|
Научни вести |
Внеси реплика | страница <1 23456 14> |
Автор | |
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Откриен нов астероид околу Нептун
Астрономите открија нов објект во регионот на орбитата на Нептун. Објектот, кој ја носи ознаката 2008 LC 18 е тројански астероид, што значи дека ја дели орбитата на некоја планета, во овој случај Нептун, и е лоциран во една од двете Лагранжови точки на стабилност долж орбитата. Кај Нептун, веќе беа познати шест астероиди во регионот на точката L4, но овој објект е првиот астероид откриен во регионот на Нептуновата L5 точка. Астероидот е откриен од тим од Институтот Карнеги, предводен од Скот Шепард (Scott Sheppard), кој при набљудувањата користел нова техника со која се блокира заднинската светлина што потекнува од галактичката рамнина и на тој начин полесно се набљудуваат помалите објекти во околината на надворешните планети од Сончевиот систем. Според проценките, новооткриениот астероид има дијаметар од околу 100 километри, а во Нептуновиот L5 регион може да има и до 150 други објекти со слични димензии. Досега се откриени толку мал број од овие тела затоа што тие се многу бледи и многу далеку од Земјата. Регионите L4 и L5 се области во орбитата на некоја планета на растојание од 60° пред и зад планетата, соодветно. За разлика од другите три Лагранжови точки, овие две се значително постабилни, па правта и другите објекти кои може да ја следат планетата се собираат во тие два региони. L5 регионот на Нептун е доста тежок за набљудување, затоа што се наоѓа во линијата на погледот во близина на галактичкиот центар. За сега, Јупитер има најголем број на познати Тројанци – 4.076 (од февруари 2010). |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пи на пет трилиони децимали?!?!
eehh,...valjda nekoj mu gi proveril,..site decimali... Изменето од brza - 01.Септември.2010 во 13:37 |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто има живот на Земјата?
|
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mozebi nekoj "ruchka" nesto tamu...
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ферми откри енергетски светлински сигнал
Светлинскиот сигнал 3C 454.3, сјаен извор на гама зраци од галаксија која е 7 милијарди светлински години далеку од нас, неодамна стана уште посјаен. Набљудувањата направени со телескопот за гама зраци Ферми потврдија дека од 15 септември 2009 година кај овој светлински објект значително е зголемено емитувањето на гама зраци (за околку 10 пати повеќе од претходните мерења), со што овој објект стана најсветол извор на гама зраци на небото. Споредба на сликите од Ферми, направени на 3 ноември и 2 декември 2009 година, на кои се забележува осветлувањето на објектот 3C 454.3 3C 454.3 е светлински сигнал, објект т.н. блејзер (анг. blazer - не како палтото, туку како објект кој зрачи со интензивна светлина и се наоѓа во центарот на активни галаксии), кој всушност претставува млаз од енергетски честички кои се создадени од супермасивната црна дупка во центарот на галаксијата. Се смета дека повеќето галаксии во својот центар имаат супермасивни црни дупки, кои како што ја впиваат материјата од акрециониот диск кој ги опкружува може да создадат млазеви светлина и енергија во фантастични количини. Во случајот на 3C 454.3, еден од овие млазеви е насочен кон Земјата, па затоа може да го видиме и проучуваме. Овој објект почнал да сјае и повеќе од пулсарот Вела (Vela) кој, со оглед на тоа што од нас е оддалечен само 1.000 светлински години, е најсветлиот извор на гама зраци на небото. Но, сега 3C 454.3 е скоро два пати посјаен од Вела во спектарот на гама зраците, иако е дури 7 милиони пати подалеку од Земјата. Исто така, 3C 454.3 значително сјае и во спектарот на инфрацрвените зраци, рентген зраците, радио зраците и видливата светлина. Ова не е прв пат светлинскиот сигнал да покаже зголемување во интензитетот на светлината - забележан е скок во сјајот во мај 2005 и повторно во јули и август 2007. Д-р Ерин Велс Бонинг (Dr. Erin Wells Bonning) од Центарот за астрономија и астрофизика при Јејл (Yale Center for Astronomy and Astrophysics) за ова вели: „Во 2005 објектот достигна 12-та магнитуда преку црвен филтер (R-band). Најголемата магнитуда која ја регистриравме сега е 13,83, што значи дека сè уште не е достигната сјајноста од 2005 година (помал сјај за фактор околу 5). На 19 јули 2007 достигна R-band магнитуда 13, повторно не толку сјаен како во 2005 година, но сепак посјаен од сега. Во 2005 не постоеа инструменти за гама зраци за набљудување на 3C 454.3, но блесокот во 2007 година беше набљудуван од AGILE со променливост над 100 MeV од 3+- 1 * 10^-6 cts/s/cm^s. Мерењата на Ферми и AGILE од 2 и 3 декември 2009 се за 6 до 9 пати повисоки. Интересно е тоа што, иако оптички објектот не е сјаен како во 2007, доста е посјаен во спектарот на гама зраците.“ Телескопот за гама зраци ФЕРМИ (претходно познат под називот GLAST) следи повеќе извори на гама зраци на небото. 3C 454.3 е само еден од десетте најсјајни извори на гама зраци кои се видливи за сателитот. Иако објектот 3C 454.3 не е најсјајниот извор на гама зраци набљудуван од телескопите Свифт и Ферми, сепак во моментов е најпостојан сјаен извор на небото. Бонинг вели дека „и покрај тоа што изливите на гама зраци (Gamma Ray Bursts) и блејзерите се енергетски сигнали насочени кон нас, Лоренцовиот фактор (брзината на честичките во млазот) кај изливите на гама зраци е многу повисок од оној кај блејзерите, заради што тие изгледаат посјајни како резултат на специјалните релативистички ефекти“. Набљудувањата на 3C 454.3 продолжуваат во сите бранови должини со цел да се регистрира светлинската крива на настанот и подобро се разберат периодичните блесоци во сјајот. Бонинг вели: „Изворот е релативно пасивен откако се појави од зад Сонцето и почна да го зголемува сјајот околу крајот на јули 2009. Потоа навлезе во сјаен период со доста брза варијабилност на сјајот и достигнување на врвот на секои 20 дена. Најскорешниот интензивен блесок започна кон крајот на ноември. Од 21 ноември 3C 454.3 го зголеми сјајот за фактор 3 и во оптичкиот и во инфрацрвениот дел од спектарот. Слично, и флуксот на гама зраците се зголеми за фактор 3 во опсегот 0,1-300 GeV во истиот период“. Причината за наизменичните блесоци во сјајот на 3C 454.3 и другите слични објекти на небото сè уште е мистерија, но овој најнов настан ќе им даде на астрономите подобри податоци за откривање на можната причина. За потенцијалната причина Бонинг вели: „Ова е поле на интензивни истражувања. Постојат бројни модели и можно е некои честички во определени региони на млазот да се возбудени или млазот можеби поминува во близина на нашето видно поле. Или, пак, постои друго објаснување.“ Повеќе телескопи во светот веќе се насочени кон овој блесок. Овие објекти зрачат во повеќе бранови должини, па 3C 454.3 е набљудуван од повеќе различни телескопи: покрај Ферми, и италијанскиот сателит AGILE го набљудува објектот во спектарот на гама зраците, телескопот Swift започна со набљудување на почетокот на декември, а мониторинг групата од Универзитетот во Бостон на чело со Алан Маршер (Alan Marscher) го набљудува објектот со VLBA (радио; 13GHz). Исто така, постои и радиоастрономска група во Мичиген, која набљудува со VLBA, како и група предводена од Јури Ковалев (Yuri Kovalev) од Институтот „Макс Планк“ во Германија. |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дожд од метеори ќе го осветли небото
На небото ќе се види единствена појава која астрономите ја нарекуваат Персеиди - метеорски дожд. Појавата трае повеќе од една недела, а оваа година врвот ќе го достигне ноќта помеѓу 12-ти и 13-ти август, кога максимално, во еден час од ноќта, на небото ќе може да се видат стотина метеори. Станува збор за остатоци од кометата Swift-Tuttle, откриена 1862 година, видливи секоја година кога Земјата поминува низ остатокот од опашката на кометата. Астрономите објаснуваат дека Земјата тогаш влегува во облак од прашина и гасови, па тие честички се судираат со атмосферата на нашата планета во брзина од 200 илјади километри на саат и додека горат оставаат светлосни траги на небото. |
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РОБОТ ЌЕ ГИ РЕШАВА МИСТЕРИИТЕ НА КЕОПСОВАТА ПИРАМИДАПо 4.500 години постоење на Големата пирамида во Гиза, се уште не е познато што се крие зад двете камени врати што се наоѓаат длабоко во нејзината внатрешност. Долга низа години Големата пирамида, поточно пирамидата на фараонот Кеопс, со својата мистериозност ги привлекуваше, фасцинираше и фрустрираше многумината кои сакаа да ги откријат нејзините тајни. Пирамидата е изградена по наредба на фараонот Кеопс, пред 2.500 години п.н.е. Во срцето на пирамидата се наоѓаат две простории што претставуваат одаи на фараонот и неговата кралица.
Тим од универзитетот во Лидс, што соработува со египетскиот Врховен совет за антиквитети, подготвува робот што ќе треба да ја реши една од најстафрите мистерии во светот.
Двата тунела, што под агол од 45 степени се издигаат над одајата на фараонот водат надвор од пирамидата и за нив се верува дека се направени за да може душата на фараонот да стигне до ѕвездите.
Во 1992 година истражувачите се обидоа да провлечат камера низ тунелите, но по 60 метри камерата беше блокирана од камена врата со две бакарни рачки. Со натамошни истражувања и бушења, во 2002 година, е откриена уште една врата, 20-тина сантиметри оддалечена од првата. |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сончевата бура направи фантастично светлосно шоу
Жителите
на северната хемисфера утрово имаа шанса да видат ретка глетка кога
сончевата бура продолжила со масивна ерупција на површината на Сонцето
која што заблеска на некои делови од Земјата. Магнетската радијација предизвика преубаво светлосно шоу, јавува Fox
News. Во вселената се исфрлени 10 милијарди тони плазма, која до Земјата
патувала три ипол дена. Еден од канадските фотографи имаше шанса да го забележи овој несекојдневен настан. - Отсекогаш сонував да видам аурора. Синоќа конечно успеав, изјави Оливие Ду Тре. Драматични аурори можеа да се видат во Данска, Норвешка, Германија, Грендалнд и долж северниот дел на САД и Канада. Научниците од НАСА соопштија дека сонцето eруптирало не еднаш, туку веќе четири пати. Бурата не е опасна по луѓето, бидејќи Земјата е заштитена со нејзиното магнетско поле, па радијацијата се апсорбира во атмосферата. Сепак, штетата би можела да биде нанесена на сателитите кои
орбитираат околу Земјата, како и на астронаутите во Меѓународната
вселенска станица (ISS). Портпаролот на НАСА, Вилијам П Џефрис истакнува дека според неговите проценки, скоро е неможно соларната бура да предизвика евакуација на станицата. |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поларната светлина ќе се гледа ширум светот
Жителите ширум планетата во наредните неколку дена може во текот на ноќта да ја видат поларната светлина. Причината за ваквата појава се двете мали бури на Сонцето кои блеснаа во неделата, праќајќи илјадници тони сончева плазма право кон земјата. Научниците велат дека жителите на американските држави од Мејн до Мичиген и кон северот може да забележат необична ноќна светлина на северниот дел на небото. Географската ширина на Мејн е 44 степени северна ширина, а на Мичиген е 43 степени. Географската ширина на Македонија е меѓу 40º 50' и 42º 20'. Обично поларната светлина Aurora Borealis се гледа само во пределите во близина на Северниот пол, а изгледа како брзо променливи снопови со црвена и зелена боја како минуваат низ небото. Сепак, бурите на Сонцето може да ги пратат и појужно. Американскиот центар за прогноза на времето во Вселената во Колорадо вели дека плазмата ќе стигне на Земјата веројатно вечерва или во среда пред зората. Помалите бури на Сонцето, какви што беа забележани во неделата не претставуваат закана за сателитите и за електро-мрежата. |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Предвидувањата за земјата
|
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пронајден брод кој во Артикот бил заглавен 150 години
Канадските археолози го пронајдоа бродот „HMS Investigator“ кој пред повеќе од 150 години се изгубил во потрага за експедицијата на сер. Џон Френклин во легендарниот Северозападен премин. Бродот се заглавил во мраз во 1853-та години, а истражувачите го пронашле во заливот на канадскиот дел на западниот Артик. „Investigator“ бил еден од многуте американски и британски бродови кои биле пратени за потрага на HMS „Erebus“ и „Terror“, а кои биле под заповедништво на сер Френклин во неговата несреќна потрага по Северозападниот премин во 1845-тата година. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фосилизирани остатоци пронајдени на Марс
При истражувањата на пространствата на планетата Марс научниците пронајдоа карпи за кои се верува дека содржат фосилизирани остатоци од некогашни живи суштества, јавува BBC. Тимот предводен од научниците од Калифорнискиот институт за пронаоѓање на вонземски цивилизации (Seti) објавува дека хидротемални процеси се исти како и на земјата кои ги зачувале остатоците на животот на Марс во неговата област позната како Nili Fossae. - Со ова добиваме увид во тоа што се случувало во првите фази од настанувањето на Земјата, вели Браун кој додава: Само живот може да формира вакви облици, а не геолошките процеси. |
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Опасен астероид ќе ја погоди земјата во 2182. година?
Шпанските
научници утврдија дека астероидот наречен 1999 РЉ 36 има веројатност да
удри во Земјата од еден спрема 1000, а ако тоа се случи најверојатно ќе
биде во 2182. година. Тие користејќи математички модели го пресметаа ризикот дека
астероидот ќе удри во земјата до 2200. година. Двата математички модели
кои се користени покажале дека веројатно тоа ќе се случи во 2182.
година. Деталите од истражувањето се објавени во списанието „Икарус“. |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НАСА пронајде 140 нови планети слични на Земјата
Вселенскиот
телескоп Kepler, пратен во вселената пред само шест дена, пронајде нови
140 планети слични на Земјата, што ја поттикна надежта дека постојат
светови слични на нашиот. Мисијата на масивниот телескоп е тој да пронајде планети слични на
Земјата, кои орбитираат околу другите ѕвезди. Со камера од 95 пиксели,
Kepler ги снима и ги анализира планетите. Новите резултати се спротивни од раните теории кои тврдат дека мали планети слични на Земјата се многу ретки. - Процените укажуваат на тоа дека нашата галаксија, Млечен Пат, содржи 100 милиони планети на кои е можен живот. Нашиот мал телескоп во следните две години ќе може да ги пронајде најмалите 60. Има тука уште многу работа, но статистичките резултати се јасни и гласни, а тие кажуваат дека планети како Земјата навистина постојат, изјави за CNN, астрономот Димитар Саселов, професор на Харвард. |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Внеси реплика | страница <1 23456 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |