|
Рехабилитација на Вистинскиот Св. Димитрија Солун |
Внеси реплика | страница <1 23456> |
Автор | |||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Kаде ли го чекале Хитлер со свеќи?! Искрено, ја мешаш националната со верската политика. Ќе ти илустрирам со слика. Јас на сликава читам НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА, а не читам некаква верска порака.
Секој војник не е слуга на темнината. Тоа е погрешно да се разбере.
Да, но многумина кои се фатиле за нож со цел да ги одбранат ближните, успеале да се жртвуваат за нив и со тоа ближните да живеат во слобода, мир и правда. Да те потсетам што им правеше Лициниј во Источниот дел на Римската Империја на Христијаните? Да те потсетам дека тоа престана кога Константин го порази в битката?
Јас ти кажав, се додека не докажеш по пат на објективен историски доказ дека се случило такво нешто, тогаш не можеме да говориме конкретно. Разговорот нема да биде ниту конкретен, ниту пак јасен.
Се сложувам дека мисијата на Господ Исус Христос беше таква. Изменето од Македон - 14.Ноември.2010 во 22:23 |
|||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
1. Единиот БОГ - во Срцето и Името Господово - е Единствениот Кого Му припаѓа потполна Слава, Благодарност и Почит! Вистинските следбеници Христови не се тие кои го испраќаја, нити тие кои што го пречекуваа хитлер (и слични на него) со цвеќиња, свеќи, ... ! 2. Христовиот Благослов го трансформирал секој грешник кој што потполно поверувал, така ќе го трансформира и секој војник на темнината кој што ќе поверува, обрнувајќи го за 180° од поранешниот правец! 3. Што се случува и случи со сите кои што се фаќаат за “нож“? Не е ли тоа доволен доказ? Има само Еден и Единствен Пат преку Кој може да се излезе од ѓаволскиот вртлог на насилството! Тој Единсвен Пат е надприродната Мудрост БОЖЈА (Христос) - Тоа Чудесно Евангелие - а не силата човечка, која дури и во Името БОЖЈЕ (незнаејќи ја Неговата Прасветост) убивала и за жал до ден денешен убива! 4. Не, не излегувам од тема! Македон, не е исправно да ги затвараме очите пред Духот на Вистината и на Негово место да ја ставаме (псеудохристијанската) грчко-римската традиција на иконопоклонство, која никогаш и небила пракса на вистинските следбеници Христови! 5. Мисијата на Господ Исус Христос беше и е’ - со Светиот Дух - без насилство да се победи насилството на неверниците и кривоверците! Лека ноќ и незаборави дека Некој надприродно те сака! Шалом Изменето од spiros - 14.Ноември.2010 во 01:28 |
|||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Со сета почит до тебе Спиросе, ама прво постираш слики од социјалистичка Русија и велиш дека имаат религиска заднина, а сега велиш нешто друго?! Извини, ама самиот си противречиш.
Но, благословувале војници и не ги осудувал.
Јас тоа овде не го гледам.
Каква ли врска има сега ова? Чинам, од темата се одалечуваш во недостаток на конкретни аргументи.
Дали мисијата на Господ Исус Христос беше таква? Изменето од Македон - 14.Ноември.2010 во 00:26 |
|||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Совршената Заедница - тоа е Чистата Невеста Христова - никогаш не се надевала , нити општела со крвавите “цареви“ од овој свет, туку само со Едниот и Единствениот Цар на Мирот!
Доказот е дека ниеден од вистинските следбениците Христови не благословува убиство!
Вистината самата се докажува!
Може да се дознае дури и од истите извори кои што се воздигаат за единствени вистински, притоа фалејќисе со праксата на (со злато и драгоцени камења украсено) иконопоклоство, во кое сувереното место на Светиот Дух го одземаат и и’ го препишуваат на “великата божица на вселената“ под престилката на Прачиста Дева Марија !
Значи ГОСПОД Исус Христос немаше доволно Љубов, бидејќи незеде оружје во рака - како што стори Варава - и не го следеше неговиот пат на вооружена борба (одбрана) од крвавата власт, која убиваше дури и малечки бебиња? |
|||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Kaква ли врска има дочекувањето на нацистите од Русите незадоволни со комунистичката политика со верата spirose? Дочекување на Германците имало и во Скопје, каде биле пречекани како ослободители, но тоа не значи дека Македонците не можеле да ја исповедаат верата. Такви дочекувања има на милион места. Има разлика меѓу национална и верска политика. Хитлер се обидувал сите угнетени да ги привлече на своја страна, па такво нешто се случило и со оние угнетени од комунистите, има многу такви слики од Киев, а и другите места на СССР, така се случило и со угнетените народи во Југославија, а и на други места.
Како ќе го докажеш твоето тврдење?
Како ќе го докажеш и ова тврдење?
Како дозна дека во неговата фамилија практикувале христијанство со грчко-паганска позадина?
Ако земањето оружје дава можност многумина кои немаат можност да го сторат тоа, да бидат одбранети и да живеат во мир, да се спасат многу детски животи, тогаш тоа е демонстрација на љубов кон тие. |
|||||||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Оф леле мори мајко... Ти се читаш ли спиросе што кажуваш? Дали вреди да побарам да се објаниш за оваа твоја скриена историја на христојанството која никој освен тебе не ја знае, еве веќе 2000 години?! изгледа си го губиме времево на оваа тема Македон,Спирос или не не чита или којзане како не чита. Нека е барем жив и здрав. |
|||||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Секој што искрено верува на Совршената Љубов и Мир БОЖЈИ во Господа Исуса Христа е свет! Секој! Така и погоре споменатите светци биле свети, но не во таа вонредна мера како што постанале Свети во моментот на целосната преобратеност, оддаденост и Света жртва! Што се работи за хитлер, тој има многу повеќе религиска врска одколку што мнозинството тоа може да го увиди. Неговата војска била дури и во одредени земји со руска православна традиција (но тогаш под совјетска комунистичка власт) со ракоплескање, крстење, цвеќе и свеќи, пречекувана!
Јас - во суштина - го прифаќам и сигурно дека не го осудувам житието на Св. Димитиј Солунски, туку укажувам дека одредени делови не се потполно точни, бидејќи не се во потполна согласност со Чистата Вистина. Св. Димитрија Солунски се бореше против власта, но на чист Христијански начин и на Св. Нестор не му даде никаков поинаков благослов освен да се бори чисто Христијански, со напомена дека : “ секој што за нож се фаќа - од нож и ќе загине“(!), како што и се случи! Св. Димитриј го надмина она Христијансво на кое беше подучуван во својата фамилија со (грчка-паганска позадина), во која иконите и иконопоклонсвото биле поистакнати дури и од службата на Вистината и Духот БОЖЈИ! Одсрце ти посакувам лесна и благословена ноќ. Амин п.с. Најголемата љубов не е да убиваш за да го спасиш својот ближен, туку местозастапно и без оружје - како што покажа Исус - за ближниот да го дариш својот живот! Изменето од spiros - 11.Ноември.2010 во 22:45 |
|||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Сакаш да кажеш дека пред тоа тие не живееја свет и праведнички живот? Зарем, св.Димитриј, св. Георги, ќе беа прогласени за св.Великомаченици доколку пред тоа истите воопшто не веруваа во Христовата порака? Зарем сакаш да кажеш дека пред својата смрт станаа свесни за таа порака? Национал-социјализмот не знам зошто го мешаш овде, тој систем немаше никаква врска со верата, туку со политиката и Хитлер.
А зошто тогаш го осудуваш житието на св.Димитриј, ако велиш дека следбеникот Христов не треба да почитува антихристијанска власт?! Затоа и велам, има разлика меѓу војна со која се напаѓа невин субјект, или војна која е одбрана од некој напаѓач. Доколку некој е нападнат и нема друг начин да се одбрани, секако дека ќе се бори доколку може. Но, оној кој е послаб и не може да се бори, секако дека ќе очекува помош од појакиот. А помоќниот е должен да му помогне на својот брат, а со тоа ќе ја материјализира најголемата љубов која е спомената во Светото Писмо. |
|||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Предтоа тие небеа Светци, туку БОГ им ги отвори очите за вистинската природа и намери на антихристијанските - и како христијански камуфлираните - власти! Како што на пример тоа беше (неслучајната) власт на германскиот национален социјализам, за време на втората светска војна. Следбеникот Христов е обврзан да биде благонаклонет и дури потчинет кон властите - како што тоа беше и инкарнацијата на Мудроста БОЖЈА (Исус) - се’ додека властите не се однесуваат животонепријатно (антихристијански) и тоа не само во однос на христијаните, туку во однос на сите добронамерни луѓе! Во спротивно секој вистински Христов следбеник е повикан да се бори против темната сила, само со оружјето на Совршената Светлина а не со оружјето на темнината, како што тоа го практицираат чедата на неверата и кривоверата! Изменето од spiros - 11.Ноември.2010 во 21:43 |
|||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Да, но во моментот кога таа власт започна со прогони против Христијаните, а не пред тоа. Пред тоа тие ја почитуваа власта, онака како што за тоа е напишано во Светото Писмо. Изменето од Македон - 11.Ноември.2010 во 21:19 |
|||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Единствениот Совршен и Чист Извор е БОЖЈИОТ Светол Дух! п.с. Св. Мина исто така - како и сите други вистински Светци - е тој што му го заврти грбот на оружјето и антихристијанската власт ! Изменето од spiros - 11.Ноември.2010 во 21:11 |
|||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Значи, предлагаш да ги измениме житијата? А како ќе знаеме ние денес што е правилно, а што не, штом сведоците ни се единствен извор од тоа време? Извини, но, веќе разговоров преминува во спекулација, без можност а конкретизирање на нештата. Тргнувајќи од тој аспект, ќе те потсетам дека не само св.Великомаченик Димитриј бил војник, св.Великомаченик Геори, а и многу други. |
|||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
- Засигурно дека не ги негирам очевидците и следбениците на Совршениот Пат, чии верен следбеник беше и вистинскиот Св. Димитрија, туку извештаите кои непотполно известуваат за животот и делото на Св.Димитрија се тие на коишто им е потребна коректура, како би се рехабилитирал вистинскиот Св. Димитрија и Вистината околу него воопшто! - Мачењата на невооружените Христијани започнува многу пред раѓањето на Св.Димитрија, а со неговото просветлување доаѓа и до потполн обрт на неговата верска и животна пракса! „Врати го ножот во ножницата. Зашто сите што се фаќаат за нож, од нож ќе загинат; или мислиш дека не можам да Го помолам сега Својот Отец да Ми прати повеќе од дванаесет легиони ангели? (Ев. Матеј 26: 52,53) Изменето од spiros - 11.Ноември.2010 во 20:46 |
|||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
3. Во првиот дел од одговорите се повикуваш на очевидци, а сега ги негираш истите, што е парадоксално и доволно говори за контрадикторност. 4. св.Димјитриј ја напуштил војската кога започнале мачењата и прогоните над Христијаните, а не пред тоа. |
|||||||||
Внеси реплика | страница <1 23456> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |