IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Карактерот на Бог во Стариот и Новиот Завет
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Карактерот на Бог во Стариот и Новиот Завет

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака Обратен редослед
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2011 во 13:24
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:


Треба време (и тоа побајаги!!)да се премине од "око за око заб за заб" на "љуби го непријателот"




Tokmu taka.

Malu karikirano kazhano, postoi gradinka, onovno uchilishte, sredno uchilishte, fakultet, postdiplomski studii ...



Inaku, jas ne bi gledal tolku negativno na obidot na Muhamed da gi preporodi arapite koi od izvesni prichini zaostanaa 600 godini... Negoviot obid da ponudi kombinirano staro-novozavetno uchenje, podatno za negoviot narod so specifichni tradicii i veruvanja, koj mozhebi nikogash ne bil poseriozno dopren od neshtata koi se sluchuvale kaj nivnite sosedi i poshiroko, za mene pretstavuva navistina mesijanski obid.

Onoa shto se sluchuvalo ponatamu i shto s'e ushte se sluchuva megju onie koi insistiraat deka samo tie go osoznale Boga preku Muhamed, uteruvajkji go so sila svoeto veruvanje vrz choveshtvoto,  e sosem druga rabota.

Za srekja, postojat sufite koi kako muslimani davaat vistinski kontrast za onie koi go odbiraat nasilieto i netolerantnosta namesto Ljubovta vo shirenjeto na Bozhjata volja.





Изменето од Messenger - 16.Октомври.2011 во 13:27
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2011 во 12:07
Стариот завет е подготовка за новиот завет.
Не може на луѓе навикнати да гледаат околу себе најотворено идолопоклонство одеднаш да им се наложат новозаветните правила за животот и без погрешка да ги практикуваат.
На стариот завет треба да се гледа како дел од педагошкиот процес на Бога кон избраниот народ кој требало да помине низ сито и решето или како што се вели да биде пречистен 7 пати како што се пречистува златото и среброто за на крај може да дојде денот кога тој ист народ ќе може да го прими месијата.

Треба време (и тоа побајаги!!)да се премине од "око за око заб за заб" на "љуби го непријателот"

Затоа не треба да не чуди што во стариот завет е дозволено многуженството,и повеќе одредени културолошки обичаии кои денес се излишни и непотребни.И нели секако војните до истребување кои ги водел Израелците кога се населиле во канан.

Дeнес дури и новозаветниот јудеизам е прочистен од некои старозаветни принципи кои веќе се историски надминати.

Но што праиме кога дури 600 години откако на земјава Месијата проповедал да се љуби непријателот се случува еден голем чекор наназад?! Еден трговец(со хоби друмски разбојник) од арабија повторно ги повампирува старозаветните правила(секако чудовишно извадени од контекст,зашто таку му одговарале)па затоа денес имаме пак земји каде е најнормално да имаш харем од жени,да проповедаш да се истребат непријателите на верата.Со други зборови еден голем рикверц од "љуби го непријателот" во "око за око заб за заб".
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2011 во 00:12
Originally posted by deshad deshad напиша:

Карактерот на Бог во Стариот и Новиот Завет

Во Стариот завет Бог е жесток казнувач, истребувач на цели народи, одмаздувач, заканувач, повикува на каменување до смрт, изгорување до смрт, освета и др. додека во Новиот Завет тој се отелотворил во човек и луѓето го клоцале, тепале, распнале и умрел од крварење до смрт за да ги откупел нашите гревови, значи бил жртвено јагне.

Стариот и Новиот Завет се контрадикторни меѓу себе и Новиот Завет 100% се обидува да го дерогира Стариот Завет (барем според објаснувањето на христијанските теолози), поради што христијаните се срамат од Стариот Завет и не го спомнуваат многу бидејќи тој го доведова во прашање Новиот Завет!

Што мислете вие, дали може еден ист Бог да има сосема различен карактер во Библијата (Стариот и Новиот Завет)?


Доколку си ги прочитал Стариот и Новиот Завет, немаше да го поставуваш ова прашање.
Пред човекот да згреши, Бог го предупреди за последиците. Кога Адам и Ева згрешија, Бог им ја објасни казната и ги избрка од рајот, препуштајќи ги на тешкотиите на животот.

Во Стариот Завет, Бог со човекот склучува договор кој се темели на правдата, иако не се исклучува и милоста. Тоа е така токму поради тоа што човештвото сеуште не беше подготвено за да го прими дарот на милоста и прошката. Биејќи тој договор се темели на правдата, правдата се задоволува со имплементирање на Законот даден на пророкот Мојсеј. Таков договор е склучен само со Израел, затоа што другите народи се оддале на идолопоклонство, блуд и други нешта, кои кај Израелците не биле масовно присутни.

И во Стариот Завет Бог покажува милост кон праведниците и покајниците, па дури и дава ветување дека еден ден синџирот на гревот ќе биде раскинат преку пророците и нивните пророштва.

Тоа ветување се исполнува во Новиот Завет.

Не случајно Бог му вели на пророкот Eремија:

31 Еве настануваат дни, вели Господ, и ќе склучам со домот Израилев и со домот на Јуда нов завет.
32 Не онаков завет каков што склучив со татковците нивни кога ги фатив за раце, за да ги изведам ое египетската земја; тој мој завет тие го нарушија, иако останав во сојуз со нив, вели Господ.

Впрочем прашањето кое го поставуваш, не знам дали приметуваш, но е ставање трн во здрава нога.

Тоа е исто како јас да те прашам, зошто вашиот Бог испратил три различни книги до народите? Тие книги содржат различни прописи, независно како вие ги толкувате нештата. Впрочем, дури и наредбите дадени до Ное се разликуваат од оние дадени на Авраама, Мојсеја и другите пророци.

Мислам дека ти е јасно кон што целам.

Изменето од Македон - 16.Октомври.2011 во 00:12
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2011 во 17:51
Stari meshini za stari lugje, novi meshini za novi lugje.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2011 во 17:34


Карактерот БОЖЈИ не е сосема различен во Стариот и Новиот Тестамент, но во БОЖЈОТО Евангелие - Кое што е Мудроста БОЖЈА Чиста отелотворена во Исуса Христа - БОГ ни се покажува себеси баш онака каков што е'!

Ништо во безкрајниот универзум неможе да ни покаже каков БОГ вистински е' и никаде БОГ не е повеќе презентен (присатен) одколку во Исуса Христа!



Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2011 во 16:44
Карактерот на Бог во Стариот и Новиот Завет

Во Стариот завет Бог е жесток казнувач, истребувач на цели народи, одмаздувач, заканувач, повикува на каменување до смрт, изгорување до смрт, освета и др. додека во Новиот Завет тој се отелотворил во човек и луѓето го клоцале, тепале, распнале и умрел од крварење до смрт за да ги откупел нашите гревови, значи бил жртвено јагне.

Стариот и Новиот Завет се контрадикторни меѓу себе и Новиот Завет 100% се обидува да го дерогира Стариот Завет (барем според објаснувањето на христијанските теолози), поради што христијаните се срамат од Стариот Завет и не го спомнуваат многу бидејќи тој го доведова во прашање Новиот Завет!

Што мислете вие, дали може еден ист Бог да има сосема различен карактер во Библијата (Стариот и Новиот Завет)?

Изменето од deshad - 15.Октомври.2011 во 16:44
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.