IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - ИВЗ благослови кантонизација на Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ИВЗ благослови кантонизација на Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака Обратен редослед
Pavaroti Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Експерто нумеро 2

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pavaroti Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2010 во 18:30
немој да мешаш лончиња за оваа работа....прашај во партијата кој дозволи толку многу државјанства
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2010 во 18:22

Уште многу глупости треба да очекуваме...но и опасни закани за стабилноста на Македонија , нарошно по поделбата во  државата...по сите основи, верска, социјална,партиска,културна....нене

СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2010 во 16:29
Поглаварот на ИВЗ благослови кантонизација на Македонија

Откако лидерот на Албанскиот сојуз ми ја презентира партиската платформа, камо среќа тој да ја претвори Македонија во Швајцарија, изјави поглаварот на ИВЗ

Поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, ја поддржува кантонизацијата на Македонија онака како што ја замислува новоформираната партија Албански сојуз. Ваквата поддршка духовниот лидер на муслиманите во земјава ја искажал при вчерашниот прием во просториите на ИВЗ, каде што му бил домаќин на лидерот на новата партија, Ваљон Белја. Лидерот на Албанскиот сојуз побарал благослов од првиот човек на ИВЗ за идното дејствување на партијата. При неодамнешната партиска промоција, Белја најави дека главно политичко барање ќе биде менување на политичкиот систем во земјава и воспоставувањето на принципот на кантонизација. Според тој концепт, во Македонија би требало да се организираат три кантони - по еден македонски и албански и еден мешан.

Реис-ул-улема Сулејман Реџепи по средбата изјави дека посакува да се реализира таквата политичка платформа.

- Откако Белја ми ја презентира платформата и ми објасни што се' опфаќа, ние сакаме и камо среќа Ваљон Белја да ја претвори Македонија во Швајцарија - изјави Реџепи.

Според него, ваквата изјава со поддршка за новата партија не значи и политичка инволвираност на ИВЗ. Реџепи пред неколку месеци го поддржа и митингот во Тетово кој беше организиран во знак на поддршка на Рамуш Харадинај, кој одговара пред Хашкиот суд. Директорката на државната Комисија за односи со верски заедници, Валентина Божиновска, смета дека е некоректно политичка партија да бара благослов од верска заедница. Според Цане Мојановски, поранешен претседател на оваа комисија, потегот на реис-ул-улема Сулејман Реџепи е наприфатлив.

- Очигледно е дека верските лидери не се воздржуваат од интересот за политиката. Ваквата изјава на Реџепи значи негов директен политички ангажман, бидејќи поддржува концепт што асоцира на концептот на Ванчо Михајлов олицетворен во синтагмата „Македонија - Швајцарија на Балканите“, кој е јазичен и политички концепт. Овој верски лидер треба да знае дека меѓу неговите верници има луѓе што се со различна политичка определеност и затоа е дискутабилно да поддржува нечиј конкретен концепт - рече Мојановски.

Бранко Ѓорѓевски Линк


Оваа вест е од 1 ноември односно од пред 3 дена но не гледам тема на форумов,а мислам ите како заслужува.Прашањето за кантонизација на Македонија се провлекува уште оддамна,но во последно време зема замав и станува се по споменувано,по некоја случајност истовремено со идејата за голема албанија која се повеќе е актуелна.Самото постоење на ,,албански сојуз,,и нивните идеи е навреда за Македонија,не знам кај живееме и како може ова да се случува? Најмногу се плашам од тоа што судеќи по наравот на моите сонародници можно е и да ни се случи не дај боже ваква кантонизација.


Изменето од Zajcef - 03.Декември.2010 во 16:31
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,391 секунди.