IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Тодор Александров - Македонија на Македонците
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Тодор Александров - Македонија на Македонците

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 15>
Автор
Порака Обратен редослед
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2012 во 18:46
Исто како и за да бе ,  овие текстови се политички текстови и за нив може да се дебатира на политика , затоа што тука е во прашање ставовите на Груевски , политиката на ДПМНЕ итн. Ова е подфорум Историја и на неа се разговара за историја.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2011 во 18:17
Една многу интересна работа која не е позната многу во Македонската историја а е забранета во Бугарската историја,имено по неколку годишното исчекување на Тодор Александров да Бугарскиот цар го исполни своето ветување кое го дава на Македонските револуционери за време на 1 светска војна и да прогласи автономна Македонија која под покровителство на големите сили би се обединила со вардарскиот и егејскиот дел Тодор Александров го праќа последниот ултиматум до владат и Бугарскиот цар за негово делување и исполнување на договорот.

Царот и Премиерот Бугарски во паника го признаваат Македонското малцинство и од страв на делување на Тодор Александров против државата се зближува со Сандански кој формира партија и пушта свои луѓе во Бугарскиот парламент тврдејки дека само на демократски начин Бугарија ке ја признае Автономна Македонија,но Александров кога дознал за тоа ги подигнал на оружје сите Македонски комити кои биле распоредени во Македонија (Вардарска, Егејска и Пиринска) – во еден натпис во весникот Илинден оваа општа мобилизација се опишува како второто Илинденско востание но било и повеке од тоа.

Александров вооружал и ставил на готовс 150 000 Македонски комити низ цела Македонија кои биле спремни на повикот „Слобода или Смрт“ да го дадат својот живот за Војводата Александров.Четите требале да се соберат на едно место за да тргнат на конечна битка за Македонија.

За четири дена го завземал Ќустендил,ги разоружал Бугарските полицајци и војска и ја осигурал границата на месноста Мал Завој кој гледал на Крива Паланка,Ќустендил го држел под власт цели 24 дена за кое време планирал напад и влез во Вардарска Македонија чекајки над 100 000 Македонски комити од цела Македонија.

Првите 35 000 комити ги распоредил околу градовите Паланка,Кратово и Куманово и се спремил за вооружена пресметка со Српската војска.5 000 Македонски комити оставил во Ќустендил а другите 12 000 од 17 000 кои го заземале Ќустендил ги повел во битка, но на излез од Ќустендил кај селото Ѓуешево, Бугарската војска координирана со Српската, која чекала од другата страна на границата, го сопрела на преговори.

Тодор Александров чекајки ги 100 000 комити од Егејска и Вардарска Македонија увидел дека е надброен и се сложил на преговори. Бугарската војска го оставила да се повлече од Ќустендил и да ги разоружа Македонските комити со цел да се почнат преговори за Автономна Обединета Македонија.
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2011 во 11:00
Писмо до началниците на Скопскиот Револуционерен Округ од 27.9.1911:





За Околискиот инструктор и пунктовите раководители во Скопскиот Револуционерен Округ

Познато ви е дека Италија објави војна на Турција. Турците турски не стојат и во моментов изјавувале дека се браќа со Бугарите, како ветувале понатаму да дадат рамноправност и сакале од Бугарите во градови и села «помош» во доброволци, коњи, пари и др., така што на Бугарите во Кочани наметнале помош 200 лири помош, а на бугарските села во Кочанско по 5-10-15 и повеќе лири, уште не е засушена крвта на убиените од Турци по градови и села во Хуриетските 1-2 години поранешни војводи, четници и селски раководители уште не се зајакнале раните од тепањето и мачењето при обезоружението, уште се свежи гробовите на обесени од Турците невини Бугари и на убиените од турските шаjки и аскерот овчари и патници, за да ги заборавиме и дадеме помош за најголемиот народен брат на петвековниот ни тиранин, се забранува под страв на најголема казна на сите членови на Организацијата да даваат какви било помош на Турците, не треба да им се даваат ни доброволци, ни пари, ни испратени коњи и др. работи, мора да забегват и регрути ако почнат сега да ги собираат, ако Турците се обидат насила да собираат пари, коњи, и тн, треба да се даваат ............. и телеграми до валии и министерства, да се прават жалби и до чуждостранните конзулати, трошоците за тоа може да се даваат од селските или пунктови каси.
Обврзуваат се селските раководители и војводи да го следат спроведувањето на горната наредба.

27 / 9 911г.        Со поздрав Т. Александров

--------
Грешките во пунктоациjата се нарочно зачувани за поголема автентичност.



Изменето од lav4eto - 23.Февруари.2011 во 17:32
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2011 во 11:25
Окружно броj 10 на Струмскиот Револуционерен Округ од 19.10.1911г:





                                                Браќа,
Како што знаете Италија отвори војна на Турција, со оваа војна се покажа на целиот свет, па и на оние од нашите, кои до вчера поддржуваа во народот убежедение дека Европа во Турција, дека насила, зошто да работиме и други слични, сега велат стана јасно како бел ден дека работите во Турција тргнаа по стариот пат, и дека Европа повторно се вмеша и не само се зафати со нас во таа војна. Добредојдена, сега треба да го искористиме моментот и да побараме од Европа да се отвори и нашето Македонско прашање, ако пропуштиме и овој момент ние ќе бидеме најголемите глупци и проклинати од генерациите, за таа цел Централниот Комитет на Организацијата издаде еден Меморандум до Европските влади како и до Бугарскиот Цар и др. Влади, во кој им рече дека организирано ќе почне да дејствува ако не ни се реши и нашето прашање, освен тоа скоро сите земји, кои се околу Турција се подготвуваат за војна и огнот може секој момент да се запали, затоа главниот комитет меѓу другите прегледи кои прави за случајот ќе има следната наредба:
 
1.Колко оружје има да се доведе во состојба, а таму каде што нема к*ршуми, да се набават час поскоро, најмалку по 200 к*ршуми на пушка.
2.Да не се даваат никакви помошти на Турците било во пари или други слични како хр.и др.
3.На некои места Турците се обиделе да соберат двојни даноци, затоа такви да не се плаќаат.
4.Никакви доброволци од нашите другари да не се запишуваат.
5.Убавите коњи да се кријат и да не се запишуваат, како последица на сите горни наредби, Окружниот комитет испраќа оваа Окружно, како ви заповеда најстрого и наскоро да исполните горните наредби,   се наредува веднаш да се направат давачки за купување к*ршуми, другото оружје ќе се добие, ќе ви биде дадено благовремено, но сега веднаш да се достават к*ршуми на ваши средства за она што имате.
Проче напред Бог е со нас.
Долу раскапана Турција. Да живее слободата, да живее целокупна Бугарија

Од Окружниот комитет

-------
Сум зачувал оригиналната пунктоациjа во писмото.


Изменето од lav4eto - 21.Февруари.2011 во 11:29
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2011 во 09:08
Писмо на Тодор Александров до Христо Чернопеев од 1911 година:






Драги Чернопеев,
Денес ти напишав и инаку преку градот декларацијата била подготвена и неодамна ќе се испрати до весниците и преведе на француски до конзулите во Цариград; наскоро ќе ти испратам копија од окружните за внатре. Поради италијанско - турската војна ни се па
ѓа и ние да го сториме тоа што можеме, добро е да преземеме неколку напади врз железниците и во градовите; одличен случај беше Младотурскиот конгрес во Солун; една пеколна машина со часовник би можела да го одземе животот на повеќето големите наши непријатели. Тоа можеа да се помачат да го сторат некои
од ... Кукушко, но подоцна е веќе.

... Пожали ми се дека имаш потреба од интелигентни сили; сега има при мене 2-ма студенти- Христо Симеонов и Лесев. Првиот си знаел добро. Он е тука 2-3 месеци; согласен е да дојде кај тебе и да работи каде што го пратиш. Он може да земе Кукушко; запознаен е добро со динамитната уметност и може многу да ти услужи; штом се добие потврден одговор од тебе, веднаш ќе замине натаму во Радовишко. Ако ти е потребен, напиши и од која страна да се  упати, та да те најде скоро. Наскоро ќе да почне да излегува организациски весник, под редакторството ...

... На Крапчева, кој ќе го уредува за тебе бесплатно; седмичен ќе
биде. Турците тука речиси насила сакаа помош во пари, коњи, доброволци и др. од бугарите. По тој повод издадов окружни во Скопје округ, никој Бугарин да не дава на Турците никаква помош, ниту пари, ниту коњи, ниту ништо, војниците да дезертираат, доброволци да не се запишуваат и слично, верувам дека и ти си така наредил. Наместо помош ние готвиме бројни напади по железниците и во градовите, само се надеваме дека
ќе излезнат сите сполучливи. Иначе тука е мирно, потера речиси нема, предавство воопшто; данокот од Власи и граѓани ...

... собрав. Сичко оди многу добро, останува само да манифестираме силата на Организацијата со голем број напади насекаде и тоа верувам ќе можеме да го сториме. Битолчани воопшто не се обадиjа. Да не ти е пишувал на тебе Чаулев.

Срдечен поздрав на тебе и другарите
29 / IX 911г.            Т. Александров


Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2010 во 16:11
Do sega nishto ne sum kazhal, taka shto nema kako da si protivorecham.

Mojata hipoteza e slednata. Vo Viena Aleksandrov navistina razgovaral so bolshevishkite pretstavnici, no ne go videl tekstot na Manifestot i zaminal. Koga go prochital se shokiral od otkroveno komunistichkata sodrzhina.

Toa mislam jas. Ne tvrdam deka bilo tochno taka, no se pak od toa shto go imam chitano taka mi izgleda.


Изменето од Македон - 02.Ноември.2010 во 01:58
Кон врв
depo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 501
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај depo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2010 во 15:45
Originally posted by чоли чоли напиша:


Нели знаеш коj е потписал Виенскиот манифест? Тодор Александров се е доверил на Чаулев и Влахов да се потпишат наместо него, а тие са го изиграли. Во одговор на таа манипулациjа по горе бев посттнал... Ете го отново:

...Тоа е, тоа е и денес мислењето на Централниот комитет. Всички други манифести, декларации и др, кои се јавуваат или би се појавили во негово име, ангажираат само нивните сочинители и никого друг.
Од Централниот комитет на ВМРО
/ п / А. Протогеров
/ П / Тод. Александров
Што испадна сега дека самиот се потпишал а не други наместо него. И ти постираш некои работи а не знаеш што постираш.

Изменето од depo - 24.Октомври.2010 во 15:46
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2010 во 14:53
Дојдоа не по многу и книжата по споразумениjата во Виена. Тие беа напишани со хемиско мастило, Тодор ги откри и ми ги даде да ги чета кај него дома. Што видов? Видов дека ВМРО беше болшевизирана преку потпишаните договори. Имаше еден манифест - потпишан од П. Чаулев и Протогеров и полномошно од Александров, што тој им беше оставил писмено, беа потпишале тие и него, значи, потпишан од страна на Централниот комитет.

Второ споразумение беше за однесувањето на македонската парламентарна група, за која Централниот комитет се обврзуваа да води борба против владата во духот на новите идеи, изразени во Манифестот. Договор со поранешните "Федералисти". Откако прочитав овие документи, останав малку како опоравуван, бидејќи претпоставуваав дека Протогеров може да биде обвинет, но не и Александров. Бев кај Тодор дома на ул "Солун" 1 кога читаав овие работи. Откако завршив, реков му: "Тодор, вие сте болшевизирали ВМРО. Вие сте ја дали во служба на III Интернационал. Јас во таква организација не учествувам. Од денес мене ме нема таму! "

Засрамен, измачен, со поглед кон земјата, Т. Александров има доблеста да признае дека направиле една капитална грешка, дека таа треба да се исправи и дека и тој не може да учествува во една таква болшевизирана македонска организација.
Признанието на Александров

Изменето од Македон - 02.Ноември.2010 во 01:57
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2010 во 11:39
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

ЗАКОН НА РАЗБОЈНИК
(од нашиот специјален дописник)

НА СРПСКО-БУГАСКАТА ГРАНИЦА

Рајко Даскалов, кој со Стамболиски водеше жестока кампања против Македонската Револуционерна Организација, беше убиен минатото лето во Прага, каде што претходно бил Бугарски Министер. Неговиот убиец, Николов, после беше осуден, ослободен и одново притворен. Тој одново беше притворен врз основа дека бил агент на Тодор Александров, водачот на Револуционерите. Оваа серија на случаи го поттикна интересот за активностите на Македонците.

Сегашниот водач на Револуционерите е Тодор Александров, кого само што го посетив. Какви и да се мислењата за праведноста или неправедноста на каузата што тој ја брани и начините што ги употребува, тој и неговата организација одредуваат една интересна студија. Доживотно верен на вероисповедот “Македонија на Македонците” и Комита, Александров го презеде во 1919 година водството на револуционерното движење. Претходно живееше во Софија, ама беше апсен и затворен од Стамболиски. Со посредство на неговите пријатели избега од затвор и премина во Македонија, каде сеуште живее живот што треба да се види па да се поверува. Одлучувајќи се да организира револуционерно движење против Србите и Грците, кои со Мировниот Договор го добија поголемиот дел од Македонија, Александров го реорганизира стариот Македонски Комитет што постоеше во Турското, во 1893. Во исполнувањето на оваа задача тој нужно постана “разбојник” и цена од над 2000 долари беше ставена на неговата глава од Српските власти.

Тој живее номадски живот, посветен на создавањето на автономна Македонија. Секогаш пешки и секогаш по ноќе, Александров патува низ Македонија, но без влегување во големите градови како Солун или Битола. Преку зима живее во некое скромно селско куќарче а во летниот период спие надвор. Денски “мирува”, никогаш не останувајќи повекје од два или три дена во исто место. Пратен е од мала група верни другари. Главната преокупација на оваа група е да не влезат во судар со српските или грчките власти, но да ги посетуваат и да ги набљудуваат разните комитети кои во последниве три години имаат изникнато во скоро секое гратче и село.

Роден Борец

На поканата да го посетам Александров, признавам дека најпрво помислив за мојата лична безбедност. Во минатото Македонија има добиено репутација за бандитство и беззаконитост за којашто Револуционерната Организација можеби изгледала наклонета да ја развива. Но точно спротивното е во случајов. Со моторно возило, коњ и пешки преминав неколку стотини километри преку дива и планинска земја. Насекаде напредно селско население кажуваше дека кражбата и криминалот се нешта од минатото. Сепак сезоната и условите за патување ме натераа да здивнам воздишка на олеснување кога едно замаглено утро к*рирот, кој за време на целото патување беше апсолутно рамнодушен, шепотна “Сега ќе го видите Старио”.

Минута покасно го сретнав Александров - висок, јако граден 42-ве годишен маж, облечен во темно кафеава униформа, со белези на Организацијата. Со цврсти очи и усни, кои во разговор можат да бидат весели, но во одмор се многу строги, полна воена опрема, која што ретко ја вади од себе, пушка потпрена на ѕидот и Александров почна да ми раскажува зошто вака го живее неговиот живот. Тој има само една идеја, а тоа е евентуалната прокламација на автономна Македонија, со свој главен град Солун. Тој изјавува дека народот нема да одобри да биде владеан од Србите, Грците, Бугарите и затоа што првите две држави одбиле да му дадат на народот слобода во говорот или религијата, само вооружена борба ќе им донесе на Македонците тоа што посакуваат. Во врска со неговото располагање со муниција и луѓе, тој рече дека пошто целта на Македонците не е да одземат територија, туку да им го направат животот на властите невозможлив, повремени напади се нивниот начин на борба. Така не им била потребна било каква артилерија. Пешадиски би ја воделе борбата & ако планински коњи можи да се употребат по потреба. Тие беа добро снабдени со пушки бомби и амуниција, пошто последните неколку војни доведоа до наоружување на секој селанин.

Оружје и војска

Во врска со јачината на неговите сили, Александров вели дека само во Македонија можи да мобилизира 150,000 луѓе. Но нагласи дека голем дел од овие луѓе сега биле цивили и дека само неколку илјади Комити сега биле во воена состојба. Тој не спомна за Македонци надвор од границите, но се очекува во случај на востание повеќе илјади кои сега живеат во Бугарија ќе се приклучат на неговите бои. Запрашан за можната дата за револуција, одговори дека состојбите не биле доволно згодни. Со ова подразбирам дека Организацијата сеуште ги нема направено сите подготовки. Освен ова разбрав дека поголеми резерви на оружје и муниција ќе биле собрани. Александров продолжи да раскажува дека тој се надева Хрватите, Словенците и Црногорците евентуално ќе ги отфрлат законските со незаконски начини против Србија, можеби тогаш ќе има заедничко востание.

На прашањето дали компромис не е можен меѓу Организацијата и властите, тој одговори дека многу Срби сега населени во Македонија видоа дека сегашната ситуација е крајно неподнослива, но партијата на Пашиќ, главниот државник во Србија, изгледала непопустлива во нејзиното посакување да ја поништи Македонија. Но, тој објасни, “Турција проба да не поништи во безбројни години, ама не успеа и е важно да се запамти дека тогаш значителното турско население беше против Револуционерната Организација. Сега Турците се со нас и јас безпрекорно ви кажувам дека сме посилни од кога и да било претходно.” Александров призна дека има односи со Турција, но лесно се гледа дека не става многу доверба во надворешна помош. Неговото е Македонско движење, кое тој се надева да го здружи со другите народи кои сега се дел од Триуналното Кралство. Истовремено тој искажа волја од Организацијата да се покори на било која независна испитувачка мисија за ситуацијата во Македонија, од Големите Сили, Лигата на Нациите или група од независни журналисти. Додатно рече, ако не се успее да се добие автономија, Организацијата ќе го добредојде ставањето на Македонија под покровителство на Голема Сила, првенствено Англија.

За односите на Организацијата со Бугарија, се радуваше на падот на Стамболиски и неговите пратеници, кои, со цел да створат Федералистичко Македонско движење, беа првата Бугарска влада што отворено жестоко се спротистави на аспирациите на Македонскиот народ. Ги опиша Македонските Федералисти како група од две или три стотини луѓе платени од Србија, кои немаат влијание или важност. Нагласи дека македонското движење во никој случај не е упрвувано од Софија и категорично одби дека бил во Бугарија или да учествувал во Јунскиот “coup d'etat”.

Зборувајќи за смртта на Стамболиски, ја одби идејата дека неговата Организација е одговорна за неа, но додаде дека е можно неговата смрт била извршена од еден или повеќе Македонци кои имале жалби против него. Од друга страна, призна дека убиството на Даскалов, кого го опиша како демагог на демагозите, било работа на Организацијата. Во врска со ова ми покажа протестно писмо што Организацијата го адресирала до Чехославачката влада околу новото апсење на Николов, убиецот. Александров смета дека штом Николов бил еднаш ослободен од Чешкиот Правен Суд, немало случај против него, но бидејќи Српскиот печат завзел толку непријателски и претечки став, така што Чесите “нашле” причини за неговиот повторен притвор.

Закон и Морали

Александров после се обрна на начинот со кој неговата Организација е одржувана и нејзините односи со цивилното население. Никој од неговите војници се платени. Наоружани се и облечени од Организацијата, а населението им дава бесплатно храна и престој. Народот плаќа прогресивен данок на заработка, кој е наменет само за купување на оружје и облека. На луѓето им е од полза да ја подржуваат Организацијата, бидејќи, како што Александров нагласи, “мнозинството од посиромашното население потполно не ја познава борбата за слобода, но сите знаат каде лежат нивните интереси”. Бидејќи Организацијата им носи големи придобивки. Има свои законски служби, на кои, така Александров кажува, луѓето им се жалат наместо на Српските или Грчките законски судови. Има и многу строг закон за моралноста на своето членство и иморалност во акција или говор е тешко казнета.

Освен репресирањето на сите врсти криминал, Организацијата направи реформи кои водат кон воопшто подобрување на животот. Има земено интерес во семејниот живот и го има прекинато системот со кој машките ги одбираа девојките кои им се допаѓаа, после земајќи ги за сопруги. Сега секоја девојка е слободна да си одбери сопруг кого го сака. Односите меѓу вработувачот и вработениот се наблудувани од Организацијата и пред извесно време важно прашање во тутунската индустрија беше регулирано. Во еден регион беше откриено дека откупувачите им плаќале на производителите70 лева за килограм, кадешто вистинската цена била 120 лева. Организацијата интервенира и им запрети на откупувачите, резултирајќи во поволна откупна цена и обештетените селани постанаа нејзините верни партизани.

Поседувањето на земја е исто така средено. Ако поседувачот посака да ја продаде својата земја, Организцијата инсистира на нејзината поделба меѓу селаните што работаат на неа, со номинална цена. Овие примери од активностите на Организацијата докажуваат дека убиствата и планирањето на револуции не и го одземаат целосно времето. Заснована на демократски принципи, Организацијата не зависи само од подршката на селаните. Побогатите класи го ценат нејзиното постоење, бидејќи претходно тешко се осмелуваа да патуваат, толкав беше ризикот да сретнат наоружани бандити. Сега ова е средено, и Александров наведува дека, со, како што изгледа е со голема доза на праведност, “Организацијата е населението, а населението Организацијата”.

Смртната казна

Толку многу се има кажано за силата на Организацијата да отстрани било која личност или личности кои се непријатели на нејзините стремежи, така што беше со голем интерес кога го читав листот на тие што беа осудени на смрт. Неколку веќе беа и убиени и Александров ме убедуваше дека редот и на другите сигурно ќе им дојде. Начинот употребен е ист како и во другите тајни општества. На човекот со должноста за извршување на убиството му е дадено одредено време за да ја заврши задачата. Ако не успее, тој самиот ќе биде убиен. Смртната казна обично следува после најмалку едно писмо со предупред, но во посебни случаи е извршена веднаш. Македонците по природа се таенствени, резултат од макотрпниот живот што го проживеале, но сепак е необично што никогаш не промашуваат да ја извршат својата одмазда. Можеби нивниот успех е во исклучителната форма на идеализмот кој го поттикнува членството на Организацијата. Секој поединец има задача и потпишувањето на смртна казна од Тодор Александров е сигналот за целата машинерија да проработи. Наредби, дури и најобичните, секогаш се предаваат преку рака. Редовен синџир на к*рири се протега преку Македонија денес. Бев сведок на делувањето на еден синџир и видов колку е прекрасно ефикасен. Секој к*рир има свој терен и пошто е од регионот низ кој патува, сите дупки му се познати. Понекогаш смртната казна, како во случајот со Даскалов, треба да се изврши во странство. Тогаш неофицијалните претставници кои Организацијата ги има во Софија, Цариград, Будимпешта и други Европски градови, се повикуваат да ја одиграат својата улога. Организацијата е фактички огромен октопод кој ги има разгрането своите краци преку повеќето од Југо-источна Европа. Стремежот на Александров е да еден ден таа има официјално акредитирани претставници во секоја европска држава. Сепак, дури и денес постои фактор во Револуционерната Организација кој ни голема ни мала Европска Сила можи да го запостави.

Зимскиот ден наидуваше при крај и дојде време да го напуштам Александров. Вечера од кокошка и ориз и да се полее, чај од липа, ни беа ставени пред нас. Александров јаде малку и набрзо ја фати својата омилена поза, седејќи со скрстени нозе, со главата навалена назад, очите полузатворени и рацете истегнати напред кон огнот. Мрачна суровост наидува на неговото лице и да се види таков е да се однеси со себе незаборавлив впечаток од извонреден човек. Целата посета изгледаше како сон. Можно ли беше да таква Организација постои во дваесеттиот век? Набрзо бев вратен кон вистината со самото излегување од куќата. Паѓаше снег и комитска група беше построена за смотра. Нејзиниот водач се одликувал во недамнешен судир против властите и Александров во кус говор го награди со Орден за Заслуга. Комитите, сите млади мажи, шест стапала и повеќе високи, го поздравија својот водач и после тивко си заминаа во строј. Неколку минути покасно напуштив со мојот не малку значителен телохранител. Александров ме испрати и истовремено тргна на 20-километарски пат до друго селце да го продолжи својот проповед “Македонија на Македонците”.

Интервју на Лондонскиот „The Times“ со Тодор Александров 4 Јануари 1924
Кон врв
depo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 501
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај depo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2010 во 21:30
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

А кој кажал дека Протогеров го изиграл?

Декларацијата си е факт, подпишана е од Александров и Протогеров и е распратена до сите весници. Јас го имам само „Препорец“ и за тоа ја покажувам од него.
Ако се зачиташ, колку и да ти е неразбирлив бугарскиот јазик, ќе разбереш дека ВМРО ги отфрлува секакви обвиненија дека во меѓународната политика заиграла со Советска Русија.

Спред декларацијата Манифестот е дело на егзалтирани комунисти /разбирај Влахов/
Чоли кажа дека го изиграл. Не знаете колку лажни извори имате и на кој да се потпрете па затоа запаѓате во вакви противречности.

Не можам да те разберам што сакаш да кажеш. Според весникот испаѓа дека одговорни за напишаното се составувачите а не тие што го потпишале. Да не ти постирам исечоци сега дел по дел, прочитај убаво на почетокот и на крајот. Нема никаква логика.

А ако реков не разбирам перфектно тоа значи не разбирам перфектно а не дека не ми е разбирливо.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2010 во 20:58
И како го јаделе Бугарите - го јаделе прљав !!!!!!!!!!!!!!!!!


Originally posted by Boogie Boogie напиша:

http://www.macedonium.org/userfiles/image/london_times/1922_12_07_p11.png
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2010 во 20:28
А кој кажал дека Протогеров го изиграл?

Декларацијата си е факт, подпишана е од Александров и Протогеров и е распратена до сите весници. Јас го имам само „Препорец“ и за тоа ја покажувам од него.
Ако се зачиташ, колку и да ти е неразбирлив бугарскиот јазик, ќе разбереш дека ВМРО ги отфрлува секакви обвиненија дека во меѓународната политика заиграла со Советска Русија.

Спред декларацијата Манифестот е дело на егзалтирани комунисти /разбирај Влахов/
Кон врв
depo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 501
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај depo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2010 во 20:14
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by depo depo напиша:

Ти постираш текст дека не било воопшто напишан таков манифест

Од тука се гледа дека не си ја прочитал декларацијата на ВМРО.

Нема што да зборуваме понатаму.



Јас не велам дека перфектно разбирам се што е напишано, затоа и напишав дали добро сум разбрал. Ти изгледа не ти одговара да ми одговориш на прашањето па бегаш. Таму јасно е напишано „дека е напечатен еден Манифест што се прешишува на централниот комитет а не бил дело на истиот“. Потпишани се Протогеров и Александров. Ако Протогеров го изиграл зошто и двајцата повторно заедно ќе се потпишат на некаква декларација?
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2010 во 20:05
Originally posted by depo depo напиша:

Ти постираш текст дека не било воопшто напишан таков манифест

Од тука се гледа дека не си ја прочитал декларацијата на ВМРО.

Нема што да зборуваме понатаму.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 15>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,268 секунди.