![]() |
|
Вегетаријанска храна |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2345> |
Автор | |
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Палачинки од јаболка
Јаболкото ја навестува есента која полека но сигурно доаѓа. Па затоа, подолу Ви претставувам еден многу лесен, брз и одличен десерт кој можете да го подготвите за Вашите најблиски и за Вашите пријатели. Потребно:
Подготовка: Во длабок сад измешајте ги млекото и јајцата. Во помал сад, измешајте ги брашното, пецивото, солта и шеќерот. Измешајте ги течната и сувата смеса заедно. Ставете ги ренданите јаболка. Зачинете со цимет, по желба. Во тавче за пржење ставете масло да се загрее. Со лажица земете од смесата и обликувајте мали палачинки. Пуштете ги во тавчето и оставете да се пржат две до три минути на секоја страна, додека не бидат румени. Готовите палачинки од јаболка попрскајте ги со прав шеќер или загрејте на рингла неколку лажици џем по Ваш вкус и така растопен, полијте го низ палачинките. Служете ги топли. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Печена шопска на лепчеКога ќе ви здодее да јадете шопска салата и лепче и кога ќе сакате брза и вкусна вечера а притоа ги имате сите состојки за шопска салата, направете печена шопска на лепче. Животот би бил досаден ако не пробуваме разни варијанти на обични јадења, нели?
Подготовка: Големо тавче за печење премачкајте го со маргарин. Наредете ги лепчињата и намачкајте ги малку со маслиново масло. Почнете да редите врз нив најпрво пиперка, па кромид, па домат и потоа ставете ги парчињата маслинки. Од горе изрендајте сирење и ставете неколку капки маслиново масло. Печете додека сирењето не добие златна боја. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Аранчини, италијански топчиња од оризИнтересни информации за рецептот: Arancini или аранчини се пржени топчиња од ориз, извалкани во презла. Оригинално, потекнуваат од Италија уште во десеттиот век. Вообичаено, се сервираат со доматен сос или рагу сос. Првата порција аранчини е продадена во сицилија со рагу сос и топчиња од моцарела, месо, ориз и грашок. Многу ресторани, овој Италијански рецепт го прават со печурки, путер или со модар патлиџан. Овој рецепт го добил името аранчини по изггледот на топчињата, кои кога ќе се испржат личат на мали портокал, што на сицилијански е … погодувате-arancini. Супер се за забави, родендени, одлични се за пред тв … Овој рецепт ќе Ве воодушеви со неговата едноставност во подготвување и брзина на конзумирање. Еве една супер вегетаријанска варијанта на тема: аранчини. Потребно за 4 лица:
Подготовка: На маслиново масло пржете ги лукот и кромидот, претходно многу ситно исецкани. Кога ќе се испржат, ставете го сварениот ориз и додадете пола чаша бело, суво вино. Додадете го грашокот. Зачинете со бибер и сол, по вкус. На крај, додадете го кашкавалот. Изматете го јајцето со вилушка. Додадете го јајцето во изладеното рижото. Измешајте ја смесата. Со мала лажичка, земете две лажички од смесата и ставете ја на рака. Во средина, ставете една коцка моцарела и формирајте топче. Извалкајте го во презла и пржете во врело масло. Така испржени, ставете ги на кујнска хартија да го впијат остатокот од маслото. сос: 1/2 кг. домати излупете ги и исечете ги на мали коцки. На маслиново масло, пржете ги доматите додека не го пуштат целиот сок. Додајте малку вода и една лажица брашно за да се згусне сосот. јуни 3rd, 2010 |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Фалафел сендвич со сос од павлака и краставицаФалафел сендвичот е многу познат во Средниот Исток. Се продава како „улична храна“ на секое ќоше во Каиро. Освен како сендвич, фалафел се служи како главно јадење со разни додатоци и преубаво освежителни сосови. Погоден е за подготвување дома, но ако сте излезени и сакате да јадете здрава и вкусна храна, Ви го препорачувам фалафел сендвичот во сендвичарата „Нино“ во Скопје. А ако пак сте на пат за во Египет, наминете во Мекдоналд и нарачајте си, секако, МекФалафел(ако баш Ве мрзи да си подготвите дома). Инаку, фалафел се прави од наут (го има во Виталија и Биона) и помешан со источни зачини и лесни сосови дава прекрасен вкус и супер здрав ручек или пак лесна вечера. Многу омилен меѓу оние кои јадат месо а ОСОБЕНО меѓу вегетаријанците, Ви претставувам рецепт за ФАЛАФЕЛ СЕНДВИЧ СО СОС ОД ПАВЛАКА И КРАСТАВИЦА Потребно за 4 сендвичи:
Подготовка: Во сад ставете го наутот и полијте го со ладна вода. Оставете го да отстои преку ноќ. Откако ќе отстои, исцедете го и во врела вода ставете го за да се свари. Варете додека не биде мек наутот. Сварениот наут, исцедете го и помешајте го со ситно исецканите лук и кромид, коријандер, ким, сол и бибер. Мешајте во процесор за храна додека не добиете хомогена смеса. Ако немате процесор за храна, можете да ја измешате смесата со алатка за пире. Додадете едно јајце и малку брашно, колку да се спои смесата. Од готовата смеса формирајте мали ќофтиња и притиснете ги со двете раце, откако ќе ги обликувате. Пржете ги во врело масло додека не добијат златна боја од двете страни. Тортиљите ставете го во врела рерна и потпечете ги 3-5 минути. Топлите тортиљи намачкајте ги со хумусот, ставете неколку парчиња кисели краставички, неколку парчиња домат, ставете по две ќофтиња фалафел и завиткајте ја тортиљата. Во посебен сад ставете павлака и ситно исецкана свежа краставица. Зачинете со малку бел или црн бибер. Промешајте. Сосот послужете го со фалафел сендвичот. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Полнети лигњи со моцарелаДа нурнеме во морскиот свет со овој медитерански рецепт кој ќе го засакате “од прва„. Ако се прашувате како да ја изненадите саканата личност, вашите блиски, па и да си дозволите Вие малку одмор и уживање, нема да погрешите ако го изберете овој рецепт. Потребно за 4 лица:
За сос:
Подготовка: Лигњите исчистете ги. Краците, завршните делови од лигљите ставете ги длабок сад и во садот ставете ги лебните трошки, маслиновото масло, виното, ситно сецканиот магдонос, сецканата моцарела на коцки и ситно исецканиот млад лук. Зачинете со сол и бибер, по вкус. Лигњите претходно бланширајте ги во врела вода за да не бидат тврди и тешки за џвакање. Бланшираните лигњи полнете ги со претходната смеса и затворет ги со поголеми чепкалки за дане излезе смесата при пржење. Така приготвените лигњи пржете ги на врело масло. Во тава, на оган, ставете малку маслиново масло и на него пржете го младиот кромид. Додадете ги пелатите. Зачинете со сол и повеќе бибер. Ставете ги пржените лигњи во сосот, додадете го виното и оставете да испари. Сосема на крајот, додадете ситно сецкан босилек. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Потребно:
Подготовка: Во тефлонска тава, ставете ги кикириките и тостирајте ги додека не добијат златна боја. Зелката исечете ја на четвртинки и нив ситно исецкајте ги на резанки. Зелката помешајте ја со магдоносот и доматите. Претходно помешајте ги лимоновиот сок, маслиновото масло и солта. Оваа смеса полијте ја врз зелката и доматите. На крај, ставете ги тостираните кикирики. Послужете со печени тортиљи |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Вафли со салцаЕм брзо, ем вкусно, ем здраво. Додајте мексикански шмек во Вашата кујна. Потребно за 4 лица:
Подготовка: Во загреана тава, на масло пржете го ситно исецканиот кромид додека да омекне. Потоа додадете ги исецканите морков, домат и пиперка на поситни парчиња. Додадете една лажица брашно колку да ја спои целата смеса. Зачинете со сол и бибер, по вкус. Додајте црвен пипер. На крај, додајте го ситно исецканиот магдонос. Смесата истурете ја врз вафлите кои сте ги стоплиле во рерна или на тава. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ѓувеч со модар патлиџанПотребно:
Подготовка: Исечети ги модриот патлиџан, доматите и пиперката на поголеми коцки. Во тавче на оган, пропржете ги лукот и кромидот, претходно исечени на покрупни парчиња. Откако ќе омекнат, додајте ги остананите зеленчуци и пржете додека не омекнат. Додајте го белото вино и оставете да испари. Зачинете со сол, бибер и соја сос. Смесата префрлете ја во тава за печење намачкана со путер, изрендајте кашкавал и пречете на 250Ц додека не се запече целата смеса. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Млади моркови во сос со копарМладите моркови сосем се разликуваат од т.н „стари моркови“ што ги јадеме во супа, како прилог и слично. Тие имаат сладок, мек вкус кој во комбинација со супер сос имаат прекрасен освежувачки вкус. Дефинитивно овој рецепт ќе ги скрши сите лоши јазици за морковот како зеленчук. Со големо задоволство Ви го претставувам овој рецепт. Лесен, здрав и неверојатно вкусен. Потребно:
Подготовка: Младите моркови намачкајте ги со масло. Ставете ги на скара или на грил тава да се запечат. Попрскајте ги со морска сол и бибер од горе. Во павлаката ставете една мала лажичка копар, ренданите ореви и зачинете со сол и бел бибер, по вкус. Ете, толку лесно |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Совршена пицаНема кој не сака пица! Јас-обожавам!!! Супер лесна, здрава и едноставна за подготовка, Ви ја претставувам СОВРШЕНАТА ПИЦА, за вегетаријанци, секако и за оние кои ќе сакаат да паузираат со еден оброк од месо и сувомеснати производи. за 1 пица:
Подготовка (лесна): Тестото за премачкајте го со доматното пире. Посипете со рендан кашкавал и почнете да ги редите останатите состојки по следниов редослед: сецканите шампињони, кромидот сецкан на месечинки, сецканиот домат, парчиња грејпфрут, сецканата бабура на ленти и сецкани маслинки. Посипете со многу бибер и сол (по вкус), свежо сецкано оригано и нане (по вкус). На краевите на пицата посипајте со сусам. Печете на 250Ц, додека не биде убаво испечено тестото. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ќофтиња од леќаПолна со железо и белковини, леќата е мешунка со која може многу да се експериментира во кујната. Ја има таа способност да прима разни зачини, а сепак да го задржи својот вкус кој ќе доминира. Инспирирана од нејзините бои во кои ја има, ќофтињата од леќа нека бидат дел од вашето денешно празнично мени, збогатено со ваши прилози од јадења. Потребно за 4 лица:
Подготовка: Леќата исчистете ја и варете ја додека не омекне. Кромидот и лукот, ситно исецкани, пропржете ги. Додајте црвен пипер. Така испржени, извадете ги од тавчето и одделете ги на старана во посебен длабок сад. Сварената леќа, измиксајте ја со рачен миксер или испасирајте ја. Смесата додајте ја во испржениот зеленчук и зачинете со копа, бибер и сол, по вкус. Додајте го јајцето. Додајте 5 големи лажици презла, за да се спои смесата. Додајте го магдоносот. Потоа, додајте 1-2 мали лажички брашно. Така измешаната смеса, ставете ја во фрижидер да отстои 30 минути. Потоа, формирајте ќофтиња. Извалкате ги ќофтињата во презла и пржете ги на врел зејтин додека не поруменат од двете страни. Послужете со свежа салата или до компир-салата. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Колку за потсетување, калциумот е добар за цврстина на коските, здрави мускули, јаки и бели заби, здраво срце, нормален проток на крвта низ телото, нормално дејство на мозочниот систем, помага при регулирање на многу функции на телото, а некои велат дека овој минерал е добар и за намалување на телесната тежина. Еве ја листа на извори на калциум, малку модифицирана и прилагодена на наши услови.
Препорачано ниво на калциум за возрасни од 19 до 50 години е 1000 мг. на ден.
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
5 супер совети како вегетаријанците да заштедат париЕве пет совети како да живеете подобро и да не го оптоварите домашниот буџет многу, а сепак да се храните здраво.
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пита од тиквички и фета сирење![]()
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2345> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |