IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Екстерно тестирање
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Екстерно тестирање

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2014 во 21:11
И мене ми е чудно, ама ако добиваат 100 пати по ред на избори тогаш изгледа
нешто не е во ред со народот, тие си се во ред.. така му доаѓа..

BDSM

Туку се мислам оној буцкото.. Ким Џонг Ун... да не студирал тука на некои од
нашиве дисперзирани факултети...? кај него веројатно би немало отстапувања после Екстерно тестирање...

Изменето од LiDivio - 05.Октомври.2014 во 21:15
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2014 во 19:40
се разбира, се расчисти повеќепартиското владеење во институциите, се расчистија медиумите, а сега на ред е образованието... Сталин, Чаушеску, Ким Ил Сунг, Хитлер, и некои други од нивниот калибар би се гордееле со системот кој се спрема кај нас... уште па и овие другиве ги викаат комуњари замисленост
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2014 во 14:18
Интересно е како се распоредени казните и наградите за наставниците и професорите. Значи ако имате отсатувања казната е 3.000 ден. а наградата е 600 денари глупчо
Колку што разбрав и ако добро разбрав ( ако не слободно корегирајте ме) - просветниот  работник кој ќе биде казнет трипати по ред ќе го изгуби работното место и ќе добие доживотна забрана за работа како просветен работник ... Абе ајде ... изненадувањедоста е

И од  СОНК велат - ништо од штрајкот а? замисленост
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2014 во 19:33
не ми е јасно како намераваат вакво тестирање да наметнат на ЕКТС системот...

и прво министеров нека си се запраша како и каде он има завршено образование, па после нека става забрани за образование...
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2014 во 22:32
Веќе и не им се чудам како од ракав донесуваат закони...
Та од ракав сите како се наместија истресоа д-р;м-р
и сега на ист тој начин со тресење од ракав и закони ќе носат.
А верувам уфилмани и убедени се како и тоа д-р;м-р со
памет дека го заслужиле,и закониве оти со памет ги носат.
Него честито нека им е на студентиве.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2014 во 23:07

 

 

 

     

Надзор и казна










 





 
 
 
 

Инаку, дека екстерното ни оддалеку не е објективен показател знаат сите. Што ако дента детето е деконцентрирано? Има ли човек право на лош ден? Што ако не е појадувано? Што ако е под стрес затоа што ноќта родителите имале жестока брачна пресметка? Што ако погрешно „кликне“ од трема на компјутерот? Што ако го заборавило тоа што го научило? Покрај меморијата, и амнезијата е сосема регуларен ментален процес

 
 
  

 


„Речник на човековата  душа“
e заеднички наслов на новиот
серијал колумни  на Венко
Андоновски, што премиерно ги објавува „Нова Македонија“.
Во нив Андоновски пишува
за загубените вредности
во лавиринтот
на современото живеење

 


 

- Екстерно тестирање, интерни солзи

За секоја детска солза треба сто стапа за оној што го расплакал, велеше една стара жена од Кумановско. Таа парафраза на Достоевски (дека целиот свет не вреди колку една солза на дете), кој старицата сигурно не го читала, деновиве е актуелна преку новиот бауч за сеење страв што го смисли државата: екстерното тестирање. Цела Македонија, родители и деца се во стрес - што ќе направиме на ексерното тестирање? Кому му служи тоа?
Како и многупати досега, секогаш постои одговорот: „Па, така прават сите“. Или: „Така прави Запад“. Да, но можно е сите и да крадат, како што е сосема јасно дека Запад фрла и бомби по светот. Дали тоа значи дека и ние, без никакво размислување, треба да го правиме тоа што сите го прават, само затоа што СИТЕ го прават? Сенека нѐ учеше токму спротивно: да не го правиме она што сите го прават: „... на ништо не треба да внимаваме повеќе отколку да не ја следиме како добиток толпата од оние што одат напред, упатувајќи се не таму каде што треба да се оди, туку таму каде што мноштвото оди. Ништо не нè вплеткува во поголеми несреќи од тоа што се поведуваме по јавното мнение, па мислиме дека се најдобри тие нешта што се примени со големо одобрување...(тогаш) не живееме според разумот, туку според поистоветување.“

Во „Надзор и казна“, како и во другите свои книги, Мишел Фуко покажа дека власта се занимава со контрола на за субјектот достапните територии во општеството, а една таква територија е и знаењето. Со екстерното тестирање, наводно, треба да се изврши контрола не само на знаењето на ученикот туку и на знаењето на професорот, односно на неговите етички капацитети. Треба да се провери дали тој „преку врски“ прогледал некому низ прсти или пак некого оштетил намерно. Убава, правдољубива цел. Но, како и секогаш, до убавата цел не секогаш се стигнува со убави средства. Сите револуции имаа за цел подобар свет. Но до него сакаа да дојдат со пролевање човечка крв. Незгоден парадокс. Овој пат до возвишената цел се доаѓа со пролевање детски солзи.

 Колку солзи исплакаа децата што, покрај сите петки, на екстерното добиле и една четворка? И вредат ли тие солзи? Така беше и со мојата средна ќерка, Деана. Ѝ реков да не очајува, а таа ми одговори дека се чувствува како на совршен кип што самата го вајала (сите петки), некој на крајот да драснал со шајка по лицето. На тоа личи она: на задната страна од свидетелството (на предната стојат сите петки), општеството, како супер-Херострат драснува своја лузна, го става својот жиг на суперправедност! Каква колективна бласфемија! Една четворка, колку да не биде совршено. Да се случеше, на пример, да фатат 12 петки наместо 12 единици (или наместо 12 тројки), тоа тестирање ќе имаше смисла. Вака, служи само за садизам, за стрес на родителите и учениците и за некој да земе плата во Министерството (оти го спровел фамозното тестирање).

Инаку, дека екстерното ни оддалеку не е објективен показател, знаат сите. Што ако дента детето е деконцентрирано? Има ли човек право на лош ден? Што ако не е појадувано? Што ако е под стрес затоа што ноќта родителите имале жестока брачна пресметка? Што ако погрешно „кликне“ од трема на компјутерот? Што ако го заборавило тоа што го научило? Покрај меморијата, и амнезијата е сосема регуларен ментален процес. Имаме ли право сето знаење стекнувано една година да го измериме во еден час и тоа да биде пресуда? И конечно, се прашал ли некој дали нашиот образовен систем е затрупан и со непотребни знаења? Децата не знаат да поминат улица, а ние во основно училиште ги учиме на нешта што некогаш се учеа во гимназија.

Тестирањата, значи, отсега ќе се делат на екстерни и интерни. Тоа важи и за солзите: интерни (вистински плач на душата што неправедно е понижена) и екстерни (крокодилски или лажни, општествени, со кои се стекнува корист). Таа дистинкција, очигледно, ќе биде најголемата придобивка од оваа реформа. И ништо друго: никакви други виши цели не барајте во тоа. Јас веднаш би ја укинал оваа апсурдна „реформа“.

 
   

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2014 во 21:14
Учениците од ОУ„Мустафа Кемал Ататурк“ од Гостивар имаат потреба од изградба на нова фискултурна сала. Тие поддржани од наставниците и директорот на училиштето ќе поднесат барање во:sedisteto na DUI vo Mala Recica Tetovsko,bez razlika kade e parcelata za gradba.

Советот на општината треба да одржи седница на која ќе се решава за изградба на фонтана во таа општина. Седницата на советот ќе ја свика:presedatelot na sovetot po inicijativa na presedatelot na opstinskiot stab na VMRO..bidejki vo konkretniov slucaj se raboti za fontana vo cija nadleznost spagaat tie.

Економскиот живот во општината зависи од:gradobacalnikot(nesto kako serif na D.Zapad)i od selskite(maalskite)potrckovci.

..eve tolku mozam da vi pomognam ako e za uteha.среќа
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2014 во 18:34
1000 прашања- секој предмет има прашања онолку колку што неделно се работи (ако е 5 дена во неделата 500 прашања за еден предмет)
само математика и македонски јазик се 1000 прашања, а каде се уште 3 предмети
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2014 во 17:16
Originally posted by Gabriela_S Gabriela_S напиша:

Ова нема никогаш да успее оти никогаш не ќе биде прифатено од страна на родителите.
Тешки глупости кои на некого му паднале на памет.
Па 1000 и кусур прашања по сите предмети и јас да му седнам не ќе можам да ги научам
дефиниции, формули, години, податоци, информации...
Само ги измачуваат децата....
и на родителите им е преку глава...
читнал ли нешто тоа министерот низ социјалните мрежи збунетост
Ама кај нас за се е кучињата си лаат, карванот си врви....да

Еве, ќе ве почестам со уште брилијантно смислени прашања

Кој дел од растението баба Рада треба да го набере за да направи чај од камилица?

Sega me zbuni Gabriela so nejziniov komentar ....збунетост
Neli poentava na eksternovo testiranje e da se oceni znaenjeto na deteto koe go steknalo vo tekot na celata godina? I neli so ova se ocenuva I nastavnikot/negovata objetivnost?
 
Denes sedev so edni roditeli koi go pozdravuvaa eksternoto testiranje ,veli prasanjata se del od materijata koja ucenkot ja uci cela godina , ima 3 dena da povtori, problem e dokolku stanuva zbor za predmet koj deteto ne go vladee dobro ....I problem imaat onie ucenici koi so vrski ja minuvaat godinata pa na testiranjevo dokolku ne pokazat dobar rezultat mozno e da im se namali ocenata ...
 
Dokolku e sve vistina objektivno ne gledam problem okolu ova testiranje, a na decata sto im e rabota ? Tuku bas da ucat I ucenjeto ne moze da im nanese nekoja steta tuku naprotiv samo mozat da dobijat ...
 
Mozebi ja ne sum dovolno informiran pa imam vakov stav збунетост
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2014 во 08:32
решението за следната година е во БОЈКОТ на ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИСАЊЕ...
...државата нема капацитет да има една генерација повеќе во сите училишта
дури и ако се закани дека децата ќе ја изгубат годината...

народот уште не може да сфати дека КАЈ НЕГО Е СИЛАТА ако е сложен.

..ова сега ми текна на сабајле, уште не сум расонет...
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2014 во 00:23
Originally posted by sanja-a sanja-a напиша:


Убаво си пишала Мамамд, не го повторувам ова
за да успее ова треба правилно да се изведе да се почитува како од страна на наставниците, така и од страна на учениците, а посебно и од родителите,
а не овде го подржува, а таму ѕвони секој ден по телефони-Детето треба да му помине одлично со просек 5,00 иако знаењето му е за 4
е тоа е апсурдот на ектерното тестирање...


Ова нема никогаш да успее оти никогаш не ќе биде прифатено од страна на родителите.
Тешки глупости кои на некого му паднале на памет.
Па 1000 и кусур прашања по сите предмети и јас да му седнам не ќе можам да ги научам
дефиниции, формули, години, податоци, информации...
Само ги измачуваат децата....
и на родителите им е преку глава...
читнал ли нешто тоа министерот низ социјалните мрежи збунетост
Ама кај нас за се е кучињата си лаат, карванот си врви....да

Еве, ќе ве почестам со уште брилијантно смислени прашања

Кој дел од растението баба Рада треба да го набере за да направи чај од камилица?



Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2014 во 18:10
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


Originally posted by Schatzii7 Schatzii7 напиша:

 а и наставнициве слушам доста им помагале на учениците
им гори под нозе



Ова не е точно, односно вториот дел „им гори под нозете„голема насмевка.Не им гори бидејки оцените допрва ќе се пишуваат и секој има можност да си го оцени ученикот соодветно покажаните знаења и умеења. За жал ќе бидат „изгорени„ учениците, барем оние помалецките од 4 и 5 одд. каде наставниците не вреднуваат САМО голи факти туку целокупната работа на едно дете. Не е исто познавањето на учениковата работа со 1 до 2 часа од по 40 мин. седмично и целодневна работа во која детето се познава во душа и се знаат сите негови/нејзини можности и слабости. И потоа се работи на мотивациони награди/казни за подобрување. Значи се зема во обзир целокупната работа на детето- самостојна активност на час, работа во група, проектна активност, лектири, домашни задачи и што ли не. Жалосно е што некои структури сметаат  дека треба да се оценува само голи факти.



Убаво си пишала Мамамд, не го повторувам ова
за да успее ова треба правилно да се изведе да се почитува како од страна на наставниците, така и од страна на учениците, а посебно и од родителите,
а не овде го подржува, а таму ѕвони секој ден по телефони-Детето треба да му помине одлично со просек 5,00 иако знаењето му е за 4
е тоа е апсурдот на ектерното тестирање...
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2014 во 00:26
Прашања за 4-то одд. по општество
Ако секогаш кога мајката ги мие садовите таткото чита весник, тогаш положбата на мајката во ова семејство е:

Марко ја донесе својата фудбалска топка од дома за да можат децата од IV-а одделение да играатфудбал на големиот одмор. Во чија сопственост е топката?

Учениците од ОУ„Мустафа Кемал Ататурк“ од Гостивар имаат потреба од изградба на нова фискултурна сала. Тие поддржани од наставниците и директорот на училиштето ќе поднесат барање во:

Советот на општината треба да одржи седница на која ќе се решава за изградба на фонтана во таа општина. Седницата на советот ќе ја свика:

Економскиот живот во општината зависи од:

Во близина на живинарска фарма треба да има фабрика за:

замисленост


Изменето од Gabriela_S - 31.Мај.2014 во 00:28
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2013 во 16:35
следува најсебичниот пост во историјата на форумите:

„Баш ми е гајле дали ќе има или ќе нема екстерно тестирање, нема јас да полагам.“
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.