IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Демони ...!!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Демони ...!!!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака Обратен редослед
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4489
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2011 во 01:20


Текстот е    



Originally posted by напиша:

“ТОЈ РОД СО НИШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИСТЕРА, ОСВЕН СО МОЛИТВА И ПОСТ.”

Во ова евангелие Господ јасно ни покажува која е причината за нашите немоќи и страдања, а тоа е нашето неверие или маловерие.
Затаоа откако Господ му рекол на таткото на детето: Ако можеш да поверуваш? Се е можно за оној што верува!” овој извикал и со солзи рекол: “Верувам, Господи, помогни му на моето неверие!”. Се смирил, си ја признал својата немоќ, си ја признал својата слаба вера и со покајание исповедал, затоа и Бог му дал сила да поверува и неговиот син бил излекуван.

Ако малку повеќе обрнеме внимание на Христовиот одговор, ќе забележиме дека лекот и терапијата која Господ ни ја препишал, пред се, е духовна. Верата во Бог, молитвата и постот. Тоа е така затоа што сржта, сушността на нашиот живот е духовна. Човекот е психофизичко битие создаден од земја (материја) според образот и подобието Божјо за вечна заедница со својот Бог и Создател. Но по престапот, гревот влегол во светот, а со тоа болестите, страдањата, скрбта, несреките… сепак милостивиот Бог докрај не се откажал од своето создание и му дал покајание и начин за спасение, та сега човекот секогаш се наоѓа помеѓу двата пола, живото и смртта, на доброто и лошото, Бога и мамона (ѓаволот). Кога ќовекот ќе го заборави Бог, (невереие) тогаш и во него влегуваат гревот и болестите. Кога ќе се приближува до Бога, тогаш се исцелува и напредува. Ако е здрав нашиот дух, здраво ќе биде и нашето тело.
Лекот и терапијата за секоја немоќ и болест, според Господ Исус Христос се молитвата и постот кои, за жал, сите ние сме ги заборавиле. Сме ги заборавиле овие две главни работи во духовниот живот и затоа ѓаволот има многу лесен пристап до нас.
Ако паѓањето во вода и оган од денешното Евангелие ги разбереме како нашите меѓусебни односи, тоа значи дека тие одат од крајност во крајност и ние сме немоќни да ги контролираме.
Зошто?
Св. Ап. Павле повикува: Браќа… Облечете се со сето оружје Божјо, за да се одржите против ѓаволското лукавство; оти нашата борба не е против крвта и плотта, туку против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата. (Еф. 6,12-13). Што значи, нашата борба е духовна.
ѓаволот е лукав и дух по својата природа и делува преку нашите помисли и мисли, и ако ние ја немаме молитвата, тогаш тој многу лесно може да влезе во нас и многу лесно може да манипулита со нашите помисли и мисли, па ние да му поверуваме и тука веќе настанал проблемот. ѓаволот е татко на лагата и човекоубиец и тој сака да не скара, да не раздели, да не погуби и турне во пеколот. Ако сме неразумни и глупави па наместо да се молиме на Бог да ги просветли нашите мисли и ги отфрлиме, почнеме да ги прифаќаме и отвориме дијалог со нив, тогаш лесно можеме да и поверуваме на истите и се поистоветиме со нив како вистинити, та да се помрачиме и ете го веќе на дело настанал гревот и недај Боже, ако не се освестиме навреме, тогаш може да дојде до несакани нешта и големи последици од тоа.
Молитвата е разговор и заедница со живиот и личносен Бог. Практикувајќи ја молитвата ние нашиот ум и срце го издигаме кон Бога и нашата концентација е во Бог, преку љубовта. Заедничарејќи со Него, Тој ни ја дава и Неговата благодат која е оган за демоните и тогаш тие, едностано, немаат пристап до нас. Тогаш тие се згрчуваат, парализираат и бегаат од нас. И Затоа Господ ни открива “Тој род, демонски, со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.”
Молитвата треба секогаш да е поткрепена со постот. Постот не значи само нејадење на одреден вид на храна, туку постот значи воздржување од се што е излишно и непотребно. Со воздржание на нашите мисли, на нашите желби и страсти, ние имаме контрола над самите себе и му ги врзуваме нозете и рацете на ѓаволот и не му дозволуваме да делува врз нас. Затоа постот и молитвата светите отци ги нарекуваат две крилја на нашата душа кон царството небесно. Заради тоа да ги засакаме, постот и молитвата со сета своја душа и сета своја сила, да ги практикуваме и прифатиме со целиот наш живот, та да се јавиме победници над гревот и неосудно да достигнеме да му се поклониме на светото воскресение. Амин .
   

Изменето од spiros - 03.Јули.2011 во 01:26
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2011 во 14:25
Originally posted by Klara-D Klara-D напиша:

 

Постои ли превентива ,  терапија , лечење ???

Би сакала да прочитам нешто повеќе за ова  ....  благодарам .....!</SPAN>


Еве еден мошне добар текст по ова прашање.
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 22:21
Од која причина напаѓаат ?

Toa im e rabotata, bez niv balansot pomedju dobroto i losoto bi bil narusen.

Дали можат да створат зависност ?

Da ako uzivas vo nivnata opsednatost, tie se hranat so tvojata dusa i se dodeka im pravis mesto vo tebe tie ce se tamu. Se zavisi od tebe, ludjeto se pojaki od niv. So svojata volja mozes da gi pobedis koga sakas.

Постои ли превентива , терапија , лечење ???

Preventiva, ne, ne neveruvam nie sme ludje i kako takvi ne sme sovrseni taka da, dodeka postojat ludjeto ce postojat i demonite.

Би сакала да прочитам нешто повеќе за ова .... благодарам .....!

google
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2011 во 15:25
Демоните не се ништо од тоа што е опишано погоре.

Христос во своето откровение од 1991 год. „Христос открива: Демонската држава - нејзините сојузници и жртви„ во поглавието „Кои или што се демоните? Кои се нивните испорачатели на енергија?„[/] објаснува:

„...Демоните се паднати ангели, следбеници на првиот женски ангел, кои по капитулацијата на тој ангел, се здружиа и основале во еден дел од вселената демонска држава. Овој прв женски ангел сакаше да биде како Бог, и поради тоа подоцна се обиде се постави над Бога. Капитулираше(беше поразена) после жртвата на Голгота.
Демонската држава се одржува исклучиво од енергиите на оние луѓе кои грешат против законите Божји: оние кои поттикнуваат завист и омраза против своите ближни, оние кои живеат во кавга и непријателство со своите ближни, кои тежнеат кон углед, признание и личен посед, кои сакаат да ги изживеат своите страсти, кои шират злоба и подготвуваат војни. Сето тоа создава негативни енергии - и секој кој греши против законот Божји, станува со тоа испорачател на енергија за демоните.
Луѓето значи ја доставуваат противзаконитата енергија со која демоните дејствуваат на земјата како би можеле да заведат што повеќе луѓе, со намера да осигураат натамошни доставувачи на енергија. Многумина демони поради тоа не се ни отелотворуваат бидејќи добиваат онолку енергија колку им е потребно да бидат исфрлени во полињата на зрачење, кои би можеле да ги однесат во отелотворение. Оти, тие би требале како луѓе да го претрпат и поднесат сето она со кое се оптовариле нивните души. ...
Со негативната човечка енергија демоните.... си создадоа себе си сојузници и жртви. Сојузниците се оние луѓе кои дојдоа до световна власт и углед, и владеат над другите без совест, оние луѓе кои користат моќ и влијание за искористување и врзување на луѓето за себе.
Кој се врзе за другиот, кој значи прави она што божемниот патријарх, сојузник, од него сака, тој станува жртва.„
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2011 во 14:51
 
 
 Демони ,  демонски напади  ....зли духови ...
Жртва може да биде секој, возрасен човек или дете. Доколку жртва е маж, демонот се нарекува succubus, а ако жртвата е жена, тогаш демонот е incubus.
Демоните се зли духови и како такви немаат пол, за разлика од луѓето. Но тие по потреба може да попримат машки или женски појавен облик. Succubus-от е демон со женски облик а ги напаѓа жртвите од машки пол кои се заспани. Демонот чека момент кога човекот ќе заспие. Тогаш одбрамбените механизми на свеста се исклучени и демонот напаѓа. Доаѓа до заспаниот човек, кој сонува како му приоѓа жена со некоја морничава убавина. Разумот се повлекува од страв, но телото се возбудува. Доколку стравот преовлада, човекот се буди и се спасува. Ако не, тогаш демонот го прекрива во целост. Делимично материјализиран, тој го оневозможува дишењето на заспаната жртва. Во најголем број на случаи жртвата се буди со чувство дека не може да дише. Телото е парализирано. Во затемнетата просторија се гледа некој амебовиден облик во форма на сенка. Борбата за живот е посилна од се и жртвата се буди од хипнотичката состојба. Во будна состојба помислува дека тоа е уште еден кошмар и таа помисла носи извесно спокојство. Доколку не успее да се извлече, човекот умира. Лекарите ќе констатираат нешто како изненадна смрт, инфаркт во сон или нешто слично.
Посебно се осетливи новороденчињата. Постојат случаи на т.н. „синдром на изненадна смрт кај бебињата“. За ова современата медицина сеуште нема одговор.

Кај жените настаните се исти со тоа што демонот incubus се појавува во облик на некое неприродно суштество, некакво животно а поретково облик на човек.

Од која причина напаѓаат ?
Дали можат да створат зависност ?
Постои ли превентива ,  терапија , лечење ???
Би сакала да прочитам нешто повеќе за ова  ....  благодарам .....!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.