горниот дел, а во втората, до прозорецот може да ја поставите софата која ќе ви послужи за дневен одмор. Во долниот дел, пак, може да ја поставите спалната, па со една преграда да го искористите просторот за мала, но функционална кујна. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Минијатурен дом со фантастични идеиСтил, комфот и функционалност спакувани во 34 метри квадратни… Кога живеете во дом со минајтурни димензии, секоја идеја која заштедува дополнителен простор е од непроценливо значење. Станот кој денеска ќе ви го претставиме е со површина од скромни 34 метри квадратни, а може да се пофали со дневна соба, трепезарија, кујна, спална соба, бања, па дури и балкон, делувајќи многу поголемо од она што е. Тајната е во одличниот распоред и креативните решенија. Станот е максимално функционален и паметно искористен, а воопшто не е изгубено од естетиката и комфорот.
Изменето од Valerija - 05.Декември.2014 во 22:07 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Идеи за минијатурни станови: Дневна и спална соба во ист простор (фото)Ако живеете во миниајтурен еднособен стан, сигурно сте приморани дневната и спалната соба да ги уредите во иста просторија. Сепак, не очајувајте затоа што и за тоа постојат повеќе креативни решенија, трикови и предлози. Како најпривлечна и најповолна варијанта се истакнува одвојувањето на двете простории со завеси. Шипките за завеси лесно се монтираат и не заземаат многу простор. Интересен начин за одвојување на спалната и дневната кој не зазема голем простор се лизгачките врати или стаклениот ѕид. Тие не го намалуваат просторот визуелно, а создаваат илузија на две одвоени соби. Секогаш постои опција да ги раздвоите и со монтажна полица. Со нејзина помош ќе ги одвоите собите, а ќе добиете и дополнителен простор за сите ситници кои се наоѓаат во станот. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Еднособен стан дизајниран за млади паровиЗаедничкото живеење никогаш не било лесно. Дали заради кариерата, штедењето или самото започнување на едно ново животно поглавје, младите парови често не знаат како да го одберат идеалниот дом. За почеток, тој не треба да биде скап и луксузен, туку удобен, смирувачки и хармоничен. Токму таков е овој стан од 40 метри квадратни, дизајниран специјално по потребите на младите парови. Дизајнот е фокусиран на поделбата на просторот на неколку корисни целини и зони, без подигнување на непотребни ѕидови. Така, спалната соба, дневната, трпезаријата и кујната се една прекрасна целина од шаренило од бои и дезени. Креветот и работната соба се одделени со само една скаличка која има улога на фиока, додека трпезаријата, дневната соба и кујната се потполно отворени. Станот дури поседува и малечка, светла тераса, идеална за појадок и кафе во пар. Сон на секој пар! Изменето од Valerija - 05.Јуни.2015 во 13:56 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Шармантен стан сместен на поткровјеСтанот со необичен облик, сместен во поткровјето на зграда во Стокхолм, е идеално искористен, а веселите бои и додатоците создаваат пријатен простор за живеење на сопствениците. Шарениот стан се простира на површина од 91 квадрат, има три соби и кујна. Сопствениците искористиле многу агли за сместување на ситниците, па така, во станот може да се забележат и дупки во ѕидовите во трпезаријата, каде што се сместени најразлични нешта. Се со цел да се добие впечаток на поголем простор, скалите добиле правоаголна дупка од која се гледа трпезаријата, а поради тоа, и самите скали имаат многу светло. Кујната е со нежен жолт тон, а пространата дневна соба има плафон со црно-бели риги. Овој детаљ можеби на многумина не им се допаѓа, меѓутоа истиот дава необичен и посебен печат на овој семеен дом. Благодарение на жолтите клупи, терасата е уредена во согласност со внатрешноста, а од неа се овозможува прекрасен поглед на кон градот и неговите убавини. Изменето од Valerija - 31.Октомври.2014 во 22:19 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Прекрасен дом од само 45 метри квадратниЕдна од придобивките на живеењето во куќа, наспрема животот во стан, е тоа што лесно можете да придонесете за удобноста со ваш сопствен дизајн и можете да ја прилагодите според вашите сопствени потреби. Покрај тоа, куќите обично се поголеми и попространи од становите. Но не секогаш е така. Совршен пример за тоа е и оваа современа куќичка чија површина изнесува само 45 метри квадратни, што е релативно многу малку за куќа, па дури и за стан. Куќата е изградена во Кампо Гранде во Бразил. Прокетирана е од страна на архитектот Алекс Ногуира. Еден од условите за овој прокет бил едноставниот дизајн со чисти линии. Сопственикот не сакал куќата да биде конвенционална, но од друга страна сакал да биде многу практична. Условот бил внатрешниот и надворешниот дел да се спојуваат па така задниот дел на куќата е изграден од стакло во облик на помошни врати. На овој начин се формира затворен простор и двор. Дворот пак, исто така има интересен дизајн кој вклучува неколку скулптури изработени од материјалот кој останал од изградбата на куќата. Предниот дел на куќата не е толку отворен како што е нејзиниот заден дел, со цел да се постигне ефект на контраст. Предниот дел на куќата е затворен и нема прозорци за да се обезбеди приватност и заштита од сонцето. На фотографиите подоле ќе можете да ја погледнете неверојатно малата куќичка со големи идеи која ги исполнува сите услови. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Живописен амбиент умно постигнат во мал станСтанот е специјално направен за млад пар кој ја барал таа естетика и употребливоста на главните карактеристики на нивниот нов дом. Обоен со бели ѕидови кои визуелно го зголемуваат просторот, а светлото и шарено осветлување придонесува за живописниот амбиент. Отворениот простор го дефинира апартманот, а сепак, спиењето, јадењето и забавните области се добро индивидуализирани. Севкупниот дизајн им оддава почит на креативноста и функцијата.
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Комфор во 34 квадратиМинијатурниот стан од само 34 квадрати може да се претвори во пријатно место за живот, благодарение на неколку современи идеи и снаодливи одлуки. Водејќи се по овие правила, малечкиот стан во близина на Стокхолм е уреден во скандинавски стил, со употреба на дрвени материјали и нијанси, едноставни линии и ненаметливи детали. Целиот план бил осмислен така што спалната го има главниот збор во ентериерот, па затоа е сместена во централниот дел, одделена само со ѕид од стакло. Дневната, трпезаријата и кујната не се физички одделени, па токму затоа неутралните тонови се преплетуваат во една прекрасна целина. Белите ѕидови, беспрекорно белиот ламинат и големите прозори го осветлуваат и освежуваат просторот, заради што се создава илузија на двојно поголем простор. Ако за момент се посомневавте дека комфорот е изводлив во само 34 метри квадратни, овој стан ќе ве убеди во спротивното: |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Неколку идеи за средување на мал просторСо малку креативност, вашите тесни домови можат да бидат навистина функционални. Погледнете неколку едноставни идеи за како од вашите мали соби да направите паметен простор. За спални соби, кои се премногу мали, потребно е да закачите лампа на ѕидот, над вашиот кревет. Така ќе заштедите повеќе простор, а на ноќната масичка можете да ставите цвеќе, кое ќе даде посебен изглед на собата.
Сѐ што треба да направите е да закачите неколку закачалки за вашите палта и да ставите неколку полици за чевли.
Веднаш до прозорецот ставете обична даска и претворете ја во прекрасен шанк каде ќе можете да појадувате. Доколку имате мал простор, а не знаете што да правите со него, само наместете мало креветче покрај прозорецот и неколку предмети кои ќе ѝ дадат пријатен изглед на собата. Така, собата ќе можете да ја користите и како ваше катче за читање и како гостинска соба. Кој рече дека ако имате мал простор, не можете да имате своја работна соба? Искористете го вашиот стар шкаф, ставете биро и вашата работна соба е готова.
Во некој агол од собата, сместете клупа, а до неа округла маса која ќе даде посебен изглед на собата. Со малку креативност, вашите тесни домови можат да бидат навистина функционални. Погледнете неколку едноставни идеи за како од вашите мали соби да направите паметен простор. За спални соби, кои се премногу мали, потребно е да закачите лампа на ѕидот, над вашиот кревет. Така ќе заштедите повеќе простор, а на ноќната масичка можете да ставите цвеќе, кое ќе даде посебен изглед на собата.
Сѐ што треба да направите е да закачите неколку закачалки за вашите палта и да ставите неколку полици за чевли.
Веднаш до прозорецот ставете обична даска и претворете ја во прекрасен шанк каде ќе можете да појадувате. Доколку имате мал простор, а не знаете што да правите со него, само наместете мало креветче покрај прозорецот и неколку предмети кои ќе ѝ дадат пријатен изглед на собата. Така, собата ќе можете да ја користите и како ваше катче за читање и како гостинска соба. Кој рече дека ако имате мал простор, не можете да имате своја работна соба? Искористете го вашиот стар шкаф, ставете биро и вашата работна соба е готова.
Во некој агол од собата, сместете клупа, а до неа округла маса која ќе даде посебен изглед на собата. Изменето од Valerija - 14.Октомври.2014 во 18:40 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
И малиот стан може да изгледа убавоВо овој текст ви претставуваме еден стан на скандинависки дизајнер. Ова е стан со голема функционалност, а кој се протега на само 42 квадратни метри. Ова е доказ дека и малиот стан може да изгледа убаво, а при тоа да биде идеално искористен секој негов сантиметар. Внатрешноста на станот е уредена во земјени тонови, а ѕидовите се бели. Сепак малите станови не дозволуваат премногу боја на ѕидовите бидејќи тоа ќе ги направи само да изгледаат уште помали. Циглата е еден од деталите кои ја прават позитивна и топла атмосверата во домот. Освен за шанкот, тие се употребени и на еден ѕид во станот, што го прави оригинален на посебен начин. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Правила кои мора да ги почитувате ако живеете во мал станАко живеете во мал стан, сигурно барате начини визуелно да го зголемите просторот, но и да го направите функционален, а во тоа ќе ви помогнат овие неколку корисни совети. Малиот стан може да биде тежок за уредување, бидејќи треба да се внимава кој мебел да се избере, какви бои да се користат и како да се усогласат... Ако погрешите при декорирањето вашиот простор ќе стане уште потесен, па затоа почитувајте ги овие правила: Со помош на огледалата ќе ја осветлите целата просторија со дневна и наметната светлина. Поставете ги во дневната соба, а во однос на мебелот користете повеќенаменски. На тој начин, вашиот простор ќе биде повеќе функционален, но и ќе изгледа поголем.
Станот нека биде во една боја, а препорака е таа боја да биде во благ тон, кој нема да ја направи просторијата уште помала. Изедначениот тон кој ќе го имате во целиот стан ќе придонесе тој да изгледа поголем.
Едно од правилата станот да изгледа поголем е да не биде пренатрупан ниту со мебел, а ниту со ситници. Избегнувајте теписи, а украсните фигури сведете ги на минимум.
Централниот дел од собата нека биде слободен, а доколку имате посебна спална соба слободно купете што поголем кревет. Тоа доминантно, но главно парче во спалната соба ќе го одвлече вниманието од фактот дека собата ви е мала, бидејќи големиот кревет ја направи да изгледа раскошна. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Животот може да биде прекрасен и во 29 метри квадратниОвој светол и прозрачен минијатурен стан со отворен план е дизајнерски успех кој се протега на само 29 метри квадратни. Иако самиот стан е неверојатно малечок и животот во него не можете ни да си го замислите, палетата на свежи бои и добро одбрани парчиња мебел го прават неверојатно модерно место за живеење. Со свежи, примамливи бои, паметно искористен простор и удобен мебел, нема човек кој не би сакал да се врати токму тука по напорниот ден. Сопствениците на овој стан имаат минијатурна колекција на книги кои совршено се вклопуваат, додека сите кабли во куќата се скриени многу вешто. Лажните ѕидови и масата која е продолжение на кујнските елементи се само дел од триковите кои го зголемуваат овој навидум минијатурен животен простор, а белата боја додава огромна свежина. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Внеси реплика | страница <1 23456 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |