Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Ноември.2011 во 18:31 |
10 работи кои никогаш не излегуваат од мода
Малото црно фустанче
Секоја жена треба да има ваков фустан во својата гардероба. Било да треба да се појавите на официјален коктел, на работа или за вечерно излегување, малото црно фустанче насекаде ќе ве прикаже во добро светло.
Бели бисери
Бисерите нанижани на кратка жичка се класика. Ако некогаш сте ги мразеле бисерите на мајка ви, сега тие нека станат дел од вашиот накит, затоа што никогаш не излегуваат од мода.
Сукња тип„ молив“
Да имате една сукња која ќе стои прилепена на вашето тело и која има должина до колената е задолжително. Можете да ја комбинирате со убава блуза или кошула. Таа е идеална како за на работа, така и за поотмен коктел. Најдобро е да биде во црна, сива или кафеава боја.
Класичен мантил
Класичниот мантил е одличен избор за горна облека. Можете да ја изберете класичната бежова боја или ако не сакате светли бои – црната.
Фармерки по мерка
Денес, секоја жена треба да има барем еден пар убави фармерки во својата гардероба, затоа што без нив едноставно не можеме. Тие треба да изгледаат како да се шиени специјално за вас т.е. не премногу тесни и се разбира не широки. Можете да ги комбинирате и со штикли и со ниски обувки.
Бела кошула
Секогаш треба да имате на достап бела кошула. Тоа не значи дека треба да имате класична бела кошула. Можете да си изберете типска кошула која нема петлици до долу. Комбинирајте ја со сукња за поофицијален изглед и со фармерки или панталони за полежерен, секојдневен изглед.
Убаво сако
Сакото ќе ја истакне вашата тенка половина, а можете да го комбинирате со различни алишта за да добиете различен изглед. Одберете си сако кое лежи убаво на вашето тело или порачајте си да ви го скројат специјално за вас.
Блуза од кашмир
Оваа блуза едноставно не излегува од мода. Купете си блуза во посветла боја за да ѝ даде свежина на вашата облека.
Црни панталони
Секогаш кога не се чувствувате убаво или мислите дека немате ништо адекватно во вашата гардероба, побарајте ги црните панталони. Некои жени подобро се чувствуваат во широки панталони, а некои сакаат да ја истакнат фигурата со тесни, затоа изберете си панталони по ваш вкус. Во секој случај едно е сигурно – вие ќе се чувствувате удобно во црните панталони, а можете да ги комбинирате со што и да посакате.
Ниски чевли
Ако имате напорен и активен ден, чевлите со ниска потпетица се вистинскиот избор за вас. Тие ќе ви помогнат да издржите од утрото до вечерта, без да имате болки и плускавици по вашите нозе.
Добро избраните ниски чевли изгледаат исто толку елегантно, како и високи штикли. Затоа, дајте им одмор на вашите стапала.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Ноември.2011 во 18:29 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Ноември.2011 во 17:06 |
Домашна нега за рацете
Женските раце треба секогаш да бидат нежни и поддржани. За таа цел користиме најразлични продукти со кои го подобруваме нивниот изглед. Сепак, понекогаш домашната нега помага повеќе за да ја истакнете убавината на вашите раце или да отстраните некој недостаток.
Лимонот ја отстранува од рацете непријатната миризба од цигарите.
За убава миризба
За да ја отстраните острата непријатна миризба од риба или лук, сè што треба да направите е да ги измасирате рацете со паста за заби. Лимонот ја отстранува непријатната миризба од цигарите на рацете.
За нежни раце
Лимонот ги отстранува и флеките и ги зацврстува ноктите. Пресечете еден лимон на половина и масирајте ги рацете и лактите. Вашата кожа ќе биде мека и нежна.
Против црвенило
Сварете еден компир, испасирајте го и додајте во него една супена лажица маслиново или бадемово масло. Нанесете ја смесата на рацете и оставете ја да делува 15 минути. Потоа измијте ги рацете со млака вода.
Нахранете ги и рацете и ноктите едновремено
- 100ml масло од рицинус
- 100ml маслиново масло
- Сок од лимон
Затоплете ги маслата и потоа додајте го сокот од лимон. Потопете ги прстите во смесата. Останете во таа положба 15 минути. Потоа направете си масажа на целата дланка. Отстранете ја смесата со млака вода и сапун.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Ноември.2011 во 16:58 |
Гените, а не стресот, виновни за белата коса
Ако забележите бели влакна низ вашата коса, не обвинувајте го стресот. Најновото истражување во оваа област покажа дека најголем виновник за појавата на овој несакан знак на старост кај жените е генетскиот материјал.
Во истражувањето учествувале над 200 идентични и неидентични близначки на возраст од 59 до 81 години. Научниците кај нив го набљудувале степенот на побеленост на косата, опаѓањето на косата над челото и на темето на главата.
Во текот на истражувањето, кај идентичните близначки, истражувачите не забележале разлика во степенот на побеленост, додека кај неидентичните близначки имало видлива разлика.
Тие резултати ги довеле научниците до заклучокот дека гените се најважниот фактор кој влијае врз тоа дали ќе ги пронајдете првите бели влакна уште во вашите 20-ти години или ќе немате потреба од бојадисување до 50-тата година.
Стресот, диетата и пушењето влијаат многу помалку врз побелувањето на косата кај жените, отколку што досега се мислеше.
Друг важен заклучок од ова истражување е дека опаѓањето на косата над челото се влијае најмногу од гените, а опаѓањето на косата на темето на главата од околината и начинот на живот.
Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 16:59
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Ноември.2011 во 16:44 |
7 знаци дека ви е потребна нова фризура
Фризурата ви била идеална последниот пат кога излеговте од фризерски салон. Но, како што минува времето, вашата коса ја губи убавата форма, не изгледа здрава и губи сјај.
Ако средувањето на косата ви одзема многу време, вам ви е потребна нова фризура.
Овие седум знаци ќе ви помогнат да познаете кога треба да си закажете термин кај вашиот фризер, за да добиете нов, свеж и можеби помодерен изглед.
- Постојано ја носите косата врзана „во реп“. Ако сте опседнати со оваа брза и едноставна фризура и изгледате исто како за излегување, така и дома, дефинитивно треба да се насочите кон фризерскиот салон. Направете си модерна фризура. Потстрижете ја косата пократко и на слоеви за да не можете лесно да ѝ се вратите на старата навика да ја собирате косата во реп.
- Отпуштени локни. Витканата коса како што може да изгледа убаво и средено, исто така може да изгледа бушаво и безживотно. Ако локните ви се отпуштени и косата ви стои прилепена за скалпот, нема да згрешите ако веднаш го посетите вашиот фризер. Направете си слоеви на косата и пократки шишки кои да ги носите настрана, со цел да го освежите вашиот изглед.
- Избледена боја на косата и небојадисани корени. Со текот на времето бојата паѓа од влакното. Ако пред еден месец сте имале убава кафеава боја на косата, денес таа сигурно добива и црвеникава нијанса. Црните корени во комбинација со руса коса не му стојат на секого. Појавата на тие знаци ви покажува дека треба да закажете термин за бојадисување кај вашиот фризер. Користете шампони за бојадисана коса и обновувајте ја бојата на косата на секои 6-8 недели.
- Качивте некое килце. Ако видливо сте ја покачиле телесната тежина, популарната фризура „боб“ не е веќе за вас. Посетете го фризерот за да ја прилагоди фризурата на вашето лице.
- Здосадено ви е од сегашната фризура. Ако не сте ја промениле фризурата веќе неколку години и сакате нов свеж стил, не се плашете да посетите фризер. По ваша идеја или по идеја на фризерот, направете си нова фризура од која што ќе бидете задоволни.
- Косата ви одзема премногу време. Ако косата ви создава проблеми за да изгледа средена или користите премногу козметички продукти (пена, гел, лак) за да изгледа убаво, значи време е за посета на фризерскиот салон.
- Сакате да се расположите. Секоја жена кога излегува од фризерски салон е посреќна, посамоуверена и се чувствува попривлечна. Се чувствувате депресивно? Одете на фризер. Вниманието кое ќе ви го посветат ќе ве расположи, а плус тоа ќе ги дознаете и сите нови „случувања“ во градот.
Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 16:59
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Ноември.2011 во 16:42 |
Првут – како да се ослободите од досадните „снегулки“ во косата?
Првутот е еден од најголемите непријатели на убавиот изглед на косата. Малите бели лушпи кои наликуваат на снегулки се лесно видливи и создаваат непријатен и неестетски изглед, па предизвикуваат срам кај луѓето. Освен тоа, првутот е виновник и за појава на иритирачко чешање и раздразнување на кожата на скалпот.
Проценето е дека околу 60% од луѓето се соочиле со проблемот првут во одреден период од животот. Првутот може да се појави на било која возраст по завршувањето на пубертетот, но неретко се појавува и за време на пубертетот. Се смета дека мажите почесто страдаат од првут отколку жените.
Тврдоглавиот првут фрустрира и предизвикува срам
Причините за појава на првут се најразлични. Лупењето на кожата на скалпот може да биде предизвикано од агресивните производи за коса, од бактерии, габички, небалансирана исхрана, од хормоните, а не е исклучено првут да се појави и поради стрес.
За среќа, првутот не е нерешлив проблем. Едноставно треба да бидете упорни и да го пронајдете најдоброто решение за вас.
13 совети кои ќе ви помогнат во борбата против првутот
- Минимизирајте ја употребата на производи за стилизирање на косата. Геловите, пените и спреовите за стилизирање на косата можат дополнително да го иритираат скалпот и да ја влошат состојбата со првутот. Некои од нив може и да ја предизвикаат самата појава на првут. Ако се сомневате дека одреден производ може да ви причинил првут, целосно стопирајте ја неговата употреба за да видите дали ќе се подобри состојбата.
- Мијте ја косата најмалку 3 пати неделно. Ако имате мрсен скалп, потребно е да ја миете косата скоро секој ден. Но, ако имате сува кожа на скалпот, тогаш мијте ја косата 3 пати неделно.
- Користете шампон против првут. Првиот чекор при отстранувањето на непријатните бели лушпи од косата е користењето на шампон со таа намена. На некои луѓе едни шампони им помагаат повеќе, а на други помалку. Затоа, потребно е малку да експериментирате за да пронајдете соодветен производ за вас. Особено се препорачуваат шампоните и сапуните на база на катран.
- Ротирајте ги шампоните против првут. Многумина пронаоѓаат шампон кој им го отстранува првутот и по извесен период забележуваат дека шампонот веќе не е толку ефективен и дека првутот повторно се враќа. Причината за тоа е што може да се развие резистентност кон активните состојки на шампонот и поради тоа да се намали неговото дејство. Решението е да се менуваат 2-3 шампони од различни марки. Менувајте го шампонот секој месец.
- Повремено користете и нежен шампон. Ако се плашите дека шампоните против првут се многу силни, можете од време на време да користите и нежен бебешки шампон.
- Секогаш шампонирајте ја косата двапати. Со првото измивање ќе се ослободите од мртвата кожа на скалпот. Кога вториот пат ќе нанесете шампон, оставете го да дејствува 5 минути, а потоа измијте со вода.
- Масирајте го скалпот. Додека имате ставено шампон на косата, масирајте го скалпот со јагодиците на прстите. Со масажата ќе ја зголемите циркулацијата.
- Користете млака вода и измивајте темелно. За миењето на косата користете млака, а не ладна или жешка вода. Многу луѓе тврдат дека млаката вода им помага да се намалат симптомите. Секогаш плакнете ја косата темелно за целосно да го отстраните шампонот или регенераторот.
- Мијте ја косата по вежбањето. Не дозволувајте потта да стои долго време на вашата глава. По вежбањето, веднаш упатете се кон бањата.
- Одолејте ѝ на желбата да се чешате. Никогаш не се чешајте, особено не со ноктите. Агресивното чешање го раздразнува скалпот и создава рани на кожата.
- Изложувајте се умерено на сончева светлина. Сончевите зраци го намалуваат воспалувањето на кожата на скалпот. Можеби токму затоа во лето луѓето имаат помали проблеми со првутот. Но, изложувањето на сонце треба да биде умерено.
- Намалете го стресот. Стресот може да е виновник за појавата на првут или за влошување на состојбата. Научете да го контролирате стресот во вашиот живот за да се ослободите од првутот, но и за да го зачувате вашето целосно здравје.
- Чистете го чешелот или четката пред секое користење. Чешлајте се редовно и секогаш со чиста четка или чешел.
Како да се ослободите од првутот на природен начин?
Кога се борите против нешто толку досадно и упорно како првутот, потребно е да ги искористите сите оружја кои ви стојат на располагање. Некои од нив се кријат во вашата кујна, па нема причина зошто да не ги употребите.
- Оцет. Наполнете една чаша со еднакви количества оцет и вода и потурете го скалпот. Можете и да искористите распрскувач за рамномерно да ја нанесете течноста на скалпот. Завиткајте ја косата во крпа и по половина час измијте ја. Препорачливо е да користите јаболков оцет. Правете го ова 2 пати неделно.
- Сок од лимон. Сокот од лимон може да ви помогне да ги отстраните досадните бели лушпи и да ѝ дадете на косата прекрасен сјај. Едноставно исцедете еден лимон во половина бокал вода и со него потурете ја косата во текот на последното измивање додека се туширате. Користете сок од лимот 2-3 пати неделно.
- Сок од јаболко. Измешајте 2 лажици свежо исцеден сок од јаболко со 2 лажици топла вода. Со помош на памучен тампон нанесете го тоникот на целата глава и оставете го да делува 20 минути. Измијте со млака вода. Негувајте го скалпот со сок од јаболко барем еднаш неделно.
- Маслиново масло. Затоплете мала количина маслиново масло. Со него премачкајте го скалпот (добро е и да го нанесете низ целата коса) и масирајте. Завиткајте ја косата во фолија, оставете го маслото да делува 15-30 минути, а потоа измијте ја косата со шампон.
- Маслиново и бадемово масло. Измешајте еднакви количества маслиново масло и бадемово масло. Нанесете ја смесата на косата и оставете ја додека не почувствувате топлина на скалпот (15-20 минути). Потоа, измијте ја косата со шампон.
- Маслиново масло и рузмарин. Во тегла ставете една чаша маслиново масло и додајте една лажица рузмарин. Затворете ја теглата и оставете ја два дена на светло место, за да може до неа да допираат сончевите зраци. Исцедете го маслото за да го отстраните рузмаринот. Еднаш неделно со маслото премачкајте го скалпот и нанесете на косата. Завиткајте ја косата со крпа потопена во топла вода и оставете ја да стои половина час. На крајот, измијте ја косата со шампон и млака вода.
- Сода бикарбона. По миењето на косата, земете во дланката малку сода бикарбона и нежно втријте ја во корените на косата. Оставете да дејствува 2 минути и исплакнете ја косата со млака вода. Правете го ова 2 пати неделно.
- Масло од чајно дрво. Капнете 2-3 капки масло од чајно дрво во шампонот што нормално го користите за миење на косата. Откако ќе го нанесете на главата, масирајте нежно и оставете го да дејствува 5 минути. Потоа, измијте со млака вода.
Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 16:59
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Ноември.2011 во 16:28 |
Грицкање на нокти – како да се одвикнете?
Гриц, гриц, гриц. На секој му се случило во еден или друг момент од животот да грицне некој свој нокот, но некои луѓе го прават тоа постојано и без контрола.
Грицкањето на ноктите е една од најчестите „нервозни“ навики на луѓето. Кај многумина гризењето започнало уште во детството, но проценето е дека околу половината тинејџери стануваат „зависни“ од гризењето на ноктите. Оваа непријатна навика обично исчезнува околу 30-тата година од животот, но се смета дека е присутна и кај околу 10% од возрасните. Медицинскиот термин за ова однесување е онихофагија. Во најголем број од случаите грицкањето на ноктите е предизвикано од стрес, срам, фрустрираност, здодевност и сл. Луѓето посегнуваат по своите нокти додека гледаат телевизија, присуствуваат на здодевна лекција, учат, зборуваат на телефон, чекаат итн.
Гризењето на ноктите е многу лоша и нездрава навика. Таа влијае многу негативно на здравјето затоа што преку ноктите многу бактерии се пренесуваат во устата, се зголемува ризикот за појава на инфекции (и во устата и на прстите) и се уништуваат предните заби. Освен тоа, оваа навика го уништува изгледот на ноктите, а и остава негативен впечаток. Воопшто не изгледа привлечно кога ќе здогледате некој што си ги грицка ноктите.
Но, секој што се соочил со овој проблем знае дека не е едноставно да се елиминира. Сепак, постојат одредени методи и совети кои ќе им помогнат на страсните „гризачи“ да се одвикнат од грицкањето на ноктите. Еве ги:
- Направете ги вашите нокти горчливи. Првиот и најраспространетиот совет за откажување од грицкањето нокти е советот за користење на лакови, креми и стикови чија намена е да ги направат ноктите невкусни и одбивни за грицкање. Во сите парфимерии има производи „анти-гризење“. Препаратите се премачкуваат на ноктите и кога ќе се обидете да ги грицнете, ќе зажалите што сте го направиле тоа, бидејќи вкусот е ужасен. Другата позитивна страна на овие производи е што често содржат витамини за зацврстување на ноктите или пак состојки кои го помагаат зараснувањето на кожичката околу ноктите.
- Тренирајте го мозокот со гумено ластиче. Носете гумено ластиче на зглобот на раката. Тоа може да биде мало кујнско незабележливо ластиче или дебел модерен ластик во боја. Секогаш кога ќе ги гризнете ноктите, затегнете го ластичето и пуштете го да ве удри. Оваа постапка ќе ви предизвика болка, а докажано е дека појавата на негативна физичка реакција како последица на нешто го тренира мозокот да се одвикнува и да не го прави тоа. Така, мозокот учи дека гризењето на ноктите ќе биде проследено со болка од ластикот и со тек на време се откажува од таа навика.
- Станете свесни за проблемот со шумна белегзија. Луѓето ги грицкаат ноктите несвесно додека гледаат филм, додека учат, додека се на досадна лекција, додека нервозно чекаат и сл. Тие поретко свесно ги ставаат прстите в уста. Кога ќе сфатите дека ги грицкате ноктите, најверојатно ќе ја тргнете раката. Ефективен метод да го постигнете тоа е да носите белегзија со неколку приврзоци или топчиња кои ќе создаваат бучава кога мрдате со раката. На таков начин, кога ќе ја подигате раката кон устата, вие ќе слушнете дека го правите тоа, па полесно ќе можете да се контролирате и да го спречите гризењето.
- Направете си посложен домашен маникир. Ако во секој момент ноктите ви се убаво средени, нема да ви биде лесно да ги ставите в уста за да ги уништите. Лакирајте се со лак во силна боја (црвена, морнарско сина, црна) за да ви биде непријатно кога ќе направите грешка и ќе грицнете, бидејќи од авион ќе се познава дека ноктите не ви се средени. Не си правете едноставен маникир, туку декорирајте ги ноктите со цветчиња или други дезени. Така ќе вложите поголем труд, па ќе ви биде тешко да го уништите со грицкање. Ако едноставно се лакирате со проѕирен лак или лак во млечна боја, ќе си помислите „Дури и да го уништам, за 2 минути ќе се прелакирам“ или „Ќе го извадам лакот и нема да се познава“, што воопшто не е добро.
- Направете си надградба на ноктите. Вештачките нокти се одличен метод за одвикнување од грицкањето на ноктите. Прво, со нивна помош ќе ги заштитите вашите нокти, второ, ќе се одвикнете од грицкањето затоа што нема да ви е пријатно да ставате пластика в уста, а трето и најважно, најверојатно нема ни да се осмелите да ги ставите ноктите в уста затоа што нема да сакате да го уништите нивниот убав изглед.
- Потрошете повеќе пари за маникир во козметички салон. Многу луѓе се откажале од грицкањето на ноктите затоа што тоа ги чинело скапо. Ако секој месец плаќате повеќе од 1000 денари за маникир, ќе бидете позасегнати од проблемот и повеќе ќе се трудите да го отстраните од вашиот живот.
- Носете ракавици. За страсните гризачи кои не можат да се одвикнат на друг начин, експертите советуваат да носат ракавици. На лето тоа и не е баш изводливо, но во текот на преостанатиот дел од годината, пожелно е да се практикува.
Пример: Знаете дека ги грицкате ноктите додека гледате филмови. Епа, наредниот пат кога ќе седнете да гледате, ставете си ракавици. Да, нема да можете да јадете пуканки, но така ќе „заштедите“ и неколку калории. Мозокот ќе разбере дека на себе имате ракавици, па најверојатно нема ни да се обидувате да гризете. Но, и во случај да ги донесете ноктите до устата, автоматски ќе ги повлечете рацете.
- Напредувајте нокот по нокот. Еден од методите за откажување вклучува заштита на ноктите „еден по еден“. Изберете еден прст (на пример, показалецот) и кажете си дека 3 дена нема да го гризете него. По 3 дена изберете уше еден прст (палецот) и продолжете да ги заштитувате ноктите на тие прсти. Така постепено ќе се откажувате од навиката. А, кога ќе видите колку убаво изгледаат ноктите на прстите кои сте успеале да ги заштитите од грицкање, уште повеќе ќе се мотивирате да продолжите со откажувањето.
- Секогаш со вас носете прибор за маникир. Во чантите носиме сè и сешто, па има место и за мал прибор за маникир (грицкалка за нокти и турпија). Секогаш кога ќе видите дека некој од ноктите потпораснал, извадете ја грицкалката и потсечете го за да не го правите тоа со своите заби. Ако се обидувате да ги порасните ноктите, извадете турпија и со неа држете ги рацете зафатени.
- Користете гума за џвакање. Џвакањето ќе ви помогне да ја држите устата зафатена и нема да посакувате да ги ставате прстите в уста.
- Постојано потсетувајте се колку лоша навика е грицкањето на ноктите. Секогаш имајте на ум дека со рацете допирате сè и сешто, а ноктите се скриен дом на милионите бактерии со кои доаѓате во контакт. Со грицкањето вие ги ставате бактериите директно в уста и ризикувате да настрадате од инфекции и други болести.
- Побарајте поддршка во откажувањето. Вклучете ги најблиските во вашето откажување од грицкањето. На блиските пријатели и семејството кажете им да ви даваат сигнали кога ќе забележат дека ги гризете ноктите. Се разбира, тоа не треба да биде јавно и да ве засрамуваат во друштво, туку поприкриено за само вие да видите.
- Дознајте во кои ситуации се активира оваа ваша навика. Во текот на еден месец, запишувајте ги во бележник сите ситуации во кои сте се „фатиле“ дека грицкате. Ќе можете да утврдите кои ситуации ја активираат оваа непријатна навика. Потоа, кога ќе се најдете во таква ситуација, ќе знаете дека ќе посегнете по вашите нокти и тоа ќе придонесе повеќе да внимавате и да се контролирате.
Грицкањето на ноктите може да е знак за постоење на посериозен психолошки проблем. Ако се сомневате во нешто слично, консултирајте се со стручно лице.
И за крај... најважна е волјата и решителноста. Доколку сте решени да се откажете, ќе бидете упорни и кога-тогаш ќе успеете да се ослободите од оваа непријатна навика.
Изменето од Valerija - 15.Април.2014 во 21:55
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Ноември.2011 во 16:19 |
Темата е за различни дискусии,модни совети,предлози,значи се она што сакате да напишете како совет,сугестија,слободно дојдете тука!
Темата опфаќа нормално и соодветни слики кои ќе ја поткрепат соодветната идеја
Еве јас прва,нешто околу градите
Изменето од Valerija - 15.Април.2014 во 21:54
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|