|
Атанас Раздолов |
Внеси реплика | страница <1 234 |
Автор | |
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Атанас Раздолов е роден 1872 година во Берово, Малешевско, во семејството Топаловци. Уште како млад тој го напушта родното место и оди во Софија. Преродбенските и ослободителните борби во малешевскиот крај вршат силно влијание врз младиот Раздолов. Во работничката средина во која што подпаѓа со одењето во Софија, ослободителните идеи кај него се издигнуваат на повисоко ниво.
Тој ја сврзува националноослободителната борба со револуционерната борба на работничката класа. Под псевдонимот „дедо Раздолчо“ тој е активен учесник во револуционерното движење во Софија. Членува во Македонскиот револуционерен социјал-демократски сојуз, основан од страна на Васил Главинов. Во 1901 год е затворен поради пишување за бугарскиот кнез Фердинанд. Раздолов е автор на статии, стихови и брошури со теми од револуционерната борба. Дел од неговите брошури по специјални к*рири биле испраќани во внатрешноста на Македонија, за потребите на Организацијата. Најубавата негова стихотворба „Револуција“ тој ја посветил на револуционерното движење во неговиот роден крај – Малешевијата. Атанас Раздолов, самиот си го одзема животот во Софија во 1931 година. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Песните на востаникот"
Так в срцето македонско да в‘згласим ниј борбата срешту племе анадолско да развием знамената Нек покажем на турчина на цинцарја и на грка на б‘лгарина, на србина и на всеки што ни брка Че не ламптим за корони за царштина и за слава не штем да сме ниј барони в македонската држава Но се трудим да в‘ведем братство, равенство, свобода! трудим се да с‘здадем љубов мила в народа! Трудим се и верваме че в борбата ште успеем: надеждата не губиме скоро песен ште запеем. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Атанас Раздолов е роден 1872 година во Берово, малешевско, во семејството Топаловци. Уште млад тој го напушта родното место и оди во Софија. Задоен со преродбенските и ослободителните борби во малешевскиот крај и наоѓајќи се во работничка средина во Софија, ослободителните идеи кај младиот Раздолов се издигнуваат на повисоко ниво. Тој ја поврзува националноослободителната борба со револуционерната борба на работничката класа. Познат е под псевдонимот „дедо Раздолчо“. Членува во Македонскиот револуционерен социјалдемократски сојуз, основан од страна на Васил Главинов. Во 1901 година е затворен поради неговите пишувања за бугарскиот кнез Фердинанд. Раздолов е автор на 15 книги, "Крвавиот исток и бездушна Европа" (1889), "Пред министерските врати" (1907), "Иднината на балканскиот полуостров" (1914), повеќе статии, стихови и брошури со револуционерна содржина. Дел од неговите брошури по к*рири биле испраќани во внатрешноста на Македонија, за потребите на Организацијата. За време на Балканските војни, тој бил доброволец во втората бригада од Седмата кумановска дружина на Македонско-одринскиот доброволен корпус на бугарската армија, со командирот подпоручник Георги Светогорски. Атанас Раздолов самиот си го одзема животот во Софија во 1931 година. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Внеси реплика | страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |