|
Филмски вести ... |
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Автор | |
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
lelel..lelel..lele..holivud,a?
..a da ne "postavile" i avenija na zvezdite?
, znachi,...imame ..las vegas,..sega holivud...minhen vo oktomvri..maliot monmartr..pa, pariz ...
...a, be...svet u malo izdanje e,..golemava makedonija!
...sledniot pat , strumica ke bide ...se kladam ,
..i venecija na balkanot!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не беше во пустелија.... Хана беше во градот на Конзулите ...
а Битола овие денови беше .... како Холивуд...
звездите газеа по црвен тепих.....
И многу битно ...ептен и се бендисал нашиот Македонски ајвар...
Изјави дека го имала најубавиот доручек во својот живот.....
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
daril hana ...........gostinka?!
...a shto majka pa bara tuka vo ovaa...pustelija?
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Започна филмскиот фестивал „БРАЌА МАНАКИ„ во Битола. Фестивалот го отвори американскиот кинематограф(инаку од Унгарија) Вилмош Жигмонд а гостинка на фестивалот е и Дерил Хана.
Има некој информација кога и каде ќе ги даваат филмовите во Скопје? |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Леонардо Дикаприо во најновиот филм на Клинт ИствудИзвор: Блиц
Клинт Иствуд навести дека Леонардо Дикаприо би можел да го толкува ликот на штитеникот Едгар Хувер во неговиот филм за првиот директор на Федералното истражно биро (ФБИ). Претходно се шпекулираше дека „во игра“ за улогата на Клајд Толсон е Хоакин Финикс, но Иствуд тоа го демантираше, пишува интернет сајтот Диџитал спај. „Не знам од каде произлегла таа приказна... Зарем тој не стана рапер?“, прашал Иствуд. „Тоа би била одлична улога за него“, одговорил тој на прашањето дали Дикаприо би можел да го игра миленикот на Хувер и прецизирал дека преговорите се во тек, но договор се уште не е потпишан. Филмот ќе го следи животот на Хувер од подемот, до местото прв директор на ФБИ, па се до контроверзите во врска со неговите сексуални склоности, кои во јавноста излегоа дури по неговата смрт |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
DarlinG
Сениор *Lara*Croft* Регистриран: 09.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1621 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во светот на филмот се шушка за најновиот филм на Дарен Ароновски "Black Swan" каде главна улога има Натали Портман и Мила Кунис. Откако ги имаше своите премиери на Венецијанскот филм фестивал и Торонто филм фестивалот, овој филм добива се повисока и повисока оценка. Се шушка дека е можно овој филм да добие неколку номинации за оскар како Најдобар филм и Најдобра главна улога. Имено, филмот не внесува во светот на балетот, каде балерината Нина(Натали Портман) ја добива улогата на белиот лебед во Лебедово езеро, а нејзината противничка ја добива улогата на црниот лебед. Ривалството, претварајќи се во бизарно пријателство, и ја открива на Нина темната страна. Black Swan trailer |
|
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Мајки“ селектиран за Берлинскиот филмски фестивалУште еден огромен успех на филмот “Мајки“ на Милчо Манчевски по светската премиера на филмскиот фестивал во Торонто, филмот е селектиран за Берлинале, еден од трите најголеми филмски фестивали од А класа во светот (покрај Кан и Венеција). 61-то издание на Берлинале ќе се одржува од 10 до 20 февруари 2011 година. “Мајки“ на Берлинале ќе има европска премиера и тоа во
престижната програма Панорама, која заедно со програмата Кензен во Кан е
убедливо најсилната селекција за авангарден уметнички филм во светот. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, продукциски дизајнер Дејвид Манс, костимограф Елизабета Монталдо, дизајнер на маска Марио Микисанти, монтажер Жаклина Стојчевска, дизајнер на тонот Питер Балдок, кастинг директор Маја Младеновска, а музиката е на Игор Василев Новоградска. Продуцент е Кристина Калас, а копродуценти се Тиери Ленувел, Мари-Пјер Масиа и Методиус Петриков. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВЕЧЕРВА ВО КИНОТЕКАТА ФИЛМ НА РЕЖИСЕР СО ЗЛАТНА ПАЛМА
"Цар" од Лунгин во Неделата на руски филмови На Неделата на руски филмови во Кинотеката на Македонија, вечерва (20 ч.) е филмот "Цар", произведен минатата година, од режисерот Павел Лунгин. Лунгин Павел Семјонович (61) е руски сценарист и режисер, добтник на Златна палма во Кан во 1990 година за режија на "Такси блуз". Тој е роден во Москва, каде што на Државниот универзитет завршил на одделот кинематографија. Од почетокот на 90-тите живее во Франција каде што снима филмови, но работи и во Русија. |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве добра манифестација...за кој сака Руски филмови
Вториот дел од "Ние сме од иднината" го изгледав пред некој ден вреди да се види интересно филмче... |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Клинт Иствуд го одбил 007 Легендарниот актер, продуцент и режисер Клинт Иствуд откри дека во текот на својата кариера одбил да ги игра...
... едни од најпознатите улоги на филмското платно. Холивудската легенда открива дека му било понудено да го замени Шон Конери во улогата на "агентот 007", откако тој во 1976 година се откажал од снимање на следното продолжение. Иствуд за "Los Angeles Times" изјавил дека му била понудена солидна сума за да го одигра ликот на Џејмс Бонд, но тој одбил сметајќи дека тоа не е вистинската улога за него. "За мене овој лик беше препознатлив за некој друг, тоа беше улога на Шон. Не сметав дека е правилно јас да го заменувам", изјавува актерот. Но, освен оваа улога 80-годишниот актер открива дека не сакал да биде ни Супермен, улогата која подоцна му припаднала на Кристофер Рив. Клинт Иствуд вели дека не се чувствувал пријатно во хеланки и наметка, па така решил дека и оваа улога не е доволно добра за него. "Отсекогаш повеќе ми се допаѓале ликови кои се поврзани со реалноста", додава актерот, кој свесно ги одбил светски познатите улоги. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
TITANIC ВО 3Д РЕАЛИЗАЦИЈА Филмот Titanic на James Cameron конечно ќе добие и своја 3Д верзија. Се очекува да излезе во април 2012 година со што и ќе ја одбележат 10 -годишнината од реалното тонење на бродот. Според извештајот Los Angeles Times филмот е веќе официјално во изработка. Критичарите и публиката не се секогаш задоволни од фимовите кои имале 3Д римејк. Иако “Clash of the Titans“ и “Alice in Wonderland“ поминаа добро во кино салите, имаше поплаки дека не се баш по мерка на 3Д фимовите, за разлика од “Аvatar“.
Cameron изјавил дека снимањето на некој филм со 3Д камери е супериорно во однос на конвертирањето на филм во 3Д во пост-продукција. Всушност тој сака комплетно да го отфрли процесот на конвертирање, но ете сепак веќе работи на Titanic 3Д а можеби и на “Terminator“ 3Д. Cameron не е еднинствениот кој конвертира филмови во 3Д. Peter Jackson неодамна откри дека и тој работи на трилогијата "Lord of the Rings" исто така и Christopher Nolan изјавил дека ќе го конвертира "Batman 3" |
|
FANTASMA
Нов член Регистриран: 24.Август.2010 Статус: Офлајн Поени: 18 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
SALT - Премиера: 23.Јули.2010
Улоги: Анџелина Џоли,Лив Шрајбер... Евелин Салт (Анџелина Џоли) е ЦИА агентка која се заколнала на должност,чест и служба на татковината.Кога еден бегалец ја оптужува дека таа е руски шпион,Салт започнува битка за да докаже дека е верна на татковината и дека не ешпионка. Но за тоа мора да ги употреби сите свои способности и искуство на таен агент за да притоа го заштити и својот сопруг,бидејќи во спротивност и најмоќните сили ќе ја избришат секоја трага од нејзиното постоење. филмот „SALT„ е преведен на македонски како „Солт„ и на страницата на кино „Милениум„ пишува дека ќе започне со прикажување од 10.Септември. Јас го гледав дома пред некој ден на ДВД снимка,и филмов премногу ми се допадна и едвај чекам во кино да го гледам.А дали ќе ви се допадне и на вас - сами погледнете. http://www.youtube.com/watch?v=z41H8J4k-jM Незнам зошто не се појавува ова од you tube промото на САЛТ.Али како и да е ако не сте го погледнале филмов,според мене многу сте пропуштиле. А тие што го имаат изгледано филмов и што се воодушевени, им препорачувам да одат во Милениум на 10 Септември до го доживеат филмов целосно. Изменето од FANTASMA - 06.Септември.2010 во 01:09 |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..Невозможната Мисија ...Продолжува ....
Официјално е потврдено дека ќе има и четврт дел од шпионскиот серијал „Мисија: Невозможна“, повторно со Том Круз во главната улога.
Официјалната изјава гласи дека во четвртиот дел, наводно и последниот, Том Круз ќе ја репризира својата улога како агентот Итан Хант. Повторно ќе го видиме и Винг Рејмс како експертот за технологија, Меги Кју, Џонатан Рајс Маерс и Сајмон Пег (сите имаа улога и во третиот дел).
Новите членови на екипата ќе бидат Џереми Рајнер, кој имаше главна улога во оскаровецот „The Hurt Locker“ , додека пак за женскиот дел од екипата се шпекулира помеѓу Пола Патон од „Deja Vu“ и (преубавата) Кристин Крук, која најдобро ја паметиме од серијата „Smallvile“. Но, најверојатно улогата ќе ја добие Пола.... Сè уште не е потврдено, но ова може да биде сосема нов „Мисија: Невозможна“ филм - акцентот во филмот да не е на Итан Хант, туку на ликот на Џереми Рајнер, кој би требало да ја продолжи „традицијата“. А како да го направат тоа? Па, со нов наслов. Имено, насловот на четвртиот дел ќе нема да пишува „Мисија: Невозможна“, туку нешто сосема друго, исто како во случајот на „Dark Knight“ - во насловот го немаше зборот „Batman“.
Сè уште нема информации за заплетот на филмот, но се вели дека одново ќе се измисли шпионскиот жанр - со идеи какви што досега немаме видено. Со оглед на успехот на претходните филмови, не би се сомневале во тоа. Четвртиот дел ќе се снима во Ванкувер, Прага, Дубаи и некои делови на САД.
На режисерското столче ќе биде Бред Бирд, режисерот на „The Incredibles“, на кому ова е му е прв акционен проект. Но, мислењето на овој автор е дека Џон Ву бил бил подобар во таа улога - тој и Том Круз беа одличен тим во вториот дел на „Мисија: Невозможна“. Тука е и Џ.Џ. Абрамс (креаторот на феноменот „LOST“), кој беше режисер на третиот дел - овојпат во улога на продуцент. Тоа што четвртиот дел го прави толку очекуван е екипата. Имено, овојпат агентот Итан Хант ќе има и машки и женски помошници - како и што треба да биде. Во првиот филм екипата на Итан беше убиена, па наредните два дела тој најчесто беше соло агент, со помош на Винг Рејмс, кој во овој филм ќе има многу поголема улога. Сега, повторно ќе имаме чест да гледаме шпионска екипа - како во старите сериски филмови.
Старите „Мисија: Невозможна“ филмови почнаа да се емитуваат во 1966 па се до 1973, со Питер Грејвс во главната улога (освен во првата сезона). Заштитен знак на серијата беше главниот агент, Џим Фелпс, каде добиваше инструкции на касета која се самоуништува. Заплетот во сериите беше Impossible Missions Force (IMF) тимот, мал тим на тајни агенти кои се впуштаат во опасни операции. По успехот на серијата, во 90-тите почнаа да се снимаат и филмовите кои ние ги знаеме.
Премиерата на најновата мисија ќе биде на 16 декември 2011. |
|
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |