|
Вранишковски |
Внеси реплика | страница <1 23456 9> |
Автор | ||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Se gleda kolku se podgotveni SPC na kompromis. Pak si stojam na mislenjeto deka na rusite neshto im se spoile zichkite i reshile da ne pomiruvaat. Ako kako shto velish MPC gi gleda interesite na vernicite, a pred se neli svoite interesi, togash treba da si go povleche baranjeto za pomiluvanje posle sluchkava. Dali e vo interes na MPC da bide narechena kako shto ja narekuvaat? Hmm |
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Доколку Вранишковски е осуден за проневера на пари а за тоа судот има цврсти докази,тоа дело е казниво со закон кој е пропишан со уставот на секуларна Македонија.
Дали треба да се аболицира Вранишковски не сум меродавен да кажам но во тој случај секој крадец ке треба да го аболицираме независно од верска,расна,национална или политичка припадност. |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
The Serbian Orthodox Church expressed its gratitude to the Russian Bishop Illarion, who met with the Macedonian religious and state leadership, but also uses a slur to refer to Macedonia, calling the country "Former Yugoslav Republic of Macedonia".
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сега вака… … ајде првин да направам некаква паралела со Републикава, како и со некои други држави во светов… … демек многу ни беше важно и запнавме да бидеме членови на оваа европска асоцијација, па на онаа светска организација, па во ООН, па сега во ОЕ… и се разбира државата има ќар од тоа бидејќи така работат државите мeѓу себе, така се организира и структуира трговијата, банкарскиот систем, инвестициите, протокот на парите… ОК, тоа го разбираме и можеме да го oправдаме. Сега… Црквата водена од Светиот Дух го собира народот од својот национален делокруг (затоа имаме толку православни цркви во споредба со Католичката Црква)… и што бенефит има Црквата и народот со некакво признавање или непризнавање, како и членување или нечленување на Црквата во некоја асоцијација на Цркви ? Што е тоа важно за Црквата, колку му е грижа за тоа на народот и уште повеќе, КАКОВ БЕНЕФИТ OД TOA ИМА ВЕРАТА, ЉУБОВТА КОН БОГА, СПАСЕНИЕТО… да не редам натаму. Што има врска дали Црквата ни е признаена или примена од некого и некаде ? Ако таа е Богумила што е битно сето тоа ??? А ако не е, дали тоа ќе смени нешто во Божјата милост кон неа ??? Значи не се работи за ништо друго туку за… суета, ако можам воопшто така да се изразам за една организација наместо за човек. Се работи за формалност наместо за суштина. Се работи токму за спротивното од оноа за што се бори еден христолик човек и богумила организација. И за реализирањето на таа илузија во состојба е да стори с'е… дури и да си ги голтне своите сопствени зборови, своите ставови и принципи. Со поедноставни и поразбирливи зборови - ќе се занимава со политика, токму оноа против кое Исус се бореше. Изменето од Messenger - 24.Декември.2014 во 03:02 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Обично дете се лаже...
-Ајде да миеме заби. -Не сакам. -Ама утре ќе ти купам чоколадо,ако ги измиеш. И оп четката во раце,па утре и ќе заборави на муабетот. Е нашиве си сакаат чоколадо. Изедоа едно со знамето,и малце им е. Убава порака до сите нас кога апаши може слободно да си шетаат ради повисоки цели.Само што тоа му била целта некој нов тип на мерцедес да не избација,па да им одговара така велелепно со мантијата Го гледаш чиниш Бог на земја се симнал. |
||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па и не баш, дури и тогаш кога имаме притисок сето тоа е завиткано како добар компромис.
Ова не е интерес, уцена е. Ако сакате да ви помогнеме (а не очекувајте голема помош затоа што ставот е прилично јасен), тогаш пуштете го Вранишковски. За возврат ќе ја уцениме и СПЦ со нешто...валкано. Ама добро викаш, да сме живи да дочекаме и тоа чудо да го видиме.
|
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не се работи за притисиок, туку за интерес… на МПЦ. До вчера Враношковски го правеа ѓавол кој мора да се осуди, а од денес се бара милост да се ослободи… бидеjќи Руската Црква ветила оти ќе се ангажира кај Српската Црква да го омекни нејзиниот став кон МПЦ. Уште тоа да го видиме. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
http://telma.com.mk/vesti/mpc-pobara-milost-za-vranishkovski
Секогаш под притисок ли ќе бидеме?! Македонската православна црква побара од властите милост за поранешниот митрополит Јован Вранишковски. Заклучокот е донесен на вонредната седница на Светиот архиерејски синод, одржана веднаш по завчерашната средба на поглаварот, господин господин Стефан со рускиот митрополит, господин Иларион.
|
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
МПЦ ПОБАРА МИЛОСТ ЗА ЈОВАН ВРАНИШКОСКИ ЗАРАДИ ПОВИСОКИТЕ ЦЕЛИ СЕДНИЦА НА СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД Посетата на рускиот митрополит дава резултати, МПЦ-ОА побара милост за ВранишковскиМилост за затворениот поранешен митрополит Јован Вранишковски за обновување и успешно реализирање на дијалогот меѓу МПЦ-ОА и Српската православна црква. Ова е заклучокот од вонредната седница на Светиот архиерејски синод (САС) на МПЦ-ОА по иницијативата на Руската православна црква и средбите на рускиот митрополит Иларион со поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и македонскиот претседател и премиер Ѓирге Иванов и Никола Груевски. И сега што треба да докажи нашата држава, дека е маша на МПЦ, па со полицијата ќе апси по нејзино барање и судството ќе суди или ослободува според нејзините интереси и цели ? Стара вистина е дека уште од Константина институцијализираната вера и власта се легнати во ист кревет. Денешнава позиција има можост тоа да го потврди или да го негира. „САС на МПЦ-ОА служејќи му на Бога, кој преку светиот пророк Осија вели: Јас повеќе сакам милост, отколку жртва, (Ос.6,6) и потсетувајќи се на зборовите на Спасителот „одете и научете се што значи: Милост сакам, а не жртва“ (Матеј 9,13), раководен од духот на човекољубието, а заради повисоки цели, ги повикува надлежните власти на Република Македонија за милост во однос на затворениот поранешен митрополит Јован, кој и покрај престапите поради кои е осуден и одлежува затворска казна, во овие свети предбожиќни денови, не треба да биде лишен од надежта за милосрдие“, соопшти МПЦ-ОА. А каде беше МПЦ-ОА да се јави со овиј цитат кога Вранишковски беше упасен? Зошто тогаш не рекоа дека сакат повеќе милост отколку жртва наместо да фрлаа со дрвја и камења барајќи соодветна законска казна зa осудениот ??? Изменето од Messenger - 22.Декември.2014 во 19:17 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
teodul
Сениор Регистриран: 05.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 190 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
но неговата сопруга беше болна Јас знам за законот дека при договор на двајцата сопружници со кој некој ке се замонаши а другиот ке даде отпуст но не го знам точно и дословно но јас само сакав да напомнам без да дискутирам за господин Михаил ништо лошо дека Вранишкоски е една мала ситница во бељите кои се случуваат околу М.П.Ц. а тој си го обра Бостанот. |
||
Кој има уши нека чуе кој има очи нека виде.
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не си во право за црковниот закон. Дозволено е еден од сопружниците да стапи в манастир ако добие согласност за тоа од брачниот другар, во пропишана форма, односно писмено. Тоа е пропис кој постои и во римското право, односно правото во времето на Јустинијан. Архиепископот Михаил пред да стане Архиепископ беше Епископ, а подоцна стана Архиепископ. Нему тоа писмо му било потребно уште пред да стане Епископ, а не Архиепископ. |
||
teodul
Сениор Регистриран: 05.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 190 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За неговото свештенодејствување пак, говори фактот што поради тоа што не се согласи со комунистичките формулации на Црковно-народниот собор во Скопје, беше осуден на пет години тешка робија во Идризово и Отешево. Не би сакал да ја расипувам темата и да говорам низ што се поминал, тоа го знам од прва рака, заедно отслужуваше казна затвор со на тетин на мојата баба, а подоцна беа префрлени во Преспа, за да ја градат вилата на Јосип Броз Тито. Подоцна повторно се врати во свештенството, а и, ќе потсетам, не сакаше да се откаже од Црквата и кога доби понуда да биде Претседател на Република Македонија.
Македон нека на Архиепископот Михаил му е лесна земја , со дискусијава не го навредувам ами кажувам нешто што некако не се кажува а Јован за се е крив. Само оклу развенчалното писмо на неговата сопруга Па нели беже болна од тешка болест , нели беше сместена во Герантолошки центар Скопје , нели во Црковниот закон нема разрвенчување ( освен при невера ) , ина крајот тој како ја остави жената своја со која требаше да делат и добро и зло во нејзините последни денови од животот ,а се вели што Бог врзал на небото никој не може да одврзи на земјата ... Да не тргаме од лични представи ами од фактички ситуации |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На ова не можев да премолчам никако. Архиепископот Михаил доби разводно писмо од својата жена, онака како што требаше, уште пред да стане Епископ, тој ги исполни сите барања кои беа потребни за да стане Епископ. За неговото свештенодејствување пак, говори фактот што поради тоа што не се согласи со комунистичките формулации на Црковно-народниот собор во Скопје, беше осуден на пет години тешка робија во Идризово и Отешево. Не би сакал да ја расипувам темата и да говорам низ што се поминал, тоа го знам од прва рака, заедно отслужуваше казна затвор со на тетин на мојата баба, а подоцна беа префрлени во Преспа, за да ја градат вилата на Јосип Броз Тито. Подоцна повторно се врати во свештенството, а и, ќе потсетам, не сакаше да се откаже од Црквата и кога доби понуда да биде Претседател на Република Македонија. Во однос на Нишкиот договор, тоа не е процедура за признавање на МПЦ и неизменување на фактичката состојба, освен можеби ако за некого менување на името и статусот е неизменување на фактичката состојба. Изменето од Македон - 19.Септември.2010 во 18:28 |
||
teodul
Сениор Регистриран: 05.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 190 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Според темата која е назначена и текот на разговорот се се направи кркамба. НЕ СУМ ЧЛЕН НА ВРАНИШКОВСКАТА ГРУПА но во многу делови од превртувањата кои настанаа човекот не е крив.За да се разреши спорот со двете цркви МПЦ и СПЦ се реши мегу Црквенодостојниците од двете држави да се направи една папиролошка документативна процедура без измени во практиката и за краток временски рок се признае МПЦ од СПЦ паралелно и од сите православни цркви во светот и да добие афтокефалност ( не самозададена ) Тоа беше ако се секавате Нишкиот договор , но некој од политички цели збуцна оти во документацијата ке стоеше благослов од СПЦ за МПЦ да се оддели и да добие афтокефалност , а тоа за некој значеше предавство
Е на тој договор се потпишаа многу Македонски Владици мегу кои и Јован . Арно ама под политички притисок сите рекоја ту ту неважи а Јован остана доследен , И сега како да се турне се почна со економска државна хајка ( можеби има вистина и во тоа не велам не ) . Арно ма никаде ги нема хајките за ИЗГРЕВ , РАЗНИ РАБОТИ ОД ПЕЛАГОНИСКАТА ЕПАРХИЈА , БОГ ДА ГО ПРОСТИ Г.Г. МИХАИЛ КОЈ КАКО ЖЕНЕТ СТАНУВА АРХИЕПИСКОП .................... и да не набројувам. Си ја сакам својата Православна вера и ја исповедам , но не можам да бидам слеп при вид нити глув при слух. Затоа нека Бог ни помогни зошто вакви Пастири - - Црковнодостојници повеке гледаат за земното одколку за Небесното. |
||
Внеси реплика | страница <1 23456 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |