IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти и колачи што не се печат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти и колачи што не се печат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 16>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2016 во 09:09

Орео колачиња без печење




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За 16 – 18 бомбици потребно ви е:

300g бело чоколадо

30 Орео колачиња

100g крем сирење

4 Орео колачиња за декорација

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Иситнете ги Орео колачињата во блендер додека не добиете кафеав прашок.

Префрлете го во пластичен сад  и додајте го крем сирењето. Мешањето може да биде малку потешко, но смесата не треба да биде многу течна  за да можете да ги обликувате бомбиците.

Откако ќе ги обликувате и наредите на тава или голема чинија, ставете ги 10тина минути во замрзнувач.

За тоа време растопете го белото чоколадо и оладете го.

Извадете ги топчињата и прелијте ги со чоколадото. Искршете ги покрупно 4-те Орео колачиња и просипете ги врз чоколадото.

Бомбиците се готови откако чоколадото ќе се стврдне.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2016 во 15:37
Чоколаден колач без печење





ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

275г. растителен путер

330г. шеќер во прав

60г. какао во прав

1 лажичка екстракт од ванила

20 бисквити

60мл. млеко

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во загреан ставете го растителниот путер да се растопи. Потоа, во една чинија измешајте го шеќерот во прав, какаото, млекото, екстрактот од ванила и путерот. Добро промешајте додека не добиете хомогена чоколадна смеса.

Во длабока тепсија обложете хартија за готвење. Дното премачкајте го со дебел слој од чоколадната смеса, и наредете ги бисквитите едни до други. Повторете го овој процес додека не дојдете до посакуваната висина на колачот.

Редете ги бисквитите точно едни над други за да ви биде полесно сечењето. Ставете го колачот во фрижидер да се излади, извадете го, исечете  и послужете го со шеќер во прав.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2016 во 19:35

ВКУСНА ЧОКОЛАДНА ТОРТА КОЈА НЕ СЕ ПЕЧЕ

Вкусна чоколадна торта која не се пече

Состојки:

280 грама чоколадо за готвење;

250 грама ореви;

50 грама суво грозје;

Околу 20 бисквити со средна големина;

150 грама путер.

Подготовка:

Најпрво, ситно исецкајте ги оревите, потоа здробете ги бисквитите и измешајте ги со оревите. На крај додадете и суво грозје и добро измешајте ја целата смеса.

Чоколадото за готвење стопете го на пареа. Кога ќе биде готово, додадете путер и почекајте се да се стопи и да се соедини. Чоколадото и путерот додадете го на сувите состојки и се добро промешајте.

Добиената смеса потоа ја преместувате во кружен калап обложен со фолија, порамнете се со лажица.

Колачот се остава во фрижидер да се олади и да се стегне. По два часа десертот е готов. Исечете го колачот на ситни парчиња и сервирајте.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2016 во 10:25

Лесен десерт: Чоколаден тарт без печење


Барате некој лесен и брз рецепт кој ќе ви ја задоволи желбата за нешто слатко и кремасто? Го пронајдовте!

lesen-desert-cokoladen-tart-bez-pecenje-01.jpg

Комбинацијата на чоколадо и овошје никогаш не е за одбивање, а како дополнително задоволство се Орео колачињата.

Без печење, за 20-тина минути имате готов тарт како од слаткарница.

Потребни состојки:

  • 12 Орео колачиња
  • ½ шолја стопен путер
  • 200g слатка хопла
  • 300g ситно сечкано чоколадо за готвење
  • Овошје по желба
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2016 во 08:11

СНЕЖНИ ТОПЧИЊА

15
Колачиња кои лесно се подготвуваат и не се печат.

Состојки:

  • 200 грама бадеми
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 100 грама врела вода
  • 1 лажица кокосово масло
  • 100 грама брашно од бадеми
  • 260 грама шеќер во прав
  • Прстофат сол

Подготовка:

Бадемите ставете ги во сад и потопете ги со топла вода и оставете ги 2 часа за да омекнат.

Потоа исцедете ги и ставете ги во миксер заедно со ванила екстрактот, кокосовото масло и солта.

Миксирајте додека мешавината не стане густа паста.

Пастата ставете ја во сад и додадете го бадемовото брашно и се убаво измесете.

Со помош на лажица вадете од смесата и формирајте топчиња, кои потоа убаво ќе ги извалкате во шеќер во прав.

Готовите топчиња ставете ги на хартија за печење и оставете ги да отстојат за да станат цврсти.

Кога ќе се стврднат послужете ги веднаш или складирајте ги во сад кој не пропушта воздух и држете ги во фрижидер.

Имајте добар апетит!



Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2015 во 17:53

Чоколадна лазања без печење

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 пакување чоколаден бисквит по избор (ние го препорачуваме Орео)

* 6 лажици путер, стопен

* 230 мл кремсир

* 30 г. шеќер

* 2 лажици ладно млеко

* 350 мл. шлаг

* 2 пакетчиња чоколаден пудинг

* 300 мл. ладно млеко

* 100 г. чоколадни мрвици

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Чекор 1:

Дното на плехот премачкајте го со путер. Чоколадните бисквити сомелете ги или едноставно искршете ги на тој начин што ќе ги ставите во кеса и ќе ги исчукате на работната површина. Додадете го стопениот путер, и мешајте додека не се соединат. Префрлете ја смесата во плехот и истискајте ја убаво на дното. Ставете во фрижидер да се стегне.

Чекор 2:

За тоа време, во длабок сад изматете го кремсирот и додадете го млекото и шеќерот. Мешајте додека не се соединат состојките. Изматете половина шлаг и додадете го во смесата. Прелијте го преку кората и вратете во фрижидер уште 10-на минути да се стегне.

Чекор 3:

Пудингот помешајте го со ладно млеко, и матете додека не добиете еднолична смеса. Прелиете преку филот со шлаг, па повторно вратете во фрижидер на ладење. На крајот, премачкајте го остатокот со шлаг, посипете со чоколадни мрвици и послужете го ладно.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2015 во 20:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2015 во 15:41

СИТЕ ДОМАЌИНКИТЕ „ЗБЕСНАА” ПО ОВАА ТОРТА: КОЈА СЕ ПРАВИ ЗА ПЕТ МИНУТИ!

15

Сите домаќинки постојано пронаоѓаат нови рецепти и се трудат да направат вкусни јадења, но најчесто немаат време. Кога ќе се најават гости, а особено во период како овој, новогодишниот, потребно е нешто што е брзо, ефтино и вкусно. Затоа, ние ви нудиме торта за која не ви треба печење, а се прави за пет минути.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

10 крем бананчиња

1/2 кг ресани

1/2 кг хопла

Ресаните и крем бананчињата се сецкаат.

Хоплата се мати и кога ќе се згусни, поголемиот дел се меша со бананчињата и ресаните.

Се прави форма по желба и се премачкува со остатокот од хоплата.

Па така, имате вкусен десерт за пет минути. Нема да зажалите!



Изменето од Valerija - 18.Декември.2015 во 15:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2015 во 08:21

Брз чизкејк со Нутела, без печење


Комбинирајте ги во едно поимите „Нутела“ и „Чизкеј без печење“... Веројатно веќе почнуваат да ви потекуваат лиги уште од самата помисла на комбинирање на овие два слатки зборови.

nutela-iznenaduvanje-cizkejk-bez-pecenje-01.jpg

Овој едноставен рецепт за чизкејк не само што е едноставен за подготвување, туку е и неверојатно сочен и кремаст благодарение на омилениот чоколаден вкус.

Потребни состојки:

  • 340g или едно пакетче Орео колачи
  • 110g путер
  • 700g Маскарпоне
  • ½ шолја шеќер во прав
  • 200g изматена слатка павлака
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • ½ шолја Нутела


Подготовка:

За овој рецепт потребни ќе ви бидат 6 часа за да отстои во фрижидер, за потоа да добиете неверојатно сладок рецепт од кој ќе ви биде благодарен секој што ќе има можност да го проба.

nutela-iznenaduvanje-cizkejk-bez-pecenje-1.jpg

nutela-iznenaduvanje-cizkejk-bez-pecenje-01.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2015 во 08:27
СОВРШЕНО КРЕМАСТА ЕСПРЕСО ТОРТА ОД ТРИ СОСТОЈКИ - ГОТОВА ЗА 10 МИНУТИ

Ако сте љубител на десертите со кафе, овој десерт дефинитивно ќе ве воодушеви, а нема да ви бидат потребни повеќе од 10 минути за негова подготовка!

Во оригиналниот рецепт стои калуа-кафе, пијалок којшто кај нас тешко се наоѓа. Секако, по свој вкус наместо поинтензивно кафе, може да додадете и овошен сок по желба или пак некој ликер.

Потребни состојки:

 500 мл слатка павлака
 200 мл еспресо кафе
 2 кутии од омилените бисквити

Подготовка:


Сматете ја слатката павлака со кафето или пак со другиот пијалок по ваша желба, така што да добиете цврста смеса. Подгответе тавче за торта и обложете го со хартија за печење.


Земајте еден по еден бисквит, премачкувајте го со кремот којшто сте го подготвиле и редете во тавчето сè додека не ги потрошите сите состојки.

Оставете ја тортата добро да се излади во фрижидер, слободно тоа нека биде преку цела ноќ, а потоа послужете. 


Уживајте!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2015 во 19:48

Готова за 20 минути: Брза торта со бисквити и јогурт


Оваа торта е готова за 20 минути, доколку сакате брзо и едноставно да се почастите со нешто слатко, ова е вашиот избор.

gotova-za-20-minuti-brza-torta-so-biskviti-i-jogurt-1.jpg

А, за тоа потребни ви се:

  • 700g бисквити
  • 1l јогурт
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 100g црно чоколадо
  • 200g шеќер во прав
  • 350g вишни или друго слатко
  • 1 шлаг пена

Бисквитите ги кршите на крупни парчиња, го додавате ванилиниот шеќер и шеќерот во прав и промешувате. Потоа го додавате јогуртот и мешате се додека не се соедини смесата.

Смесата ја ставете го во калап и израмнувате. Врз смесата ги ставате вишните или некое друго овошје или слатко по желба, па премачкувате со шлаг.

На крај рендате чоколадо по желба.

Готовата торта ја ставате во фрижидер половина час да се стврдне, и десертот е готов за послужување.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2015 во 19:55

ПИТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: ЛЕДЕНА ФАНТАЗИЈА ОД САМО ТРИ СОСТОЈКИ

21

Состојки:

– 24 чоколадни бисквити (околу 280 г.)
– 1 лажица растопен путер
– благо растопен сладолед од ванила

Подготовка:

1. Со нож раситнете 6 бисквити и тргнете ги на страна

2. Направете ја кората. Во процесор за храна ставете 10 бисквити и здробете ги најситно што може. Додадете го растопениот путер и мешајте се додека не добиете еднолична смеса.

3. Мешавината од бисквити и путер излијте ја во сад за печење, и на средината истискајте ја до дното создавајќи вдлабната површина освен на краевите. На кората нанесете 8 цели бисквити.

4. Во средината излијте го сладоледот и со помош на лажица нежно распоредете го по целата површина. На врвот наросете со парчињата бисквити кои ги исечкавте на почетокот. Оставете ја питата во замрзнувач 4 часа, и потоа послужете.

5. За да не ви се раздроби питата при сечењето, поминете ја тавата од надворешната страна со крпа натопена во топла вода. Потоа внимателно префрлете ја на чинија, и исечете ја на повеќе парчиња.

Совет:

  • Доколку сакате, можете да ја направите и со вашиот омилен вкус на сладолед.
  • Врвот на оваа ледена торта можете да го збогатите и со рендано чоколадо, мрвици или некакво ситно овошје.


Изменето од Valerija - 04.Декември.2015 во 08:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2015 во 18:05
ОВА Е ТОКМУ ТОЈ ЕСЕНСКИ ДЕСЕРТ: ГОТОВ ЗА ПЕТ МИНУТИ! И НЕМА ПЕЧЕЊЕ!

Дали барате совршен есенски десерт? Ние го пронајдовме за вас! Неговата подготовка е лесна, а вкусот дефинитивно го оправдува изборот.

Потребни состојки:

 250 гр бисквити (по желба)
 125 гр путер
 3 лажици кокос
 2 презреани банани
 250 гр крем сирење
 3 лажици какао
 сок од 1 мандарина
 декорација по желба

Подготовка:

Сомелете ги бисквитите. Стопете го путерот, промешајте го со бисквитите и кокосот. Сето ова ставете го во калап.

Заедно измешајте ги бананите и крем сирењето, па додадете ги какаото и сокот од мандарина. Оваа мешавина распределете ја врз смесата од бисквити. 

Ставете го колачот во фрижидер и оставете го половина час за да се стегне. Декорирајте го по желба.

Подготовката на овој десерт трае пет минути.


Уживајте!



Изменето од Valerija - 21.Ноември.2015 во 18:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2015 во 17:16

КРЕМПИТИ ГОТОВИ ЗА 30 МИНУТИ

14
Потребни состојки:

– 1,3 литар млеко
– 1 путер
– 6 лажици остро брашно
– 6 јајца
– 18 лажици шеќер
– 2 пудинга од ванила
– 1 до 2 павлаки за шлагот
– 2 кори за кремпити

Подготовка:

1. Одвојте ги жолчките од белките и потоа изматете ги белките.
2. Ставете во еден сад околу половина од млекото и во него додајте ги жолчките, шеќерот, брашното и пудингот и се добро изматете со миксер додека не добиете воедначена смеса.
3. Другата половина од млекото ставете ја во тенџере и додајте го путерот. Загревајте на оган додека млекото скоро не зоврие, односно додека путерот потполно не се растопи па тргнете го од огнот.
4. Првата смеса прелијте ја во втората (во млекото и путерот) и мешајте додека се убаво не се соедини и згусне.
5. На крајот, во тенџерето додајте ги и изматените белки па со миксер на најслабата брзина се убаво измешајте додека смесата не се соедини.
6. Првата кора ставете ја во длабока тепсија па врз неа прелијте ја добиената смеса па измазнете со лажица.
7. Изматете шлаг и размачкајте го по смесата па потоа прекријте со другата кора.

Совет:

– За да можете полесно да ги исечете кремпитите, горната кора прво исечете ја на коцки па потоа коцките наредете ги врз смесата.
– Кремпитите се многу вкусни и без шлаг, па ако не сте љубители на шлаг можете и да го изоставите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.