IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Специјалитети од мелено месо
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Специјалитети од мелено месо

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 20:09

Ќофтиња со сос од печурки


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 40 грама Сенф
  • малку   Оригано
  • 100 милилитри Масло
  • 50 милилитри Маслиново масло
  • 3 чешниња Лук
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 1   Кришка/ки леб
  • малку   Босилок
  • 400 грама Јунешко мелено
  • малку   Сол
  • малку мала лажица Црн пипер
  • 400 грама Шампињони


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Ќофтиња со сос од печурки

ПОДГОТОВКА:

100 г. печурки исечкајте и пропржете на маслиновио масло. Во длабок сад убаво измешајте го меленото месо со испржените печурки, кромид, лук, црвен пипер, оригано, босилок, сол, црн пипер и кришките леб (убаво исцедени и изронети откако отстоеле во вода). Убаво измесете ја смесата, проверете го вкусот на првите ќофтиња кои ќе ги исприжите во загреано масло. Испржените ќофтиња оставете ги на топло.

Во садот од пржените ќофтиња ставете ги исечканите преостанати печурки, додајте 1 сечкан кромид и динстајте 15 минути на средна температура, додека печурките омекнат и немаат течност. Зачинете со сол и црн пипер и послужете со подготвените ќофтиња. Послужете со пире од компири.


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 20:08

Шампињони со мелено месо


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Шампињони
  • малку мала лажица Црн пипер
  • малку   Сол
  • 60 грама Сенф
  • 1   Прелив за печење
  • 30 милилитри Млеко
  • 2 лажица/ци Маслиново масло
  • малку   Магдонос
  • 2 чешниња Лук
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 1   Кришка/ки леб
  • 1   Кора од лимон
  • 1   Жолчка/ки
  • 20 милилитри Џин
  • 250 грама Јунешко мелено


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Шампињоните се ретка растителна храна која може да подготви на најразлични начини. Има добар вкус, го поттикнува апетитот а воедно има и висока хранлива вредност. Бидејќи печурките се богати протеини можат да ја збогатат исхраната особено на лицата кои не конзумираат месо или на они кои ретко го комбинираат.

Една студија покажала дека печурките (шампињоните), свежи и готвени, во различни годишни времиња, се добар извор на прехрамбени влакна, вклучувајќи го и хитинот за кој се верува дека го намалува нивото на холестеролот во крвта, па бета - глукан кој делува благотворно на здравјето на кардоваскуларениот систем.

Печурките веќе долго време се познати како одличен извор на висококвалитетни протеини. Оваа материја протеините, ја прават телесната структура, се наоѓаат во секоја клетка на ткивото. Телото протеините ги користи за раст, изградба и зацелување на коските, сврзувачко ткиво, кожата, внатрешните органи и крвта. Хормони, антитела и ензими кои ги регулираат хемиските реакции исто така се протеини. Ако јаглехидратите или мастите не ја задоволуваат потребата за енергија телото ги користи печурките.

ПОДГОТОВКА:

Шампињоните ставете ги околу 30 минути во 350 мл. топла вода, да набабрат.

Тост лебот исецкајте го на коцки и потопете го во млеко.

Младото кромитче и кромидот ситно исецкајте ги.

Меленото месо измешајте го со лукот, кората од лимон, коцките тост, жолчката, лутиот сенф и сецканото младо кромитче.

Зачинете со сол и црн пипер, а потоа смесата убаво соединете ја.

Со влажни раце правете топчиња од добиената смеса.

Потоа загрејте лажица масло во тава, па испржете ги топчињата мелено месо за да добијат кафена боја.

Добро загрејте една лажица маслиново масло, динстајте го преостанатото младо кромитче. Извадете ги шампињоните од водата и исецкајте ги, па додадете ги на кромидчето и се заедно динстајте.

Исцедете ја супата и во неа додадете го преливот од месо.

Оставете ја добиената смеса да се вари најмалку 5 минути.

Послужете со пржените топчиња од мелено месо.


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 20:07
Уште една интересна и вкусна темасреќа
Постирајте Ваши рецепти за секаков вид на специјалитет од мелено месо

Мелено месо со целер


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 30 грама Прокељ
  • 500 грама Мелено говедско
  • 2 главица/и Кромид/а
  • 2   Кришка/ки леб
  • 250 грама Целер
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Мелено месо со целер

ПОДГОТОВКА:

Лебот се натопува во млеко или вода и добро се цеди. Потоа добро се меша со меленото месо и јајцата.

Исчистениот и измиен целер се брише и ситно се ренда, а потоа се додава на месото и повторно добро се меша.

На крајот се додава сол, црн пипер и малку морско орeвче.
Во подмачкан и со брашно посипан калап се става месото и се пече во загреана рерна на 225 степени околу 50 минути.

Се служи сечено на парчиња со обарен прокељ прелиен со стопен путер.



Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 19:03
Луто еже
Потребни состојки:

· 500 г мелено месо
· 3 јајца
· 3 парчиња бајат бел леб
· 1 главица кромид
· 5 лажици варен морков ( сечкан)
· 5 лажици варен грашок
· 1 сечкана феферонка
· 200 г кашкавал со Знак за квалитет
· 1 лажиче сол, Зачинал
· масло

Начин на приготвување:

Се замесува тесто од месото, јајцата, лебот претходно натопен во ладна вода, сечканиот кромид, морковот, грашокот, феферонката и од Зачиналите. Во подмачкана тава се моделира еж и се пече на тивок оган околу 2 часа. Кога е печено, над ежето се ставаат парчиња кашкавал, се закачуваат со чепкалки и се враќа во топла рерна да се стопи и разлее кашкавалот за да се добие оклоп. На крајот се боцкаат сечканите феферонки да имитираат боцки. Се служи ладно.



Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.