IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Александар Валентинович Амфитеатров
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Александар Валентинович Амфитеатров

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
Автор
Порака Обратен редослед
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 14:14
Во однос македонскиот народ, Амфитеатров е првично со бугарофилска логика добиена од дотогашните пишувања на други автори.

Неговата величина е што тоа го надминува по посетите на Македонија, движејќи се среде македонскиот народ и неговите грабачи, ја согледува сета вистина.
- Веднаш пишува за истото и еднакво ги негира како српските така и бугарските, црногорските или други слични теории за македонскиот народ, а за грчките не сака ниту да разговара и само попатно ги спомнува.

- По нападите од Русите-бугарофили и Бугарите, Амфитеатров се жали: “Бугарите ме напаѓаат дека сум поткупен од Србите, а некои и поради тоа што тие не ме поткупиле“. Бугарофилската репутација ја губи кога на лице место во Македонија се уверува во вистината, но дека не е ниту српски поддржувач се гледа во неговиот заклучок: “Македонците не се ни Срби, ни Бугари“.

- Неговото уверување во македонската посебност најдобро се огледа низ фазите низ кои минуваше по секоја посета на Македонија. Ако од првото патување, срамежливо се наѕира македонската посебност, по неговото второ, трето и четврто патување, тие се на најсилен начин изразени.

- По првото соочување со Македонците тој пишува:

“Основното население на Македонија, претставува за себе неопределена народност за која со увереност може да се каже само тоа дека таа без сомнение е чисто словенска. Србите ја сметаат оваа народност за српска, Бугарите за – бугарска. Претензиите и на едната и на другата се рамно без основа во смисла на националните претензии и рамно имаат основа по силата на културното и политичкото влијание“.

- По второто патување и конкретно за вистинските носители на пропагандата веќе пишува:

“За да стане Македонија бугарска, требало да се побугарат Македонците. И ете по бугарско-српската војна од 1885 год., најтешки сили и значителни жртви на бугарскиот државен организам се насочени кон бугаризација на Македонските Словени. Бугарскиот агент – свештеник, учителот, комитата, четникот – стануваат тајна влада на земјата и некакава нејзина душа“.

- Не случајно за оваа пропагандна фаза кога и од надвор пишувачи заради бугарската егзахија како единствена црковна управа, доаѓаат до погрешни тези, Амфитеатров за П.Миљуков ќе запише:

“Посетувајќи ја Македонија во 90 -тите, гледал врз неа премногу со бугарски очила и како што се вели набрзина ги прогласи сите Македонци за крвни Бугари. Но неговата ГРЕШКА може да се смета за добросвесна, тој ја затекнал Македонија толку длабоко побугарена што не е чудно што облеката ја примил како тело, културата за народност“.

- И за да на најефективен начин ја разјасни оваа забуна кај надворешните фактори, а свесно ширена од пропагандите, Амфитеатров маестрално завршува во текстот “Македонија и младотурците” (1913 год.) со следниот заклучок:

“Оние што ја читале мојата “Земја на раздорот”, го знаат мојот поглед врз Македонците. Тоа не се Срби, ни Бугари туку првобитен словенски народ, со прост основен јазик кој во поголем степен е способен да се потчини на каква годе форма што ќе му ја предложи друга, повлијателна и поразвиена словенска култура.

Македонци-Бугари има таму каде што се зацврстиле бугарското училиште и црква и Срби има таму каде што писменоста е во рацете на Србите. Со исто удопство тие можеле да се претворат, под образовно-религиозни и трговски влијанија, во Малоруси, Великоруси, Полјаци. Нивниот јазик е растопен метал кој лесно се прелева во секава родбинска форма. НО - родбинска! И ете токму во тоа во племенското родство е главниот услов што ја врти сега Македонија во борбата меѓу Словените и што го уништи во неа влијанието на Грците“.

- Острото око и аналитички ум од Амфитеатров, најдобро уочуваат но и разбиваат пропагандите при злоупотребите на сличноста од јазиците кои патем речено и кај нив се дојдени од Македонија. Уште од оние кои го раширија СЛОВОТО Св.Кирил и Методиј, тие се по-СЛОВЕНИ-ја или денес кажано со ПИСМО се о-ПИСМЕНИ-ја.

- Со логиката на Амфитеатров можат и други родбински јазици и народи да се согледуваат (Американците и Англичаните, Англичаните и Австралијанците, Канаѓаните и.т.н а и да не зборуваме за колонијалните народи кои се од друга група народи но со англиски наметнат јазик). Токму во оваа е силината на Амфитеатров, во компаративната анализа како во случајов со Македонците, Русите, Полјаците и др.

- Во овој контекст тој руши уште една пропагандна трулост како кај бугарско-српските пропагандисти така и кај грчките кога се користат со правото над Мaкедонија со владеења на цареви во различни периоди. Особено е важно што тоа го прави во мигот кога ги разбива грчките тези за “древните права” над Македонија.

- Компарирајќи дава пример со 6 вековното владеење на Англичаните над Франција и оваа пропагандна логика која ја исмева до крај пишувајќи:

“Англиските кралеви своевремено владееле над Франција и еден од нив дури бил крунисан во Париз. НО НЕМА АНГЛИЧАНЕЦ ТОЛКУ БЕЗУМЕН кој врз таа шест вековна основа, го смета Париз за британски град и во Претседателот Фалер да гледа не друго, освен узурпатор и предавник на Ланкастерскиот дом“.

- Амфитеатров е големо име за македонскиот народ и потребно е понатамошно истражување на неговото дело зашто само делумно е истражено. Во Македонија се знае мал дел кај Цветан Станоевски и “Како ја видоа Македонија” (“Македонска книга”, Скопје, 1978 год.). Покрај тоа сега за прв пат се објавуваат и делови испратени од наши Македонци во Санк Петербург, кои истражуваа во тамошната библиотека. Како ќе се добиваат нови материјали од таму, ќе бидат поставувани на странава.

Превземено од Македониум
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 14:09


Изменето од Каснакоски - 06.Јануари.2010 во 14:12
Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 12:37
Originally posted by чоли чоли напиша:

Кото четам биографичната справка односно Амфитеатров видим што ништо не е упоменато за неговиот "македонскиот период". Значи тоj е писал между другото по таа тема. Дали може да се каже што е експерт по македонскиот вопрос само со 2-3 визити по една-две седмици? Неее.... Изказал е личното си мнение, но тоа мнение е на лаик.


Човекот бил во Македонија , чинам дека немал интерес он да биде барјакар на руската политика туку дека онака , без бреме ги согледал некои работи .

Ама апсолитно не ми текнува зашто ми стана интересен , многу ми е криво поради тоа , многу .

Ми текна :

      Страна раздора: Балканскія впечатлѣнія

Еден цитат :

Во 1909 година, на четвртата посета на Македонија како дописник за руски весници неколку познати романсиер A. Амфитеатаров (1862-1938). Во книгата "Словенски тага" [38], тој речиси и се повтори на наодите од претходно, патни забележува, "Земја на раздорот [39]:"Македонците - дека ниту Бугари ниту Срби, туку на примитивни словенски народ, со едноставна корен во висините мерка може да поднесе каква било форма, дека ги прашува на друга, повлијателен и елаборирана од словенската култура "[38: 246>.

Ова би требало да се пастира и во темата за Мисирков , затоа што книгата на Мисирков е издадена истата година , 1903 , тезите се исти и.т.н.



Изменето од eptendosadno - 06.Јануари.2010 во 13:14
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 06:31
Кога ја читам биографичната справка за Амфитеатров гледам дека ништо не е спомнато за неговиот "македонски период". Значи тоj пишувал меѓу другото на таа тема. Дали може да се каже дека е експерт по македонското прашање само со 2-3 посети по една-две седмици? Неее....Го изкажал личното мнение, но тоа мнение е на лаик.

Изменето од Македон - 06.Јануари.2010 во 14:25
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 00:00
Да , многу интересна фигура за своето време Но не ми текнува каде се го имам сретнато , во кои комбинации , кои дела , кои ставови , го запаметив по интересното презиме .

Ова може да биде добра тема
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:46
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

По неговиот втор престој во Македонија, Амфитеатров ќе запише:

    „За да стане Македонија бугарска, требало да се побугарат Македонците. И ете, по Бугарско-српската војна од 1885 г., најтешки сили и значителни жртви на бугарскиот државен организам се насочени кон бугаризација на Македонските Словени. Бугарскиот агент - свештеникот, учителот, комитата, четникот - станува тајна влада на земјата и некаква нејзина душа“.


Бугарскиот агент - свештеникот, учителот, комитата, четникот - станува тајна влада на земјата и некаква нејзина душа“.

Да разбираме дека сложувајќи се со Амфитеатров ќе се откажеш од КОМИТАТА И ЧЕТНИКОТ???

Сега Македон ќе рече дека Русинот мисли на врховистите, ама пак нема да биде во право.
А ти ќе бидиш во право Зборот му е за луѓето кој се ставили во служба,не вели сите.А има и интервју со Сарафов
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:43
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

По неговиот втор престој во Македонија, Амфитеатров ќе запише:

    „За да стане Македонија бугарска, требало да се побугарат Македонците. И ете, по Бугарско-српската војна од 1885 г., најтешки сили и значителни жртви на бугарскиот државен организам се насочени кон бугаризација на Македонските Словени. Бугарскиот агент - свештеникот, учителот, комитата, четникот - станува тајна влада на земјата и некаква нејзина душа“.


Бугарскиот агент - свештеникот, учителот, комитата, четникот - станува тајна влада на земјата и некаква нејзина душа“.

Да разбираме дека сложувајќи се со Амфитеатров ќе се откажеш од КОМИТАТА И ЧЕТНИКОТ???

Сега Македон ќе рече дека Русинот мисли на врховистите, ама пак нема да биде во право.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:36
Компарирајќи дава пример со 6 вековното владеење на Англичаните над Франција и оваа пропагандна логика која ја исмева до крај пишувајќи:

“Англиските кралеви своевремено владееле над Франција и еден од нив дури бил крунисан во Париз. НО НЕМА АНГЛИЧАНЕЦ ТОЛКУ БЕЗУМЕН кој врз таа шест вековна основа, го смета Париз за британски град и во Претседателот Фалер да гледа не друго, освен узурпатор и предавник на Ланкастерскиот дом“.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:36
Амфитеатров маестрално завршува во текстот “Македонија и младотурците” (1913 год.) со следниот заклучок:

“Оние што ја читале мојата “Земја на раздорот”, го знаат мојот поглед врз Македонците. Тоа не се Срби, ни Бугари туку првобитен словенски народ, со прост основен јазик кој во поголем степен е способен да се потчини на каква годе форма што ќе му ја предложи друга, повлијателна и поразвиена словенска култура.

Македонци-Бугари има таму каде што се зацврстиле бугарското училиште и црква и Срби има таму каде што писменоста е во рацете на Србите. Со исто удопство тие можеле да се претворат, под образовно-религиозни и трговски влијанија, во Малоруси, Великоруси, Полјаци. Нивниот јазик е растопен метал кој лесно се прелева во секава родбинска форма. НО - родбинска! И ете токму во тоа во племенското родство е главниот услов што ја врти сега Македонија во борбата меѓу Словените и што го уништи во неа влијанието на Грците“.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:35
Амфитеатров за П.Миљуков ќе запише:

“Посетувајќи ја Македонија во 90 -тите, гледал врз неа премногу со бугарски очила и како што се вели набрзина ги прогласи сите Македонци за крвни Бугари. Но неговата ГРЕШКА може да се смета за добросвесна, тој ја затекнал Македонија толку длабоко побугарена што не е чудно што облеката ја примил како тело, културата за народност“.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:34
По нападите од Русите-бугарофили и Бугарите, Амфитеатров се жали: “Бугарите ме напаѓаат дека сум поткупен од Србите, а некои и поради тоа што тие не ме поткупиле“. Бугарофилската репутација ја губи кога на лице место во Македонија се уверува во вистината, но дека не е ниту српски поддржувач се гледа во неговиот заклучок: “Македонците не се ни Срби, ни Бугари“.


- По првото соочување со Македонците тој пишува:

“Основното население на Македонија, претставува за себе неопределена народност за која со увереност може да се каже само тоа дека таа без сомнение е чисто словенска. Србите ја сметаат оваа народност за српска, Бугарите за – бугарска. Претензиите и на едната и на другата се рамно без основа во смисла на националните претензии и рамно имаат основа по силата на културното и политичкото влијание“.

- По второто патување и конкретно за вистинските носители на пропагандата веќе пишува:

“За да стане Македонија бугарска, требало да се побугарат Македонците. И ете по бугарско-српската војна од 1885 год., најтешки сили и значителни жртви на бугарскиот државен организам се насочени кон бугаризација на Македонските Словени. Бугарскиот агент – свештеник, учителот, комитата, четникот – стануваат тајна влада на земјата и некакава нејзина душа“.

Изменето од mungos80 - 05.Јануари.2010 во 20:35
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:33
Амфитеатров престојувал и на Балканот. Тука доаѓал четири пати, и секој пат испраќал написи за руските весници. Подоцна, своите извештаи ги објавува и во посебни книги.

Во 1903 год. објавува две книги во кои зборува за личности и настани од Балканот. Во книгата „Земја на раздорот“, објавена две години по неговиот прв престој во Македонија, Амфитеатров дава свој поглед на настаните во Македонија, како и за Македонците:

    „Србите ја сметаат оваа народност за српска, Бугарите за бугарска. Претензиите и на едните и на другите се еднакво без основа во смисла на национални претензии и еднакво имаат основа по силата на културното и политичкото влијание...“

По неговиот втор престој во Македонија, Амфитеатров ќе запише:

    „За да стане Македонија бугарска, требало да се побугарат Македонците. И ете, по Бугарско-српската војна од 1885 г., најтешки сили и значителни жртви на бугарскиот државен организам се насочени кон бугаризација на Македонските Словени. Бугарскиот агент - свештеникот, учителот, комитата, четникот - станува тајна влада на земјата и некаква нејзина душа“.

Амфитеатров на своите патувања по Балканот се среќавал со секакви луѓе, од најпростиот селанец до врвните државници на балканските земји. Ослободен од секакво еднострано влијание и без предрасуди, тој имал можност да дојде до сознанија за проблемите во и околу Македонија:

    „Оние што ја читале мојата „Земја на раздорот“ го знаат мојот поглед врз Македонците. Тоа не се ни Срби, ни Бугари, туку првобитен словенски народ, со прост основен јазик кој во поголем степен е способен да се потчини на каква-годе форма што ќе му ја предложи друга, повлијателна и поразвиена словенска култура. Македонци - Бугари има таму каде што се зацврстила бугарската школа и црква, и Срби има таму каде што писменоста е во рацете на Србите. Со исто удопство тие би можеле да се претворат, под образовно-религиозно и трговско влијание, во Малоруси, Великоруси, Полјаци. Нивниот јазик е растопен метал, кој лесно се прелева во секаква роднинска форма. Но -роднинска. И ете, токму во тоа - во племенското родство - е главниот услов што ја врти сега Македонија во борбата меѓу Словените и што го уништи во неа влијанието на Грците.“

Ваквите отворени ставови, според кои Македонците се самостоен народ, колку близок толку подеднакво оддалечен и од Србите и од Бугарите, придонесле Амфитетаров да ги загуби своите српски и бугарски пријатели.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:33
тагатагатага
тага
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 20:32
Originally posted by ADVISOR ADVISOR напиша:

I sto napisal da vidime
А тоа не можи,треба да се помачите
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.